Kazneno Pravo Poseben Del So Praktichni Primeri - Avtorizirani Predavanja
August 29, 2017 | Author: hulkuka | Category: N/A
Short Description
this file is to download for free from scribd...
Description
КАЗНЕНО
ПРАВО
ПОСЕБЕН ДЕЛ СО ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ (АВТОРИЗИРАНИ ПРЕДАВАЊА)
1
ЗА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ Изменетото и дополнето издание на овие авторизирани предавања, е направено од неколку причини : -да се внесат сите измени на законските битија на казнивите дела , кој се обработени во овој труд , кој во меѓувреме настанале со Измени и дополнувања на КЗ(во периодот 2008-2012 год), - дополнително да се обработати и други инкриминации, кои најчесто се јавуват во нашата правна практиката, - на крајот од секoe обработенo законско битие на кривични дела , да се дадат случаи од практиката(антентични) или прилагодени и обработени за да можат да им користата на студентите , за полсно совладување на елементите на законските битија на соодветните инкриминации., и -дополнително хипотетично да се приказат случаи , во својство на задачи, за да би можеме студентите многу полесно да ја совладат наставната програма по овој т.н. клинички наставен предмет Согласно наставната програма на предметот Казнено право -применета програма , основна цел и мотив на овој наставен предмет е добивање на студентите по право - правосудна насока, преку практичните случаи и задачи да се стекнат со основни практични вештини , за имплементација на казненото законодавсто во практиката. Според наше мислење, тоа најдобро би можело да се постигне , преку реални примери од практиката или обработени и прилагодени практични примери и решавање на хипотетички поставените, кривично-правни случаи. Студентите , според нивното присуство на наставата и нивниот активен однос, покажуват особен интерес, за овој наставен предмет. Ова ме поттикна, да се обидам да им овозможам начин на кој, освен со стекнатите теоретски знаење , ќе се стекнат со дополнителни основни познавања,во насока на имплементација на казненото законодавство во практиката.Ова особено би им користело , по нивното дипломирање на прваните студии, кога ќе работат како дипломирани правници-приправници, особено во правосудните институции. Посебен акцент, ќе биде ставен на обработување и пишување на јасни и прецизни диспозитиви,како еден од најсуштествените елементи на процесноправните акти ,(барања за спроведување на истрага, обвинение, пресуда) во кој ќе бидат содржани сите потребни елементи(време, место , начин на сторувањето на казненото дело). Прецизните и јасни процесно правни акти, со јасен опис да дејствијата на сторување на соодветното кривичнодело, во кое е даден опис на сите потребни елементи на законското битие на соодветното казнено дело, птетставува еден од основните процесно –првани претпоставки, за успешно водење на казнената постапка. Впрочем, нејасна и противречна изрека на пресудата, е суштесвена повреда на одредбите од ЗКП, во смисла на чл 355 ст. 1 т11, на која второстепениот суд внимава и по службена должност, и како таква, има правни оследици за укинување на првостепената пресуда, што во практиката не е редок случај. Ваквото пак укинување на првостепените пресуди, влијаее во негативна смисла на ефикасноста и ефективноста на казнената постапка.
2
Вовед Казненното право се дели на општ и посебен дел.ваквата поделба е прифатена во сите современи кривични законици.Таа е усвоена како резулта на самата природа на казнено-правните прописи.При тоа, општиот дел го сочинуват оние прописи кој што имат општо значање т.с. кој содржат општи правила за казнените дела, казнената одговорност и кривичните санкции, додека во посебниот дел сапаѓат прописите со кој се определуват законските битија на пооделните казниви дела и кривичните санкции за секое поединечно казни. Значи општиот дел на казненото законодавство ги утврдуваaт општите (заеднички )услови за примена на казнените санкции за сите казниви дела , додека пак,посебниот дел ги утврдува условите за примена на одредени казнени санкции за определено казниво дело. Односот помеѓу општиот и посебниот дел на казненото право ,е однос помеѓу две поврзаности и взаемно условености.Одредбите на општиот и посебниот дел на казненото право взаемно се дополнуваат и со нивно поврзување се утврдува дали некое лице може да биде казненто и какава кривична санкција може да му биде изречена. Посебниот дел на Казненото право ги опфаќа сите кривични дела предвидени во казненото законодавство на една земја. Предмет на посебниот дел на казненото право е одредувањето на тоа – кои поведенија на човекот ќе бидат пропишани како казниви дела и обликот и обемот на казнено-правната реакција за нивните сторители. Односно,посебниот дел на казненото право е систем од законски одредби за казнените дела и санкциите за нив. Учењето за посебниот дел на Казненото право е запознавање со сите казниви дела, тоа е учење за законските битија на казнивите дела и за нивниот меѓусебен однос.Границите на секое казниво дело мора да бидат точно определени, да се одреди кое однесување тоа ги опфаќа и која вредност, добро се заштитува со тоа битие на тоа казниво дело .Значи , со еден збор, мора точно да бидат определени конститутивните обележја на секо казниво дело . За изучувањето на посебниот дел од посебно значање е следењето и оценувањето на судската практикаТаа ги заживува , отелотворува, применува овие одредби на конкретни случаи.Применувајќи ги истите,таа дејствува како креативна сила . Таа гради свој ставови во насока на определување на пооделни поими од општо значање( доколку истите не се опфатени со одредбите за значењето на изразите во КЗ) , истовремено таа ги согледува и определените правни празнини и предлага измени на казненото законодавство , во насока на подобрување, прецизирање на пооделни законски битија ( инкриминации). Одредбите од посебниот дел имат секогаш строго определена содржина и форма.Тие содржаат два елемента : диспозиција и санкција. Диспозицијата е оној дел од законската одредба во која е определено кое поведение е забрането(опис на делото). Во практиката од особена важност е при изготвување на обвинениија и донесување на осудителни пресуди, да има јасен опис на диспозитивот на овие процесни акти. Во истите мора точно да се наведе најнапред својство на сторител, кај кривичните дела каде сторителот мора да има определено својство(службено лице, одговорно, лице кое врши работи од јавен интерес, мајка, родител, воено лице итн).
3
Потоа потребно е да се даде опис на дејствието на сторување ,.Ова особено нај инкриминациите кој имат алтернативна диспозиција, треба точно да се опише за кое дејствие на сторување се работи во конкретниот случај, од алтернативно забранетите дејствија. Кај инкриминациите од бланкетна природа мора да се наведе точниот член од законот или подзаконскиот акт, на кој не се придржувал сторителот на конкретното кривично дело. Исто така кај инкриминациите, кој пропишуват посебен услов на инкриминација,потребное точно да се даде опис на истиот.Ова посебно , кај кривичните дела против животот и телотот или против општата сигурност, во смисла на последица, како што е телесна повреда, видот на истата, смрт на некое лице.Кај кривичните дела пак од областа на економскиот криминалитет или имотните деликти, да се наведе точниот износ на поголема вредност, значителна или вредност од голени размери. Од практичен аспект, најпозната е поделбата на диспозициите на: едноставни и сложени и алтернативни и баланкетни . Едноставни диспозисии се оние,каде описот на казненото дело е определен со едноставни изрази ( кај Убиство чл 123, тој што друг ќе лиши од живот). Кај сложените диспозиции , со повеќе или помалку опишан начин , се одредува законското битие на некое казниво дело(Разбојнчка кражба чл 238, тој што затечен во кражба, ќе употреби сила или закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото на друг со намера украдениот предмет да го задржи)., понатаму кривичното дело Силување од чл 186 од КЗ. Алтернативни диспозиции, се оние кај кој едно или повеќе законски обележја на некое казниво дело се одредени на алтернативен начин(Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори, чл 215, Тој што неовластено произведува,преработува,продава или нуди на продажба или заради продажба купува,држи пренесува , или посредува во продажба или купување , или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори). Бланкетна диспозиција ,е онаа во која битието на казнаното дело е воопштено определена , така што нејзината суштина мора да се определи со други нормативни содржини во други законски или подзаконски акти ( Загадување на животната средина и природата чл 218, Тој што со непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина ќе загади воздух, почва, вода водна површина .......). Вообичено , со ваква природа се кривичните дела од главата на кривичните дела против здравјето на лушето, против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот итн. При проучување на диспозициите од посебно значање е да се утврди кое поведение (чинење или нечинење), законот го пропишува како дејствие на сторување,која последица како резултата на тоа поведение треба да настапи и дали покрај овие елементи законот пропишува и други како услов за казнување(инкриминација), . Својството на сторителот кај некој кривични дела е негово законско обележје(службено лице, одговорно, воено и др) на основниот или квалифициран ( потежок ) облик на делото. Во некој диспозиции , како посебен елемент е субјективниот. Кај некој казниви дела кај умислата се бара посебна намера( Кај казнивите дела против државата,
4
со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на РМ. Исто така намера за противправно присвојување при одземање на предмети се бара кај основното дело против имотот-кражба.). Секое казнување за небрежност, мора изрично да биде пропишано во законското битие.При тоа задолжително при описот на дејствијата на сторување, посебно се нагласува дека сторителот дејствувал од небрежност и се дава опис на истата , согласно дадената законска дефиниција (свесна или несвесна). Вториот дел од одредбата содржи санкција , како инстутуционилизирен облик на државната репресија за повредата на нормата.Пропишаните санкции се дадени во определени граници ( од една до пет години затвор), назначување на долната граница (најмалку четири години затвор) или алтернативно( со казна затвор до три месеци или парична казна ), а за некој казниви дела , пак се пропишува изрекување на казна затвор (од три месеци до една година ) и кумулативно парична казна.Ваквиот начин на пропишување на санкците , произлегува од едно од основните начела на казненото право, а тоа е за индивидуализација на казната . Казнивите дела во посебниот дел се групирани во посебни глави, според објектот на заштита.Кај некој казниви дела, тој може дасе испреплетува, тогаш приоритет се дава на претежниот(основниот)објектт на заштита на определеното добро или интерес кој се штити со конкретното казниво дело(Така кај казнивите дела, против животната средина се штити и здравјето на луѓето, ). Нашиот Кривичен Законик, ги систематизира , казнивите дела во 21 глава, почнувајќи од кривични дела против животот, до кривични дела против човечноста и меѓународното право. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЖИВОТОТ И ТЕЛОТО Животот и телесниот интегритет претставуваат основни човекови вредности , затоа што целокупните општествени односи се засновани врз односите помеѓу луѓето Зеднички објект на заштита кај сите кривични дела од оваа глава е животот и телото на човекот. Последица кај кривичните дела од оваа глава може да бидат повреда или загрозување на живото и телото.Повредата се состои или во уништување на животот ( кај кривичното дело Убиство) или на плодот (кај Противправно прекинување на бременост) или во повреда на телесниот интегритет(телесни и тешки телесни повреди).Загрозувањето е создавање на конкретна опасност за животот или здравјато односно телесниот интегритет( дела на загрозување со опасно орудие, Учество во тепачка,Напуштање на немоќно лице или Неукажување на помош) . Повредите или загрозувањата претставуват казниви дела само ако се вршат спрема друго лице..Самоубиството не е инкриминирани, но е казниво наведувањето на самоубиство.Самоповредувањето исто така е неказниво, со исклучок, ако се врши заради определана цел(онеспособубање за одбегнување на воена обврска или за остварување на некој права од социјално осигурување ) Субјектот на правото на живот е човекот , секое живо битие родено од жена..Заштитата пак, на идниот живот е обезбедаена со инкриминацијата на противправно прекинувањена бременоста..
5
Заштитата на животот и телесниот интегритет на човекот како живо битие, започнува со раѓањето на човекот.Утврдувањето на овој факт(раѓањето), е релевантно за утврдување дали се работи за лишување од живот или противправно преќинување на бременост.Преовладува мислењето дека , процесот на раѓање , треба да се свати , од почетокот на добивање на породилни болки ,се до започнување на процесот на раѓање, иако детето сеуште не излегло од утробата на мајката.Притоа ,не претставува услов за заштита , способноста на новороденчето за живот.Така, заштитен е и животот на родените деца кој не се способни за живот (монструми). Ова прашање отсекогаш , предизвикувало интерес, како на теоријата ,исто така и на практиката. Се работи за прашањето, дали уживат кривично-правна заштита и лицата што заради душевна болест или инаку( поради состојбата на органите или делови од телото )се неспособни за живот и се само на товар на општеството(евгениката). Како што напомнавме, нашето казнено право, застана на стојалиштето , дека не може да постои право на уништување на животот на ваквите луѓе. Во овој контекст, побудува интерес и прашањето, дали е дозволено да му се олесни смртта на човекот , кога таа е сигурна . Смеее ли лекарот или некој друг , да му ги прекрати маките на тежок , неизлечив болен (евтаназија). Во нашето законодавство,е прифатено мислењето , дека никој не може да биде наполно сигурен ( при денешниот степен на развој на медицината ), дека смртта на некое болно лице е неизбежна.Впрочем од овие причини и постои посебна инкриминација Убиство од благородни побуди.чл 124 од КЗ. Со настанување на смртта , човекот излегува од сверата на казнено-правната заштита на овие дела.( не и кај дела на пример, против честа и угледот или Сквернавење на умрен чл 401 од КЗ). Исто така утврдувањето и на овој факт се усложнува со развојот на медицината Се прави разлика помеѓу: биолошка смрт( смрт на клетките и органите ), клиничка смрт(престанување на виталните функции),привидна смрт(кома)и церебрална ( мозочна )смрт. Од биолошката, клиничката и привидната смрт, утврдувањето на смртта е поместена на моментот на настанување на церебрална смрт. Но,самата мозочна смрт не може да се прогласи за апсолутна смрт, затоа што е можно вителните делови , посебно срцето ,се уште да функционира..Според тоа , покрај прастанокот на делувањето на централниот нервен систем , смртта значи и непоправлив престан на сите животни функции. Телесниот интегритeт се штитат од раѓање до смрт Кај оваа група на казниви дела,постои еден интерперсонален однос , помеѓу сторителот и жртвата.Претпоставката дека кај еден определен број на кривични дела , постои некаков придонес на жртвата и дека од проучувањето на нејзината улога во извршувањето на делото можат да резултират бројни сознанија , доведува до појавата на посебна дисциплина во рамките на криминологијата – виктимологија(наука за жртвата ). Според поблискиот објект на заштита(повреда или загрозување)делата од оваа глава може да ги поделоме во неколку групи: - дела на лишување од живот (Убиство, Убиство од благородни побуди,Убиство на миг,Убисво од небражност), -дела на уништување на идниот живот(Противпрано прекинување на бременост), -дела на телесно повредување(Телесна повреда, Тешке телесна повреда),
6
-дела на загрозување (Учество во тепачка ,Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница) и -дела на напуштање(излагање на опасност, Напуштеање на немоќно лице и Неукажување помош) Убиство чл 132 од КЗ Објект на заштита кај кривичното дело убиство е човекот-неговиот живот.Нормата” Не убивај” е изречене во апсолутна форма . Како што истакнавме во воведните излагања за оваа група на казниви дела,животот на човекот ,казнено-правно се штити од моментот на раѓањето до смртта.Поради ова,за постоење на ова казниво дело, важат истакнатите констатации , кога се смета дека е роден еден човек , како и кога се смета дека е мртов. Убиството е противправно лишување од живот на друго лице .Тоа може да се изврши на различни начини со различни средства., но во битието на секое убиство стојат неколку заеднички елементи : тое се дејствија насочени кон лишување од животна друг,настапување на смрт како последица на таквите дејствија ,противправност на лишувањето од живот и живиот човек како објекет на заштита. Дејствијата на сторување со законот не се определени. Тоа е секое дејствие со кое другото лице се лишува од живот.По правило убиството се врши со чинење, како што е ударање, пукање, задавување,фрлање во вода, палење итн.Меѓутоа, можно е и со дејствија на нечинење,ако смртаа на некое лице е предизвикана со пропуштање на должност за чинење.(ускратување на давање на лек на болен, со намера да се лиши од живот, па поради тоа настапила смрт). Последица на делото е настапување на смртта. Помеѓу дејствието на сторување и последицата требада постои причинска врска.Притоа може да биде ирелевантна временската дистанца, помеѓу дејствието и настапување на смртта. Субјективната страна на убиството може да биде повеќеслојна.,таа не се исцрпува само со умислата, туку може да има и други мотивациски врски. Токму утврдувањето, односно постоењето на ваквите , му дават квалифициран вид на убиството. Така постојат, убиства од користољубие, од омраза, завист, за прикривање на друго дело итн. Од особена важност е односот на Убиство со тешка телесна повреда.Постои теорија на единство, која смета дека убиството вклучува тешко телесно повредување,како свој нужен стадиум на извршување.,а умислата за убиствоумисла за телесна повреда.Но, правилно , теоријата на спротивното, смета дека убиството и тешката телесната повреда ,не се однесуват како нешто помалку и нешто повеќе.Ваквото разбирливо стојалиште , посебно се потврдува при разграничување на делото Убиство од Тешка телесна повреда.Најпрво во ситуација, кога сторителот одел кон тоа со дејствија на тешко телесно повредување, да ја лиши од живот жртвата, а не дошло до смрт на повредениот, ќе постои обид за убиство.Кога пак,наспроти тоа , постои умисла за тешка телесна повреда,а настапила смрт на повредениот, ќе постои тешка телесна повреда квалифицирана со смрт ( чл 131 ст 3). Од практиката. 1.Поднесено обвинение за кривично дело Убиство од чл.123 ст.1од КЗ
7
Затоа што : На 7. 06. 2012 год , околу 02 часот на крстосницата помеѓу улиците Иво Лола Рибар и ,Сутјека во Штип, кога бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување, го лишил од живот З.А, на начин што го прво го удрил со тупаница во пределот на главата, од што оштетениот паднал на земјата и продолжил да го удира со клоци , тупаници и пивско шише во пределот на главата , со што му нанел фрактури на двете зигмоматични коски на лицето, фрактура на носната коска, фрактура на долната вилица и фрактура на базичната коска на черепот, од кој повреди кај оштетениот настапила смрт. Во конкретниот случај имаме лишување од живот е со тешко телесно повредување.Сторителот дејствувал со директна умисла.Истата е опишана со дејствието-кога сторителот бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување.Намерата за лишување од живот се манифестира низ многубројноста на ударите, освен со рака и со пивско шише , и тоа во пределот на главата на оштетениот.(каде е сместенн мозокот како витален дел на човековот тело). 2.Поднесено е обвинение за кривично дело Убиство од чл 123 ст. 1 в.в со чл. 19 од КЗ(во обид). Затоа што : На 14. 05 2012 , околу 23 часот , се обидел да го лиши од живот , оштетениот ЦЦ, на начин што по предходна расправила, влегол во дворот сопстеност на оштетениот на Ул.Широк Дол во Струмица, извадил нож со димензии од 25 см , на сечилото, кога бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи забранетата последица , но се согласил со нејзиното настапување, и го пробол во левата страна од вратот до увото, нанесувајки му убодна рана до должина од 3 см и дјабочина од 1, 5 см. И побегнал од местот нанастанот. Исто така и овој обвинет имал намера за лишување од живот, затоа што го пробол оштетениот во пределот на вратот.Во кој дел од човековото тело има сместено витални крвни садови.Му нанел телесна повреда и побегнал, па така делото останало во обид. Во овој случај според описот на степенот на вината , е наведено дека сторителот дејствувал со евентулана умисла, со дадениот опис, иако бил свевен дека поради неговото сторување може да настати забранаетата последица, но се согласил со нејзиното настапување. Најчесто кај овие кривични дела, стрителите во моментото на сторувањето на казнивото дело , може да бидат непресметливи, со битно намалена пресметливост или само со намалена пресметливост. Способноста на сторителот, да го сфати значењето на своето дело и да управува со своите постапки , секогаш се утврдува со неуро-психијатиско вештачење. Најпрво потребно е да се утврди постоење на определена биолошка состојба(тоа се наведените состојби во чл 12, како трајна или привремена душевна болест, привремена душевна растроеност или заостанат душевен развој или други особено тешки душевни пречки). Установувањето на ваквата состојба, сеуште за судот не значи постоење на непресметливост кај сторителот.Потребно е со наодот и мислењето на вештото лице да се утврди постоење на причинска врска помегу биолошката состојба и неспособноста на сторителот за расудување и одлучување, односно дека поради
8
та билошка состојба сторителот да не можел да го сфати значењето на своето дело и да управува со своите постапки. Непресметливоста , согласно чл 12 ст 1 од КЗ е основ за исклучување на кривичната одговорност. Кога сторителот во времето на сторувањето на делото бил непресметлив, во поднесениот Предлог за примена на мерка за безбедност,од страна на јавниот обвинител, се наведува оваа околност и причините за неа. 3.Пример, на изрека кога сторителот е непресметлив: На 23. 01 2005 год во 19 часот на улицата Васил Ѓоргов во Струмица, во состојба на непресметливост, поради постоење на трајно душевно заболување –шизофренија, поради што не бил во сосстојба да го сфати значењето на своето дело и да управува со своите остапки, го лишил од живот ЦЦ, на начин што со камен неколкупати го изударал во пределот на главата, нанесувајки му повеќефрагментарни фрактури на коските од левата страна на лицето, левата страна од черепот и предната черепна јама, со нагмечување на мозокот, поради што истиот починал. Со ваквите дејствија обвинетиот сторил кривично дело Убиство од чл.123 ст 1 од КЗ. Значи, во ваков случај јавниот обвинител до судот не поднесува обвинение, туку Предлог за изрекување на мерка за безбедност задолжително психијатриско лекување и чување на таквиот сторител во здравствена установа или на слобода(чл.478 од ЗКП). Судот, ја изрекува некоја од предложените мерки по одржан главен претрес(чл.479 од ЗКП). Одлуката на судот е во вид на решение , а не на пресуда. Доколку сторителот на кривичното дело , бил во состојба на битно намалена пресметливост, тој може да се казни поблаго(чл 12 ст.2од КЗ).Битно намалена пресметливост, не е некава преода форма помеѓу непресметливост или пресметливост.Лицето со битно намалена пресметливост, е способно да формира волја и да управува со своите постапки, односно истото е кривично одговорно. Но доколку поради постоење на некоја од наведените законски биолошки основи, способноста на сторителот да го сфати значењето на своето дело и да управува со своите постапки е само намалена, ваквата околност може да биде земена само како факулатаивна олеснителна околност при одмерувањето на казната. Но и во овоие случаеви(битно намалена пресметливост или намалена), јавниот обвинител во диспозитивот на поднесеното обвинение е должен да ја наведе оваа состојба и причините за истата, со точно наведување, дека “способноста на сторителот да го сфати значењето на своето дело и да управува со своите постапки, биле битно намалени или само намалени”. Квалифицирани убиства Квалифицирано ( тешко ) убиство е умислено лишување од живот на друг, при постоење на посебни околности, според, мотивот, својсвото на жртвата или начинот на сторувањето на делото, на кое му дават , потежок вид. Убиство на свиреп или подмолен начин- Свирепост постои тогаш кога, убиството е извршено на начин со кој се предизвикани тешки маки, страдања
9
или болки на жртвата.Свирепоста , опфаќа два елемента.: објективен – со предизвикување маки на жртвата и субјективен-со нечуствителност на сторителот спрема тие маќи( уживање во истите ). Подмолен начин , постои кога делеото е извршено потајно, прикриено, при што сторителот во однос на жртвата постапува измамнички. Исто така и овој елемент вклучува објективна и субјективна компонента. Во објективна смисла,се употребува начин или средсва за вршење на делото, со кој се оневозможува одбрана на жртвата.Во субјективна смисла,ваквиот начин на сторување, го прикажува сторителот , како лукав,дволичен. Од практиката 1.На ден 12. 08.2012 год, околу 13 часот во атарот на с, Градец –Кочанско, во меѓусебна расправија, кога бил свесен за своето дело и го скала неговото извршување , се обидел да ја лиши од живот оштетената ВВ, на свиреп и подмолен начин, така што додека истата работела во својата нива, која граничи со нивата на обвинетиот, земал еден копач, влегол во нивата на оштетената и додека таа работела и била свртена со грб, спрема обвинетиот , со металниот дел од копачот ја удрил во тилот од главата.Кога таа паднала на земјата, со металниот дел од копачот и нанел уште два удари во пределот на лицето, , со што и нанел фрактура на предната коска од главата и двете слепоочници и нагмечување на главата, а поради брзата интервенција на службените лица и навремено укажаната лекарска помош, делото останало во обид. Со пто сторил кривично дело Убиство од чл 123 ст. 2 т. 1 од Кз в.в. со чл 19 од КЗ. 2.Поднесено е обвинение Ко. Бр.201/09, за кривично дело Убиство од чл. 123 ст.2 т. 1 , затоа што : На 7. 30 2006, во 23 часот во нивната куќа на ул ... во .., со умисла кога била свесна за своето дело и го сакала неговото извршување, на подмолен начин го лишила од живот нејзиниот сопруг, ТТ, на начин што во шишето од кое пиел вода, му ставила отровна материја-препарат за прскање на овошки, а кога истиот ја испил течноста, се отрул и починал.За да го прикрие стореното дело, наредниот ден со секира и нож телото на покојниот го исекла на помали делови, кој го спакувала во кеси и го сместила во замрзнувачот, а во наредните два месеци , овие кеси со делово од телото, ги фрлала на разни места во контејнери за отпад во ЦЦ. Убиство при семејно насилсто,- Поимот на семејно насилство е законски определен( чл 122 т. 19 од КЗ.)Под семејно насилство се подразбира малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста,телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство , со кое се предизвикува чувство на несигурност, страв, загрозување. Ваквите дејствија треба да бидат насочени од сторителот спрема жртвата , која може да биде , брачен другар,родители или деца или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство со сторителот.Исто така, овие акти на насилсво може да бидат насочени и кон поранешен брачен другар или лице со кое сторителот има заедничко дете или се наоѓа во блиски лични односи Од практиката На 21. 01. 2013 , околу 04 часот, во неговата куќа на улица Калаузлиска во Р.при вршење на семелно насислство , го лишил од живот својот малолетен син Т,на возраст од 9 год, така што откако го разбудил го изнел надвор од куќта и
10
повеќепати со дрвен предмет го ударал по целото тело, кога бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување, , а пото продолжил со тупаници да го удира во пределот на лицето и главата, нанесувајки му повеќе повреди по градниот кош, лицето и главата, од што кај малолетниот настапила смрт. Со што стрил кривично дело Убиство од чл. 123 ст. 2 т. 2 од КЗ. Убиство со умислено доведување во опасност животот на уште некое лицеПостои кога се работи за начин на сторување на убиство при што, сторителот оди кон тоа , или се согласува , да го доведе во опасност животот на уште некое лице.За извршување на убиството сторителот користи општоопасни средства, пука со огнострелно оружје во соба во која знае дека се наоѓат и други лица или фрла бомба во група на луге . Во овие случаи загрозувањето е нус продукт на дејствието на сторување на убиството. Убиство од користољубие,заради извршување или прикривање на друго кривично дело , од безобзирна одмазда или од други ниски побуди. Во овој квалифициран облик се опфатени повеќе различни дејствија на сторување. Кај убиството од користољубие,постои посебен мотив за сторување на убиство.Тој мотив , користољубие е сватен као стремеж со лишувањето од живот на некое лице да се дојде до имотна корист –материјална добивка.Може да се работи за присвојување на некој предмет, имот, за ослободување од некоја обврска(сторителот бил задолжен кај жртвата),заради остварување наследство итн. Кај убиството за извршување или прикривање на друго дело, се работи кога извршувањето на делото убиство е средство за извршување на друго кривично дело.Убиството се извршува заради подготвивање или заради олеснување на некое друго кривично дело.Така, се убива чуварот на зградата заради провалување во неа.Во вториот случај убиството се презема заради прикривање на накое друго кривично дело ( така некој убива лице кое го видело како предходно врши кривичо дело силување). Кај кривичното дело извршено од безообзирна одмазда, се работи за убиство како возвраќање на определено вистинско или замислено зло.Најпрво се асоцира на крвна одмазда, која постои кај некое населени со еден ваков , негативен елемент, од веќе надмината “традиција”.Во нашата судска практика,како решавачки критериум за овој поим, доминира, мислењето дека безобзирност постои кога има несразмерност на добрата, односно несразмерност на предходно стореното зло , што сторителот го зема како повод за одмазда и убиство.Едноставно кажано, под овој поим можат да се подведат сите случаи кога сторителот , ја “зема превдата во свој раце “. Покрај некој од веќе наведените ниски побуди ( користољубие,одмазда, прикривање друго казниво дело),законот со една генерална клаузула ги покрива и другите случаина ниски побуди.Законот не определува што се подразбира под овој поим, но сепак преовладува мислењето, дека тоа се доведува во тесна врска со владеачките социјално-етички и морални погледи и ставови.Така во оваа насока као прифатени вакви сторени казниви дела се, убиство заради продолжување на сексуланите односи со сопругата на убиениот ( или обратно), убиство на сопругата за да може да се стапи во брак со љубовницата итн. Убиството по порачка , е организирано убиство, во чиешто реализирање учествуваат најмалку две лица : лицето што го порачува и непосредниот извршител.Неправото е подигнато, затоа што извршителот постапува како ладнокрвен инструмент за остварување на нечија порачка , не баре извршува
11
некоја трговска зделка.Во вакви случаи по правило се работи за платени убиства, а нарачателот одговара како поттикнувач за ваков вид на тешко убиство. Убиството на мелолетно лице или женско лице за кое знае дека е бремана , Ова убиство добива квалифициран облик поради посебната казнено-праван заштита на малолетниците ,како жртва на криминалитето. Во однос на бремената жена , како жртва, квалификаторниот елемент се оправдува , со кумулација на две неправа, лишување од живот на жена и уништување на еден иден живот. Пример На 2.08 .2006 , околу 13 часот, кога бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување, ја лишил од живот на свиреп и подмолен начин и од користољубие малолетната Д.А.на возраст од 14 год., родена 1992, на начин што под изговор дека таму ја чека нејзиниот симпатија, лицето Ф, ја однел во напуштената куќа на ул Џ.Б во Џ, ја турнал на земјата и додека таа била свртена со лицето кон земјата, со едната рака и ја затнал устата за да не вика за помош, а со другата рака ја фатил за главата и ја свиткал во круг, со што и ги скршил вратните пршлени и додека оштетената сеуште давала знаци на живот, ја задавил со марамата-шамијата, што таа ја носела околу вратот, како резултат на што кај истата настапила смрт, а потоа од појасот и одзел еден паричник со 60, 000 денари и еден мобилен телефон марка :: , а потоа телото на покојната го сокрил покривајки го со трева и шут. Со што сторил кривично дело Убиство од чл.123 ст. 2 т. 6 од КЗ. Од примерот се гледа , дека во случајот постојат елементи на неколку од пропишаните квалифицирани облици на убисто, на свиреп и подмолен начин, од користољубие и на малолетно лице. Правилно е дадена квалификација , само на еден вид од пропишаните квалифицирани убиства. Во случајот се работи за привиден стек на кривични дела и тоа формата на алтернативитет. Дејноста на сторителот може да се квалификува , као што наведовме под повеќе законски битија на квалифицирани убиства, но тоа би значело повеќекратно казнување , за едно исто неправо. Но , иако во случајот постои само еден од пропишаните облици на квалифицирани убистваа, во случајот на малолетно лице, постоењето на свирепост, подмолнос,користољубие , кај сторителот, судот ги зема како отежнителни околности, при одмерувањето на казната. Убиство на судија,јавен обвинител, адвокат или службено лице при вршење на нивните функции. Кај овие казниви дела, квалификаторен елемент е посебното својство на жртвата.Во вршењто на правосудната функција , како и работи на јавна или државна безбедност , треба да се даде посебна казненоправна заштита , што е во интерес на самата служба . Но, во овие случаи посто и еднен зголемен степен на злосторнична волја кај сторителот.Умислата на сторителот треба да содржи свест за својството на жртвата . Убиство на повеќе лица.-Со казната за квалифицирани убиста( затвор од најамку десет години или доживотен затвор) , се казнува умисленото лишување од живот на две или повеќе лица , за кои на сторителот предходно не му било судено, освен ако не се работи за убисво со пречекорување на нужната одбрана или крајна нужда или за убиство од благородни побуди , убиство на миг и
12
убиство на дете при пораѓање.. Овде се работи за посебна казнена одредба, за убиство во стек. Привелигирани убиства Убиство од благородни побуди чл 124 од КЗ Ова казниво дело ги покрива случаите на евтаназија(блага или лесна смрт). Се однесува на различни ситуации : убиство на неизлечиво болно лице што умираза да му се намалат болките при умирањето, за да му се прекратат маките,и прекинување од милосрдие, за да му се намалат маките на еден неспособен за живот ( со физички недостатоци; кој преминува во тн. евегеника). Познато е дека различни култури имале различни ставови по ова прашање. Во некои законодавства на некој американски држави легализирана е т. н. “.пасивна “евтаназија , што се состои во прекин на натамошно вештачко одржување во живот на пациент за кој е констатирано (од лекарски конзилиум ) дека е безнадежен случај.Во Холандија , легализирано е убиство по барање на жртвата и помагање при самоубиство.Законот определува шест критериуми под кој лекарот може да го запре давањето на помош и да му помогне во умирањето ( со давање специјална инјекција) на пациентот при негова свесно и слободно изразено барање и конзилиарно утврдување дека се работи за безнадежен случај .Таквата одлука подлежи на дополнителна контрола од посебна лекарска комисија. Легализацијата на евтаназијата е во спротивност со општоприфатениот ( универзален принцип ) во подржување на животот, без разлика во која форма се појавува тој. Додека евгениката значи уништување на живот на неспособно лице( душевно болно, изнемоштено, заради идејата на создавање на физичко здраво потомство), истата не е допуштена и се квалифицира како и секо друго лишување од живот. Благородните побуди ,се побуди што од морален , социјален-етички аспект не заслужуваат остар прекор, туку еден вид на одобрување и солидаризирање со сторителот, поради што на овој вид на убиство му е даден привелегирен облик и се казнува со затвор од шест месеци до пет години. Убиство на миг, чл 125 од КЗ Ова е привелигирано убиство,,поради постоење посебна субјективна состојба на раздразнетост на сторителот, предизвикан од страна на жртвата.Тоа е еден активен однос на жртвата и поводот за убиството ,потекнува од неа.Основот за поблаг третман е посебната психичка состојба во која западнал сторителот , како последица на однесувањето на жртвата. Делото постои, тогаш кога некој ќе лиши од живот друг на миг,а без своја вина бил доведен во силна раздразнетост-со напад или тешко навредување од страна на жртвата. Состојбата на силна раздразнетост е посебна психичка состојба на силно изразен афект(како состојба на стеснета свест,намалена состојба за трезвено размислување и реагирање , проследено со надворешни телесни појави , условени од едно силно чувство, предизвикано од жртвата со напад или тешко навредување ).
