Zlostorstvo i kazna

March 2, 2017 | Author: nikitaan23 | Category: N/A
Share Embed Donate


Short Description

Download Zlostorstvo i kazna...

Description

Злостроство и казна Состојбите во општеството честопати знаат да влијаат врз човечкото его. Младите, амбициозни луѓе особено во перидот на нивниот развој подлегнуваат на неправдите кои им ги задава општеството. Тие се бунтовни и сакаат да се борат за подобра иднина, но самото општество се бори со нив и сака да ги пренасочи на лошата страна од животот правејќи грозоморни дела. Ваквата ситуација кај еден млад човек , ни ја опишува Достоевски во својот роман Злосторство и казна. То, обработувајќи ја неговата психичка состојба , го објаснува местото на младиот човек во општеството , а со другите ликови влијанието на истите врз него и неговиот однос. Раскољников извршил убиство, но неговата причина за извршеното убиство ја образложува со желбата да го исчисти општеството од ништавните луѓе. Според него убиството не би требало во овој случај да се смета за злосторство, затоа што е извршено со цел да се отстрани друга бесмислена, зла, никому потребна и за другите луѓе штетна личност. Сметал дека на исклучителните личности им е дозволено да ги отстрануваат натрапниците кои го чинат општеството неправедно. Затоа себеси се споредува со Наполеон, претворајќи го своето злосторство во идеолошки изведено убиство и сметајќи дека исклучителните луѓе имаат право да се огрешат пред законот или до напредок нема да дојде. Неговото фантазирање е еден вид на компензирање на се она што е пропуштено, но луѓето како него всушност, бунтувајќи се против неправдите во светот, а водени од оригиналноста на умот, стануваат жртви на сопствените идеи. Од друга страна Соња Мармаладова е изгубена единка на големиот град. Грешница, која истапувајќи пред вистината на злосторството, сака да ја исправи грешката, спротивствувајќи и се на бунтовноста на Раскољников со смиреноста и покореноста. Живее под законите на љубовта кон луѓето. Својот престап не го прави под идејата да загосподари над луѓето, туку и под силата на љубовта кон блиските, поднесувајќи го својот живот заради гладните усти во семејството. Подобро насилството над себеси отколку над другите. Во сеопштата љубов на Соња треба се да се растопи и исчезне горделивата природа на Раскољников. Секој од нас се стреми да стане човек кој што ќе го работи тоа што го сака, ќе има семејство и ќе го живее животот убаво и корисно . Но , што ќе се случи ако не е така ? Тогаш се јавува

бунт, незадоволство и опаѓање на карактерот кај младиот човек. Раскољников ни е слика на еден млад амбициозен човек којшто својата животона мисија не ја исполнува , поради влијанието од општествено-социјалните удари. Уредувањето ги крши неговите сонови , го насочува кон лошите патишта и од млад , убав човек гради злобен убиец којшто некој го оправдуваат а некој не. Правејќи го овој чин Раскољников паѓа во канџите на совеста и со неа се бори секаде , во својата соба, во сонот , во паркот , по улиците , секаде...

View more...

Comments

Copyright ©2017 KUPDF Inc.
SUPPORT KUPDF