13
Состојбата на силна раздразнетост не ги опфаќа случаите на патолошки афект,како стесната свест предизвикана од некоја душевна болест или посебна психопатска структура на личноста. Афективната состојба треба да се манифестира као силна раздразнетост, не било какава раздразнетост,законот бара една состојба на бес, голема лутина , како поголем интензитет на раздразнетост. Сторителот треба да биде доведен во ваква состојба без своја вина . Ова значи дека тој не треба да дал никаков повод за напад или навредување од страна на жртвата.Од овие причини, исклучена е состојбата за состојба на миг,кога провокацијата потекнува од страна на сторителот , кога тој ја наведува жртвата да го нападне или тешко навреди ,за да го оправда своето убиство над неа. Понатаму ,ваквата состојба на силна раздразнетост треба да е предизвикана со напад или тешко навредување.Тие треба да потекнуват од самиот убиен , а не од друго лице.Нападот е било кој потежок облик на загрозување или повреда на сторителот или нему блиско лице..Тешкото навредување , е тешка повреда на честа и угледот (плукање, полевање со вода, а како типичен пример е затекнување на прељуба брачен другар). Убиството се врши на миг, што значи во еден мошне кус период од нападот и тешкото навредување до реакцијата на сторителот.Помеѓу провокацијата и реакцијата не треба да постои временска дистанца. Делото е умислено и означува еден краток спој на брза и ненадејна одлука ( умисла ) за сторување на убиство. Пропишаната казна е затвор од една до пет години. Од практиката Донесена е правосилна пресуда К. бр.260/2004,за кривично дело Убиство на миг од чл. 125 од КЗ. Затоа што : На 15.03. 2004 год, околу 15 часот , во куќата каде што живее на улица Ленинова во П. бр 13. доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост-физиолошки афект, предизвикан со тешки навредувања од страна на убиената , ја лишила од живот М.Н, удирајќи ја трипати со тапиот дел од секирата по главата и градниот кош, а потоа со каиш ја стегала за вратот, поради што кај истата настапила моментална смрт. Сметаме, дека во изреката , треба да биде даден и опис на дејствијата на тешки навредувања , од страна на жртвата на сторителот на убиството. Убиство од небрежност ,чл 126 од КЗ Оваа казнена одредба ги покрива сите случаи на лишување од живот од небрежност, кое се разликува по својата објективна страна.Таа во себе вклучува и повреда на правила за должно внимание, покрај предизвикувањето на последицата. Ова кривично дело постои во случај кога сторителот бил свесен дека со своето сторување или несторување , може да предизвика смрт на некое лице,но лекомислено сметал дека последицата нема да настапи или дека ќе може да ја спречи. Исто така , ова дело постои, кога сторителот не бил свесен за можноста од настапување на смрт на некое лице,иако според околностите на делото и своите лични својства , бил должен и може да го предвиди нејзиното настапување
14
Така еден сторител , ќе го лиши од небрежност оштетениот , кога при расклопување на својот пиштол, предходно не се уверил дали шаржерот е полн или празен,иако бил свесен дека поради тоа може да настапи забранетата последица,но олеко сметал дека до тоа нема да дојде,, па при репетирањето го погодил со еден проектил оштетениот во пределот на главата , кој стоел до него., од што кај истиот настапила смрт. Пропишаната казна е затвор од шестмесецидо пет години. Од практиката : По поднесено обвинение, донесена е правосилна пресуда Кж бр.378/2006, Затоа што : На 3. 02 . 2005 год во местото викано Царев дол во атарот на општина Б, од небрежност го лишил од живот својот татко Б.Б, на начин што по предходен договор, заедно отишле на лов со чека на штетен дивеч, при што обвинетиот седел затскриен во боровата шума , а оштетениот се движел по теренот. Кога наидувал кон обвинетиот и кога бил на оддалеченост од околу 40 метри, обвинетиот забележал движење на силуета, па сметајки дека тоа е волк, без предходно да се увери дека тоа не е човек, иако според околностите на случајот, знаел дека местото е во близина на градот и дека во истото се движо и оштетениот и според своите лични својства –ловец, бил должен и можел да биде свесен , за таа можност, од ловната пушка марка ЏЏ, калибар 12 мм, во насока на силуетата што се движела испукал еден патрон,од кој 25 сачми го погодиле телото на оштетениот, а две од нив навлегле во пределот на стомакот и му нанеле лезија на стомачната аорта, како последица на што дошло до масовно крварање и општо искрварување , од што по неколку минути кај оштетениот настапила смрт. Со што сторил кривично дело Убиство од небрежност од чл 126 од КЗ. Во конкретниот случај, применета е законската одредба од чл. 43, како Посебна основа за ослободување од казна. Обвинетиот е ослободен од казна, затоа што оштетениот е негов татко .Се работи за кривично дело сторено од небрежност, а последиците од делото (смртта на неговиот татко), така тешко го погаѓат обвинетиот , што изрекување на казна во случајот не би одговарало на целта на казнувањето.
Убиство на дете при пораѓање чл 127 од КЗ Ова е посебен вид на привелигирано убиство, што од другите дела се разликува по посебната психичка состојба , предизвикана од пораѓањето или непосредно по него.. По своето објективно битие делото не се разликува од другите дела на убиство.Објект на заштита е животот на детето, што се заштитува од процесот на раѓање. Делото се врши за време на пораѓањето или непосредно по пораѓањето. За време на пораѓање, значи-од започнување на овој процес,(породилните болки)до прекинување на телесната врска помеѓу мајката и детето и започнување на дишење на детето.Во оваа фаза состојбата на растројство на мајката , како посебна околност под која е сторено делото се претпоставува и посебно не се докажува.
15
Кога делото е извршено непосредно по пораѓањето ( по прекинот на папочната врпца и започнувањето на дишењето на новороденчето),треба да се утврди , дали кај мајката постоела состојба на растројство, предизвикана со пораѓањето и колку долго траела таа. Објек на заштита е живо новородено дете. Сторител на ова кривично дело можеда биде само мајката на новороденчето, затоа што само кај неа можат да постојат овие околности , кои на ова дело му дават привелигиран облик..Секое друго лице кое учествива во ова дело , одговара за обично или квалифицирано убиство. Делото е умислено. Пропишаната казна е затвор од три месеци до три години Од практиката Поднесено е обвинеие, затоа што : На 26.06.2005 год., околу 03 часот изутрина, во куќата на нејзината мајка на ул ЏЏ во СС, , за време на породувањето кое го вршела сама, во сотојба на растројство, предизвикано од пораѓањето, го лишила од живот своето новородено дете од машки пол, на начин што со започнувањето на породилните болки и во текот на самото раѓање , не го соблекла долниот дел од тренерките во кој била облечена , го породила детето во нив и го оставила, каде по кратко време кај истото настапила смрт, поради задушување. Со што сторила кривично дело Убиство на дете при пораѓање од чл. 127 ст. 1 од КЗ. Тешка телесна повреда, чл 131 од КЗ Ова инкриминација се однесува на тешки повреди на телесниот интегритет, односно тешко нарушување на здравјето кај друго лице.При законската формулација на ова кривично дело, се има во вид фактот, дека овие телени повреди и тешкото нарушување на здравјето , можат да бидат различни по интензитет и квалитет , но и по својата различна општествена опасност, на што влијаат многу субјективни и објективни околности.Затоа покрај основни облици на делото, пропишани се и различни квалифицирани и привилегирани облици. Поради начелниот став , за неказнивост за самоубиство, произлегува и ставот , дека и самонанесувањето на тешка телесна повреда е неказниво.Секако ако со ова , не се остварува на противправен начин некое право, кое е пропишано како посебно кривично дело.(чл 342 од КЗ, Одбегнување на воена служба со онеспособување или измама). Објективното битеие на делото е определена според последицата. Дејствието на извршување на делото е секое дејствие , со кое е нанесена тешка телесна повреда кај друг или здравјето тешко му е нарушено. Обична тешка телесна повреда , е секоја телесна повреда која е потешка од обичната телесна повреда ( чл 130 од КЗ), а е полесна од тешката телесна повреда, која е со квалифицирани последици, наведени во ст. 3 на овој член. Како обични тешки телесни повреди, се сметат сите фрактури на коските.Досегашната судска практика и наодите и мислењата на вештите лица, за карактерот на повредите, укажуват на определени специфичности. Така, како тешка телесна повреда не се смета фрактура на носната коска бес дислоказија, фрактура на едно ребро без дислокација, како и фрактури на потенките коски од подлактицата или подколеницата. Од практиката
16
Поднесено е обвинение Ко. Бр.496/06 на ОЈО , за Тешка телесна повреда од чл 131 ст. 1 од КЗ, затоа што : На 7. 02 2012, во 14 часот во населбата Дузлак во Штип, кога бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување , во меѓусебна расправија околу исклушување на кабловската телевозија, со тупаница го удрил во пределот на десната образина оштетениот ГГ, со што му нанел тешка телесна повреда -двојна фрактура на долната вилица . Како квалифициран обвлик на основното дело, инкриминиран сос ст, 2, е ако ова повреда е нанесена при семејно насиластво. Од практиката Поднесеное Барање за спроведување на истрага Ко, бр 594/05 на ОЈО, поради постоење на основано сомнеие за сторено кривично дело Тешка телесна повреда од чл. 131 ст.2 в.в со ст 1 од КЗ, затоа што : На 10.10.2005, во 13, часот во помошната просторија куќата во село Ц., во која заеднички живеат со оштетениот , кој и е свекор,при вршење на семејно насилство, кога била свесна дека поради нејзиното сторување може да настапи забранетата последица , но се согласила со тоа, во меѓусебан расправија со тапиот дел од секирата го удрила по главата и телото , со што му нанела тешка телесна повреда –нагмечување на меките делови од поглавината , раздерно котузна рана во пределот на тилот и скршеница на шестот ребро од десната страна со дизлокација. Како квалифицирани облици на делото се тешките телесни повреди , со кој е доведувен на опасност живото на повредениот или дошло до уништувале или пак трајно и во значителна мерка ослабување на некој важен дел од телото или некој важен орган. Исто така алтернативно како квалифициран облик на основното дело се сметат и тешки телесни повреди поради кој е предизвикана трајна неспособност за работа , тешко ќе му биде нарушено здравјето или ќе биде нагрден. Овој услов за инкриминасија се утврдува по пат на вештачење9медицинско), при што покрај општите медицински правила за тоа кој се важни делови од човечкото тело, кој се последици за нарушено здравје, се имат во вид и конкретни субјективни околности на повредениот.При тоа се има во вид неговата општа здравстена состојба , пред нанаесувањето на тешката телесна повреда , како и неговиот професионален ангажман, неговата возраст итн. Така на пример ,ако на еден професионален трубач, дошло до повреда на усните, поради кој тој понатаму не би можел да свири. Или од аспект на нагрденост, дали со нанесената повреда на лицето на една осумнаесет годишна девојка,може да се смета една забележителна лузна. Во оваа насока постојат различни мислење во судската практика .постои мислење, дека ако со корективна хирургија би можело да се отстрани последицата, дека не се работи за квалифициран облик на делото. Исто така како квалифициран облик на основното дело, инкриминиран е случајот, ако поради тешката телесна повреда , повредениот умре. Од практиката Поднесено е обвинение за кривично дело Тешка телесна повреда од чл. 131 ст. 4 в.в. цо ст 1 од КЗ, затоа што: На 22.12.2004 год околу 01, 30 , во угостителскиот објект ГГ, лоциран на ул ВВ во Кочани, , по предходна вербална расправија со оштетениот ВВ, откако тој го удрил со шлаканица и го турнал кон излеаната врата, , обвинетиот кога бил свесен дека до забранетата последица може да дојде, но се согласил со
17
нејзиното настапување, отишол во својот дом и земал нож, со ддимензии од 25 см на сечилото и се вратил во угостителскиот објект и , замавнал спрема оштетениот и го убол во пределот на левата надколеница, нанасувајќу му убодна рана во длабочина од 14 см и широчина од 6 см, со што му ја пресекол феморалната артерија на левата нога –тешка телесна повреда, поради што оштетениот веднаш бил пренесен во Болницата во Кочани, но во 03 , 30 мин , починал поради масовно искрварување и шокова состојба-хеморагичен шок. Како привелигирани облици на ова кривично дело, е нанесување на тешка телесна повреда од небрежност. Пример од практиката Донесена е првостепена пресуда К. бр.47/2012 на Основне суд Д, затоа што : На 9.08.2009 год, околу 06, 30 часотна планината Г, во зрадата на Шумското стопансто ЦЦ, во мегусебна расправија, со три тупаници го удрил во пределот на лицето, апотоа и со клоца во пределот на десната подколеница оштетниот ФФиако бил свсен дека поради тоа може да настапи забранетата последица , но лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да настапи, , од кој удар на оштетениот му се извртела ногата во пределот на стапалот, поради што паднал и се задобил со тешка телесна повредафрактура на десната подколенична коска. Со што сторил кривично дело Тешка телесна повреда од чл 131 ст. 5 в.в. со ст. 1 од КЗ. Привелигиран облик на делото е сторување сторување на истото во состојба на миг, кога сторителот без своја вина бил доведен во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување. Пример, од практиката, Донесена е првостепена пресуда К. бр.1240/08 на основниот суд во ЦЦ, Затоа што : На , 2006 година во 15 часот, на ул ... бр, во ..., на миг, со напад од оштетениот доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост, тешко телесно го повредил оштетениот ФФ, на начин што поради предходно влошени односи , дошло до расправија во која оштетениот фрлил запалена цигара во пределот на лицето и со колоца го удрил во пределот на генитеалиите обвинетиот, по што тој повеќепати со тупаница го удрил во пределот на лицето, нанесувајки му скршеница на јаболчната коска од левата страна на лицето со дислокација. Со што сторил кривично дело Тешка телесна повреда од чл. 131 ст. 6 в.в. со ст. 1 на КЗ. Исто така привелигиран облик на ова кривично дело , постои ако сторителот бил жртва на семејно насилство и при тоа на насилникот му нанел тешка телесна повреда. ПРИМЕРИ-ЗАДАЧИ 1.Лицето А имало расправија со својот деловен партнер,околу заедничките инвестициони вложувања.Бидејки неможел да се разбере со него, сакал расправијата да ја прекрати , со негово лишување од живот.Заради тоа, го зел од дома својот пиштол, за кој имал дозвола, и во заедничката канцеларија на состанок, на кој повторно се скарале, го извадил пиштолот од бирото и испукало два куршуми , кон лицето Б. Од нив еден го погодил лицето Б, во пределот на градите , а другиот во пределот на стомакот.Со брза интервенција
18
на присутните членови на Управниот одбор, лицето Б, било пренесено во болница , и со брза интервенција на хирурзите,ги преживеал нанесените повреди. За кое кривично дело, може да одговара лицето А?, Состави диспозитив со опис на дејствијата на сторување и првната квалуфикација. 2..Лицето А и Б, биле соседи.Нивните меѓусебни односи биле , многу нарушени, така што секој ден се карале и навредувале.Еден ден, лицето А,не можејки да ги издрши секојдневните расправии, зело еден сатар од дома, па откако предходно се уверило дека брачниот другар на лицето Б, заминало на работа, молчешкум, преку незаклучената врата влегло во куќата на лицето Б.Додека тоа работело во кујната , од задгрб, го удрило неколкупати со сатарот во пределот на главата , нанесувајки му телени повреди со обилно крварење од главата , од што лицето Б, веднаш починало. Состави диспозитив со опис на противправните дејствија на лицето А и определи ја правната квалификација. 3.Лицето А и Б, биле соседи и соселани.Лицето Б, било подолго време на работа во странство и во разговор со својот сосед-лицето А, му кажал, дека заработил околу 30.000 евра.Една вечер, сакајки да му ги одземе парите, лицето А , додека лицето Б спиело,влегло преку незаклучената врата и ставајки му перница преку главата , го задушило лицето Б.Откако се уверило дека тоа повеќе не дава знаци на живот, почнало да пребарува низ целата куќа, за да му ги одземе парите.Но, во пребарувањето, не ги нашло парите , а ја пронашло штедната книшка, на која во салдото на име на лицето Б, биле ставени овие пари. За кое кривично дело, би можело да одговара лицето Б? Состави диспозитив со правна квалификација.(внимавај на праѓањето за алтернативитет, како облик на привиден стек на кривични дела). 4.Лицето А, од политички причини, сакало да го лиши од живот Шефот на една држава.За таа намера. купило, прецизен карабин .Подолг период го следело движењето на жртвата.Но бил откриен од надлежните службени лица и спречен да ја реализира својата намера. Може ли кривично да одговара лицето А?Доколку може , за кое кривично дело ? 5. Сопругата се разболела од карцином.Како што напредувала болеста, почнала да чуствува се поголеми болки, кој не можела да ги преброди ниту со големи дози на морфиум.Поради ова, го замолила нејзиниот сопруг, да и даде да испие едно апче отров-арсен.Гледајки ги страдањата на својата сопруга, нејзиниот сопруг и дал арсен, од кој таа веднаш починала, со што и биле прекратени нејзините големи болки и страдања. Може ли сопругот кривично да одговара ? ако може, за кое кривично дело? 6.Лицето А, подолг временски период се сомневал , дека неговата сопруга, го изневерува со негов близок пријате.Еден ден и рекол на сопругата , дека ке замине на службено патување.Заминал од дома, и чекал во близина на неговиот стан.Видел , дека неговиот пријател, дошол и велегол кај него дома.За десетеина минути, отишол дома и го отклучил станот.Во спалната соба ги затекнал, како неговата сопруга има сексуален однос до неговиот пријате.Од ова почуствувал
19
тешко навредување и срам,.Веднаш ја зел ножицата кој стоела на тоалетната маса и со неколку убоди , го пробол неговиот пријател во пределот на градите, поради што истиот искрварил и веднаш починал. За кое кривично дело би можел да одговара сопругот?Состави диспозитив со опиис на дејствијата на соодветната инкриминација? 7.Лицето А, со намера да го лиши од живот, влегло во кафеаната , каде седел неговиот некогашен пријател, со двајца пријатели , кој му должел голема сума на пари и започнал да пука кон него со автоматси револвер.Два истрелите го погодил неговиот некогашен пријател во пределот на срцето, кој веднаш починал.Но , еден куршум ,го погодило едно од лицата кој седеле со пријателот, во пределот на вратот, од што и тој починал, а друг куршум го погодил и другото лице во пределот на стомакот, задавајки му повреди на цревата, но по хирушката инртервенција , тој ги преживеал повредите. За кој , кривични дела , може да одговара лицето А?Обиди се да составиш , диспозитив за соодветните инкриминации? 8.Една студентка, била љубоморна на нејзиното момче.Вракајки се од факултет, ги видела, прегрнат со една колешка.Кога тој дошол во нејзиниот дом, таа во меѓусебна расправија, го удрила со пељелара во пределот на десната раката, со што му нанела тешка телесна повреда- фрактура на подлакотната коска , со тешко оштетување на нервот на раката.По , укажаната лекарска помош, неговата десна рака останала паралеризирана. За кое кривично дело , би можела да одговара студентката? 9.Две момчиња, се задевале во меѓусебна другарска шала, со чадор.Едното момче кое го држело чадорот, сакало да го заплаши другото, но од невнимание, со една од прачките на чадорот му бркнало во окото и тешко телесно го повредило, оштетувајки му го трајно неговиот вид. За кое кривично дело би можело да одговара момчето?.Состави диспозитив , со опис на дејствијата и правна квалификација? 10.Снаа и свекрва, биле во долготрајна меѓусебна расправија.Еден ден, додека останале сами дома, снаата зела нож од кујната и со намера да ја лиши од живот ја избодела десетина пати во пределот на градите и стомакот, од кој повреди свекрвата , таа веднаш починала. При извршеното психијатриско вештачење, било утврдено, дека снаата боледувала од манично-депресивен синдром, поради што нејзината способност да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки, биле битно намалени. Може ли снаата кривично да одговара?Ако, може за кое кривично дело? Тогаш(ако може), дај опис на диспозитивот на дејствијата на сторување на соодветното кривично дело? КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ Во суштината на човековата природа е перманентно да се бори за свое достоинство и права кој призлегуват од него и тоа го чинел во разни општесвено
20
–политички, економски и културни услови . Во суштина се работи за вредности кој припаѓаат на секој човек во еднаква мера и се стекнуваат како природни права со самиот акт на неговото раѓање. Универзалното значање на слободите и правата на човекот и граѓанинот , дојдоа до израз , особено во меѓународните акти, донесени во почетокот на 2о-сетиот век.Особено се значајни : Повелбата на ООН од 1945,Општата декларација на ОН за правата на човекот од 1948, Европската конвенција за заштита на човековите права од 1950 и Пактот за граѓански и политички, економски, социјалани и културни права од 1966 год. Меѓутоа,без оглед на интернационализацијата на определени слободи и права, нивниот обем и содржина , како и правни гаранции и реалните можности на нивната практична примена, зависи од општествено –политичкиот систем на определана држава. Правата и слободите на човекот не се објект на заштита само кај кривичните дела од оваа глава, Така,несомнено најзначајно и основно право кое се штити кај казненото дело Убиство е животот на човекот.За разлика од нив,во оваа група на кривични дела,слбодите и правата се примарен објект на заштита.Во другите наведени кривични дела, слободите и правата ,немат значање на основен и исклучив објект на заштита , туку т. н. супсидиарен, придружен објект на заштита. Поимното разликувањена на слободите и правата , не значи суштинско раздвојување ,на една страна слободите , како вродени права и правата од друга страна , како од друг дадени овластувања.Тие постојат во взаемно единсво и меѓусебно се условуваат. Поимот слобода, изразува определен облик на некое право,и тоа таков облик што по обем на самостојност и индивидуланост на човекот во неговото остварување и почитување ,стои на повисоко рамниште.Истовремено, секое право претставува определен облик и степен на слобода. Основните слободи и права на човекот и граѓанинот во нашето општество се кренати на ранг на уставна категорија .Од овие причини ,за разбирање на нивната казнено-правна заштита, неопходно е познавањето на нивната уставна и општествена позиција. Канено-правната заштита, заедно со другите облици на заштита на слободите и правата , истовремено значи и целосно уважување на истите.Од друга страна пак, мора да се има во вид фактот , дека преширокиот обем на казнено-правна заштита на слободите и правата , може да значи истовремено упад во истите.Сето ова налага, казнено-правната заштита на слободите и правата да биде проследена со нужна мерка, кога нивната повреда и злоупотреба , не можат да бидат попречени со други неказнени средства. Една посебна карактеристика кај делот од личните права,е тоа што слободата на поединецот не е апсолутна, ниту пак константна големина,туку повеќе како стремеж , зад кој стојат дури и различни социјални поставки ( погоема слобода за еден води кон поголема неслобода за друг).Овде се работи за стриктно персонални слободи и права, па во сегментот на нивното почитување е вклучена и слободата за откажувањето од нив.Оттука, посебна улога кај овие дела има согласноста на оштетениот , како основа за исклучување на противправноста.Истакнатиот елемент на “ неовластеност’ , “противправност ‘сл .во законските битија на некој дела , во прв ред значи посегање по тие права, спротивно на волјата на тие права.
21
Апсолутната природа на определени слободи и права , повлекува и друга карактеристики,па повеќето од нив имата бланкетна правна природа.Исто така , дел од слободите и правата , се предмет на ограничување ( као што се одредбите на ЗКП, за примена на присилба, притвор, ) Така, законското обележје на недопуштеност,неовластеност, , вклучува и предходна оценка за забранетоста на делото и од аспектот на други правни принципи. Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувашко постапување и казнување, чл 142 од КЗ Оваа е нова инкриминација, која е пропишана со најновите измени на КЗ од 2004 год. До тогаш, во нашето казнено законодавство постоеше инкриминацијата Тортура, пропишана со истиот член . Смислата на оваа инкриминација не е во постоење на апсолутна забрана за присилба со цел за давање на изјава,.Ова дело по својата суштина е еден облик на злоупотреба на службената должност од страна на службеното лице пред кое , лицето дава изјава односно исказ. Како сторители на ова дело, се службените лица и лицата кој наведени од нив или врз основа на негова согласност ќе : употребат сила, закана или друго недопуштено средсво или начин, со намера да се изнуди признание или некоја друга изјава од обвинетиот, сведок, вештак или друго лице. Под поимот сила, се подразбира, употреба на секоја физичка сила,која се употребува спрема некое лице на начин што кај истото потполно ја спречува или ограничува способноста за самоодлучување.Исто така , како сила се смета и примената на хипноза и замајни средства со цел некој да се доведе против својата волја во несвесна сосотојба или да се онеспособи за отпор. Заканата е средство за присилба што се состои во ставање во изглед на некое зло , чие што реализирање стои во власта на сторителот.Притоа не се бара како посебен услов, како кај некој други кривични дела , истата да е сериозна .. Другото недопуштено средство и начин ќе се оценува од аспект на правни норми со кој е регулирана соодветната постапка, во која дошло до примена на вакви недопиштени средства или начин ( така во чл 210 ст 7 од ЗКП,спрема обвинетиот не смее да се се употреби сила, закана или други слични средства, во чл 224 од ЗКП., е пропишано дека , при сослушувањена сведок не е дозволено служење со измама ниту поствување на такви прашања во кои е веќе содржанао како би требало да се одговори). Втор облик на дејствие,е предизвикување кај друг тешко телесно или душевно страдање на лица кој се осудени за кривичнодело ( се мисли на лица кој ѓи издржуват казните ), или за кои се осомничени( се мисли на приведени , задржани, лица кој се во притвор).За докажување на тешкото телесно и душевно страдање, потребен е наод и мислење на вешто лице од медицинската област. Трет облик на сторување е заплашување или присилување на откажување од некое право, се мисли на сите лица од првото и второто дејствие на сторување. Овде под поимот заплашување, би се подразбирале , дејствија кој би предизвикале субјективен страв кај жртвата. Поимот право , треба да го толкуваме во смисла на соодветни законски права пропишани за овие лица во постапката која се води. Четвртиот облик на сторување е предизвикување на страдање поради било како облик на дискриминација.
22
Поимот на страдање исто така би претставувало фактичко прашање.Истото во себе вклучува еден подолготраен однос од страна на службеното лице ,а нерамноправен третман или предизвикување на било какви мерки на сила и принуда , само врз основа на фактот што некое лице е припадник на определена расна, етичка или религиозна група ( дискриминација) Како квалифициран облик на основното дело , за кое е пропишана построга казна затвор од една до десет години , е настапување тешки телесни повреди или други особено тешки последици(ваквата формулација не е прецизна, затоа што кај ст1, во едно од дејствијата, како услов за инкриминација е тешкото теласно повредување). Од субјективен аспект, ова дело се врши со умисла.Сторителот треба да е свесен дека во вршењето на службата презема дејствија на мачење, нечовечко и пониживачко постапување. Од практиката Поднесено е обвинение ко. Бр.92/00, затоа што : Во периоот од 30... до ..., во вршењето на службата, како самостоен инспектор за огранизиран криминал во СВР ..,во службените простории, употребувал сила со намера оштетениот КЦ, кој работел како чувар во фабриката ЦЦ, да изнуди признаие, дека тој е виновен за пожарот што се случил во истата, на ден ..., на начин што со гумена палка , со раце и нозе го удирал по главата и телото со што му нанел телесни повреди-крвни подливи на главата, на грбот и на левата надколеница. Со што сторил кривчно дело Мачење и друго сурово , нечовеко или понижувачко постапување и казнување од чл 142 ст. 1 од КЗ.
Малтретирање во вршење на службата чл 143 од КЗ Основна цел на оваа инкриминација е спречување на службените лица во вршењето на нивните службени овластувања и надлежности да преземаат дејствија со кој се повредуваат слободите и правата, интегритетот и достоинството на човеко. Дејствието на извршување е алтернативно дадено и се реализира со , малтретирање, застрашување, навредување и воопшто постапување на начин со кој се понижува човековото достоинство и човековата личност. За разлика од предходното дело, дејствијата на сторување на ова дело се пошироко поставени , во вршењето на службената должност. Поимот на малтретирање е некоректно постапување во однесувањето спрема друго лице , неговото физичко и психичко мачење , без да се причини телесна повреда,дејствување врз интегритетот на личноста и нејзиното достоинство. Овие дејствија на сторување , би значеле едно поинтензивно обезвреднување на човековото достоинство , во споредба со навредата , сватена повеќе ,како еден моментен однос, а сепак не го достигнал степенот на телесна повреда. Овде особено, би дошле во вид дејствијата на теглење за коса,за уво, нос, континуирано исмејување, удирање на шлаканица( можеби во практиката , тешко се разликува, кога овие дејствија се навреда, а кога малтретирање). При преземањето на овие дејствија потребен е еден посебен субјективен елемент
23
кај сторителот, дека треба да се има намера , за навреда од повисок интензитет, во насока на поголемо обезвреднување на човековата личност и достоинство. Застрашувањето е нов облик на дејствие. Тоа се состои во предизвикување на чувство на страв кај жртвата, со предочување на определено зло, закана, примена на сила. Навредувањето е многу блиско до малтретирањето и се остварува на вербален или друг начин со кој се повредува честа и угледот. Дејствие на сторување е и секој друг начин со кој се понижува човековото достоинство и човековата личност.Ова се дејствија со кој се врши негација на човековата личност или обезвреднување на личноста или неговото достоинство.За вакви особено би се сметале дејствијата на исмејување, бирократски однос итн. Дејствието на извршување треба да се остварува во вршењето на службената должност, во врска со службата , во рамките на овластувањата што службеното лице ги има при вршењето на својата службена должност( при преземање на истражни дејствија, при распит, приведување). Делото е извршено кога во конкретниот случај сл. лице е овластено да го презема конкретното дејствие , но постапува противправно.Исто така ,делото е извршено , кога службеното лице презема службени дејствија кое тоа ,директно не еовластено да ги презема, но истите се во надлежност на службата во која тој работи. По одос на субјективната страна, се бара умисла, што се состои во свест дека некој се малтретира во вршењето на службената должност. Помеѓу ова дело , не е возможен стек со кривичното дело Навреда, но доколку при малтретирањето дошло и до телесно повредување, возможен е стек со овие дела. Примери од практиката 1.Поднесен е обвинителен акт од страна на Ојо .., за кривично дело Малтретирање во вршењена службата од чл 143 од КЗ, затоа што : На 26.06.2005 год , во 13 часот на граничниот премин ВВ, како службено лице – полицаец и раководител на смена, во вршењето на службената должност-при преглед на возило, го малтретирал оштетениот ММ,. на начин што во присуство на повеќе лица –патници, откако го натерал оштетениот да ги извади регистарските теблички на неговото ПМВ-комбе, на задниот дел од возилото силно го стиснал оштетениот во пределот на вратот и му ја удрил главата од каросеријата , понижувајчи го неговото човечко достоинство. 2.ОЈО поднел Барање за спроведување на истрага, поради постоење на основано сомнеие , дека е сторено кривично дело Малтретирање во вршење на службата од чл. 143 ст. 1 од Кз, затоа што: На 31. 12. 2оо7 год, околу 03 часот, во вршење на службата од јавен интерес , согласно чл.2 и 3 од Законот за обезбедувавање имот и лица, по предходен договор за обезбедување, помегу Агенцијата за обезбедување на имот и лица Феникс од В, во која бил вработен и Угостиртескиот објек ГГ, на пречекот на новата година, пред присутните гости, го малтретирал оштетениот ЦМ, кој како гост во објектот се веселел, на начин со кој се понижува човековото достоинство и човековата личност, со тоа што удирајки го со тупаница го соборил на подот, го туркал и удирал со клоци по целото тело.Насилно го извадил од објектот и продолжил да го удира со тупаници и клоци .
24
Вториот пример , го наведовме, за да послужи како пример, во случаите , кога ова кривично дело е сторено од страна на лица вработени во Приватни агенции за обезбедување, што не е така редок случај во практиката. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ИЗБОРИТЕ И ГЛАСАЊЕТО Изборите се универзално прифатено средство за конституирање на власта во секоја современа држава и за воспоставување на нејзиниот легалитет и легитимитет . Една од основните претпоставки за владеење на правото во секоја држава е доаѓање на власт по пат на легитимно спроведени избори. Заради исполнување на овие основни цели на современата правна држава, изборите мора да се одвиваат според однапрад утврдени”правила на иагра” .Овие правила се предмет на регулирање на посебен систем на норми, кој во политичката и уставно-правната наука се нарекува изборен сиситем. Изборниот систем претставува единство од права, принципи, механизми и гаранции, врз основа на кој се одвива учеството на граќаните во изборите. Централно место во структурата на изборниот систем зазема избирачкото право и принципите на кој се темели истото.Неговата содржина ја сочинуват две негови димензии :активно избирачко право(право граѓаните да избират свои преставници во преставничките тела ) и нивното право да бидат избрани за членови во тие тела(пасивно избирачко право). Составен дел на изборниот систем се и нормите со кој се гарантираат првата на изборниот субјект и законитост во одвивањето на самиот изборен процес Сите овие гаранции би останале гола декларација ,ако не се созддат реални претпоставки за нивно оживотворување во изборната практика.Од овие причини изградени се ефикасни механизми за заштита на изборниот систе,затоа што секое сомневање за регуларноста на изборите , фрла сенка на легитимноста на власта ,а со тоа и врз ,погоре споменатиот сегмент за принципот на владеење на правото. Соствана компонента на овој заштитен механизам е и заштитата преку осздавање на казнено –правни норми.Овој облик на заштита на изборниот сиситем се остварува така што најтешките , најопасните напади со кој се повредува или загрозува изборното право се инкриминираат како кривично дело. Почитувајки и спроведувајќи ги сите постулата на правната држава РМакедонија , во своето казнено законодавство ,во Кривичниот Законик од 1996 год., во посебна глава ,пропишува кривични дела против изборите и гласањето. Објект на заштита кај овие кривични дела претставува изборниот систем, како комплекс на избирачко право, принципи и постапка за остварување на избирачкото право и гаранции за слободни и фер избори. Казнено правната заштита на избирачкото право во РМакедонија,се однесува на активното и пасивното право.Со пропишаните инкриминации се заштитува слободата на граѓанинот да избира или да биде избран,да избира или да гласа или воопшто да не гласа , без никакава присилба или било какво влијание , што ја прави неговата одлука изнудена , наметната, купена . Избирачкото право се заштитува од дејствија што претставуваат насилство,измама или поткупување, со што овие дела се појавуваат како специјални облици на општите дела на
25
присилба , измама или поткуп.(В.Камбовски,Казнено право посебен дел, ,Просветно дело ,Скопје, 1997, стр 141) Според објектот на заштита , на кривичните дела против изборите и гласањето во македонското казнено законодавство, тие се поделени во две групи:против изборниот сиситем и против изборното право. Во првата група на кривични дела спаѓат : Спречување на избори и гласање чл 158,Злоупотреба на избирачкото право чл 161,Повреда на тајноста на гласањето чл 163,,Уништување на изборни исправи чл 164, Изборна измама чл 165 и Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања чл 165-а од КЗ. Во групата на кривични дела против избирачкото право се кривичните дела : Повреда на избирачкото право чл 159, Повреда на слободата на определување на избирачите чл 160, Поткуп при избори и гласање чл162. Законските битија на сите кривични дела со измени и дополнување на Кривичниот законик, претрпеа измени во делот на пропишаните казни, во насока на нивно драстично поострување( Сл. весник бр.73/06), а некој и во самите описи на законските битија на кривичните дела.додека пак со чл 165-а се воведе нова инкриминација Злоупотреба на средствата за финансирање на изборна кампања. Си измени и дополнување на КЗ од 2011(Сл.весник бр.51/2011), напревени се измени во ст. 2 кај кривичното дело Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања. Со истите Измени, во оваа глава на кривични дела, воведен е нов член 165-б, со кој се пропишува Задолжително изрекување на казната забрана за корисрење на средства за финанасирање на политичка партија, за кривични дела од чл.158 до 165-а од КЗ. Со оглед на фактот што и политичките партии се правни лица, со предходен член од истите Измени во 2011,(чл.1), чл.96-б, со кој се наведени споредните казни спрема првните лица, беше измен, така што на листата на споредни казни кој можат да бидат изречени спрема правно лице, се воведе и Забраната за користење на средства за финансирање на политичка партија од Буџетот на РМакедонија. Спечување на избори и гласање ,чл 158 од КЗ Објект на заштита претставува изборната постапка , нејзиното слободно и непречно одвивање.Дејствие на извршување претставува, со употреба на сила ,сериозна закана или на друг начин (на пр. уцена ), оневозможување или спречување на изборите и гласањето како и утврдувањето или објавувањето на резултатите од гласањето. Се работи за специјален облик на присилба која може да биде насочена кон повеќе лица, или кон лицата кој ги спроведуваат изборите ,како и кон самите гласачи, За постоење на делото не е потребно да настанала последица во насока на неодржување на изборите. .Неправото на делото се исцрпува со самото оневозможување или спречување,кое може да остане и неуспешно. Пропишаната казна значително е поострена и изнесува ,затвор од најмалку три години. Како квалифициран облик на основното дело,кое се казнува со казна затвор од најмалку пет години ,е сторување на ова дело со употерба на
26
оружје,експлплозивни или други опасни направи, или со примена на насилство спрема две или повеќе лица . Како квалифициран облик се смета и ако ова дело е сторено од страна на организирана група( се мисли на група која е создадена со намера со било каков облик на сила или закана да оневозможува или спречува одржување на избори или гласање) ,или ако ваквото спречување на изборите се врши на две или повеќе избирачки места. Од практиката Поднесено е Барање за спроведување на истрага Ко. Бр.320/06, поради постоење на основано сомнение, дека е сторено кривично дело Спречување на избори и гласање од чл.158 с. 1 од КЗ, затоа што : На ден ...во .. часот , на гласачкото место бр.,.. лоцирано во зградата на ОУ .... во П...,за време напраламентарните избори го оневозможил процесот на гласање на начин што влегол во просториите на ова избирачко место и почнал да вика упатувајќи навредливи зборови и агитирал за политичка партија , со што го оневозможил гласањето и истото било прекинато за време од 15 минути, а претседателот на Избирачкиот одбор побарал асистенција од полиција, за да обвинетиот биде принудно отстранет Поткуп при избори и гласање, чл 162 0д КЗ Објект на заштита е изборниот систем кој претпоставува слободно и непристрасно определување на избирачите.Во своето определување за кого ќе го дадат својот глас избирачите треба да се раководат од својата слободна волја, што претпоставува дека при остварувањето на ова свое право , граѓаните со право на глас, не трба да остваруваат било каква корист-односно да не бидат поткупени. Во ст 1 и 2 , инкриминирано е активното и пасивното поткупување.Поткупот се дава, односно прима ,заради вршење, невршење или како да се врши избирачкото право. Пропишаната казна за двата облици на делото е казна затвор од најмалку пет години. Активното поткупување се состои во нудење,давање или ветување на подарок или друга лична корист(изменето е во 2009 со измените на КЗ, со друга корист, не мора лична), на лице со избирачко право, со намера да се придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото параво. Пасивното поткупување го чини лице со избирачко право кое ќе бара или прими , за себе подарок или друга корист ,за да го врши , да не го врши или како да го врши избирачкото право. Објект на дејствието и во двата случаи е подарок или друга корист, што значи покрај на предмети со некоја материјална вредност , поткупот може да се однесува и на било какава друга корист.(вработување, добивање стан или било какви други погодности, кој не мора директо и непосредно да се поврзани со лицето со избирачко право). Со измени од 2006 , воведена е казнена одговорност и за правно лице доколку истото се појави како сторител на ова кривично дело. Исто така, со измените од 2009 година, пропишан е привелигиран облик на ова кривично дело. Така во ст. 3, ако користа односно подарокот е од мала вредност(до половина од износот на месечната плата исплатена во стопанството , во време на
27
сторувањеа),сторителот се казнува со парична казна или казна затвор до 1(една) година. Поднесена е кривична пријава, против ЏЏ, затоа што на ден,.... како Претседател на Меснот одбор на Партијата ..., во с. ..., на родителите кој имале деца во осмо одделние, ги повикувал на Парламентаринте избори на гласат за кандидатот ВВ со реден број 6 на гласачкото ливче, ветувајќи им привилегија при запишување на нивните деца по завршувањето на основовното образование, во 5-та та приватна гимназија и стипендија од 1000 евра, со што да сторил кривично дело Поткуп при избори и гласање од чл 162 ст. 1 од КЗ. Како и за останатите кривични дела, од оваа глава досегашната практика покажува, дека тешко се обезбедуват правно релевантни докази , кој одат во прилог на докажување на постоењето на соодветното кривично дело. Причините за ова се поради специфичноста на времето на сторување на овие кривични дела(за време на избори или траење на изборната кампања.).Така што, треба да се дејствува синхронизирано и координирано, помѓу надлежните органи. Од сруга страна , доколку се работи за постоење на основи на сомение за сторни кривчни дела, извршени од активисти на партијата/ите кој победат на изборите, свидетелите не сакат да сведочат, плашејки се од реперкусии. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ Делата од оваа глава, се надоврзуват на предходните две глави,затоа што со нив се инкриминирани различни облици на повреда и загрозување на правата на човекот од работниот однос. Овој комплекс опфаќа и права стекнати врз основа на трудот , како што се тие при престанок на работниот однос спротивно на нивната волја, за условите за работа, правото на ограничено работно време, здраственат и друга заштита, правото на социјално осигурување и други права што се предмет на оваа обемна регулатива(пензиско и инвалидско осигурување и други права од колективни договори). Посебното значање на работните односи , поставува еден цел систем на заштита на правата врз основа на трудот.Покрај својот институционален дел ( инспекциски), тој систем го чинат и бројни други облици на заштита на праватаод работен однос (синдикатите). Основна карактеристика на законските битја од оваа глава е нивната бланкетна природа. Бланкетната природа на овие законски битија, во практиката го наметнува проблемот на разграничивање на казнените дела од другите облици на казнени поведенија Како посебен субјективен елемент за разграничување на делата против работните односи од другите казниви неправа е истакнувањето , кај казнивите дела на свесното непридржување кон законските и другите прописи.Со тоа неправото на овие дела е ограничена на умислена повреда на одделни права од работниот однос. Извршител на повеќе дела може да биде било кое лице, а делото Непреземање на мерки за заштита при работа чл.170,може да го изврши само одговорно лице.По природата на објектот на заштита кај овие дела , иако се конструирани ,
28
дека може да ги стори секој,по правило се вршат од лицата што се во позиција да одлучуват за остварување на правата врз основа на трудот. Пасивен субјект кај повеќе дела е субјектот на правото од работен однос, односно правото врз основа на трудот( лице од работен однос, осигуреник). Исклучок е делото од чл 168 Злоупотреба на правата од социјално осигурување, каде делото е извршено на штета на општите фондови за социјално осигурување . Повреда на правата од работен однос чл 166 од КЗ Групен објект на заштита е правата од работен однос. Опфатени се некои права што ја определуват положбата на работникот, правата по однос на засновање или престнување на работниот однос, личен доход,работно време, одморот или отсуствата, заштита на жената , младината и инвалидите, прекувремена или ноќна работа. Дејстие на сторување е повредување, одземање или ограничување на овие права од работен однос, со свесно непридржување кон закон или друг пропис или колективен договор. Повредата е општ поим кој во себе вклучува и одземање(загуба) или ограничување ( стеснувањена обемот или целосно попречување на неговото користење) , на некое право. Субјективното битие наделото се состои во умисла.Сторителот покрај тоа што треба да биде свесен дека неговото дејствие во објективна смисла претставува повреда на позитивните прописи ( од работните односи),треба да биде свесен и дека поради таквото негово дејствие може да дојде до повреда , одземање или ограничување на нечие право. Делото се казнува со парична казна или затвор до една година. Со измените на КЗ, за ова кривично дело е пропишани казнување и на правно лице. Злоупотреба на правата од социјално осигурување чл 170 од КЗ За разлика од најголемиот број на кривични дела од оваа глава со дејствија на одземање, ограничување на права на работникот, ова дело го врши тој што со симулирање или предизвикување болест или неспособност за работа ќе оствари право на здравствено , пензиско и инвалидско осигурување., како и други прав што му припаѓат според прописите од работниодноси. Значи, како дејствие на сторување, се остварување на определени права по пат на измама( а не врз основа на трудот), со симулирање или предизвикување болест или неспособност за работа. Како последица на дејтвијата , треба да е остварено некое вакво право(обидот е неказнив). Делото е умислено. Овде се работи за специјален случај на измама и истото се врши со директна умисла. За ова кривично дело, пропишана е одговорност и за правното лице. Од практиката Поднесен е обвинителен предлог Ко. Бр.299/08, против ВВ, затоа што : Како одговорно лице управител-управител на ДОО ... , во периодот од 1.10 2000 до 31.01.2007 година, свесно не се придржувал кон чл.78 ст. 3 од Законот за работните односи, на начин што на работниците В.В, ПП, КК, и РР,не им
29
уплатил придонеси за пензиско и инвалидско осигурување , со што им оневозможил да си го остварат правото на пензиско и инвалидско осигурување и правото на пензија. Со што да сторил едно продолжено кривично дело Повреда на правото од социјално осигурување од чл.167 ст 1 од КЗ. За ова кривично дело, би требало да одговара и правното лице, каде биле вработени овие лица.Но, со оглед дека се работи за едно продолжено кривично дело, и период на сторување од 2000, година, кога не беше пропишана казнена одговорност за правните лица, против него не е поднесено обвинение. (казнената одговорност за правните лица е востановена со Измените на КЗ од 2004 година). КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЧЕСТА И УГЛЕДОТ Групен објект на заштита е честа и угледот.Објаснувањето на суштината на овие кривични дела претполага дефинирање на овие поими. Честа се третира како” сопстевено чувство на вредност “, а угледот како “стекната чест”,при ова мора де се иставкне дека,тоа не се две самостојни вредности, туку се работи за единствена категорија. Во теоријата е застапена нормативната теорија , која честа ја објаснува како вкупност на сите вредности на човековата личност.Секој човек е носител на чест , независно од ставот на потесната околина , независно од сопственото чувство на чест( таа постои , на пример, и кај оној што за себеси смета дека е нечесен). Врз основа на ова , секој има право да бара со него да се постапува ,во насока на уважување на неговите основни човекови вредности. Во рамките на ваквите нормативни определби, на поимот на честа сосема секундарно значање има угледот , како стекната чест и тоа се определени вредности што човекот ги стекнува со својата работа, поведение. Честа и угледот се сосема персонализирани правни добра, па според тоа пасивен субјект е секој човек.Но , определени дилеми предизвикува утврдувањето на кругот на пасивен субјект,пред се на категории на лица без развиено чувство на сопстевна чест( иако според нормативанта теорија ,секој човек е носител на чест). Така,децата без оглед на нивната возрасти без оглед на постоењето или не на сопствено чувство за чест, се носители на ова правно добро ,со самиот факт, што како луѓе се носители на основните човекови вредности.Од ова прашање за пасивниот субјект, треба да се разликува правната заштита..Малолетниците сами не можат правно да се заштитуват од нападите врз нивната чест, оваа заштита е препуштена на нивните родители . Истото важи и за душевно болните лица.Со самиот факт што се луѓе,тие се носители на човечко достоинство, спрема тоа и на чест, а правната заштита е исто така препуштена на нивните родители или старатели. Отворено е прашањето , дали пасивен субјект на овие дела можат да бидат умрените лица.Денас , казненото право ги казнува клеветничките изјави на штета на добриот глас на умрениот , но, што е објект на заштита.? Прифатливо е стојалиштето дека,умреното лице не е веќе субјект на меѓусебните односи на уважување, што постојат само помеѓу живите.Така ,во случај на повреда на
30
добриот глас на умрениот , се работи всушност за повреда на неговите блиски,односно се заштитува семејната чест и доброто сеќавање за умрениот. Пасивен субјект на овие дела можат да бидат и сите правни лица, од државните органи ,македонскиот народ и другите етнички заедници до сите видови на корпорации и трговски друштва, невладини организации итн. Со најновите измени на КЗ од 2012(Сл. весник бр.142/2012), по примерот на многу европски држави извршена е декриминализација на голем број на кривични дела од оваа глава. Така, декриминализирани се клветата и навредата, како кајчести кривични дела од оваа глава, а заштита на честа и угледот е премесено во граѓанска постапка , за надомест на штета. Од пропишаните инкриминации, задржани се само следните : -Повреда на угледот на Република Македонија, чл.178, пропишаната казна затвор, за ова кривично дело е избришана(може да се изрече само парична казна). -Излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците, чл 179 од КЗ.За ова кривично дело може да се изрече само парична казна. -Повреда на угледот на странска држава, чл.181 од КЗ.исто така и за ова кривично дело може да се изрече само парична казна, и -кривичното дело повреда на Повреда на угледот на меѓународна организација од чл.182 од КЗ. Исто така и за ова кривично дело, е избришана казната затвор и за сторителот на истото може да се изрече само парична казна. За сите овие кривични дела, исклучена е кривичната одговорност на новинарите , доколку делото е сторено во вршење на новинарската дејност. Исто така исклучена е кривичната одговорност за овие кривични дела и за сите дуги лица, доколку изнесеното понижувачко мислење е дадено во одбрана на слободата на јавното мислење , јавно изразување на мислата или на други права , или заштита на јавен интерес или други оправдани интереси или пак со искрена намера или увереност во добро намерноста на неговото мислење. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ПОЛОВАТА СЛОБОДА И ПОЛОВИОТ МОРАЛ Слободата на полово општење е лична слобода на секој поединец.Во оваа смисла овие дела претставуват и посебен облик на кривични дела против слободите и правата.Половите односи спаѓат во многу интимна свера на животот на човекот. Тоа е една област која не е баш погодна за правно нормирање, а посебно е дискутабилно , колку со кривично –правни средства може да се влијае на оваа област.Така ,во последно време се поприсутни се мислењата ,дека со сексуални деликти треба да бидат опфатени само оние однесувања со кој задоволувањето на половиот нагон се остварува со принуда,или разни облици на злоупотреби во оваа област и сексуални изживувања.Но, на определени девијации во оваа област треба да се влијае и со правилно сексуално воспитание и други мерки за воспитување. Повеќето од овие дела се насочени против слободното одлучување и претставуваат , како негација на самоопределувањето и слободното стапување во полови односи, квалифицирани повреди ,повреди на личното достоинство на човекот.Покрај ова , овде спаѓат и делата што се состојат во искористување на некоја посебна позиција или незаштитеност на определено лице.
31
Најголем број на овие кривични дела се т. н. своерачни казниви дела, (дела кој можат да се извршаат само со лично дејство на сторителот). Посебна заштита кај овие казниви дела имат малолетниците, Инкриминирана е секоја обљуба со малолетници кој не наполниле 14 години. Најзначајна новина кај овие казниви дела , е новиот концепт на кривичното дело Силување., според кој сторител на делото и пасивен субјект може да бидат лица од двата пола., со што е напуштен поранешниот концепција , дека пасивен субјект може да биде само женско лице. Исто така , со новините укината е брачната дискриминација,, така што пасивниот субјект е проширен и на лица кој се наоѓат во брачна и вонбрачна заедница.. Со ваквите решенија , конечно прифатени се фактите дека половата слобода припаѓа еднакво на сите, без разлика на полот или неговиот брачен статус . Повеќето од делата во оваа глава , како конститутивно обележје во законските битија ги имат дејствијата на обљуба или друго полово дејство. Под поимот на обљуба,се подразбира соединување на половите органи на две лица од различен пол.При тоа не е доволно само допирање меѓу половите органи, туку започнува со продирање на машкиот полов орган во женскиот,при што не е потребно да дошло и до исфрлање на семето . Друго полово дејствие е секое полово дејствие со кое се задоволува половиот нагон , кое е слично на обљубата.Порано постоеше мислење дека тоа е само педерастијата.Денес во поширока смисла,под полови дејствија се подразбират дејствија во половите односи што во објективна смисла претставуват груба повреда на социјално-етичките ставови во сверата на овие односи, а во субјективна смисла се вршат од посебна побуда или намера за разбудување или задоволување на сексуалниот нагон ( анален или орален секс). Силување чл 186 од КЗ Објект на заштита кај оваа кривично дело се слободата во половите односи.Овде се заштитува слободата на одлучувањето во оваа свера на секој човек (вклучително и на жени со лабав полов морал). Бидејки во своите дејствија тоа е сложено казниво дело . составено од акт на присилба и акт на обљуба, истото влегува во редот на т. н. брутални кривични дела. Делото го врши тој што со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападене врз неговиот живот или тело или врз животот на нему блиско лице , дрyг ќе присили на обљуба( ст 1), односно друго полово дејство(ст4). Ова казниво дело е сложено составено од присилба и обљуба, односно друго полово дејствие.Присилувањето на обљуба или друго полово дејствие се врши со употреба на сила или закана. Под поимот сила се подразбира апсолутна сила како и примена на хипноза или други замајни средства. Така на пример , според нашата судска практика, кога едно лице цврсто грабнало друго лице и го фрлило на диванот со цел да изнуди обљуб, кога едно лице нападнало друго, цврсто го притегнало до зид со намера за полово општење, кога едно лице му ја затнало устатана друго, ја кутнало на земја, легнало врз неа и почнало да и го крева здолништвото ( кога пасивен субјект е жена). Силата секогаш е средство, начин за изнудување полов однос или друго полово дејствие и истата мора да биде превземена токму заради насилно извршувње на обљуба.
32
Заканата мора да биде насочена кон животот или телото. Таа мора да биде непосредна т.е. се заканува со зло што веднаш ќе се оствари. Истата може да се однесува и за нему блиско лице. Силата и заканата треба да се подобни да го скршат постојниот или очекуваниот отпор на другото лице.Силувањето претпоставува непостоење согласност на другото лице, односно негово спротивставување на актот на обљуба или друго половодејствие. Отпорот што пасивниот субјект го дава треба да биде сериозен и траен.Камуфлираниот отпор на жената го исклучува битието на ова дело. Исто така ,отпорот треба да биде траен, се додека трае дејствието на сторување на ова казниво дело.Доколку постои дополнително согласување на пасивниот субјект со актот на обљуба или полово дејствие, ова согласување исто така го исклучува битието на делото Пасивен субјект е било кое лице од женски или машки пол, над 14 годишна возраст,(инаку постои полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години чл.188)., без оглед на годините на старост, моралните својства и предходните односи со сторителот на делото. Пасивен субјкект може да биде и лице со кое сторителот живее во брачна или трајна вонбрачна заедница Обидот започнува со почетокот на примената на сила или закана заради вршење обљуба или друго полово дејствие. Во оваа смисла истите треба непосредно да му предходат на актот на обљуба без оддалечено дејствие помеѓу нив и намерата за обљуба. Довршувањето на делото се совпаѓа со извершувањето на актот на обљуба т.е. со започнувањето на продирањето на полоовиот орган во женскиот полов орган кај обљубата, или почеток на насилниот допир на половите органи врз телото на жртвата ,ако се работи за друго полово дејствие По однос на субјективниот елемент, делото е умислено. Сторителот треба да се свесен дека со употреба на сила или закана го совладува отпорот на жртвата, со намера да ја присили на обљуба или друго полово дејствие. По однос на извршителскиот круг, законот ја употребува формулацијата .”тој”според која извршител на ова кривично дело може да биде секое лице од машки или женски пол, способно полово да општи. Во оваа смисла се смета дека силувањењто, како и сите кривични дела против половата слобода, влегува во редот на своерачни казниви дела. Ова од причини што неговата суштина се состои во задоволовање на половиот нагон на едно лице, па извршител на делото може да биде само тоа лице. Ако повеќе лица заеднички применуваат сила и вршат обљуба или друго полово дејствие, секој од нив е самостоен ивршител. Додека пак, оној што учестгвува само во актот на присилба се третира како соучесник Пропишаната казна е затвор од три до десет години. Како потешки облици на делото се квалифицирани случаите кога дошло до настапување на тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или пак ако делото е сторено од страна на повеќе лица( најмалку две) или на особено суров или понижувачки начин ( изживување со жртвата, истерување на улица гола ,гаснење на опушоци од цигари на нејзиното тело итн.) Пропишаната казна за овој квалифициран облик е затвор од најмалку 4 години. Постои пропишан,специјален облик на присилување на обљуба или друго полово дејствие со уцена. Сторителот се заканува дека за пасивниот субјект или за нему блиско лице ќе открие нешто што би му наштетило на неговата чест или углед или дека ќе предизвика друго тешко зло.
33
Овој начин на сторување се казнува привилегирано со затвор од 6 месеци до 5 години. За сите облици на делото од ст.1,2 и 3 кога ќе бидат извршено само друго полово дејствие, во ст.4 пропишани се посебни поблаги казни. Од практиката 1.Поднесено е Барање за спроведување на истрага Ко. Бр. 86/06, против ББ , поради постоење наосновано сомнеие дека сторил кривично дело Силувањео од чл.186 ст. 1 од Кз, на начин што : На .., во 05 часот во м. В. ... атар на с. С.со употреба на сила ја присилил на обљуба оштетената И.Т., така што ја удирал со тупаници во пределот на лицето и главата, ја соборил на земјата , со шамијата која ја носела на главата и ја врзал устата за да не вика за помош, и го извадил каишот од нејзините панталони и со него и ги врзал рацете од позади, насилно и ги собул хулахопките и гаќите и својот полов орган го ставил во половиот орган на оштетената. 2.Поднесено е барање за спроведување на истрага против ЏЏКо. Бр.40/09, поради постоење на основано сомнение дека е сторено кривично дело Силување од чл 186 ст. 1 од КЗ, затоа што: На ..., во ........, со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот, ставајќи и нож на вратот, ја присилил на обљуба оштетената ББ,ја соборил на земјата , и ја засукал сукната и ѓи соблекол гаќите и неговиот полов орган го ставил во половиот орган на оштетената, при што извршил дефлорација. Кај ова кривично дело, се работи за специфичен објектот на заштита-половата слобода и половиот морал,.Тие се од строго лична природа,.Затоа доколку , се врши истовремено силување повеќе оштетени, во тој случај се работи за стек на кривични дела, а не за едно продолжено кривично дело. Од практиката Поднесено е обвинителен акт Ко. Бр. 92/08, против ЕК; КС;СБ И АИ; како соизвршеители за две кривични дела во стек, Силување од чл. 186 ст 2 в.в . со ст. 1 и чл 22 од КЗ, затоа што : На ...., во временскиот период од 14 до 20 часот, во викенд куќичката лоцирана во населба..., договорено и зеднички извршиле обљуба над малометните ББ и КК, на начин што со сила –удирајки им повеќе шлаканици и тупаници, од градскиот пазар во Ц, насилно ги начиле по патничкото возило марка.. со рег.бр... , управувано од првоообвинетиот и однесени во наведената виќенд куќа.Овде , со намера да извршат обљуба, насилно ги соблекле голи оштетените и почнале наизменично полово и орално да опшатат со истите , ставјаки им ги своите полови органи во половите органи и устите на оштетените, , кој за цело време се спротивставувале и давале отпор, се теглеле и плакале , но постојано биле удирани со тупаници од страна на обвинетите. Обљуба врз немоќно лице чл. 187 од КЗ За разлика од кривичното дело Силување, каде што сторителот употребува сила или закана, за да го скрши отпорот на жртвата, кај ова кривично дело тој ја искористување неспособноста на жртвата за отпор, отсуството на нејзината слободна волја и слободно одлучување. Делото се состои во полово искористување на душевното заболувањсе, заостанатиот душевен развој,
34
душевната растроеност, немоќта или воопшто друга состојба(парализирана особа) поради која лицето не е способно за отпор. Суштината на делото не се состои во секоја обљуба со лице што поради својот душевен развој и другите наведени случаи во законот, не е способно за отпор, туку во вршење обљуба со злоупотребување на таквата положба. Кога би се казнувала секоја обљуба или друго полово дејствие со душевно болно лице, тоа би представувало за тие лица воспоставување на генерална забрана да стапуват во полови односи. Од овие причини, кај ова кривично дело се потенцира злоупотреба на положбата на овие лица како доминантно обележје на оваа инкриминација. Во овој случај ,сторителот кон таквата положба на жртвата има еден посебен однос, сметајки ја истата како обичен објект на половите желби на сторителот, односно на бесчувствително манипулирање со нејзиното тело. Значи во овој случај сторителот се впушта во обљуба не поради љубов или симпатија, туку поради фактот што жртвата неможе да даде отпор. По однос на субјективниот елемент,ова кривично дело е умислено.Сторителот треба да биде свесен дека жртвата се наоѓа во една посебна состојба поради која е неспособна за отпор, односно дека вршењето на обљубата или другото полово дејствие преставува искористување на ваквата неспособност на жртвата за отпор. Сторители можат да бидат како машки така и женски лица. Пропишаната казна за ова кривично дело е затвор од 3 месеци до 5 години. Потешко се казнува, ако поради делото од ст,.1 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или ако делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин. Исто така како и кај силувањето посебно се казнува ако во случаите на ст.,1 и2 е извршено друго полово дејствие. Од Практиката Поднесено е Барање за спроведување на истрага Ко.бр.224/09 , поради постоење на основано сомневање, дека сторил кривично дело Обљуба над немоќно лице од чл 187 ст. 1 од КЗ, на начин што : На .. околу 19 часот во Градскиот парк во Ц. злоупотребувајки го заостанатиот душевен развој и попреченост во психичкиот развиток, поради што била неспособна за отпор , извршил обљуба над РД, родена ....., која предходно го напуштила својот дом и била пријавен во ПС-В, за исчезнато лице. Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, чл.188 од КЗ Бидејки согласно измените на КЗ од 2008 година, под поимот на дете како жртва на кривично дело се подразбира малолетно лице до 18 години,во самиот назив на ова кривично дело изменет е поимот дете со прецизирање , дека објект на заштита се само малолетници кои не наполниле 14 години. Малолетниците до 14 години, се лица што се наоѓат во најраната фаза на сексуалниот но и емоционалниот и интелектуалниот развиток, и по правило не можат во целост да го согледат значењето на сексуалните односи, Ова е начелната причина поради која казненото право содржи забрана на било какви сексуални односи со малолетни лица што не наполниле 14 годишна возраст, без оглед на полот.
35
Во ова кривично дело инкриминирано е вршењето обљува или друго полово дејствие со овие лица, Претпоставка за постоење на ова дело е согласноста односно, непостоењето на отпор кај детето. Дејствие на извршување е обљуба или друго полово дејствие. Од субјективен аспект, потребна е умисла која опфаќа свест на сторителот, дека пасивниот субјект е дете односно малолетник кој не наполнил 14 години ,како свест дека тоа не се противи на актот на обљба или другото полово дејствие. Пропишаната казна за ова кривично дело е затвор од најмалкиу 4 години. Како квалифициран облик на основното дело е доколку истото е сторено од страна на крвен сродник во права линија или брат, односно сестра, наставник , воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар, како и при вршење семејно насилство. Пропишаната казна за овој квалифициран облик е најмалку 8 години. Исто така со оваа казна , се казнуват и дејствијата на обљуба или друго полово дејствие со малолетник кој не наполнил 14 години со злоупотреба на неговото душевно заболување, душевна растроеност,заостанат душевен развој, немоќ, или други состојби поради кои е неспособно за отпор. Со казна затвор од најмалку 1о години или доживотен затвор, се казнува доколку поради дејствијата од предходните ставови настапила смрт, тешка телесна повреда или други тешки последици или делото е сторено од повеќе лица или на особено суров и понижувачки начин. Од Практиката 1.Поднесен е обвинителен акт Ко. Бр.544 / 08, против ББ, за кривично дело Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од чл. 188 ст. 1 од КЗ, затоа што : На 1.03. 2008 год. со изговор дека ќе ја земе за жена , кога бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување, ја зел со такси од К., малолетната А.К. родена на 5. о6. 1995, која нема наполнето 14 години,ја одвел дома и во една од собите извршил обљуба ставајки го својот полов орган , во половиот орган на малолетната. 2.Поднесено е Барање за спроведување на истрага , против ББ, поради постоењена основано сомнеие , дека сторил кривично дело Полов напада врз малолетник кој не наполнил 14 години, зато што : На ... 13. 05..2008 год , во с. К, во напуштена куќа, кога бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување, извршил други полови дејствија над оштетената малолетна ББ, родена ... која немала наполнето 14 години, ја соблекол гола и почнал да ја милува по градите и половиот орган, потоа го ставил прстото во половиот орган на оштетената, како и својот полов орган во нејзината уста. Посредување во вршење проституција, чл 191 од КЗ Проституцијата се состои во вршењее на недопуштени сексуачлни односи на лица од женски пол на комерцијална основа т.е. на основа на продавање на своето тело на лица со кои случајно се сретнале, со кои стапуват во сексуални односи, кои не се базират на никакво чувство. Покрај ова постои и специфична форма на машка проституција. Таа денес е раширена на сите континенти, особено во големите градови. Таму постојат и посебно квартови со т.н. “ црвени светилки ”, во кои се
36
сконцентрирани проститутките.Подоцна со развојот на автомобилската индустррија проституцијата се пренесува на тркала- моторизирана проституција а денес таа добива нови форми на користење на услуги по телефон или на интернет. Со проституцијата како социопатолокшка појава, се поврзуват и разни облици на криминалитет, пред се кражби, тепачки, убиства како и други облици на насилнички криминалитет. Пред се, ова се причините поради кои секоја држава презема низа на превентивни но и репресивни мерки за искоренување на оваа појава. Меѓутоа, постојат држави каде истата е легализирана и е ставена под контрола на државата. Во некои држави иако не е легализирана се толерира. Но како и да е едно е сигурно, дека истата преставува општсетвено штетна појава,која го урива општествениот морал, сериозно го загрозува здравјето на луѓето и преставува извор на криминално однесување. Во сверата на сузбивањето на проституцијата постојат ограничувања на казнено правната интервенција, затоа што примената на казнено правните мерки однапред дава ограничени ефекти, поради длабоките корени на оваа појава, а од друга страна казнувањето на самите проститутки би морала да зафаќа и казнување на машките клиентела како нивни соучесници. Од овие причини под ударот на казненото право, доаѓат само некои поведенија во врска со проституцијата, по правило оние што значат, поттикнување, подржување, врбување, по правило женски лица, но не е исклучена можноста со проституцијата да се занимават и машки лица. Од овие причини во нашето казниво право проституцијата не е кривично дело, но истата се казнува како прекршок против јавниот ред и мир Основниот облик на ова кривично дело е врбување, наведување, поттикнување или намамување лице на проституција или на било кој начин учество во предавање на лице на друг заради вршење на проституција. Поттикнувањето во најширока смисла значи дејствие на создавање или закрепнување одлука за занимавање со проституција. Самите дејствија на врбување, наведување и измамување се пошироки дејствија на сторување од самото поттикнување,но имат иста цел за проституција. Не е потребно, за постоење на делото,навистина лицето да започнало да се занимава со проституција. Исто така ,илеревантно е дали пасивниот субјект, предходно се занимавал со проституција. Учествувањето во подведување на лицето на друг заради проституција е облик на трговија со луѓе. Се работи за посредување во оваа трговија, односно доведвување во врска на тие лица со одредена клиентела ( сторителот постапува како макро). Ова посртедување понекогаш има меѓународни размери, со доведување на проститутките од странство во нашата држава ,каде што треба да се занимават со проституција. Како дејствие на сторување е и било кој начин на учество во предавање на лица на друг заради проституција, без оглед на фактот дали и навистина лицето започнало да врши проституција. Субјективната страна на ова кривично дело се состои со умисла .Сторителот е свесен дека врбува, наведува, итн. лице на вршење проституција или дека учествува во предавањето на лице на друг заради вршење на проституција. Пропишаната казна е затвор од 1 до 5 години. Во ст.2 ,посебно се казнува овозможувањето на друг да користи сексуални услуги заради заработувачка.
37
Во ст.3 потешко се казнува, тој што заради заработувачка со сила или со сериозна закана присилува или со измама наведува друго лице на давање сексуални услуги. Како посебен квалифициран облик се казнува тој што организира вршење на дела од ст.1 до 3 или делата ќе ги стори при вршење на семејно насилство. Од Практиката Поднесен е обвинителен акт Ко. Бр. 51/06, против ББ,за продолжено кривично дело Посредување во вршење проституција од чл.191 ст 1 од КЗ, затоа што : Во текот на месец мај 2006 год, во својот стан на ул ..... во Ц, ја врбувала , навела и поттикнала на простиуција малолетната ГГ, родена ..., на начин што за сума од по 500 денари, заради сексуални услуги ја предавала на ИИ, ПТ ЈП и ПМ, сите од Д. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ БРАКОТ, СЕМЕЈСТВОТО И МЛАДИНАТА Бракот и семејството се заедница на живот помегу луѓе кои се засновани и се развиват на меѓусебно чувство на љубов, почитување и солидарност. По правило бракот е основа за настанување на семејството, а тоа е основна општествена келија на општествениот развој на општеството.Бракот и семејството се засноват врз слободно изразена воља на оние кои стапува во брак односно кои се наоѓат во брак. Еднаш склучен брак и формирано семејство произведуват и одредени дејствија кои ги надминуват интересите на самите брачни другари и членовите на семејството и добиват општествен значај. Во нашето општество кое што се стреми кон интегративно поврзување на сите механизми на социјална солидарност и кохезија, бракот и семејството уживат посебна заштита Покрај со посебните закони ( за бракот и семејството за односите родители – деца),посебна општествена заштита на овие институции се остварува и преку нормите на казненото право. Овие кривични дела се наоѓат некаде на средината помѓгу повреда на лични и општествени добра. Затоа, овие дела претставуваат истовремено напад и врз едното и врз другото ( врз поединецот и врз бракот и семејството како основни општествени клетки). Но, присуството на интимната, персоналната компонента влијае врз дострелот на казнено – правната интервенција во оваа област. Од овие причини казнената репресија е сосема маргинален дел од правно институционализираните облици на заштита и унапредување на брачните и семејните односи. Бракот како институција, казнено – правно е заштитен сегментарно и тоа само некој основни права, со чија што повреда се доведува во опасност телесниот интегритет, животот или здравјето на човекот. Семејството како заедница што ја сочинуваат родителите и нивните дела, односно и другите роднини по крв во права и странична линија, не се заштитуват во целост.Казнено правно,се заштитени само определени егзистенцијални права и суштински односи помеѓу оддделни членови на таа заедница ( неплаќање издршла, повреда на семејни обврски, запуштање и малтретирање на малолетно лице, напуштање немоќно дете, промена на семејна состојба итн.).
38
Внатрешната систематика на делото е во три групи: Дела против бракот ( двобрачност, овозможување да склучи недозволен брак), Дело против семејството ( одземање малолетник, промена на семејна состојба, неплаќање издршла, промена на семејни обврски) и Дела против младината ( вонбрачен живот со малолетно лице, напуштање немоќно дете, точење на алкохолни пијалоци на малолетници и др). Двобрачност чл.195 од КЗ Кај ова кривично дело во два става, како две кривични дела, се инкриминирани заклучување брак од страна на едниот брачен другар или со еден брачен другар пред неговиот поранешен брак да престанел со развод или со прогласување за ништовен. Се работи за бигамија, односно за двобрачност, Објект на заштита за ова кривично дело е моногамниот брак. Прашањето за постоење на првиот односно првиот брак е прејудициелно прашање. Дејствието кај делата од сдт.1 и 2 се состојат со склучување брак. Делото е довршено со прогласувањето од страна на овластеното лице од локалната самоуправа дека бракот е склучен. Сторител кај делото од ст.1 е машко или женско лице што веќе се наоѓа во брак. Сторител на делото оде ст.2 може да биде само неженето машко или немажено женско лице. Субјективниот елемент на делото е умисла. За делото од ст.1, сторителот треба да е свесен дека веќе се наоѓа во брак, а за делото од ст.3 сторителот треба да се свесен ,да знае дека лицето со кое склучува брак се наоѓа во брак Неплаќање издршка, чл.202 од КЗ Дејствие на сторување кај ова кривично дело е одбегнувањето давање издршка, што се состои како активно постапување или пропуштање, со кое сторителот оди кон оневозможување на реализирањето на извршната судска одлука за плаќање на издршка. Одбегнувањето се манифестира врз различни дејствија како што се неприфаќањње на вработување, менување на работно место, сокривање, менување на адресата на жвеење и сл. Не се бара како поссебен услов за инкриминација сторителот да се во можност да го намири алиментационото побарување. Постои судскса пракса, со која се смета дека секое работно способно лице е должно да ја плаќа издршката со кое е задолжено со извршна судска одлука или порамнување, За постоење на делото ирелевантно е дали предходно е направен обид за присилно извршување. Доволно е сторителот со своите дејствија да манифестира ваква намера за одбегнување, како што ги спомнавме погоре. Делото е умислено, сторителот треба да е свесен дека одбегнува да дава издржување за кое е задолжен со извршна судска одлука или порамнување. Од Пактиката Поднесено е обвинение Ко. бр.28/12, против ББ, за кривично дело Неплаќање издршка од чл 202 ст. 1 од КЗ, затоа што : Во периодот од ... до ........, одбегнува да дава месечна издршка за својот малолетен син НН, роден на .........., преку неговата законска застапничка – мајка ...., во месечен износ од по 4000 денари, или вкупно за наведнеиот период
39
износот од 56. 000 денари, кој е определен со правосилан и извршена Пресуда на Основниот суд во К..., П.бр.672/07 од 16.04.2008 година.
Точење алкохолни пијалоци на малолетници ,чл.204 од КЗ Објект на заштита кај оваа инкриминација се малолетниците од последиците што врз нив ги има склоноста кон консумирање на алкохол.Уште повеќе, алкохолизмот меѓу младите не смее да се поттикнува во вршењето на угостителска или друга трговска дејност. Како дејствие на сторување , се казнува тој што во угостителски дуќан или друг дуќан или место каде што се точат и продават алкохолни пијалоци ќе послужи маололетник. Под поимот на послужување се подразбира давање на малолетникот да пие, со или без негово знаење на било каков пијалок што содржи алкохол. Потешко се казнува ако ова дело е сторено према пијан малолетник или спрема дете.За постоење на овие квалифицирани облици сторителот треба да е свесен дека малолетникот е пијан ( покажува знаци на пијанство) и дека истиот е дете. За ова кривично дело пропишано е казнување и на правно лице. Од практиката Поднесено е обвинение Ко. Бр.26/10, против ББ,за кривично дело Точење алкохолни пијалоци на малолетници од чл 204 ст. 1 од КЗ, затоа што : На 28.11.2008 год во 23 часот , во угостителскиот објект ВВВ, на ил ББ во Б.., сопственост на ВВ. , како вработен-шамкер, ги послужил со алкохолни пијалоци : вотка и текилала, малолетните В.В:роден на ... и ЦЦ родена .., кој од овластеното службено лице-инспектор во СВР .. , биле затечени како го пијат алкохолот. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО Кривичните дела од оваа глава имат ист генерички објект на заштита со делата против животот и телата. Истите се штитат со овие кривични дела од еден поинаков аспект во услови на загриженост на човековата околина и развиток на медицината и нејзините можности за спречиување на масовни облици на загрозување на здравјето на населението. Зголемениот број на изворите на опасност за здравјето на луѓето, придонесе кон зголемување на бројот на барањата за казнено правната интервенција во оваа област. Овде во прв ред се најдоа наркоманијата и алкохолизмот. Меѓутоа казненото право неможе генералнода го забрани и казни конзумирањето на алкохол или уживањето на опојни дроги, Пред се,забраната за конзумирање на алкохол би била масовно кршена, а кај уживателите на дрога, сепак треба да се почитува личната слобода на уживателите. Од овие причини казнено правните ограничувања одат само во насока на некои придружни појави, како штосе, овозможување, подржување на овие социјално негативни феномени. Исто така ,проширувањето на обемот на заштитата на здравјето на луѓето ѓи поместува границите на одговорност на оние што професионално се занимават со таквата заштита. Така лекарската одговорност ,се проширува во насока во
40
односот со другите лекари со кои заедно се превземат определени зафати и по однос на другите здравствени работици, болничари и друг персонал. Овде пред се , се мисли на кривичното дело Недопуштеното пресадување делови од човечкото тело ( чл.21о од КЗ). Во оваа свера исто така е актуелно прашањето за т.н. лекарска грешка и нејзиниот социјален третман. Под поим на лекарска грешка се подразбира стручна заблуда без елементи на несовесност. Така постои интенција сите лекарски грешки да не доаѓат пред суд, туку да бидат предходно расчистувани од посебни стручни тела. Со извршување на кривичните дела од оваа глава се загрозува здравјетот на индивидуално неопределен и поголем број на луѓе. Во најголем број на случаи овие кривични дела не се вперени против одредени лица, кога со сторување неможе однапред да се определи чие здравје може да биде загрозено. Само кај мал број на кривични дела (Несовенсо лекување болни, Неукажување на медицинска помош), последиците се остваруват спрема поединец. Кај голем број од овие кривични дела, последицата се изразува како апстрактна опасност (непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, производство и пуштање во промет штетни прехрамбени и други продукти ). Најголем број на кривични дела од оваа глава се од бланкетна природа. Дејствие на сторување е кршење на определени прописи од областа на здравството, така што за постоење на овие дела мора да се утврди ,кој пропис е повреден. Друга карактеристика на овие кривични дела е што најголем број од нив се казнува и кога се сторени од небрежност. Раководејки се од поблискиот објект на заштита,делата се поделени во неколку подгрупи: дела на загрозување на здравјето со заразни болести,( чл. 205.206) лекарски казниви дела ( чл.207. 208, 209), инкриминација во сверата на наркоманијата ( чл. 215 и 216) и дела на загрозување на здравјето со штетни средства за лекување и други продукти ( чл.211 – 214). Несовесно лекување болни, чл 207 од КЗ Од аспект на дешниот развој на медицината и секојдневните иновации во оваа област,определувањето за нешто што до вчера било неможно, во денешно време е сосема нормално .Од друга страна и покрај употребата на се посовршени средства и методи на лекување, постои реалност од лекарска грешка.Меѓутоа поимот на нестручност или несовесност се релативизира, ако се има во вид реалноста дека во лекувањето на болниот се постапува тимски ( од лабараторија, до дијагностика и учество при операции на цели тимови од лекари од разни специјалности). Со ова кривично дело инкриминирано е несовесното постапување на лекар при укажување на лекарска помош, под услов тоа да имало за последица , влошување на здравствената состојба на пациентот. Како примери законот наведува некој облици на несовесно постапување,.Така, кога се работи за примена на очигледно неподобни средства или начин на лекување , се работи за несовеснот ( немарност) по однос на средствата или начинот на лекување кој ја надминуват обичната неуредност.Се работи за несовесност што е под границите на обичната , нормалната просечната совесност во работата.Освен споменатите , како дејстие на сторување ( несторување), се и сите друѓи случаи на лекување, кога лекарот ги занемарил медицинските стандарди, што- имајќи ја во вид дадената ситуација-требало да бидат применети.
41
Пасивен субјек-оштетен е само болно лице.Делото претпоставува дејствието на сторување да е превземано при укажување на лекарска помош. Овде се работи за сторување или пропуштање на лекарот при преземање на лекување на некое лице. Сторител на делото е лекар.Делото се казнува кога е извршено со умисла или од небрежност. Како услов на инкриминација, потребно е да дошло до влошување на здравствената сосотојба на пациентот. Кога е во прашање умислено извршување на делото сторителот е свесен за своето несовесно постапување, но кога се однесува за последицата, кај него не постои свест ниту сакање на настапување на последицата. Ако истата би била опфатена во неговата свест , тогаш би одговарал за кривично дело на телесна повреда. Пропишаната казна е парична или затвор до три години. Во вториот став е содржано посебно дело на несовесно постапување при укажување на медицинска помош или нега од страна на бабица или друг здравствен работник и со тоа да е предизвикано влошување на здравстевената состојба на тоа лице.Исто така и ова дело може да се стори со умисла или од небрежност. Доколку како резулата на некој од кривичните дела од оваа глава ,настапила тешка телесна повреда или задравјето на оштетениот било тешко нарушено или настапила смрт на едно или повеќе лица , во тој случај делото поминува во квалифицирано кривично дело Тешки дела против здравјето на луѓето од чл. 217 од КЗ. Од практиката Поднесено е обвинение, за кривично дело Тешки дела против здравјето на луѓето од чл.217 ст. 1 в.в со чл 207 ст.1 (Несовесно лекување болни) од КЗ.затоа што : На 8.06...., како лекар хирург при МЦ..при укажување на лекарска помош на оштетениот З.К., кој имал отворена фрактура на десната рака, иако бил свесен дека на начин на кој го лекува пациентот, може да настапи забранетата последица, се согласил со нејзиното настапување, со тоа што применил очигледно неподобен начин на лекување, така што по извршената интервенција-наместување на отворената скршеницата на деснатан рака, ставил имобилизација со гипс, наместо да остави прозорче преку кое ќе ја следи раната, и по покачена телесна температура и јаки болки , не го извадил гипсот од раката, поради што дошло до влошување на задравствена сосотојба на оштетениот –клостодијарна инфекција , поради што дошло до сува гангрена на шепата и прстите, а на ден .... во ЈЗО Клинички центар во Скпје и ампутација на десната рака во висина од 5 см. над десниот рачен зглоб, со што дошло до тешко нарушување на неговото здрваје. Надрилекарство чл.209 За надрилакарство се казнува лице што, иако нема пропишана стручна подготовка, се занимава со лекување или со давање медицинска помош. Причини за оваа инкриминација се опасностите кои што мошне често се јавуват во практиката поради нестручно лекување или давање нестручна медицинска помош, поради што доаѓа до влошување на болеста или до пропуштање на навремено стручно лекување.
42
Ова дело е конструирано како деликт на асптрактно загрозување. Се казнува самото занимавање со лекување или со давање медицинска помош без пропишана стручна подготовка за тоа.Делото постои без оглед на тоа дали настапиле некои штетни последици поради ова. Дејствието на извршување е занимавањето со лекување или давање медицинска помош. Во првиот случај надрилекарот се јавува во улога на лекар, а во вториот превзема дејствија што ги вршат други здравствени работици ( става инекции, изработува и мести заби итн). Под занимавање се подразбира континуирано, подолго вршење на вакви дејствија или пак преземање на едно дејствие како првично во реализација на планот на сторителот за повеќекратно занимавање со вакви дејствија( отварање ординација, набавување на инструменти итн). Од субјективен аспект делото е умислено. Сторител на делото е лице без пропишана стручна подготовка за занимавање со лекување или давање медицинска помош. Од практиката Поднесено е обвинение, за кривично дело Надрилекарство од чл.209 од КЗ, затоа што : Од 21.10.2006 до 10.10....во ПЗУ ...... и ПЗУ во ..., ....., лекува болни и им дава медицинаска помош како лекар специјалист по интерна медицина, иако нема завршено медицински факултет. Неовластено производство и пуштање во промет наркотични д роги,психотропни супстанции и прекурсори,чл 215 од КЗ Уживањето на опојни дроги ( наркоманијата ), спаѓа во групата на социопатолошките појави, Сите статистички податоци покажуват дека овој вид на патолошко однесување во целиот свет, особено во последните две децении постојано бележи пораст, а особено е распространета во редовите на младите. Спротивставувањето на наркоманијата, најпрво се остварува со превентивни средства, со воспитување на младите генераци за штетноста на оваа појава, а од друга страна се настојува да се оневозможи неовластеното производство и продажба на наркотичните дроги. Во оваа насока превземени се различити мерки на законодавен план во рамките на здравствената и просветната политика во државата. Бидејки овој проблем ѓи преминува границите на една држава и на меѓународен план се донесени низа конвенции и протоколи за борба против наркоманијата. Во врска со здравствените последици ,покрај општото телесно пропаѓање на зависникот од дрога, во поново време централен проблем стана големата загрозеност од AIDS на наркоманите. Како главна ризична група покрај хомосекцуалците, важат и зависниците од дрога. Низата меѓународни обврски, кои произлегуват од конвенциите, како и распространетоста на оваа појава, придонесоа и за казнено правна заштита на истата. Првиот облик на дејствија го има неовластеното производство или преработување на супстанции или препарати што се прогласени за наркотични дроги, психотропни супстаснции или прекурсори. Производството е било кој начин на создавање на дроги или психотропни супстанции и тој е различен во зависност од тоа дали станува збор за природна
43
или вештачка дрога. Поимот на преработување значи добивање на еден облик на дрога или нејзино пречистување, подобрување на нејзиниот квалитет, добивање на други состојки итн. Притоа производството или преработката треба да се вршат заради продажба За постоење на ова кривично дело како основен елемент, кој што ѓи поврува сите овие алтернативни дејствија на повзрување е заради продажба кој што факт мора да се утврди во секој конкретен случај.При тоа посебно значење може да има самата количина на опојните средства, околноста дали сторителот и сам е консумент или е познат како продавач на дрога, како и секоја друга околност која може да укаже на намерата на сторителот да се занимава со продажба. Самото дејствие на посредување во купување или продажба на дрога, опфаќа различни дејности насочени кон реализација на продажба или купување, како што се доведување во врска помеѓу купувачот и породавачот, пренесување на пораки помегу нив, чување на дрогата додека не се постигне некаков договор за купување и сл.За постоење на делото не е од значење дали посредувањето било успешно односно дали и навистина дошло до продажба или купување. Кривичното дело е свршено со превземање на било кое дејствие кое што е означено како дејствие на сторување. Последицата од делото е апстрактна опасност за животот или здравјето на луѓето. Сторител на ова дело може да биде секое лице кое што неовластено се занимава со производство или ставање во промет на опојни дроги, психотропни супстанции и прекурсори, односно лицето кое во сите овие дејствија посредува. Во поглед на субјективниот елемент потребна е умисла. Сторителот треба да е свесен дека станува збор за супстаснци или препарати кои се прогласени за дрога или психотропни супстаснци. За ова кривично дело е пропишана казна затвор од 3 до 10 години. Со Измени на КЗ од 2009 година пропишан е нов привелегиран облик, во случај ако наркотичната дрога, психотропната супстанца и прекурсорите се од помало количесто. Пропишаната казна е од шест месеци до три години затвор. Со оглед на фактот дека помала количина на дрога е прецизно неопределен поим и истиот зависи од видот и карактерот на дрогата .Од овие причини заради воедначување на практиката и постапувањето на јавните обвинители според начелото на легалитет и еднаквост на граѓаните пред законот, Јавниот обвинител на РМакедонија донесе Задолжително упаство Дов. Бр.16/2010.Според него , како помала количина на магихуна се сметат количина до 5 грама, хероин 2 гр и кокаин 2 гр.Во поглед на психотропни супстанци и прекурсори секој случај би требало да се анализира посебно , во зависност од видот и количината кој можат еднократно да бидат употребени. Како квалифициран облик на основното дело ,е ако делото го извршиле повеќе (најмалку три, согласно чл.122 т.23 од КЗ) лица или сторителот на ова дело организирал мрежа на препродавачи или посредници.. За ова кривично дело е пропишано казнувањање и на правното лице. Пропишано е казнување на посебен облик на дејствие на сторување на ова кривично дело, а тоа е неовластеното правење, набавување , посредување или давање на употреба на опрема, материјал или супстанци за кои сторителот, знае дека се наменети за производство на наркотична дрога, психотропна супснаца и прекурсори.
44
Во практиката , најчесто ваквиот облик на кривично дело се јавува , како набавување на семки од растението canabis sativa, од кое се добива опојна дрога –марихуана. Во насока на зголемување на ефикасноста во откривањето на ова кривично дело пропишан е посебен основ за ослободување од казна, за квалифицираниот облик на делото со исклучок на организаторот, кој ќе го открие делото или ке придонесе за неговото откривање. Со оваа инкриминација е пропишано облигаторно одземањена наркотичните дроги и сите психотропни супстанции, како и на подвижните или недвижните предмети употребени за нивно правење, пренесување или растурање. Од Практиката 1.Поднесено е обвинение Ко. бр.180/09 против ББ и КК , како соизвршитело за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл .214 ст 1, затоа што : Двајцата обвинети, договорено и заеднички на 6. 06 .., во ..часот, на регионалниот пат куманово –Цв: Николе, во ПМВ марка Голф, со рег. Бр ..., сопственост и управувано од второобвинетиот, неовластено заради продажба ржеле и пренесување 2, 868, кгр наркотична дрога –марихуана . 2.Поднесено е обвиннение , против В:А, за кривично дело Неовластено производствои пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори, од чл 215 ст. 1 од КЗ, затоа што : На 13. о8 .. , од Петрич Р Бугарија, неовластено заради продажба од НН буарски државјанин, за сума од 4000 евра , купил : 97,5 гр.наркотична дрога кокаин, 48, 75 грама хероин, 766 таблети анфетамин со ознака “Јинг Јанг”, , кој истиот ден ги пренесувал на граничниот премин Ново село , струмица, каде при извршениот претрес над обвинениот од страна на овластени службени лива , истат му е пронајдена сокриена, во џепот од фармерките, долниот веш и во едната патика. 3.Поднесено е обвинени против ЦЦ , за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и пекурсори од чл. 215 ст. 2 в.в . со ст. 1 од КЗ, затоа што : На 19. 10 . 2010 год, во својата куќа на ул ... во Г....., неовастено заради продажба држел , помала количина од 1, 80 грама наркотична дрога –хероин, пакувана во 10 најлонски кесиња.
КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Несомнено дека ,здравјето и квалитетот на животот на луѓето е детерминирано од состојбите во природната средина во која тој живее. Тоа е еден значаен општествен проблем кој поради техничката револуција,развојот на технологјата , а особено нуклеарната експанзија,од ден на ден се повеќе ја загрозува животната средина.Тоа се комплекс на штетни дејства кој се предизвикани од техничките и технолошките иновации,кој ја доведуваат во прашање еколошката стабилност на целата планета. Во последно време,сведоци сме на глобалното затоплување на Земјата,.Причините за тоа,според научните мислење,се во човечката негрижа за
45
животната средина.Основно мото на современиот човек е –развој по секоја цена..Според оваа логика, економската благосостојба и просперитетот ,секојдневно ја развиваат и усовршуваат техничко технолошката машинерија.Меѓутоа,покрај финалните корисни продукти , овој прогрес се повеќе ја деградира природата,натрупувајќи ја со отпад и материи штетни за човекот и флората и фауната на планетата Земја.. Од овие причини, современата цивилизација се наоѓа пред голем предизвик и одговорност за иднината на Земјата.Од една страна, заради поголема благосостојба на човекот,да ја развива техниката и технологијата ,а од друга страна, да се грижиме негативните последиците за животната средина да бидат контролирани и со новата техника и технологија ,да бидат минимизирани. “Се разбира дека животната средина не се заштитува заради неа самата,туку заради зачувување на хуманите животни услови;зашто зад животната средина на крајот од краиштата стои човекот, што треба да се заштит во неговиот природен амбиент. Соочувајќи се со се посериозни закани врз животната средина,преку неповратно уништување на основните услови за живот- почвата водата и воздухот,ја иправија целата меѓународна заедница , пред проблемот,за дефинирање на заедничка глобална стратегија за запирање на унуштувањето на екосистемот. Еколошкиот криминалитет претставува секое постапување кое директно или индиректно е насочено кон загадување и предизвикување друг вид на штета врз еколошките вредности какви што се атмосверата,почвата ,воздухот и водата или со други дејствија кои се насочени кон натрупување на цврсти отпадоци,натрупување на отровни материи во храната,појава на бучава,опасност од радиоактивни материиии и сл. Современиот концепт на меѓународната заштита на животната средина е воведена со Декларацијата на Стокхолмската конференција ,одржана 1972 година ,која се заснова врз начелото на ограничување на државниот суверенитет и напуштањето на исклучивата јурисдикција на државата, за заштита од овој вид на криминалитет .Со ова беше отворен патот за донесување на многубројни конвенции: Конвенција за заштита на морињата од загадување од 1972, Монтреалскиот протокол за заштита на озонската обвивка од 1983, Женевските протоколи за заштита на воздухот од загадување донесени од 19791991,Бонската конвенција за заштита на птици преселници од 1979, Бернската конвенција за заштита на дивата флора и фауна од 1979, Конвенцијата за биолошка рамнотежа од 1992, Конвенцијата од Лугано од 1993 итн.Во рамките на Советот на Европа во 1996 год. е подготвен Нацрт на Конвенција за заштита на околината низ казненото право ,со која е предвидена и казнена одговорност на правните лица за еколошки кривични дела. Во нашето казнено законодавство еколошките кривични дела се кодифицирани во посебна глава ,Кривични дела против животната средина и природата. Правото на животна средина е основно природно право на човекот .Покрај истакнуваето на заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата , како една од темелните вредности на уставниот поредок ,Уставот на Република Македонија(чл. 8 ст. 1),го издвојува правото на здрава животна средина како едно од основните права на човекот и граѓанинот (чл.43).Дикцијата на уставот е право не, на било каква, туку на здрава животна средина.
46
Поимот на здрава животна средина , што претставува објект на заштита кај овие кривични дела , не ги опфаќа индивидуалните услови, односно условите што делуват врз помала група луѓе.Така, постојат индивидуални ситуации на живеење во нездрава средина (станбени услови,загадена вода),Ваквите поединечни случаи се заштитуваат со други инкриминации, како што се делата против здравјето на луѓето. Кај сите овие дела , казнив е и квалифицираниот облик на основното дело, доколку со истото настапиле некој од последиците пропишани со чл 234 од КЗ. Со еколошките кривични дела, посредно или непосредно се погодени голем број на луѓе или целокупната популација на определен простор.Оттука кога се зборува за жртвите на овие дела ,мора де се има во вид ,дека со нив се загрозува неопределен круг на лица.По својата природа овие кривични дела влегуват во редот на општоопасните дела. Исто така се работи за типични дела на загрозување .Последицата на делото најчесто е конкретна опасност за животот или здравјето на лугето или за животинскиот или растителниот свет. Животнаа средина како објект на заштита во казненото право не е посебно дефиниран. Меѓутоа,бидејќи во најголем дел сите инкриминации од оваа глава на кривични дела се од бланкетна природа,би требало да ги користиме и бланкетните одредби со кој е регулирано прашањето за животната средина. Така под поимот на животна средина( чл 5 од Законот за животната средина ,Сл.Весник 53/05), е просторот со сите живи организми и природни богатства,односно природните и создадените вредности, нивните меѓусебни односи и вкупниот простор во кој живее човекот и во кој се сместени населбите, добрата од општа употреба ,индустриските и другите објекти, вклучувајќи ги и медиумите и областите на животната средина.. Според одредбите на истиот Закон, медиуми на животната средина се водата,воздухот и почвата. Загадување на животната средина чл 218 од КЗ Со оваа инкриминација, казниво е загадувањето на водата, почвата,воздухот, водна површина или водотек во поголем обем или на пошироко подрачје.со непридржување на прописите за заштита и унапредување на животната средина.При тоа, со ваквите дејствија треба да биде предизвикана опасност за животот или здравјетона луѓето или уништување на животинскиот или растителниот свет од поголеми размери. Како дејстие на сторување, загадувањето се манифестира на различни начини , како што е исфрлање на поголема количина на чад или отровни материи во воздухот,истуштање на отровни материи од некоја фабрика во водотеци, итн. Загадувањето треба да има одреден , степен, на поголем обем или на пошироко подрачје. Ова е фактичко прашање и секогаш треба се утврдува во секој случај посебно. Последицата од делото е определана алтернативно,како конкретна опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителниот или животинскиот свет од поголеми размери.( чл 122 т .28- одговара на вредност од над 250 просечни плати ,исплатени во РМакедонија , во време на сторување на делото ) . Меѓутоа, самата вредност секогаш не би требала да биде исполнета , како услов за казнување, ако се работи за уништување на редок вид на животински или растителен свет, како последица на загадувањето.
47
Посебен облик на делото е кога, службено или одговорно лице што со непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина ,ќе пропушти да постави уреди за пречистување или ќе дозволи изградба, пуштање во дејство или користење на погон кој што ја загадува животната средина. Како друг алтернативен начин, е доколку овие лица ќе пропуштат да превземат мерки за спречување или оневозможување на загадување на воздух, почва, вода, водна површина или водотек кое ја надминува дозволената граница. Како друг алтернативен начин е пропуштање за превземање мерки од службеното или одговорно лице за спречување бучава што значително ја надминува дозволената граница. Како резултат на сите овие дејствија на службените и одговорни лица треба да биде предизвикана опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на животинскиот свет во поголеми размери. По однос на субјективниот елемент и основното дело и делото од ст.2 можат да бидат извршени со умисла или од небрежност. За делата од ст.1 и 2 е пропишана казна затвор од 4 до 10 год. а небрежното извршување се казнува со парична казна или затвор до 3 години. Потешките облици на делото во смисла на настапување на тешки телесни повреди, тешко нарушување на здравјето на повеќе лица или настапување на смрт на едно или повеќе лица , се инкриминирани со посебна инкриминација, тешки дела против животната средина и природата од чл.234 од КЗ. Од практиката Поднесено е обвинеие , против повеќе лица,како соизвршеители за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл. 218 ст. 3 в.в. со ст. 1 од КЗ, затоа што : Како одговорни лица, не се придржувале на чл 110 од Законот за водите и неизработувале посебни годишни елаборати за анализа и оцена на стабилноста и функционалноста на браната и придружните објекти на флотациското јаловиште на РОЦ-САСА-АД, непостапиле по констатациите и укажувањата за оштететување на одводниот тунел под хидројаловиштето и потребата од негова итна санација дадени со решение бр...од ...,на Републичкиот водостопански инспектор, записник бр..., извештај бр.... записник за извршена контрола бр...на Рударскиот инспектор , непревзеле мерки за санација на опточниот тунел под јаловиштето и не превзеле мерки за спречување на загадување на водотекот на Каменичка река и водните површини на Акумулацијата ...., во која таа се влева, со отпадни материи од јаловиштето,иако биле свесни дека поради тоа може да настапи штетната последица-загадување, но лекомислено сметале дека ќе можат да ја спречат или дека таа нема да настапи, поради што на ден ...., по поројните дождови дошло до пробивање на опточниот тунел под јаловиштето и излевање на околу 160.000 метри кубни јаловина во водотекот на Каменичка река и преку неа во водната површина на Акумулацијата К...., со што предизвикале загадување на водата , водната површина и почвата која надминува максимално дозволена количина на железо за 39 пати, манган за 240 пати, на олово за 118 пати и на кадмиум за 4,5 пати , со што е предизвикана опасност за животот и здравјето на луѓето. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ИМОТОТ
48
Во оваа глава на кривични дела , систематизирани се делата што претставуваат напад врз уставно загарантираното право на сопственост и другите имотини права. Во оваа свера на заштита , казненото право не оперира со свои посебни поими, туку се надоврзува на регулативата на овие односи во рамките на имотното право. Така поимот на имот се сваќа како збир од субјективни граѓански права што му припаѓаат на субјектот во правото( физичко или правно лице) правото на сопственост, други права врз стварите, облигациони права итн. Овој групен објект на заштита кај најголем број на кривични дела е конкретизиран како подвижни предмети ( кражба, тешка кражба, разбојништво итн.) или само како предмет (оштетување туѓи предмети), или како определен предмет ( одземање на моторно возило), односно како остварување право врз предмети или некој имотни интереси ( оштетување туѓи права, осигуителна измама, измама при добивање кредит и друга погодност итн). Делата од оваа глава можат да се класифицираат во повеќе подгрупи. Според намерата на сторителот,постојат дела што се вршат со намера за прибавување противправна имотна корист за себе или за друг и дела што се вршат без таква намера. Во првата група како типични дела ,се сите видови на кражба, а во втората делата измамување на купувачи, оштетување и неовластено навегување во компјутерски систем ,правање и внесување на компјутерски вируси итн. Според објектот на напад, делата можат да се поделат на: дела против сопственоста ( дејствието на извршување се состои во одземање односно присвојување туѓ подвижен предмет) и дела против имотот воопшто, имотните права и интереси ( тоа се различните дела во врска со стечајот, изнуда, уцена, лихварство). Основна карактеристика на овие кривични дела, по однос на субјективниот елемент, е дека сите се умислени. Субјективната страна кај повеќе дела е збогатена со посебна намера, за прибавување противправна имотна корист, за присвојување или за оштетување. Друга карактеристика на овие кривични дела е востановениот посебен исклучок за кривичните дела : кражба, тешка кражба, затајување од ст.3 одземање моторно возило,злоупотрба на довербата ст.1 и прикривање, доколку се сторени спрема брачен другар, крвен сродник во права линија , брат или сестра, посвоител или посвоеник или спрема друго лице со кое сторителот живее во заедничко домаќинство, гонењето се превзема по приватна тужба. Исто така кај кривичните дела од оваа глава, согласно чл.262одКЗ ( кражба, затајување, послужување, одземање туѓи предмети итн) ако сторителот го вратил предметот или ја надоместил штетата или на друг начин ги остранил штетните последици на кривичното дело пред да дознае дека е откриен, судот може да го ослободи од казна. Со последните измени на КЗ од 2008 година во оваа глава на кривични дела постои нова инкриминација во чл.244 –а, Безправно градење. Како нови инкриминации во оваа глава на кривични дела, пропишани се и кривичните дела :Измама на штета на средствата на Европската заедница во чл. 249-а и Компјутерска измама во чл.251-б од КЗ. Кражба од чл.235 од КЗ
49
Ова кривично дело се дефинира како одземање туѓ подвижен предмет од друг со намера за негово противправно присвојување. Дејствие на сторување е одземање , сватено како начин на прекинување на фактичката власт врз предметот и востановување нова. Тоа е дејствие кое што го превзема сторителот лично и преставува своевидна агресија врз подвижниот предмет и значи да се земе, дигне, симне итн., спротивно на волјата на сопственикот, односно владетелот на предметот. Меѓутоа, мора да се истакне дека кражбата не е ссамо одземање на нешта од сопственикот. Кражбата е дело и против владението во најширока смисла на зборот, така што вклучува и дела против чисто фактички односи спрема предметите, според кои ,одреден субјект има можност на располагање со истиот. Така ,кражбата се состои во прекинување на една фактичка власт на располагање на одредено лице со еден подвижен предмет и востасновување на друга нова фактичка власт.Ова е т.н. теорија на апрехензија. Објект на дејствие е туѓ подвижен предмет, што значи нешто материјално. Според чл.122 т.15, како подвижен предмет се смета и секоја произведена или собрана енергија за давање светлина, топлина или движење, како и телефонски импулси и други средства за преност на глас, слика или текст на далечина или компјутерски услуги. Објект на дејствието е само подвижен предмет. Во оваа насока казненото право има една поширока определба. Релевантна е фактичката подвижност на предметот – дали тој може да се одземе, симне, подигне, откорне. Во оваа смисла како објект на кражба може да бидат прозорците, вратата, покривот на куќата, дрвото во шумата итн. Подвижниот предмет треба да биде туѓ. Оваа релација го означува сопственичкиот однос. Предметот може да се смета за туѓ и кога е во заедничка сопственост или владение на повеќе лица. Во оваа смисла не претставуват објект на кражба, затоа што не се туѓи, предметите што не се во ничија власт, како предмети од општа употреба (воздух, вода , животните во шумата, езера итн.) како и напуштените ствари, како што се исфрлени предмети од куќа, оставени до контењер итн. Делото нема да постои, доколку предметите се наоѓат кај самиот сторител, по било кој основ, во тој случај постои кривичното дело Затајување. По однос на субјективниот елемент кражбата е умислено дело, потребно е свест дека се прекинува фактичката власт врз подвижниот предмет што не му припаѓа на сторителот и дека се заснова врз тој предмет нова, сопствена фактичка власт. Втор кумулативен услов, е намерата на сторителот, кое што се манифестира со самото одземање на туѓиот подвижен предмет заради присвојување, при што е ирелевантно дали сторителот и фактички ќе реализира некаква имотна корист. Накратко кажано кривичното дело кражба го карактеризираат следните елементи: дејствие – одземање, објект на дејствието- туѓ подвижен предмет и субјективно битие – намера за противправно присвојување. Пропишаната казна е парична или затвор до 3 години. Во ст.2 се работи за привилегиран облик на т.н. ситно дело кражба, кога вредноста на украдениот предмет е помала (половина просечна месечна плата во републиката ), заедно со субјективниот елемент на сторителот, да одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност.Овој субјективен елемент треба да ја опфаќа и вредноста на украдениот предмет, односно сторителот да знае дека одзема предмет од помала вредност. Ако умислата не е конкретизирана на такви предмети , ќе постои основното дело на кражба.
50
Во ст.5 како кражба се смета и одземањето од туѓа шума на дрвја чие количество е поголемо од еден метар кубен со намера за противправно присвојување.(ова е тн.шумска кражба). Во практиката, се јави поделено мислење , дали водата, електричната енергија и гасот, може да биде објект на заштита кај ова кривично дело. Во насока на разрешување на овој проблем , кој според наше мислење непотребно се наметна во практиката,затоа што во оваа насока е јасна одредбата од чл 122 т.17 од КЗ, со едно екстензивно толкување, со измените на КЗ, од 2012 год( Сл. весник бр.166/12 од 26.12.2012 год), после чл 235 се додаде нов чл. 235-а Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас. Со ова инкриминација, како квалифицирани облици на основното дело, пропишано е построго казнување, ако вредноста на украдената електрична енергија, топлинаска енергија или природен гас е од поголема вредност. Исто така за ова кривично дело е пропишано казнување и на правно лице. Од практиката Поднесено е обвинение против ЦЦ, за кривично дело Кражба од чл 235 ст.1 од КЗ, затоа што : На ..., околу 10 часот, на автобуската станица во Ш., со намера противпрвно да го присвои, искористивајки прилика , додека патниците биле симнати од автобусот на пауза, од автобусот на Галед –Охрид, кој се обраќал на релацијата Кочани –Охрид, од ташната сопственост на оштетената ГГ, одзел еден паричник со 6000, ден,еден златен приврзок во вредност од 5.500 денари , едно златно ланче во вредност од 7000 денари, еден мобиен телефон марка алкател во вредност од 6.500 денари, се во вкупна вреднсот од 25.000 денари Тешка кражба чл, 236 од КЗ Бидејќи тешката кражба мора да е кражба, истата најнапред мора да ѓи содржи сите елементи на делото кражба ( одземање туг подвижен предмет со намера противправно да се присвои). Околностите поради кои една кражба, добива вид на тешка кражба се однесуват а) на начинот на извршување на делото, б) на времето на извршување на делото , в) на вредноста на украдениот и г) својството на предметот. Провална кражба – постои ако делото кражба е извршено со кршење или провалување во затворени простории, со совладување препреки или на друг начин совладување поголеми пречки. Нужен составен дел на акот на одземање е предходното совладување на затворениот простор. Како затворен простор се сметаат затворени згради, соби,каси или друг простор, или пак ако просторот е обезбеден со поголеми пречки. Со еден збор, под затворен простор може да се смета секој простор во чие што продирање е можно само со предходно совладување на пречките што се поставени со таа цел.Дејствието на совладување може да се состои во кршење, што опфаѓа дејствија на совладувања на затвореноста на просторот со примена на физичка сила. Алтернативно дејствие е провалувањето. Под овој поим се подразбира совластување на затвореноста на просторот со други дејствија што не значат повреда на физичката супстанца што го затвара просторот(каси, куфери, искачување по други предмети за да се влезе во стан, прескокнување низ прозорец, отварање на станот со калауз итн.). Совладување на поголеми пречки
51
на друг начин е секое друго дејствие на совладување на затвореноста на просторот што се карактеризира на пример со употреба на магнет за дофатување на предметот или долг стап за дофатување на предметот кој се наоѓа на високо. Поднесено е обвинение , против ББ. ЦЦ. РР и ФФ, како соизвршители за кривично дело Тешка кражба од чл.236 ст. 1 т. 1 од КЗ, затоа што : Договорено и заеднички со намера противпрвно да ѓи присвојат, на ...., со употреба на сила и погоден предмет ја пресекле металната заштитна ограда , а потоа со топокршач насилно ја отвориле вратата од магацинот, лоциран на ..., во С.., сопственост на ММ, и одзеле 1440 парчиња женси сукни, по 100денари за една или 144.000 денари, 927 парчиња женски патолони, во вредност од 100 денари за еден или 92.700, денари и 119 женски елеци во вредност од 150 денари за еден или 17.850 денари или се во вкупна вредност од 154.550 денари Кражба извршена од повеќе лица, што се здружеле заради вршење кражба – за постоење на ова кривично дело потребное да постои здружение за извршување на најмалку две кражби. При ова не е од значење формата на здружението или внатрешниот однос меѓу членовите, битно е неговата цел да се однесува на повеќе кражби. Во оваа смисла, нема да постои ова кривично дело ако се работи за договор за извершување на само една кражба. Во извршувањето на делото може да учествуват најмалку две лица.Формата на ивното учество може да биде соизвршителство или помагање. Кражба извршена на дрзок начин – под поимот на дрска кражба се подразбира кога извршителот на делото и неговиот начин на извршување , се карактеризира со голем ризик, посебна настојчивост, смелост, безобзирност,кога се работи за начин на извршување што зачудува. Така на пример: кога сторителот од оштетениот кој што спиел , среде бел ден, на јавно место му ги собул и зел чевлите, кога сторителот влегол во отворен стан и поред неподвижниот болен сопственик од отворениот шифонер одзел пари. Кражба од страна на вооружено лице – Тоа е кражба извршена од страна на лице кое кај себе имало некакво оружје или опасно орудие заради напад или одбрана. Оваа кражба е издвоена поради постоење на ситуација каде што кражбата може да прерасне во разбојништво или разбојничка кражба. Оваа кражба добива потежок вид поради носењето на оружјето или опасно орудие од страна на сторителот со што манифестира една решителност за извршување на кражбата по секоја цена. Претпоставка е оружјето да не биде употребено( во спротивно постои разбојништво или разбојничка кражба). Посебен субјективен елемент е намерата да го употреби оружјето ако затреба заради напад или одбрана. Кражба за време на пожар, поплава или слична несреќа –тој е посебен квалификаторен елемент со околности во време кога се врши кражбата. Сторителот искористува една од опишаните ситуации, додека трае оваа збрканост , ангажираност на луѓето во борбата против несреќата и остранување на последиците. Сторителот треба да знае за несреќата и токму неа да ја искористи за кражба. Во ст.2 , кражбата добива потежок вид кога сторителот одзел предмети од значителна вредност ( над 5о просечни месечни плати во републиката). Во ст.3 кражбата добива квалификаторен елемент ако украдените предмети се добра под привремена заштита, културно наследство или уред или друг
52
предмет од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот и сигурноста на јавниот сообраќај или објект на јавни инсталации. Пропишаната казназа дејствието од ст.1 и 2 е казна затвор од 1 до 10 години. За дејствието од ст.3 попишаната казна затвор од најмалку 4 години. Во ст.4 пропишан е привилигиран облик, доколку украдениот предмет има мала вредност, во кумулација со субјективен елемент, сторителот да одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност( ситно дело тешка кражба).Пропишаната казна за ова дело е парична или затвор до 3 години. Од практиката. 2.Поднесено е обвинеие за кривично дело Тешка кражба од чл.236 ст. 4 в.в со ст.1 т. 3 од КЗ, затоа што : На ..., околу 10 часот , со намера противправно да го присвои одзел туѓ подвижен предмет , на дрзок начин ,така што влегол во продавницата ....., на ул ВП, во С.. и додека продавачката А.Н.му дала да проба еден пар машки патики марка Пума во вредност од 6. 500 денари-помала вредност, побарал друг пар, и кога продавачката се свртела на рафтот да му даде, тој побегнал со патиките кој ги обул за да ги проба . Разбојништво чл. 237од КЗ Разбојништво постои кога едно лице со употреба на сила против друго лице или со закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото, ќе одземе туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои. Разбојништвото е сложено кривично дело составено од дело на присилба и дело на кражба. За ова кривично дело карактеристичен е начинот на кој се одзема туѓиот подвижен предмет. Силата, заканата се јавуват како средство за да се одземе туѓиот подвижен предмет, Затоа, истите мора да бидат применети пред да се започне со одземање на подвижниот предмет или во текот на самото одземање ( пред делото да биде довршено). Според ова, разбојништвото се разликува од разбојничката кражба , каде што силата или заканата се применуваат по извршеното дело, со цел да се задржи одземениот – украдениот предмет. Силата или заканата треба да бидат насочени против лицето што го спречува сторителот да го одземе предметот, заради совладување на неговиот отпор.Кај ова кривично дело по правило се работи за отпор што се дава во моментот на кражбата, но разбојништво постои и тогаш кога силата се употребува заради спречување на отпор што се очекува во врска со изавршувањето на кражбата Нема да постои ова кривично дело, ако некој со сила ќе истргне, извлече, искорне нешто од рацете на држателот. Во овој случај ,силата не се применува спрема лицето за да се скрши или оневозможи неговиот отпор во врска со одземањето на предметот,туку истата е составен дел на дејствието на одземање, и не преставува присилба во однос на држателот, па така би се работело за кривично дело тешка кражба. Пропишаната казна е затвор од најмалку една година. Во ст.2 се казнува потежок облик доколку вредноста на одземениот предмет е од големи размери. Со ставот 3, пропишан е привелигиран облик на основното дело, доколку вредноста на одземениот предмет е помала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност. Пропишаната казна е затвор од една до пет години.
53
Ст.4 пропишува квалифициран облик, доколку при вршењето на делото разбојништво, на некое лице со умисла му е нанесена тешка телесна повреда или ако делото е сторено во состав на група, банда или ако е употребено огнено оружје или опасно орудие. Исто така , како квалифицирани дејствија се пропшани, ако ова дело е извршено во банка, , менувачница, пошта, или најавно место е загрозен живот на две или повеќе лица. Пропишаната казна е најмалку десет години. Во ст. 5, како посебно квалифицирано дело, за кое е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор е доколку при извршувањето на делото разбојништво, некое лице со умисла е лишено од живот. Од практиката Поднесено е обвинение против ББ,за кривично дело Разбојништвоод чл. 237 ст 1 од КЗ, затоа што : На ....со намера противправно да ги присвои преку отворената врата влегол во куќата на оштетената ЗЗ, на ул ... во С, со употреба на сила, ја фатил за вратот велејќи” дај го златотот сега ќе те убијам” , почнал со тупаници да ја удира во пределот на лицето, ја соборил на подот,а со едната рака и ја затнал устата , за да не вика, а со другата и ги откорнал златните обетки од ушите во вредност од 6280 денари, од вратот и го откинал златниот ланец во вредост од 18. 600 денари ,и од двете раци и ги извадил двата златни престени , во вредност од по 4500 денари за еден, или се во вкупна вредност од 33.880 денари. Разбојничка кражба, чл.238 од КЗ Ова кривично дело постои , кога сторителот на кривичното дело кражба, кој што е затечен на извршување на истото, , употреби сила или закана против некое лице , дека непосредно ќе нападне на нивниот живот и тело , со намера да го задржи украдениот предмет. Опфатехи се сите облици на тоа дело : кражба, ситно дело, кражба, тешка кражба, освен чумска кражба. За разлика од кривичното дело Разбојништво, кај кое употребата на сила и закана, предходат на сторувањето на кражбата, , овде средствата на принуда се применуват , со намера да се задржат украдените предмети(по извршувањето на кражбата). Првиот елемент од законското битеие на ова кривично дело , е сторителот да е затечен при вршење на кривично дело кражба..Така ќе се смета дека лицето е затечено при вршење на кражба, ако непосредно е фатен со украдените предмети, или ако по довршувањето на каражбата се одддалечува од местото со украдените предмети или пак доколку по него има некаква потера за негово фаќање и при тоа употребува сила или сериозна закана. Вториот елемент е присилба , насочена кон задржување на украдените предмети.Оваа присилба , може да бие со употреба на сила или закана. Силата или заканата , треба да бидат јасно изразени од страна на сторителот и да се подобни , со оглед на начинот , средстото и околностите под кое е употребена силата или заканата , за задржување на украдените предмети. Делото е доврешено со самот акт на примена на сила или закана, а ирелевантно е дали со примена на истите сторителот го задржал предметот на кражбата.
54
Субјективниот елемент, во сбе вклучува две компоненти.потребна е намера за прибавување на противправна имотна корист и задржување ма истата со употреба на сила или закана. Во ст. 2, како квалифициран облик на основното дело, се казнува со казна од најмалку осум години затвор, ако украдениот предмет е од големи размери(над 250 просечни плати). Во ст. 3, пропишан е привелегиран облик на основното дело, кое секазнува со затвор од една до пет години, доколку вредноста на одземените предмети е помала9 под половина од процелна плата), и сторителот да одел кон тоа да присвои предмети од таква вредност. Ставот 4, пропишува квалифициран облик и казнување со казна затвор од најмалку десет години, ако при извршувањето на делото на некое лице со умисла му е нанесена тешка телесна повреда или ако делото е сторено во состав на група или банда или ри сторувањето ан делото е употребено огнено оружје или пасно орудие.Со измени на КЗ од 2011 одина, во овој квалифициран облик на сторување е додадено и доколку ова кривично дело е сторено во банка, менувачница, пошта или јавно место на кое е загрзен животот или телото , на две или повеќе лица. Во ст.5, како квалифициран облик со казна затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор, се казнува сторителот доколку при извршувањето на ова кривично дело некое лице со умисла е лишено од живот. Од Практиката Поднесено е Барање за спроведување на истрага Ко. Бр.368/08, против ВВ поради постоење на основано сомение дека сторил кривично дело Разбојничка кражба од чл.238 ст. 1 , затоа што : На ...., во 03, часот, со намера противправно да ги присвои, , со употреба на сила го скршил прозорецот од стопанскиот објект,-работилница во сопстевност на ПТП ...., лоцирана на магистралниот пат Радовиш –Штип, и одзел 10 капаци за електромотори, во вредност од по 600 денари за еден или 6000 денари, два ротори од електромотор во вредност од по 1500 денари или 3000 денари, 2000 нипли за вода од по 45 денари за една или 90. 000 денари или се во вкупна вредност од 110. 000 денари, и кога бил затечен на кражбата од лицето ЦЦ, кој е вработен во оваа работилница, кој се обидел да ги спречи , со употреба на сила-со тупаници го удрил во пределот на главата и го соборил на земјата, со намера да ги задржи украдените предмети. Измама чл.247 од КЗ Користењето на измамата заради прибавување на имотна корист, во пректиката е честа појава.Понекогаш ваквите дејствија имат само граѓанско-правни последици, но често тие претставуват и кривични дела. Од овие причини и во теоријата и во практиката, особена важност се придава, на поставување на основни начелни критериуми, кој што би требало да бидат земени во вид, кога определено изманичко дејствие, ќе може да се квалификува како казнено дело, а кога истото претставува граѓанско правен однос. Појдовна основа од која би требало да се тргни , при квалификација на дејствијата на сторителот, е дали пред настанувањето на опредлениот граѓанско –правен однос, должникот( во овој случал сторителот на казненото дело) однапред знаел, дека не може да ја изврши , соодветната престација , која што е предмет на граѓанско-правниот однос.
55
Ако знаел , однапред , дека тоа не може да го стори-да ја исполни престацијата , која е предмет на граганско правниот однос, тој дејствувал изманички. Обратно, би се работело за граѓанско-правен однос. Така , ако некое лице, нема во сопстевност, своја шума, а склучува договори за продажба на дрвја, тој дејствува изманички. Или, честопати во практиката се јавија случаи , на откуп на разни земјодеслки производи, од страна на лица, кој воопшто немале регистрирани прави лица за ваква дејност, а им издавале за откупот од оштетените , разни писмена , кој ги заверувале со неважечки печати, или воопшто не заверени или истите биле со измнислени податоци за наводните правни лица, преку кој го вршат откупот. Посебна карактеристика на ова кривично дело, се сотои во постоење на определен однос помеѓу сторителот на делото и жртвата .При тоа, жртвата не е свесна дека таа само претставува инструмент во рацете на сторителот на кривичното дело за остварување на неговите користољубиви цели. Дејствието на сторување се состои во лажно прокажување или прикривање на факти.Под поимот лажно прикажување се подразбира, прикажување на факти кој воопшто не постојат.Додека пак, прикривање на факти постои кога сторитело лаже некое лице дека опредлени факти непостојата , а тие реално постојат.Знали, прикривањето на факти може да се изврши и со нечинење. Лажното прикажување и прикривање на факти, се превзема за да оштетениот се доведе или одржува во заблуда.Понатаму би требало оштетениот во состојба на заблуда , да превземе или не превземе нешто на свој или туѓ имот. Доведувањето или одржувањето во заблуда треба да бидат превземени , со намера сторителот да прбави противправа имотн акорист. Пропишаната казна , за основниот облик на ова кривично дело е парична икли затвор до три години. Во ст. 2, се пропишува , казнување со парична казна или казна затвор до една година, за привелигиран облик, кога е прибавен имотна корист од помала вредност(половина од месечната просечна плата , исплатена во Републиката). Стравот 3, е квалифициран облик за ко е пропишана казна затвор од три месеци до пет години, ако штетата е од поголема вредност(над 5 просечни плати). Ставот 4, пропишива квалифициран облик , кога штетата го надминува износот од значителна вредност( над 50 просечни плати). Ставот 5 е привелигиран облик кога, делотое сторено само со намера за оштетвање, а не за прибавување на имотна корист.Некој доведува во заблуда друг, дека неговото куче е болно од некоја пренослива болест, па овој го убива. Со законот е пропишана казнување за обид за ставовите 1 и 5. За ова кривично дело е прошишано казнување и на правно лице. Често пати , во практиката, се поставува прашање, за привиден или стек на ова кривично дело, со други кривични дела, во чиј законски битија како дејствија на казнувања, се вклучени разни изманички дејствија.(лажно преставување, фалсификување на исправа.Вообичаено во вакви ситуации се тргнува од објектот на заштита, односно дали се работи за дела насочени кон разни објекти на заштита.Но , кога ваквите дејствија влегуват во дејствијата на сторување на изманичките дејствија, со лажно прикажување или прикривање на факти, се работи за привиден стек, односно постоење само на кривично дело Измама. од поголема вредност од 6000 евра во противвредност на 366, 150 денари. Од практиката
56
Поднесено е Барање за спроведување на истрага Ко. бр.175/08, против ББ, поради постоење на основано сомение, дека сторил кривично дело Измама од чл. 247 ст. 3 в.в. со ст. 1, на начин што : Со намера за себе да прибави противпрвна имотна корист, на ....со прикривање на факти, иако знаел дека неговвото ТМВ макра Ивеко, сопстевност на неговата фирама ...., е продадено на лицето К:П, со договор за купопродажба УЗП бр..., заклучен на 20. 05 2006 од, истото возило го продал на лицето ИБ, на 21,10.2006 , со кого заклучил договор за купопродажба УЗП, ,на кој начин го довел во заблуда и го навел КП, да му ја исплати цената за прдажба на ТМВ во вредност од 5000 евра или 301.000 денари
КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО И ПРИРОДНИТЕ РЕТКОСТИ Групен објект на заштита кај оваа група на кривични дела претставува интересот за зачувување на спомениците на културата ,архивскиот материјали и природните реткости како едно историско наследство. Во оваа насока нивната заштита не е од аспект на нивното значење како материјални добра туку нивното значење како белези на националната култура иприродни реткости. Во таа насока ,овие дела се насочени против културата воопшто, како највисоко добро на нашата цивилизација што ги надминува националните граници и станува универзална човечка вредност. При ова од особена важност, е и афирмирањето на културните и историските одлики на нашиот народ како посебен идентитет со свои традиции и самобитност. Поголем дел од инкриминациите од оваа глава се блиски до кривичните дела против имотот. Меѓутоа, раководејќи се од посебноста на објектот на заштита,треба да се истакне дека постои суштинска разлика помеѓу нив. Кривичните дела против културното наследство и природните реткости, не преставуваат напад врз овие добра како имотни добра, туку како добра со посебно културно, историско и цивилизациско значење, а мотивот на користољубие, иако е присутен, не е нивна доминантна карактеристика. Кодифицирањето на овие кривични дела, не значи нивно отргнување од контекстот на правната регулатива на овие добра, регулирани со посебните закони. Меѓутоа, за правилно разбирање на објектот на заштита, дејствијата на сторување, неопходно е потребно познавање на определени бланкетни норми со кои посебно се регулирани овие области. Постојат посебни инкриминации со кој се казнува изнесувањето, односно извезувањето во странство или отуѓувањето на културното наследство од особено значење, кое е во државна сопственост. Присвојување на добра од привремена заштита или културно наследство или природни реткости, чл. 265 од КЗ. Дејствија на сторување кај ова кривично дело е присвојување на ископина, материјал или најден предмет што преставува добро од привремена заштита или културно наследство или природна реткост.
57
Ваквото присвојување на овие предмети треба да биде при археолошко ископување, архивски истражувања, геолошко- палеонтолошки и минеролошко – петрофграфски истражувања. Значи инкриминирано е самото присвојување на ваквите предмети. Фактички се работи за посебен облик на кривично дело кражба или затајувањње , кој се вршат при посебни услови,( тоа се археолошки ископувања, архивски истражувања, геолошко-палеонтолошки и минеролошко –петрографки истражувања, како и ископувања). Предмет на присвојување (објект на дејстието) се ископини, материјал или најден предмет, што претставува добро под привремена заштита , културно наследство или природна реткост. Утврдувањето на ваквото посебно својство на одземените предмети, се врши врз основа на предходен наод и мислење на стручки лица од областа на археологијата. Пропишаната казна е затвор од 1 до 10 години. Од практиката 1.Поднесен е обвинителен акт , за кривично дело Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од чл.265 од КЗ, затоа што : На ...., околу 9 часот во археолошкиот локалитет “Вршник” во атар на с..... општина Б., вршејки нелегално ископување , ископал и за себе присвоил археолошки предмети што претставуват добра под привремена заштита и тоа :две бронзени монети од IV век, една бронзена монета од VIвек, два оловни предмети од II-IV век и едне бронзен фрагмент од бронзен лим од II- IV век, сите од римската култура. 2.Поднесено е обвинение против двајца извршители, за кривично дело Присвојување на добра под привремена заштита или култирно наследство или природни реткости од чл. 265 ст. 1 во в.в со чл 22 од КЗ затоа што: Во периодот од 8-15 јануари 2005 год, договорено и заеднички, во нивата – овоштарникот во мв.Магилката-мишев дол, атар на с. Ошипала-Д, сопстевност на лицето ВВ, ископале и присвоиле повеќе делови од свечена ритуална погребна кочија и тоа : четири обрачи од тркала,пет броназени статуети,една бронзена маска со женски лик, две бронзени алки, две бронзени сидра, разни бронзени апликации од кочијата , кој предмети согласно чл.38 ст. т. 1 од Законот за заштита на културносто наследство, претставуват добра под привремена заштита . КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ И СТОПАНСТВОТО Овој вид на кривични дела преставуват нај динамичен дел од материјата на посебниот дел на казненото право. Казнено- правната заштита во оваа свера е непосредно поврзана и условена од општествените промени. Така ,во денешни услови на транзиција, државата е таа која што треба да обезбеди правна заштита на приватната сопственост на слободата на пазарот и заштита од монополско однедсување. Од овие причини улогата на државата битно е променета, во правната регулатива воопшто во оваа област, кои што промени имат импликации и врз казнено правната заштита на оваа свера.
58
Казнено правната репресија на државата во областа на стопанството, платниот промет и јавните финансии е ограничена. Нејзина основна функција е пред се да обезбеди и да гарантира сигурност на платниот промет, како главно средство низ кое се одвиваат финансиските и стопанските текови. Потоа, државата со казнени норми треба да ја обезбеди сигурност на јавните приходни, односно јавните финансии што служат за остварување на другите нејзини функции. Исто така ,во согласност со ограничените ингеренции во економијата, казнено правната заштита ги опфаќа и стопанските односи кои се во ограничен домен на регулаторната функција на државата ( работење со хартија од вреднсот, недозволена трговија и производство, криумчарење итн). Заеднички објект на заштита кај сите овие кривични дела е економскиот систем, основите, претпоставките и облиците на неговото функционирање, стопанаскофинансиското работење. Во денешно време оваа група на кривични дела е позната под поимот економски криминалитет. Според поблискиот објект на заштита , делата можат да се поделат во две групи: дела против јавните финансиии и платниот промет ( фалсификување пари, фалсификување на знаци за вредност, перење пари и други приноси од казниво дело, даночно затајување, царинска измама и др.) и дела против стопанството (неовластено употреба на туѓа фирма, неовластена употреба на туѓ пронајдок или софтвер итн.) Со Измени и дополнување на КЗ, во 2009 година, воведени се нови инкриминации и измени на некој од пропишаните инкриминации во ова глава на кривични дела .така кривичното дело Перење на пари, е видоизмнено со пропишани тринаесет ставови.Воведени се нови инкриминации : Издавање акцептен налог без покритие чл.274-а од КЗ, Изработка и употреба на лажна платежна картичка чл.274-б, Повреда на правата од хартии од вредност чл.275-а, Незаконито постапување на овластен ревизор чл. 275-б, Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка или јавноприватно партнерство од чл 275-в и Царинска измама од чл.278-а од КЗ. Перење пари и други приноси од казниво дело , чл.273 од КЗ Перењето пари е еден од најсериозните проблемми кои подолго време ја загрозува глобалната економија. Тоа претставува посебен вид на организиран криминал , чија основна цел е парите или имотот стекнати на нелегален начин, да се внесат во легалните финансиски текови, односно да се измие нивното криминално потекло. Поимот на перење едноставно може да се разбере како движење на парите од местото кое што е ризично од заплена,во области каде што се безбедни. Најсеопфатна дефиниција за поимот на перење на пари е таа која што истиот го смета како процес преку кој добивките за кои основано се верува дека потекнуваат од криминална активност,се транспортираат, трансверираат, конвертираат или вградуваат во легалните фондови, со цел да се прикрие нивното потекло, изворот, движењето или сопственоста. На овој план се превземат различни активности и на меѓународен план, мотовирани од сознанието дека овие појави имаат масовни размери и сериозно го загрозувааат меѓународниот економски поредок и националните економии. Посебната инкриминација перење пари, во нашето законодавство е пропишана со КЗ од 1996 год., но истата претрпе суштински измени со законот од 2004 год.
59
Во 2009 година направени се измени и доплнување на оваа инкриминација во насока на имплементација на Виенската конвенција, Конвенцијата од Палермо. Гонењето за ова кривично дело, согласно Законот за јавно обвинителство, е во надлежност на Основното обвинителство за гонење на сторителите на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција . Најпрво редефенирани се определени поими кој се поврзани со ова кривично дело, со наведените измени на КЗ од 2009 год. Така под пимот на пари се подразбират средстава за плаќање во готово во апоени или електронски пари кој врз основа на закон се во оптек во Рмакедонија или странство. Под пимот на принос од казниво дело се подразбира секој имот или корист прибавени посредно или непосредно со извршување на казниво дело.Исто така под овој поим се подразбира и принос од казниво дело сторено во странство., под услов на двојна инкриминација.( да било пропишани и кај нас во времето на сторувањето, како казниво дело) Што се подразбира пак , под пимот на имот, даден е еден сеопфатен законски поим.Така , под овој пим се подразбират пари или други инструменти за плаќање, хартии од вредност, депозити, друга сопственост од секаков вид, и тоа материјални и нематеријални, движни и недвижни, други права врз предметите, побарувања, како и јавни исправи и легални документи за сопственост и актива во пишан или електронски облик или инструменти со кои се докажува правото на сопственост или интерес во таквиот имот. Во ст.1, како сторител се јавува секој, кој што пушта во оптег или прима, превзема , заменува пари или имот што тој го прибавил со казниво дело, или знае дека е прибавен со казниво дело. Друго дејствие на сторување е претварањето, промената , пренесувањето или друг начин на прикривање на ваков имот, односно имот кој потекнува од ваков извор. Трет облик на дејствие е прикривањето на локацијата , движењето или сопственоста на ваков имот. Пропишаната казна е затвор е од 1 до 10 години. Во ст.2 , се пропишува казнување со иста казна , како за дејствијата од ставот еден на тој кој поседува или употребува ваков имот или предмети, за кој знае дека се прибавени со извршување на казниво дело или фалсификување на исправи, како и непријавување на факти или било кој друг начин на прикривање , дека ваквиот имот потекнува од ваков извор или прикривање на нивната локација , движење и сопственост Во ст.3, се пропишува построго казнување, со казна затвор од најмалку три години како посебен квалифициран облик на делата од предходните инкриминирани дејствијата кои се сторени во банкарско, финансиско или друго стопанско работење или ако со разделување на трансакцијата се избегнува должноста за пријавување во случаите определени со закон. Ст.4 пропишува поблаго казнување за сторителите на делата од предходните ставови, кога истите се сторени од небрежност. Петиот став, е квалифициран облик на делата од ст.1,2 и 3. кој пропишува казна затвор од најмалку 5 години, ако делото се сторува како член на група или друго здружение што се занимава со перење пари, противправно прибавување на имот или имотна корист или со помош на странски банки, финансиски установи или лица.
60
Во ст.6, кој преставува новина, е инкриминирано овозможувањето или непријавувањето на перење пари, имот или имотна корист од страна на службено лице, одговорно лице во банка,осигурително друштво, менувачница, берза, друштво што се занимава со приредување игри на среќа, адвокат ( освен ако постапува како бранител), нотар, друго лице што врши јавни овластувања за кои дознал во вршењето на својата функција или должност.Исто така како посебни дејствија на сторување се казнува, доколку се овозможи и дозволи трансакција или деловен однос , спротивно на неговите законски должност(ова е бланкетна норма..Како дејствија на сторување се пропишани и извршување на трансакција, спротивно на забрана изречена од надлежен орган или привремена мерка определена од суд. Пропишаната казна е затвор од најмалку пет години. Сорители на делото во ст.7 се службени или одговорни лица во банка или друга финансиска институција, лице кое врши работи од јавен интерес , кој што според закон се овластени субјекти за примена на мерки и дејствија за спречување на перење на пари или други приноси од казнено дело,. Дејствија на сторување се неовластеното откривање на клиент или друго неповикано лице на податоци што се однесуват на постапка за испитување на сомнителни трансакции или други мерки за дејствија на спречување на перење пари. Пропишаната казна затвор е од три месеци до пет години. Ставот осум ,пропишува казна затвор од најмалку една година , на сторителите за пропишаните дејствија од ставот седум, ако тоа е направено од користољубие.или заради користење на овие податоци во странство. Ставот 9, пропишува казнување со парична казна или затвор до три години, на сторителите на делото од ставот 7, кој ова го напаравиле од небрежност. Ставот десет, е новина со која е пропишано, дека доколку постојат фактички или правни пречки за утврдување на предходното казниво дело и гонењето на неговите сторители, тогаш постоењто на ваквото (предикативно) дело се утврдува врз основа на фактички околности на случајот и постоењто на основано сомнеие дека тој имот е прибавен со таквото дело. Со ова правило е поставен еден понизок стандард(основано сомневање), со помош на кој се утврдува потеклото на приносот ако постојат фактички или правни пречки за утврдување на предикативното казниво дело.(непознат, застареност на гонење). Исто така во ставот единаесет е пропишана една новина.Доколку знаењето на сторителот , односно должноста и можноста да знае, дека таквиот имот е прибавен со кривично дело , може да се утврди врз основа на објективни фактички околности на случајот. Со ова правило, се воспоставува понизок стандард , за субјективниот елемент на ова кривично дело. Ставот дванаесет го пропишува казнувањето за право лице, за ова кривично дело. Со оваа инкриминација се пропишува облигаторно одземање на парите, незаконски стекнатиот имот и предмети како и други приноси од казниво дело. Ако одземањето не е можно од сторителот ќе се одземе , друг имот што одговара на нивната вредност. Законското битие на ова кривично дело, мора да се разгледува во контекст на одредбите од Законот за спечување на перење пари и други приноси од казниво
61
дело, каде се дадени објаснувања на многу поими кои што се инкриминирани како дејствија на извршување во законското битие на ова кривично дело. Од практиката Со Пресуда на Основниот суд во скопје Кок,бр.3/08, обвинетиот е огласен за виновен за кривично дело Перење пари и друга противправна имотна корист од чл.273 ст. 1 од КЗ, и осуден на казна затвор од 4(четири ) години, затоа што : Во периодот 2000-2002 , во странство , преку претпријатието чиј е сопственик и директор, каде се јавува како одговорно лице, во стопанското и финансиско работење во РМакедонија, пуштил во оптек парични средства за кој знаел дека се прибавени со кривично дело даночно затајување и стопански престап од областа на сметководството, на начин што : преку претпријатието ЦЦ, во Македонија вршел трговски зделки со цигари, шекер и други производи со македонски и странски фирми, а платниот промет го вршел во готово, преку нерезидентни сметки отворени во банките НН, НН, , на кој биле внесени вкупно 544.207.000, денари, кој прилив од продажба го уплативал тој лично и од него овластени лица, кој износ воопшто не бил евидентиран во книговодствената документација на претпријатието, на која жиро сметка исто така не е евидентиран ниту одлив на парични средства со кој се вршеле трговските зделки , ниту евидентиран прилив од овие зделки, па со овие нелегално стекнати парични средства вршел откуп на акции во фирмите ЗЗ, ФФ КК. Криумчарење чл. 278 од КЗ Поимот на криумчарење е објаснет во Царинскиот закон. Така под овој поим се подразбира избегнување царинска контрола при внесување и изнесување на стоката, односно увезување и извезување стока надвор од одобрени царински точки и непридржување кон прописите кои се однесуваат на поседување или транспорт на стоки низ територијата на РМ. Под овој поим се подразбира и користење при преминување на граничната линија на возила, воздухопловни или пловни објекти со скриени делови во кои може да се складира стока без оглед дали таквата стока ке се открие. Првиот став од ова кривично дело, ѓи санкционира дејствијата на сторителот кој што се занимава со пренесување стока и ја избегнува царинската контрола. Под поимот се занимава , не треба да се подразбере сторител , кој тоа го врши како неговата исклучива професија, туку занимавањето треба да се свати како определена наклоност кон пренесување на стока со избегнување на царинска контрола. Под поимот, пренесување се подразбира стока која се увезува, како и стока која се извезува или транзитна стока. Ирелевантно е дали стоката е домашна или странска. Суштествено е стоката физички да се пренесува преку царинска линија. Вториот начин на извршување е алтернативно определен, се состои во избегнување на царинска контрола и пренесување на стока од поголема вредност ( над 5 просечни месечни плати). Поимот на царинска линија исто така е определен во царинскиот закон, на посреден начин преку дефиниција на царинското подрачје, што ја опфаќа територијата, територијалните води и воздушниот простор на РМ. За постоењето на делото не се бара стоката да се пренесува исклучиво на царински премин, службено определен. Ова дело постои и кога се преминува
62
царинска линија на секое друго место долж граничната линија, со што всушност се преминува царинската линија и се избегнува царинската контрола. Пропишаната казна е парична и кумулативно казна затвор до четири години. Вториот облик на делото постои кога пренесената стока од ст.1 е од значителна вредност ( над 5о просечни месечни плати).Пропишаната казна е парична и затвор од шест месеци до пет години. Во ст. 3, како квалифициран облик , со парична казна и затвор од најмалку четири години , се казнува , ако вредноста на криумчарената стока е од големи размери(над 250 просечни плати). Во ст.4 е инкриминиран квалифициран облик на делото, кога криумчарењето се врши од страна на организирана банда, група или друго здружение, заради вршење на делото од ст.1 и 2 или за растурање на нецаринети стоки или ако делото е извршено од лице вооружено со огнено оружје или со употреба на сила или закана. Во ст.5 посебно е санкционирано дејствието на службеното лице кое помага, овозможува или пркрива или пак не ќе го спречи вршењето на делата од ст.1 и 2. За ова кривично дело е пропишано казнување и на правните лчица. Во ставот 8 , се пропишува задолжително одземање на средствата за пренесување или растурање на ваквата стока.(ако се во сопственост на сторителот).Ако не е возможно нивно непосредно одземање, се пропишува одземање на друг имот што одговара на вредноста во времето на сторувањето на делото . Доколку предметите за пренсување или растурање на оваа стока(ст.9), се во сопственост на трето лице, истите ќе се одземат ако тоа лице знаело или можело да знае, дека истите биле употребени за ваква цел(пренесување или растурање на криумчарена стока). Доклку пак, ваквите средсва(за пренесување и растурање на оваа стока), били специјално конструирани , адаптирани , измнети или прилагодени, за криење на ваквата стока , иако се во сопственост на трето лице, истите облигаторно (задолжително)се одземат. Од Практиката 1.Поднесено е обвинени против Б;Љ, за кривично дело Криумчарење од чл.278 ст. 1 од КЗ, затоа што : На 29.10. 2005 од, на граничниот премин Ново село, на македонско-бугарската граноца, од Р бугарија во Рмакедонија, избегнувајки ја царинската контрола пренел стока во поголема вредност, на начин што во просторот за багаж на неговото ПМВ, марка Фоцфаген пасат, со рег ознаки СР ...., сокрил и пренел 10 сателитски ресервери во вредност од 122.000, 00 денари, без да плати царина.кој по доплнително извршената контрола од страна на службени лица, биле пронајдени и одземени. Во случајот се работи , за довршено кривично дело, бидекји сторителот ја поминал царинската контрола.Тој ѓи сокрил наведнеите предмети, кој се откриени при дополнителна сообраќајна контрола од службени лица, над возилото на обвинетиот., која е извршено на патот кон Струмица.. 2.Поднесено е обвинение против М:П, за кривично дело Криумчарење од чл.278 ст. 6 в.в со ст. 1 од КЗ,( во обид) затоа што : На 20 02 ..., во 22 часот, избегнувајќи ја царинската контрола, се обидел да пренесе стока во поголема вредност, така што на граничниот премин со РБугарија Ново село,со ТМВ марка Сканија со рег . бр....., со приколица марка , сопстевеост на Фирмата Готмар од Р Бугарија , со седиште во Пловдив, се
63
јавил на преминот за транзитирање низ РМакедонија, , со стока со тарифна ознака бр. ........, -природен сок за РАлбанија, прикажувајќи пред царинските органи дека ќе транзитира со 9 палети сок Дерби плус, прикривајќи дека во камионот се товарени уште 10 палети од овој сок или 678, 7 кгр.сок од јаболка, 2748, 8 кгр сок од портокал , 2.746, 8 кгр, сок од праска, и 687, 7 кгр, сок од ананас, или се во ккупна вреднсот од 344.350 , 00 денари, кој бил откриен при царинакста контрола. Царинска измама чл.278-а од КЗ Објект на заштита е царинскиот систем и тоа наплаќање на даноци и давачки пропишани со закон и по пропишани стапки , при увоз на стоки. Неправото се остои во еден посебен вид на измамнички дејствија и тоа на царинскиот орган. Дејствијата на сторување во основниот облик на делото се алтернативно опишани. Првиот облик е доведување во заблуда на царинскиот орган со давање на лажни податоци за стоки и други факти од влијание за пресметување , за наплата или враќање на даноците или давачките и даноците.(при увоз или увоз на стоки). Вториот облик на дејствие е неисполнување на обврска пропишана со закон што е од влијание за пресметката на давачките и даноците при увоз или извоз на стоки . Третиот облик е било кое дејствие со кое е доведен во заблуда царинскиот орган Услов за инкриминација е износот на давачката или даноците кои се плаќат при увоз или износ да е од поголема вредност(над пет просечни плати исплатени во РМакедонија , во време на сторување на кривичното дело) Субјективен елмент на делото е самиот извршител или некој друг( вообочаено . Кога увозник односно извозник е правното лице),да избегне целосно или делумно плаќањена пропишани давачки или даноци. Пропишаната казна е од шест месеци до три години затвор и кумулативно со парична казна. Како квалифицирани облици во ст. 2 , се казнува со затвор од една до десет гдини , ако износот на давачките и даноците е од значителна вредност(над 50 просечни плати), Во ст. 4 се казнува со казна зтвор од најмалку четири години и со парична казна, ако овој износ е од големи размери.(над 250 просечни плати). Ставот 3, очигледно е пропуст на законодавецот, затоа што изразот поголеми размери, како таков не постои во значењето на изразите од овој закон , пропишани со чл 122 од КЗ. Ставот 5, пропишува казнување за обид , за основниот облик на делото пропишан со првиот ства, со оглед на висината на пропишаната казна. Ставот 6 пропишува , казнување и на правните лица , за ова кривично дело. Од Практиката : 1.Поднесен е обвинителен предлог К. бр.257/08, портив М.К., за кривично дело Царинска измама од чл. 278-а, затоа што : Со намера да избегне целосно плаќање на царински и други давачки при увоз , на кој е обврзан со закон, (би требало да се наведе одредбата и прописот, каде што е пропишана оваа обврска), на 30 05. 2007 год, на ЦИ Табановце ставил на увид употребувано моторно возило мака .... тип... со број на шасија ..., започнал транзитна постапка со ЕЦД за транзит бр.. и не ја исполнил обврската според
64
закон (кој), што е од влијание за пресметка на давачките кои се плаќат при увоз , на начин што не го ставил ПМВ на увид кај одредишната царинска испостава Штип, , најдоцна до ..., за да се спроведе постапка на увозно царинење и наплаќање на царински и други давачки од поголема вредност , во износ од 112.500, 00 денари 2.Поднесено е Барање за спроведување на истрга Против Љ.К и правното лице Мт, промет ..., со седиште во К, затоа што постои основано сомнение дека сториле првоообвинетиот кривично дело Царинска измама од чл.278 ст.4 в.в со ст. 1 од КЗ, а правното лице истото кривично дело, согласно ст. 5 на чл.278-а од КЗ на начин што : Првооосомничениот, како одговорно лице управител на вторробвинетото правно лице, во име и за сметка на второобвинетото правното лице,......, со намера правното лице да одбегне плаќање на давачки и даноци при увоз, во текот на 2006 и 2007 година , при увоз на стоки во 83 царински декларациии со бр.., .................., на царинскаите органи им дале лажни податоци за увезената стока, на начин што не прикажалае фактури за трошоци што треба да се додадат на царинската вредност на увезената стока , одбегнувајќи на тој начин да платат увозни давачки од големи размери во износ од 8.108.972, 00 денари. Даночно затајување од чл.279 од КЗ Данокот, како категорија, го следи човекот низ целиот негов живот. Имајќи го во вид фактот дека се работи за принудна давачка, одбегнувањето на плаќање данок или како уште се нарекува даночна евазија, е појава која што е присутна паралелно со самото оданочување. Објект на заштита кај ова кривично дело се сите обврски што се однесуваат на плаќање данок, придонес или некоја друга давачка на која граѓаните се обврани да ја плаќат со закон. Даночното затајување може да биде извршено со сторување и несторување. Кога истото се врши со сторување, сторителот дава лажна и неточна пријава. Во овие случаи, сторителот поднесува пријава врз основа на која треба да му се одреди плаќање на данок и други со закон одредени давачки но, во нив не внесува вистински податоци ( издавање фактура без продажба, лажно прикажување на книгводствена состојба, користење на симулирани правни работи како штосе склучување на фиктивни договори за подарок или за купопродажба, или фиктивни разводи на брак итн). Втор облик на извршување на делото е со несторување. Во овие случаи, сторителот воопштѕо не поднесува пријава, кое нешто бил должен да го стори или пак формално поднесува пријава, но во неа не внесува факти – податоци кои што се важни за мутврдување на обврските спрема државата ( не пријавува некој приход), Ова кривично дело е умислено и истото го чини даночен обврзник,кој што со намера самиот или некој друг, да одбегне целосно или делумно плаќање на данок или друга ваква обврска , дава лажни податоци за факти што се важни за утврдување на овие давачки или истите не ги пријавува.Овие факти се однесуват за давачки на самиот сторител (непосредно) или пак за правното лице.Ова дополнување за правното лице, е направено со Измени и дополнувања на КЗ од 2009 година.
65
Како услов за инкриминација е износот на неплатената односно одбегнатата обврска да е од поголема вредност ( над 5 месечни просечни плати). Пропишаната казна е затвор од 6 месеци до 5 години и кумулативно со парична казна. Ако износот на обврската е значителен ( над 5о просечни месечни плати ) пропишаната казна е затвор од најмалку 4 години и парична казна. За ова кривично дело пропишано е казнување и на правно лице. Од Практиката 1.Поднесено е Барање за спроведување на истрага, против ББ, и правното лице БББ, со седиште во ......, поради постоење на основано сомнени, дека првоосомничениот сторил кривично дело Даночно затајување од чл. 279 ст. 1 од КЗ, а правното лице истото кривично дело од чл. 279 ст. 3 в.в. со ст. 1 од КЗ, на начин што : Првоосомничениот , како одговорно лице –управител на ВВ, со седиште во ....., со намера правното лице како даночен обврзник, да одбегне плаќање на данок обврзано со закон, спротивно на чл. 8 од Законот за данок на добивка , во име и за сметка на обвиненото право лице, до даночниот биланс, за 2006 год, дала лажни податоци , за висината на расходите на сметка 701-набавка на стоки во износ од 1.667.207 , 00 денари, , кој расход влијаел на финансовиот резултата во билансот на успехот, на кој начин вкупната добивка за овој периот, на правното лице, би била зголемена за овој износ , на која даночна основа не е пресметан и не е платен, данок на добивка во значителен износ од 174.931 денар. 2.Поднесено е обвинение , против З:К; за кривично дело даночно затајување од чл.279 ст. 2 в.вв. со ст. 1 од КЗ, затоа што: Како даночен обврзник, -управител на фирмата ББ, со намера правното лице, да одбегне плаќање на данок на кој е обврзан со Закон : -спротивно на чл.52 т1 од Законот за данок на додадена вредност, во даночната евиденција за 2002 год, на сметка 260-обврски по основ на данок на додадена вредност , не го евидентирале данокот на додадена вредност за оваа година, на кој начин не го пресметале и уплатиле истиот во значителен износ од 1.764.856 денари. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ОПШТАТА СИГУРНОСТ НА ЛУЃЕТО И ИМОТОТ Основна карактеристика на овие кривични дела е нивната општо опасна природа. Поради опасноста на дејствијата на извршување, употребените средства или како резултат на некои други околности, со нив се доведува во опасност животот на помал или поголем број на луѓе или имот од поголем обем. Техничко-технолшкиот развој на општеството доведе во многу области на производството и другите дејности машините да го заменат мануелниот човечки труд. Меѓутоа ,овие сложени процеси користат и сложени технички средства, со кои се извршуват истите, опасни сировини кои притоа се користат, барат посебна претпазливост на луѓето кои ракуват со нив и се пропратени со можоста до колку дојде до нестучно управување со истите да биде предизвикана опасност за луѓето и имотот.
66
Поради ова општеството мора да се штити од различните облици на противправното користење на овие општоопасни средства или дејности, односно од небрежното постапување при нивното користење. Со сторувањето на кривичните дела против општата сигурност на луѓето и имотот се создава опасност за животот на луѓето и имотот. Одовде произлегува дека заштитен објект и кај овие кривични дела се животот и имотот. Меѓутоа, содржината на заштитниот објект кај оваа група на кривични дела е специфична во однос на кривичните дела против животот, здравјето или имотот. Специфичноста е изразена во посебната природа од дејностите од кои се штити животот и телото и на индивидуално неопределените добра кои се загрозени со овие кривични дела.Сите кривични дела од оваа група се општо опасни дела. Таа општа опасност е изразена во општо опасниот карактер на дејствата ( пожар, поплава, експлозија и сл.) или употребените средства( отров, отровен гас, електрична и друга енергија, експлозив ) што секогаш за последица има загрозувањње на животот на луѓето или имотот или нивна повреда. Со превземањето на овие дејствија, односно со користењето на ваквите средства , по правило се ослободува енергија, која што не може да се контролира ни во поглед на интензитетот ниту во насока на обемот на дејствување, така што станува неизвесно , какви се последици од ова може да произлезат. Опасноста која настанува со извршување на овие кривични дела по правило се однесува на поголем број лица , односно на поголем имот, но не е исклучена можноста да биде загрозен животот само на едно лице, но секогаш станува збор за опасност за индивидуално неопределени лица односно за индивидуално неопределен имот. Опасноста како последица од овие кривични дела се дефинира како состојба на можност или веројатност за повреда на правно заштитното добро. Опасноста како последица од овие кривични дела може да биде конкретна или апстрактна. Конкретна опасност, конкретно загрозување , постои кога опасноста е блиска, непосредна за можноста да дојде до повреда на заштитното добро, Ваквата опасност секогаш влегува во описот на кривичното дело и таа преставува негово обележје, така што мора секогаш да се утврдува ( Оштетување на заштитни уреди чл.290 и Предизвикување опасност при градежни работи чл.289 како и Предзвикување општа опасност чл.288 од КЗ). За апстрактна опасност зборуваме тогаш кога е превзема дејност што сама по себе е таква што може да предизвикува општа опасност без оглед на тоа што не дошло до вистинско загрозување. Неа не мора да ја утврдуваме, таа се претпостасвува и преставува мотив на законодавецот за инкриминирање ( Оштетување брани чл.293, Неовластено производство и промет со општо опасни материи чл.295). За односот помеѓу делата на апстрактна и конкретна опасност важи правилото дека вторите ги консумираат првите.(конкретните ги консумират апстрактните ) Така ако со дејствие на извршување на делото Оштетување на брани ( чл. 293) е предизвикана поплава и опасност за животот или телото на луѓето или за имотот од поголем обем, сторителот ќе се казни само за Предизвикување општа опасност ( чл. 288). Овие кривични дела се вршат со умисла или небрежност. Кога е потебно умисла,во свеста на сорителот треба да биде опфатена опасната природа на самите дејствија односно средства и создавањето на опасност за животот или телото односно имотот. Кај кривичните дела на апстрактно загрозување ,
67
умислата на сторителот треба да содржи свест за постапување кое е спротивно на обврските во превземање на заштитни мерки и опасности кои што од тоа произлегуват. Предизвикување општа опасност чл. 288 од КЗ Оваа инкриминација има карактер на основно и општо дело против општата сигурност на луѓето и имотот. Делото се состои во предизвикување на значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имотот од големи размери, со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електкрична или друга енергија или со друго општоопасно дејство или средство. Пожарот е предизвикување оган, согорување на предметите кое зема таков замав што неконтролирано и стихиски се шири. Поплавата е неконтролирано разлевање на поголеми количества вода што има карактер на водена стихија со која е зафатена поголема површина. Експлозијата пртеставува брзо проширување на физичкиот волумен на некое тело во простороит, проследено со физички и хемиски реакции ( пукот, хемиско делување). Отров или отровен гас се супстанции од биолошко, природно или синтетичко потекло, кој што со своето внесување во човечкиот организам или допир со нив можат да го загрозат имотот или здравјето на човекот. Јонизирачко зрачење е специфичен вид дејство на радиоактивни материи. Моторната сила е произведена енергија со употреба на мотор и определено моторно гориво. Дејствието на извршување се состои во употреба на уреди, машини, апарати што се движат со силата на моторот.( Овде не спаѓат сообраќајните срества, ако истите создават опасност во сообраќајот). Електрична или друга енергија е енергија што настанува со движење на електричните частици или ослободувањето или насочувањето во определен правец на други видови на енергија ( механичка, топлотна, светлосна). Под други општо опасни дејства се подразбират, дејствија со кои се ослободува природна или вештачки создадена енергија чие што натамошно ширење е надвор од контролирачката моќ од сторителот. Општоопасно средсгво е било кој предмет , кој поради неговата природа во содејство со други објективни околности може да предизвика опасност. Последицата на делото е предизвикување значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери. Во ст.2 се казнува службено или одговорно лице кое што нема да постави пропишани уреди за заштита од пожар, експлозија, поплава отрови, отровни гасови или јонизирачко зрачење. Како дејстие на сторување алтернативно е определено и доколку веќе поставените уреди не ѓи одржува во исправна состојба или пак не ги вклучи ( не ги стави во дејство), Како алтернативно дејство на сторување е пропишано и непостапувањето на овие лица според прописите или техничките правила за мерките за заштита. Како квалифициран објект на ст.1 и 2 е пропишано казнување, доколку делата се сторени на место каде што се собрани поголем број на луѓе. За ова кривично дело е пропишано казнување и од небрежност. Законот пропишува казнување и доколку ова кривично дело го стори правно лице.
68
Доколку настапат потешки последици, какао што се тешки телесни повреди, смрт на едно или повеќе лица, поголема имотна корист или штета, во зависност дали ова кривично дело (или други кривични дела од оваа глава) е сторено со умисла или небрежност, пропишана е посебна квалифицирана правна квалификација Тешки дела против општата сигурност од чл. 292 од КЗ. Од Практиката : 1.Поднесен е обвинителен предлог против ВВ, за кривично дело Предизвикување општа опасност од чл. 288 ст. 4 в.в. со ст. 1 од КЗ, затоа што : На 6. 06...., во 17, 30 часот во с М, со општоопасно дејствие предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето , на начин што го пуштил неговото куче раса шарпланинец, слободно да се движи по селото, иако бил свесен дека тоа е агресивно и може да настапи забранетата последица, но лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да настапи, при што пред куќкиот бр. .. во селото, кучето се нафрлило на оштетената малолетното дете ББ, ја соборил на земјата и ја каснал во пределот на левата потколеница, нанасувајќи и раздерна рана. 2.Поднесено е обвинение против Ј:К ,и правното лице Друштво за градежништво трговијаи инжинеринг ММ, со седиште во К, за кривично дело Тешки дела против општата сигурност, за првообвинетиот од чл. 292 ст.4 в.в. со чл 288 ст. 4 в.в. со ст. 2 од КЗ, а за правното лице истото кривично дело в.в. со чл 288 ст.5 од КЗ, затоа што : Првообвинетиот , како одговорно лице-инженер на градилиште за изградба на фекална и атмосферска канализација, за дел од урбан блок, во К; именуван со решение бр. .... на изведувачот ....,постапувајки во име и за сметка на обвинетоот правно лице бб, на 13, 05..., постапил спротивно на прописите и општо признатите технички правила и тоа чл.25 ст.1 т. 6 од Законот за градење в.в. со чл. 12 до 25 од Правилникот за заштита при работа при изведување на градежни работи и т. 11 на Елаборатот за заштита при работа во основниот проект трх.бр...., на начин што при изведувањето на градежните работи , кој се изведувале комбинирано со работни машини и работници , не спровел мерки за заштита при работа, -не наложил да се изврши разупирање на бочните страни на ископот на канал во шиточина од 2, 50 м. и длабочина 3, 50 м., ниту наложил ископаниот материјал од каналот на се исфрли на потребна оддалеченост од ископот, за да не постои можност за негово обрушување во ископот, иако бил свесен дека поради ова може да настапи забранетата последица, но лекомислено сметал дека до тоа нема да дојде или ќе може да ја отстрани, , па околу 12 часот, предизвикал опасност за животот и телото на работниците ВВ и ТТ , кој работеле во ископот,така што им наложил да влезат во каналот и да извршат приклучување на цевка, кога дошло до рушење на ископаната земја во каналот и до нивно затрупување , при што оштетениот И, кој бил затрупан до градите бил извлечен, а работникот К, бил еден час затрупан под земја поради што починал од задушување. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ БЕЗБЕДНОСТА НА ЈАВНИОТ СООБРАЌАЈ Објект на заштита кај овие кривични дела е безбедноста луѓето и имотот во јавниот сообраќај..Основна цел е да се обезбеди нормално одвивање на
69
сообраќајот со почитување на прописите и правилата со кој се регулира сообраќајот и елиминирање на можните опасности за луѓето и матрејалните добра , односно нивно сведување на социјално поднослив степен . Сообраќајот претставува, непосредна , типично социјална свера на опасност, кој резултира со зголемување на бројот на учесниците , техничките средства и нивните можности. За разлика од делата против општатат сигурност, овде се работи за заштита на една посебна свера- сообраќајот. Безбедноста во сообраќајот претставува една оптимално ,нормално одвивање на сообраќајот., како и заштитеност на учесниците и матрејалните добра со елиминирање на можните извори на опасност или нивна контрола во однапред поставени рамки. Ове дела се разликуват, од делата против општатта сигурност ,по тоа што немат за последица опасност од таков обем и интензитет , што може да се изрази како стихиско. Објект на заштита е безбедноста на луѓето и имотото во јавниот сообраќај. (патниот, железничкиот,бродскиот, автобускиот и сообраќајот на жичарниците. Казнено-правната заштита на јавниот сообраќај е состваен дел од една мошне обемна регулатива , што се однесува на сите споменати видови на сообраќај. Составен дел на определувањето на широчината на казнено-правната заштита на јавниот сообраќај е и границата за социјално толерантната опасност ,на дозволениот ризик и на она што значи негово пречекорување. Според начелото на недоверба, секој учесник во сообраќајот , мора да смета на непромисленото и неправилното поведение на другиот.Спротивното начело , на доверба ,секој учесник може и смее да се потпре дека другите учесници во сообраќајот, се придржуваат кон своите обврски.Начелото на ограничена доверба, се базира на тоа , дека секој треба да се потпира на почитувањето на обврските од страна на другите учесници, но секогаш да е спремен да го напушти таквото убедување , кога од околностите на конкретната ситуација призлегува спротивното.Начелото на дефанзивно однесување , значи исполнување на обврските од сообраќајните прописи и тогаш кога тоа би било безопасно и должни се да ги избегнуват опасните ситуации создадени со непрописно поведение од друг. Во нашата судска практика не се спроведуват овие начела.Во определувањето на границите на дозволениот ризик , се тргнува од моментната состојба на техничките и други стандарди , на должно внимание и негово подигање на повисок степен. Врз причините на овој вид на криминалитет,делуват повеќе фактори : возач, возило, пат,објективни околности, Пради тоа , во случаите на сопричинување на сообраќајниот деликт, од особена важност е утврдувањето на каузалниот тек , на различните пропуштања, со настанатата последица. Поради специфичноста на овој вид на делинквенција, едно од најсложените прашања што се пставува , е дека овие деликти се надвор од сверата на умислата, поради сопственото учество на сторителот во опасната ситуација. Не помалку проблематично ,е разликувањето на евентуалната умисла од свесната небрежност. Така,нашата судска практика прифаќа ,дека делото е сторено со евентуална умисла, ако сторителот управува возило , а не знае да вози или управува под дејство на алкохол, кој го консумира иако знае дека му претстои управување со возилото, на кој начин тој се согласува со настапување на последицата.
70
Исто така, од практичен аспект, тешко се разграничива несвесната небрежност од случајот. При ова се тргнува од поимите на должното и субјективното мерило на можното внимание.Несомнено дека , должното внимание тргнува од стандардите на потребно внимание , но дали сторителот можел него да го сообрази со субјективните можности и сообразување на своето поведение кон овие стандаради. Загрозување на безбедноста на сообраќајот чл 297 од КЗ Делата содржани во оваа инкриминација имат карактер на основни дела на загрозување на безбедоста на јавниот сообраќај.Основна нивна карактеристика , е што тоа се дела на конкретно загрозување. Одредбата содржи деве дела : загрозување на патниот сообраќај ( ст. 1) и загрозување на другите видови сообраќај ( ст . 2). Кај делото од ст 1, се пропишува посебен објективен услов за инкриминација( телесна повреда ), а извршителскиот круг е стеснат на учесник во сообраќај. За делото од ст 1, се казнува, учесник во сообраќај на патишта што не се придржува на прописи и со тоа така ќе го загрози сообраќајот што ќе го доведе во опасност животот или телото на луѓето или имотот од значителен обем, па поради тоа некое лице телесно ќе биде повредено.. Дејстието на сторување е непридржување кон сообраќални прописи. Пред се, овде се работи за Законот против основите на безбедноста на сообраќајот и Законот за безбедноста во сообраќајот.Овде се работи за повреда на одредбите, за возење со пропишана и прилагодена брзина, одредбите за престигнување,почитување на десно правило на нерегулирани крстосници , непочитување на сообраќајните знаци за забрана итн. Делото се врши во сообраќајот на патиштата . Според Законот за основите на безбедноста на сообраќајот на патиштата , под пат се подразбира секој јавен пат и некатегоризиран пат на кој се врши сообраќај.Така , нема да постои ова дело, ако опишаната последица настапила на површина што не е пристапна за неограничен број на луѓе или не се користи за сообраќај ( движење во сопствен двор, во механичка работилница.) Во вакви сличаи би постоело некое дело на загрозување. Конститутивно обележје на законското битие е загрозување на јавниот сообраќај.. Така, нема да постои ова дело ако до настапување на конкретната последица дошло со тректор , додека орал на нива. Последица на делото е конкретна опасност за животот или телото на луѓето или за имотото од значителен обем.Конкретната опасност треба да е за друг , а не за сторителот( неговиот сопатник, другиот учесник во сообраќајот). Последица на делото е конкретна опасност, како услов за инкриминација, телесна повреда или имотна штета од значителен обем (над 50 просечни плати ). Се казнува умисленото или небражното сторување на делото . Сторител на делото е учесник во сообраќајот. Како учесник се смета(ЗБСП), лице кое во сообраќајот на патот управува со возило или се наоѓа во возило, кое тера, води или јава животно што се движи на патот, како и пешак или лице кое своите работни задачи и работи ги врши на патот . Како дејствие на сторување, кај ст 2 кај ова дело,е секое дејствие со кое се загрозува автобускиот, железничкиот, воздушниот , бродскиот, сообраќајот на жичари и други средства за масовен јавен превоз.Последица е предизвикување
71
на конкретна опасност за животот или телото на лугето или имотото од значителен обем . Исто така и ова дело се врши со умисла или од небрежност. За делото од ст . 1, е пропишана парична казна или затвор до три години, а за второто затвор од шест месеци до пет години. Како квалифицирани облици на делата од оваа глава на кривични дела пропишана е посебна квалифицирана правна квалификација Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот во чл 300 од КЗ.Како квалификаторни елементи се тешки телесни повреди, имотна штета од големи размери или смрт на едно или повеќе лица.Квалификациите и пропишаните казни се во зависност од тоа , дали основното дело е сторено се евентуална умисла или од небрежност. Со оглед на фактоот што сообраќајната делинквенција , значително учествува во вкупниот број на криминалитет, од практиката ќе прикажеме, повеќе случаи.Кога кривичното дело е сторено од небрежност, со евентуална умисла(најчесто под дејство на алкохол кој го консумирале иако знаеле дека им прстои управување со моторно возило) и квалифицирани облици со настанати тешки последици(смрт на некое лице). Од практиката : 1.Поднесен е обвинителен предлог Против Б.К, за кривично дело Загрозување на безбедноста на сообраќајот од чл.297ст. 3 в.в. со ст. 1 од КЗ, затоа што: На ..., околу 13 часот , на магистралниот пат Велес –Штип, како учесик во сообраќајот на јавните патишта управувал ПМВ марка ... со рег бр. ....., во правец од Весел, спротивно на чл 55 ст. 2 од ЗБСП, и превзел дејствие на престигнување на ПМВ марка ...., со рег бр..., кое било управувано од П.Б., , кое се движело пред него во ист правец на движење, така што своето возило не го држел на доволна оддалеченост од возилото што го престигнува, така што да не го попречува или загрозува сообраќајот, , иако бил свесен дека поради ваквото негово дејствие може да го загрози јавниот сообраќај и да го доведе во опасност животот или телото на луѓето од значителен обем, но лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па со предниот десен дел од своето возило , удрил во предниот лев дел од возилото кое го престигнувал , поради што истото изгубило контрола на движењето и излетало во ендекот од левата страна и се превртело, од што сопатникот во истоотто Д.Т., се задобил со лесна телесна повреданатратување на вратот и десното рамо. 2.Поднесен е обвинителен предлог против Б.Н., за кривично дело Загрозување на безбеноста на сообраќајот од чл.297 ст. 1 од КЗ, затоа што : На ..., во 15 часот, како учесник во сообраќајот го управувал своето ПМВ марка... со рег бр..., на ул Кирил и Методи во К, во правец кон улица Иво Лола Рибар,кога бил свесен дека поради неговото сторување или несторување , може да го загрози јавниот сообраќај и да го доведе во опасност животот или телото на луѓето од значителен обем, но со согласил со нејзиното постапување , на начин што постапил спротивно на чл.243 ст. 1, чл 31 ст. 1 и чл 37 ст. 1 од ЗБСП, бил по дејство на алкохол со концентрација од 1, 70 грам промили во крвта,поради што не бил способен за безбедно возење, кој го консумирал иако знаел дека му претстои управување со моторно возило, со возилото не се движел од десната страна на коловозот во насока на движење и брзината на движењето на возилото не ја приспособил кон својствата и состојбите на патот(кривина во десно), па поминал на левата сообраќајна
72
лента наменета за движење на возилата од спротивна насока и со предниот дел од возилото удрил во предниот лев дел од возилото марака ..., со рег бр...., управувано од М.М. кое прописно се движело од спротивна насока, од што возачот задобил лесни телесни повреди-нагмечување и набиенот на поглавината и левата страна од градниот кош, а сопатникот во тоа возило Б.В, се задобил со лесни телесни повреди –напукнување на левата клучна коска, нагмечување на лумбосакралниот дел на кичмата . 3.Поднесено е обвинение против Б.Б. за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл 300 ст.4 в.в. со чл 297 ст. 3 од КЗ, затоа што : На ..., во 13 часот, на магистралниот пат Струмица -Ново Село, како учесник во сообраќајот на јавните патишта во насока на Струмица, го управувал своето ПМВ марка .. со рег. Бр...., спротивно на чл. 37 ст. 1 и чл 19 ст. 1 од ЗБСП, кога бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да го доведе во опасност животот или телото на луѓето во значителен обем ,но лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да настапи, на начин што не ја приспособил брзината на движењето на возилото кон својствата и состојбата на патот-ноќе , неосветлен пат, раздвиженост на пешаци и без да обрати внимание на пешаците кој се наоѓаат на коловозот, , со предниот десен дел од своето возило удрил во пешакот К.М, кој се движел по десната страна од коловозот во правец на негово движење , од кој удар истиот задобил повеќе фрагментарни фрактури во пределот на левата подколеница и надколеница и видливи повреди на тилот на главата и фрактура на еден вратен пршлен, од кој повреди кај истиот настапила моментална смрт. 4.Поднесено е обвинени против С.В, за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотото во сообраќајот од чл. 300 ст. 2 в.в. со чл 297 ст. 1 од КЗ, затоа што : На ... , во 03 часот ., какао учесник во сообраќајот на јавните патишта го управувал своето ПМВ, марка ..., со рег .бр...., на ул Миро Барага во.Ш., во правец кон излезот од градот, кога бил свесен дека поради неговото сторување или несторување, може да го доведе во опасност животото или телото на луѓето , но се согласил со нејзиното настапување, спротивно на чл.243 ст. 1 и чл . 38 ст. 1 од ЗБСП, на начин што иако знаел дека му престои управување со моторното возило , се ставил под дејство на алкохол од 1, 52 грам промили во крвта ,поради што не бил способен за безбедно возење и со брзина од 108 км на час, која не била прилагдена на својствата и состојбата на патот-кривина во лево, , изгубил контрола над возилото и со истото поминал на спротивната коловозна лента, удрил во металната заштитна ограда и пеку истата излетал надвор од коловозот и паднал во речното корито, при што неговата сопатничка Ф.М, задобила повреди на главата изразени во раскинување на коските и мозочното ткиво, од кој веднаш починала . КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ДРЖАВАТА Државата од самото нејзино настанување и во сите етапи од нејзиниот развој, настојувала со остра репресија да го заштити воспоставениот општествен поредок , постојниот систем на власт и нејзините носители од сите облици кој би можеле да ја загрозат.
73
Одовде може да се констатира дека деликтите од овој вид , постојат откако постои власт, држава и борба за власт. Содржината , обемот на инкриминациите и објектот на казненоправната заштита , се разликувале во пооделните историски фази во пооделни држави , но секогаш ја манифестирале тенденцијата на класата на власт што поефикасно да ги заштити своите позиции на владеачка класа. Во таа смисла, казнените дела против државата, државното уредување, безбедноста на државата , против се она што претставува израз на државната власт, претставуваат најелементарна форма на криминал- инкриминации со политичка заднина и влегуват во самото јадро на казненото право, како гранка на правото. Меѓутоа, сосема е јасно дека секоја државна власт ,може само во мала мера да очекува дека ќе го обезбеди своето опстојување со казнено правна репресија. Несомнено дека , во прва мерка тоа зависи од темелите врз кој почива стабилноста на системот , а тоа се политичките и економските односи . Во најширока смисла,поимот на политички деликт ѓи опфаќа сите напади на државата сватена како власт. Различните сваќања на поимот на политичкиот деликт,се поларизират во две теории : објективна и субјективна. Според објективната теориа,која тргнува од посебната природа на објектот на заштита , политичките дела се делата насочени против државата и нејзината организација и функционирање., како и против политичките права на граѓаните. ( ова е стеснивање на овој поим) . Субјективната теорија ,не тргнува од политичката природа на нападнатото добро,туку од мотивот на сторителот, па како политичко дело, се смета секое дело извршено од политички побуди.(ова е едно екстензивно сваќање ) . Несомнео ,дека најприфатливо е едно објективно-субјективно сваќање за поимот на политичкиот деликт. Една од основните карактеристики на оваа група на кривични дела,е примената на исклучокот во казненото право, за казнување на подготвителни дејствија, како правило кај истите. По самата природа на објектот на заштита ,кај овие дела,за ефиказна заштита , во зоната на казнивите дејствија мора да бидат вклучени и подготвителните дејствија. Кога се во прашање кривични дела кој се насочени кон рушење на уставниот поредок , кривичната заштита има смисла, додека таквите дејствија се во почетен стадиум.Овде се работи за специфични кривични дела ,кај кој стадиумот на нивнта реализација не е јасно одвоен како кај другите дела, моментот на нивното довршување, е поместен за една фаза порано ,така да нивните дејствија на сторување, опфаќат дејствија, што кај другите дела се во подготвување или обид. Ако моментот на довршување кај овие дела, биде како кај другите, во најголем број на случаи ,казнувањето би било невозможно, со оглед на фактот што нивните извршители не само што не би можеле да бидат казнети , туку и самите ќе постанат носители на власт и на правото на казнување. (Ова го потврди и нашата практика, со конфликтот од 2001 год,Неспречувањето во рана фаза,повлече разгорување на конфликтот, кој заврши со рамковен договор и усвојување на Закон за амнестија, и влегување во власта на пара- милитантните формации.За жал, овие последици се сеуште се актуелни, со процесуирањето на отстапените случаи од Хашкиот Трибунал)
74
Инкриминирани се некој особено опасни форми на подготвителни дејствија , како што е здружување заради непријателска дејност. Посеба карактеристика кај некој дела ,е што тие во најголем број на случаи се вршат организирано. Така, повеќе дела се конституирани ,како дела на нужно соизвршителство( вооружен бунт чл 312). Посебно се инкриминирани определени дејствија на помагање , во вршење на непријателска дејност(Помагање на неприлателот чл 323, Помагање на странски разузнувачки служби чл 316 ст 3 ). Кај други дела е казниво поттикнувањето на вршење на непријатеслка дејност ( врбување на наши граѓани за служба во непријателска војска чл 322 ). Се казнува и соучесништвото , после деликтот,персонално подржување, помошта на сторителот по довршувањето на делото.( чл 325).
Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста чл 313 од КЗ Тероризмот, иако како појава можеби не е така чест, како другите облици на криминалитет, секогаш кога тој ќе се случи претставува значителен општествен настан.Секој акт на тероризам донесува два вида на жртви.Во едни спаѓат оние кој страдат за време на самиот терористички акт, како и нивните семејства и пријатели.Меѓутоа,другиот вид на жртви сме сите ние, бидејќи сме го изгубиле чувството на доверба во општествениот поредок.Сите ние стануваме жртви на страшниот чин на навидум бесмисленото насилство против непознати луѓе, а во политички цели, затоа што гледајки ги тие злосторства , мора да се запрашаме, дали начето општество во некоја смисла се распага.А , току тоа е целата која ската да ја постигнат терористите.( WhiteR.Jonathan, Terrorism, Wadsworth, 2003). Тероризам е еден од најактуелните светски проблеми, разновидноста на појавните облици,вмешаност со политички примеси, неговото толерирање од некој режими во светот , се релевантни факти на заклучокот дека тој претставува , нов и мошне сериозен облик на загрозување на слободите и правата на човекот. Тероризмот , како појава се манифестира во различни облици.Терор- како општ облик на насилнички криминалитет , патолошки терор-како манифестација на растроено душевно здравја , политички терор-зад кој стои политички мотив и државен терор –насилство што го врши државата спрема своите граѓани , како што е применана репресија без суд.Меѓутоа , овој феномен постојано еволуира и не постои единстено прифатена дефиниција на истиот. Во казнено- правното дефинирање, се поаѓа од психолошкиот елемент , на предизвикување на страв и несигурност како една од општите карактеристики на разновидните дела што влегуваат во овој поим.Токму тоа чувство на несигурност, страв ,неизвесност, кога човек не е сигурен за себе, за своите блиски,своите добра,кога не се знае каде , кога и од кого ќе очекува напад е осносвна карактеристика што на актите на насилство ( убиство,телесни повреди, уништувањена имот )им дава својство на тероризам. Се казнува тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Р Македонија , ќе предизвика или сериозно се закани дека ќе предизвика
75
експлозија , пожар поплава или друго општоопасно дејство или акт на насилство , создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните.. Во самото законско битие не претставува посебен елемент, предизвикувањето на такво чувство , доволно е по употребените средства , интензитет , кругот и својставта на пасивниот субјект , да се подобни да предизвиката такво чувство.Тоа се чувства што фактички имат рефлексија врз слободата на поединецот ( движење,одлучување, изразување),во смисла на нејзино стеснување или одземање. Во субјективното битие на делото , покрај умислата влегува и намерата за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на Р Македонија. Пропишаната казна затвор е најмалку десет години. Од практиката Основното обвинителство за борба против организираниот кримуналитет и корупција, поднесе обвинение против Ф.Х, РШ и Р Ф,како соизвршители за кривично дело Тероризам од чл. 313 од КЗ в.в. со чл. 22 од КЗ, затоа што : Прво и второобвинетите, заедно , а по предходен договор со третообвинетиот, на 15....2005 год, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на РМакедонија, предизвикале експлозија на објект на Полициска станица ... во Скопје , така што во престојувалиштето на третообвинетиот во ... се договориле да постават експлозивна направа , пред некоја од полициските станици во Скопје, при што третообвинетиот извадил една противтенковска мина со спорогоречки фитил и детонаторска каписла, која ја чувал кај себе и им ја дал на прво и второобвинетите, , кој се согласиеле со ова .Експлозиванта направа ја ставиле во торба и со такси возило се упатиле кон Полициската станица .. ,.Најнапред, кога дошле на БП, ја сокриле експлозивната направа во една грмушка .Потоа околу 22 и 45 часот, прво и второобвинетиот ја зеле предходно сокриената експлозивна направа ,и се упатиле кон објектот на Полициската станица во....., каде првоообвинетиот ја поставил на платото на задната северна страна од полициската станица, го запалил фитилот , и го напуштил местото, на кое за кратко време настанала експлозија од која дошло до избивање на вратите и прозорците, со кршење на стаклата и настанале големи оштетувања на објектот на оваа Полициска станица , со што е предизвикана материјална штете од 1.939.900 днари , која експлозија кај граѓаните предизвикала чувство на несигурност и страв. Диверзија ,чл 314 од КЗ Ова е посебен облик на отворен, насилчички непријателски акт., насочен против економските основи на уставниот поредок , против матрејалната економската моќ на општеството. Во потесна смисла , објект на заштита е економскиот систем,неговата материјална основа, преку важни стопаски објекти за економскиот систем и редовниот живот на граѓаните. Делото се состои во уништување или оштетување на објекти што имаат поголемо значање за стопанството или за редовниот живот на граѓаните. Дејствие на сторување е секое дејствие со кое може да се предизвика материјална штета . Објект на дејствие се индустриски,земјоделски или други стопански објекти.Ова уништување или оштетување може да се однесува и врз сообраќајни средства , систем на врски,систем на снабдување со вода , топлина,
76
гас или друг вид на енергија, брана или друг објект од поголемо значање за стопанаството или редовниот живот на граѓаните. Од аспект на субјективен елемент, покрај умислата за уништување или оштетување , се бара и намера за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на Македонија.Токму оваа намера го разликува ова дело од делата на оштетување на имотот, односно општоопасни дела . За ова дело се казнува и здружувањето( чл 324 ), укажувањето помош на сторителот по извршеното дело( чл 325 ) и подготвувањето на делото ( чл 326 ), како и потешките облици ( чл 327). Пропишаната казна е затвор од најмалку четири години. Примери од практиката не успеав да најдам. Саботажа чл 315 од КЗ Поимот на саботажа , потекнува од францускиот збор sabots – дрвени чевли, налани,што во време на чартистичкото движење работниците ги фрлале во машините за да ги запрат , со што да ги присилат работодавците за задоволување на нивните барања. Делото се состои со намера за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на Македонија, на прикриен , подмолен начин или друг сличен начин , немарно или воопшто не вршење на својата работна должност, со што предизвикува значителна штета за државен орган,установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган , установа или правно лице. Со ова сторителот повредува посебен однос на доверба , па за постоење на делото , покрај предизвикувањето на значителна штета , важни се и субјективните моменти што се однесуват на побудите на сторителот . Кај ова кривично дело, сторителот дејствува , однатре, за разлика од делото Диверзија.При тоа тој настојува на нештата да им се даде изглед на случај , или резултата на туѓа грешка , така што тешко се открива причината за оштетувањето. Последица е предизвикување , значителна штета ( чл 122 од КЗ, )за државен орган,установа или правно лице во кое сторителот работи или за друг државен орган , установа или правно лисе, работејќи во своето правно лице.Значи извршител на делото може да биде само лице што врши некаква службена должност или работна обврска. Од субјективен аспект, потребна е посебна намера за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на Македонија.. Кај ова кривично дело исто како и за Диверзијата , со веќе наведените членови се казнува и здружувањето,укажувањето помош по извршувањето на делото, подготвителните дејствија , потешките облици. Исто така и за ова кривично дело, не успеавме да пронајдеме процесуиран случај во судската практика. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ Во современото казнено право,заштитата на овој комплекс се заснова на две различни концепции. Првата , која е застапена во поголемиот број на западноевропски држави,има создадено посебен казнено-правен систем за заштита на вооружените
77
сили.Казнено-прваната регулатива од формална гледна точка е издвоена во посебна гранка на казненото право- воено казнано право,општите инситути на тоа право и одделните кривични дела , се содржани во овој посебен воен кривичен закониек.Ова казненоправо има самостојна природа, свој општ и посебен дел, на кој начин е создадено персонално казнено право, врзано за статусот на военото лице.Општа карактеристика на ова казнено право е строгоста од казнено правната репресија , оправдана со потребата за зголемена дисциплина во вооружените сили. Според втората концепција , казнено-правната репресија на вооружените сили е состевен дел на општиот казнено-правен сиситем.Казнената одговорност на сторителите на овие казниви дела е во рамките на општите институти на казненото право , додека казнивите дела се содржани во посебниот дел на казнениот законик, како негов интегрален дел. Кај нас, е прифатен вториот концепт, и во нашиот КЗ, постои посебна глава на кривични дела против вооружените сили. По однос на примената на институтите од општиот дел , за оваа глава на кривични дела, постојат само две посебности. Првата посебност се однесува на прашањето за одговорноста за казнено дело извршено по наредба на претпоставениот. ( чл. 352 одКЗ).. Според неа, нема да се казни потчинентиот ако стори кривично дело по наредба на претпоставениот , а таа наредба се однесува на службената должност, освен ако наредбата била насочена кон извршување на воено злосторство или друго тешко кривично дело или ако знаел дека извршувањето на наредбата претставува кривично дело. Овде се работи за посебна околност за исклучување на кривичната одговорност.Оваа специфичност произлегува од природата на воената служба , по правило потчинетиот треба да ја извршува секоја наредба на претпоставениот , без да ја испитува.нејзината оправданост или законитост.Ваквото правило во оваа организација е разбирливо, зетоа што со доцнењето на извршувањето на наредбата во определени услови ( војна) можат да имат несогледливи последици, за функционирањето на вооружените сили. Наредбата на претпоставениот не ја исклучува кривичната одговорност на потчинетиот, ако се работи за извршување на воени злосторства или друго тешко дело или ако истиот знаел дека нејзиното извршување претставува кривично дело.Ваквата солуција за воените злосторства, произлегува од принципите на меѓународното казнено право.Како друго тешко дело, вообичаено се сметат делата за кој може да се изрече казна затвор над пет години . Во меѓународните конвенции се употребува поимот на сериозни кривични дела , под кој се подразбират делата за кој може да се изрече казна затвор од најмалку четири години.Наредбата не ја исклучува одговорноста и кога сторителот знаел дека, нејзиното извршување претставува кривично дело. Од ова призлегува , дека фактички овој посебен основ за исклучување на кривичната одговорност би важел за полесни кривични дела и ако сторителот не бил свесен дека извршувањето на наредбата претставува извршување на кривично дело. Втората посебност се состои во можноста , за изрекување дисциплинска казна , односно мерка наместо казнено-правна санкција . Според чл 351 од КЗ, за сторени кривични дела против вооружените сили , за кој е пропишана казна затвор до три години,наместо кривична санкција може на военото лице да му се изрече дисциплинска казна., односно мерка утврдена со
78
закон , ако делото добило особено лесен вид и ако тоа го барат интересите на службта.сите овие услови се кумулативни. Оправданостана на ваквата можност за супституција на казненета одговорност со дисциплинска , приозлегува од посебната природа и задачи на воената служба.Инаку дисциплинските казни се пропишани со Законот за одбрана.. Инаку ваквата супституција е факулативна, , но условите се кумулативно дадени, со тоа што последниот, ако тоа го барат интересите на службата е непрецизен. Овој услов треба да се гледа заеднички со другите услови, така што навистина за постигнување на целите на санкцијата, како на полето на генералната исто така на полето на специјалната превенција, за овој вид на кривични дела, поголеми ефекти некогаш се постигнуват со читањето на дисциплинската казна пред стројот, отколку издржување на казнена санкција по престанувањето на статусот на воено лице на сторителот. Друга специфичност,( чл 334 од КЗ) кај овие дела . е пропишување на посебен основ за поблаго казнување , за со законот определни дела (Неизвршување и одбивање на извршување на наредба , Спротивставување на претпоставен ) , ако сторителот на делото бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на военото лице, да може да се казни поблаго или да се ослободи од казна. Непосреден заштитен објект кај овие дела е самата организација на вооружените сили ,остварувањето на нивната функција и задачи како и исполнувањето на нивните посебни должности. Еден дел од овие кривични дела, можат да ги вршат сите, дел само воени лица и еден дел само воен старешина. Поимот на воено лице е определен со чл 122 т 3, под кој се подразбира воени старешини- офицери и подофицери,професионални војници, војници на служење на воениот рок, питомци на Воената академија,лица на сручно усовршување и оспособување за офицери и подофицери , воени обврзници во резервниот состев на Армијата или повикани лица во функција на одбраната како и цивилни лица на служба во АРМ. Поради специфичноста на објектот на заштита, кај одделни кривични дела се инкриминирани подготвителните дејствија ( Самоволно оддалечување и бегство од вооружените сили , чл 344 , ако подготвува бекство во странаство). Исто така се казнува злосторничкото здружување ( здружување за вршење кражба на оружје , муниција или дел од борбените средства , чл 348 ст 2 ) Кај поголем број на кривични дела се казнува и небрежното извршување. По осамостојувањето на РМакедонија во 1991 год, како независна држава,беа укинати Воените судови, како специјализирани судови, во чија недлежност, беа кривичните дела против вооружените сили. Надлежноста со Законот за судовите за овие кривични дела , беше на основните судови во Скопје, Битола и Штип. Во првите години од оваа глава на кривични дела , имаше процесуирани случаи на само на кривичното дело Самоволно оддалечување и бегство од вооружените сили од чл.344 од КЗ.Но, тогаш имаше специфични општестевни услови, кога дојде до распад на бившата ЈНА, од кој причини и сериозно се постави преѓањето, дали навистина во дејствијата на тогаш пријавените лица, беа содржани законските обележја на ова кривично дело. Неизвршување и одбивањена извршување наредба, чл 328 од КЗ
79
Наредувањето е облик на остварувањето на раководењето со вооружените сили и една од главните претпоставки за целосно и ефикасно осварување на нивните финкции и задачи . Суштината на неправото кај ова кривично дело се состои во кршењето на наредбата , нејзино неизвршување или одбивање на извршување.Наредбата треба да е дадена во врска со службата.Објект на дејствие е наредбата на претпоставениот во врска со службата. Наредбата треба да се однесува на конкретно определено воено лице ,при тоа е ирелевантво , дали истата е писмена или усмена, битно е , во истата да се содржи определено барање што влегува во рамките на службеното овластување на претпоставениот, кој ја издава наредбата. Настапувањето на потешки штетени последици за службата или потешко загрозување на службата е објективен услов за инкриминација. Сторител може да биде само воено лице.Субјективната страна на делото опфаќа умисла или небрежност. Спорет ст 3, военото лице нема да се казни ако одбие да изврши незаконита наредба. Пропишано е поблаго казнување , ако сторителот бил предизвикан со незаконитото или грубо постапување на военото лице, во овој случај издавачот на наредбата. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ Кривичните дела против службената должност,уште се нарекуваат службенички кривични дела,тие претставуваат група на кривични дела кој имат посебно место во кривичното законодавство. Тоа најчесто се дела на злоупотреба на власта ,на службената положба или овластување ,на искористување на службената позиција за разни недопуштени дејствија спротивни на јавно-правниот карактер на службата. Никоја власт не била и не е имуна од злоупотреби,без оглед на тоа што кажува во својата пропагандна реторика пред јавноста. Казнено –правната теорија е неподелена околу мислењето ,што се подразбира под поимот на службенички кривични дела (Ј. Таховиќ,Кривично право, посебни део, Београд, 1953, стр 452), за кој се карактеристични четири елементи: -сторител на овие кривични дела е службено лице(или одговорно ако тоа е пропишано со закон ), -со вршењето на овие кривични дела се повредува службената должност, -овие кривични дела можат да се извршат само при вршењето на службената должност и -како општ услов , што важи за сите кривични дела, да делото е пропишано со закон како кривично дело, Поаѓајќи од овие елементи, службеничкото кривично дело може да се дефинира, како повреда на службената должност која ја чини службеното лице во вршење на својата службена должност. Самиот поим на службена должност, имплицира релација на подреденост, значи должност спрема некого.Во суштина државната власт во своите општествени корени е ограничена, а по својата моќ неограничена.Од овие
80
причини, постои потребата од ограничување на овластувањата на носителите на функцијата на власт.Тие треба да бидат ставени во цврсти рамки за да би се остварил принципот на владеење на правото и да се спречи дуализмот на власта, изразен преку издвојување на посебен бирократски слој – административен апарат, од носителите на власта. Злоупотребата на власта во секој систем е во директно влијание од функционирањето на правната држава.Доколку имаме силна правна држава, просторот за можноста од злоупотреби на власта е сосема стеснат. Иако со овие кривични дела можат да се штитат различни индивидуални интереси, основна цел на истите, односно објект на заштита е законито,совесно и правилно постапување на службените лица во вршењето на нивната службена должност. Според класичниот концепт на овие кривични дела , извршител на овие дела се службените лица. Со еволуцијата на поимот на службено лице ,односно за субјектот на службеничкото кривично дело,тој се проширува и врз одгворните лица и лицата што вршат јавни овластувања. Во нашиот Кривичен законик( чл 122 од КЗ) постојат легални дефинициии на поимоте на службено( претседателот на државата,поставените амбасадори,избарани и именувани функционери во Собраниетона РМ, во Владата, во органите на уптавата , во судовите, локалната самоуправа, државни службеници кој вршат стручни , нормативни управни работи,овластени лица кој со закон вршат овластувања во правни лица со јавни овластувања итн ), одговорно( лица накој во правните лица му се доверени определени овластувања во управувањето, користењето и располагањето со имотото, со раководењето напроцесотнапроизводството итн) и лице што врши работи од јавен интерес( наставник, воспитувач,новинар, нотар, адвокат, лекар итн), како сторители на ова кривично дело.Исто така како сторители можата да се јават и странски службени лица,кога во такво својство извршиле службено дејство , постапувајќи на нашата територија (чл 122 т. 5 од КЗ). Поимот на службенички казниви дела е поширок од делата што се опфатни во главата на кривичните дела против службената должност. Во оваа насока разликуваме прави службени казниви дела, кој се насочени исклучиво против службената должност како објект на заштита и ги вршат службени лица и неправи службени казниви дела , кој се општи дела што добиваат потежок вид,ако се сторени од страна на службено лице(квалифицирани видови на некој општи казниви дела). По својата субјективна страна ,овие казниви дела се умислени. Посебен субјективен елемент на противправноста кај најголем број на овие кривични дела е намерата за прибавување на некаква корист или нанесување штета на друг. Овој субјективен елемент е особено значаен во практиката за разграничување на овие кривични дела од дисциплинските повреди направени при вршењето на службената должност. Посебното место на овој вид на криминалитет во казненото право ,се базира на два основни постулати : објектот на заштита и посебното својство на сторителите. Правилното и законито функционирање на сите јавни фукции, кој претставуват олицетворение на власт ,во секоја држава е од особена важност . Таа се огледа од аспект на законитост, авторитет, углед и чесност на носителите на јавни функции, а од друга страна е огледало за функционирањето на
81
правната држава. посебно од аспект на заштита и во интерес на слободите и правата на човекот и граѓанинот. Од овие причини, тенденциите на претстојните реформи на правниот систем, на централно место го поставуваат прашањето за обезбедување на ефикасна казнено-правна заштита , на правилното и законито вршење на јавниот функции, посебно од аспект и во интерес на заштита на слободите и правата на граѓаните Злоупотреба на службената положба и овластување чл 353 од КЗ Под поимот на злоупотреба во смисла на оваа кривичнодело , во суштина се подразбира противзаконито вршење на правата и должностите што произлегуваат од службената положба и овластување. Злоупотерба, значи искоритување на службента положба, пречекорување на границите на службената положба и неизвршување на службената должност., за да се прибави за себе или за друг некакава корист или на друг да ме се нанесе штета. Дејствието на искористување на службената положба, најчесто може да се врши во врска со дискреционите акти.Тогаш кога службното лице има широки овластувања самиот да ја цени целесообразноста на еден акт и врз основа на ваква оценка да донесува конкретни одлуки.( донесување на управни акти на давање на разни согласности за изградба на објекти за отпочнување со работа на угостителски или трговски објекти). Пречекорување на границите на службеното овластување постои кога службеното лице врши службени дејствија што се надвор од неговите службени овластувања..Така, во сите случаи кога ќе се утврди дека службното лице постапило надвор од своите овластувања , односно презело дејствија што не се во негова надлежност или пак презело дејствија , а за тоа не прибавило согласност од претпоставениот ( таквата била неопходна ), ќе ги квалифицираме ,како пречекорување на службените овластувања. Неизвршувањето на службенат должност се состои во непреземање или пропуштање да се презема службено дејствие кое е во рамките на службеното овластување на службеното односно одговорното лице. Секое, искористување, пречекорување и неизвршување на службенат должност, автоматски не значи дека постои кривично дело.Мора да има последица, а тоа е некава корист за себе или за друг или нанесување штета на друг. Последицата од делото може да се сватат како штета нанесена на физичко или правно лице,група граѓани , државата итн. Во казнено-правна смисла, под поимот некаква корист се подразбира имотна и неимотна. Имотната корист се подразбира како секакво зголемување или подобрување на својот или туѓ имот , односно спречување на намалување на тој имот или неговата вредност.Како друга корист, по правило неимотна,се подразбира создавање на секоја поволна положба или погодност за едно лице во било која свера на општестевениот живот. Штетата вообичаено се сваќа во обратна смисла од користа.Меѓутоа , ова мерило за користа или за штетата не може да биде само субјективно чиство на лицето чиј што интерес е загрозен, туку е потребана една објективна оцена за настанатите промени,
82
Пропишаната казна е затвор од шест месеци до три години. Ако сторителот на делото прибави поголема имотна корист или предизвика поголема имотна штета , ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Друг квалифициран облик е ако, сторителот ќе прибави значителна имотна корист или ќе нанесе значителна штета. Како квалифициран облик се смета и кога ова кривично дело е сторено при вршење на јавни набавки или на штета на средства од Буџетот, од јавните фондови или од други средства на државата. Од Практиката 1.Поднесено е обвинеие против ВВ за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.4 в.в. со ст. 1 од КЗ, затоа што: Во периодот од 1.01 до 31. 12 2000 год, како одговорно лице-благајник во ППС БББ, не ја извршил својата службена должност, на начин што постапил спротивно на чл 13 ст. 3 од Законот за финансиско работење, и непресметувал и ненаплаќал од личниот доход на вработеното лице ЗЗ, судска забрана во височина на половина од личниот доход, во износ од 2300 ден, месечно или вкупно 27.600 денари, определена со решение на Основниот суд во К, И, бр . 120/.., на кој начин за овој износ го оштетил доверителот ГГ. 2.Поднесено е обвинение против ББ, за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст. 5 од КЗ, затоа што : Како службено лице, раководител на Сектор за урбанизам и комунални дејсности при Општина Џ,не ја извршил својата службена должност , на начин што постапил спротивно на чл. .. од Законот за градба и на 25.06 ... издал Одобрение за градба бр..., а на 29. 06.. и Одобрение за употреба бр....... на правното лице ФФ ДОО од Џ, без предходно да биде платен надоместок за уредување на градежното земјиште , со што на општината Џ, и нанел штета во износ од 1..144.609 денари. Примање поткуп( пасивно поткупување ) чл 357 од КЗ За едно организирано општество нема ништо поопасно по однос на функционирањето на јавните служби и вршењето на јавните функции од поткупливоста- корумпираноста на носителите на тие функции. Истовремено тоа е атак и врз слободите и правата на граѓаните , затоа што корупцијата повлекува нарушување на едно од основните начела на правната држава , а тоа е единството на граѓаните пред законот. Од друга страна корумпираните јавни службеници неефикасно ја остваруват својата функција и општиот интерес е потиснат за сметка на ( користољубивиот ) поединечниот интерес. Ова кривично дело се појавува во три основни облици: а)Примање поткуп за да се извршат незаконски службени дејствија ( право пасивно поткупување) б)Примање поткуп за да се извршат законски службени овластувања( неправо пасивно поткупување) и в)Примање поткуп по извршено службено дејствие ( дополнително поткупување) Делстија на сторувањ се барање или примање подарок или друга корист или примено ветување за подарок или друга корист.
83
Под поимот барање се подразбира самоиницијативно барање на подарок во врска со извршувањето на службените должности.Барањето односно примањето подарок , може да се изврши по директен пат, со зборови или спогодба, но тоа може да се изврши и со конклудентни дејствија. Прими ветување за подарок или друга корист , постои кога сторителот на било кој начин изразува спремност или расположение да го прифати подарокот или некоја друга корист. Под поимот на подарок се подразбира имотна вредност која се добива без надомест со што сторителот со добивање подарок стекнува некоја имотна корист.Предмет на подарок се пари , хартии од вредност , девизи,,односно сите подвижни предмети што имаат употребна вредност , као и недвижни предмети. Под поимотна друга имотна корист , се подразбира како имотна , така и неимотна корист како што се : добивање кредит надвор од пропишаните услови или под поволни услови,, добивање на работно место, добивање стипендија, специјализација итн . Правото пасивното поткупување се состои во барање, примање или примено ветување за подарок или друга имотна корист , од страна на службено лице , за да во рамките на своето службено овластување,изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши или да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши. Кај неправото пасивно поткупување , се работи за исти дејствиј на сторување , како и кај правото поткупување, со таа разлика што истото се чини, за да службеното лице изврши службено дејствие што би морало да го изврши или да не изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши.( во практиката особено вакви облици на поткупување постојата во здравството). Дејствие на сторување, кај дополнителното поткупување се состои во барање или примање подарок, односно друга корист од страна на службеното лице после извршеното или неизвршеното службено дејствие,без оглед на фактот дали тоа е законитоили не .Од суштинска природа е подарокот или другата корист да се бара во врска со службното дејствие, кое што предходи на барањето односно примањето на поткупот. За постоење на ова кривично дело, сторителот треба да дејствува со умисла, што значи со свест и волја да бара или прима поткуп за извршување на незаконити односно извршување законити дејствија за кој се бара поткупот. Пропишаните казни за пасивното право поткупување е затвор од една до десет години, за неправото затвор од шест месеци до пет години и за дополнителното поткуување од шест месеци до три години. Законот пропишува облигаторно одземање на примениот подарок или имотна корист. Пример од Практиката 1.Поднесено е обвинение за кривично дело Примање на поткуп од чл.357 ст. 1, против ЗЗ, затоа што : Како службено лице-даночен книговодител во Министерството за финансии – Управа за јавни приходи, на 8..., 20002 год, побарал и примил , подарок од 100 американски договор(денарска противвредност) , од лицето ЛК, за да во рамките на своето службено овластување(со измените треба да стои само” за да “без” своето “,) изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши, на начин што на шалтерот од службата во УЈП во …., примил Барање за издавање на уверение и го издал истото Уверение , во кое внел
84
невистинити податоци дека ЛК, нема неизмирени даночни обврски, иако истиот имал вакви во износ од ...... Во случајот се работи за т.н. право поткупување. 2.Поднесено е обвинение, против ББ, за кривично дело Примање на поткуп од чл. 357 ст. 2 од Кз, затоа што : Во својство на службено лице-потсекретар во Министерството за ....., на 25..., 2000 год, побарал од комерцијалниот директор на фирмата ВВ, од М, подарок од 10.000 германски марки(денарска противвредност), за да во рамките на своето(исто така со Измените на КЗ, не треба да стои овој термин” на своето “) службено овластување , изврши дејствие , што би морал да го изврши, да издаде две одобренија за посредување во надворешно трговскиот промет, под бр......, за увоз и рееекспорт на 600 тони млеко од Унгарија за СРЈ и 400 тони млеко од РСловеија за СРЈ, на име на оваа фирма. Во случајот се работи за т.н, неправо поткупување. Давање поткуп ( активно поткупување ) чл 358 од КЗ Ова кривично дело во дејствијата на сторување е мошне слично со пасивното поткупување ( примање поткуп), па дадените објаснувања за поимите на подарок, друга корист, барање , примање, примено ветување , важат и за ова каривично дело. За разлика од предходното дело , каде сторител можат да бидат само определен круг на лица ( сл. лице,лице кое врши работи од јавен интерес , одговорно лице кое врши работи од јавен интерес,во врска со стекнување одземање или остварување на права утврдени со закон ), сторител кај активното поткупување не е службено лице , туку странаката ( лицето) кое се обраќа до службеното лице во вршењето на неговата службена должност. Исто така и кај ова кривично дело, се разликуват три основни дејствија на негово сторување : право активно поткупување, неправо активно поткупување и носредување во давање на поткуп. Правото активно поткупување , постои кога на службеното лице му се дава или вети подарок или друга корист , за да изврши незаконито дејствие односно да не изврши законито дејствие. Кривичното дело е сторено со самиот факт на давањето на поткупот , а ирелевантно е дали после ова службнеото лице го извршило односно не го извршило службеното дејствие. Кај неправото активно поткупување, поткупот се дава, за да примателот во рамките на неговите службени овластувања изврши дејствија што би морало да ги изврши, односно не изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Под поимот на посредување во давање на поткуп, се подразбира секоја дејност со која некое друго лице придонесува ветениот подарок или друга корист да се реализират. Тоа може да се стори со воспоставување на врска помегу давателот и примателот , пренесување порака, соопштување на услови пренесување на подарокот од давателот до примателот итн..Фактички тој дејствува како помагач или поттикнувач, но законот ги инкриминира ваквите дејствија како извршување. За делата на право активно поткупување и посредување , пропишаната казна е затвор од шест месеци до пет години , а за неправото поткупување е парична казнаили затвор до три години.
85
Сторител на ова кривично дело, како што спомнавме , може да биде секое лице . По однос на субјективниот елемент, делото е умислени.Сторителот мора да е свесен дека ветува или дава подарок односно друга корист и дека ова го чини в врска со извршување односно неизвршување на службената должност на примателите на поткупот. Во ст 3 на ова кривично дело, е пропишан посебен основ за исклучување на противправноста , за тој што делото од предходните ставови го стори ( даде поткуп), по барање на службеното лице , а делото го пријави пред да се дознае дека истото е сторено. Законот пропишува облигаторно одземање на дадениот подарок, а ако се применува одредбата од ст 3 ( за исклучување на противправноста ), истите ќе се вратат на лицето кое го дало поткупот. Од Практиката 1.Поднесено е обвинение против ВВ, за кривично дело Давање на поткуп од чл 358 ст. 1 од КЗ, затоа што : На 10. ..2000 год, во 10 часот на граничниот премин Долно Блаце, на граничниот премин на РМакедонија со СРЈ(тогашна), на службеното лицеполицаецот ВВ, му дал подарок од 50 ДМ(се опишува и противвредноста во мак. денари), ,за да во рамките на неговото службено овластување(сега со измените е доволен опис, “за да” без терминот “рамките “ )изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши-да го пропушти да ја премине државната граница за влез од Косово –СРЈ, во РМакедонија , надвор од формираниот ред на граѓани кој чекале пред граничниот премин. Ова е случај на право поткупување. 2.Поднесено е обвинение против ББ, за кривично дело Давање поткуп, од чл. 358 ст. 2 од КЗ, затоа што : На 20..., локалниот пат Катланово –Петровец, на службеното лице ВВсообраќаец во ПС на БПС-Петровец, му дал подарок од 100 ДМ(противвредност од мак денари), за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши –да ми направи алхо-тест контрола, со оглед на фактот што истиот бил под дејство на алкохол. Ова е случај на т. н. неправо поткупување
КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ПРАВОСУДСТВОТО Објект на заштита кај овие кривични дела е правосудството .Неговото непречно функционирање произлегува преде се , од неговото значање за функционирање на правна та држава. Поимот на правосудсво ги опфаќа сите дејсности што се состојат во примена на правните норми на конкретни случаи.Во потесна смисла , тоа е дејноста на судовите , судската функција, но во поширока смисла тоа е дејсноста на сите државни органи и институции кој учествуваат во остваувањетона правосудната функција ( јавното обвинителство,јавното правобранителсвво, адвокатурата, нотаријатот итн). Во остварувањето на својата функција, правосудните органи одлучуват за личните, имотните , правата од работен однос на граѓаните Во оваа насока судовите се гарант за остварувањето на овие слободи и права на
86
граѓаните..Особено треба да се истакне и заштитната функција на определени правосудни органи, во откривањето , гонењето и судењето на разните сторители на кривични дела, со кој во суштина се повредуват или загрозуват определени слободи и права на граѓаните. Правосудството е основниот инструмент, преку кој ,нормативниот поредок , заснован врз индивидуалните слободи и права, се реализира врз конкретни случаи.Зато, заштитата на правосудстото истовремено значи и заштита на човековите слободи и права. Правосудната функција како посебна функција во системот на поделба на власта не е објект на заштита само кај делата од оваа глава. Правилното и законито вршење на правосудната функција можат да бидат загрозени не само со дејствија на лица надвор од правосудството, тику и со незаконити дејствија на луѓето кој работат во правосудните институции.Службените лица во овие органи, можат со злоупотерба на својата службена положба и овластувања , да го загрозуват законитото функционирање на овие институции. Но, по правило ваквите , дејствија се инкриминирани како дела против службената положба. Во оваа глава на кривични дела инкриминирани се различни облици на напад на правосудството однадвор, дејствија на попречување или отежнување на извршувањето на правосудната функција од поединци што не се нејзини носители. По своето субјективно битие сите дела од оваа глава се умислени. Со оглед на нивната суштина , напади од надвор, само незначителен дел ,се дела каде сторителот треба да има посебно својство (Бунт на на лица лишени од слобода чл 370,Давањена лажен исказ чл 367 ) . Непријавување кривично дело или сторител, чл 364 од КЗ Сторител на ова кривично дело може да биде само службено лице, кое што свесно ќе пропушти да пријави казнено дело за кое дознало во вршењето на својата должност,ако за тоа дело може да се изрече казна затвор од пет години или потешка, а делото се гони послужбена должност. Непријавувањето се однесува на извршеното дело или сторителот на делото.По природата на нештата , оној што знае за сторителот знае и за кривичното дело , но оној што знае за сторено кривично дело не мора да го знае и сторителот.Должноста за пријавување настапува од моментот на дознавањето за сторителот или за делото . По однос на субјективната страна , одговорноста постои само при постоење свест ( знаење) за сторител на дело или извршено казниво дело.По односна сторителот , не мора да се познати сите негови генералии ( би постоело ова дело, ако сл. лице не го пријави сторителот кој имал некој особени карактеристики, куцал, а тој бил очевидец). Пропишаната казна е парична или казна затвор од една до три години. Во ст 2,со иста казна е пропишана казнување за непријавување на кривично дело, на секое лице (тој) без оглед на пропишаната казна за истото ,но само за таксативно наведени кривичните дела , (грабнување,спречување на избори и гласање,поткуп при избори и гласање,силување,трговија со дрога, дела против државата итн ) Во ст 3 е содржана одредбата , како посебен основ за исклучување на противправноста , ако сторителот на наведените дела (од ст. 1 и 2), му е брачен
87
другар,крвен сродник во права линија, брат или сестра , посвоител или посвоеник или лице со кое сторителот живее во трајана вонбрачна заедница. Лажно пријавување на кривично дело чл 366 од КЗ Кај ова казниво дело , објектот на заштита во суштина е двостран.Најпрво тоа е правилното финкционирање на правосудството , во смисла на негово попрешување или усмерување на неговите активности и надлежности во погрешна насока.Од друга страна , со него се загрозуват и слободите и правта. честа и угледот на лицата , кој се јавуват како оштетени со некој од пропишаните инкриминирани дејствија. Во ст, 1, пропишано е казнување за тој што пријави друг , како сторител на казниво дело, за кое гонењето се превзема по службена должност, а знае дека тоа лице не е сторител на вакво дело. Во формална смисла, поред ЗКП не е пропишана посебна форма на поднесување на кривична пријава.Таа може да се поднесе усмено, писмено, електронски.Меѓутоа, во практиката кај надлежните органи до кој се поднесува кривична пријава(најчесто МВР и Јавниот обвинител), постои практика,пријавителот да се предупреди , дека лажното пријавување претстваува кривично дело.Секако ова се однесувана случаите, кога пријавителот се идентификува, и на записник пред надлежниот орган пријавни кривично дело. Пријавувањето се однесува на точно опредлена личност, како сторител на кривично дело, за кое гонењето се превзема по службена должност.Во оваа сосла и не би постоело ова казниво дело, ако пријавата не се однесува на точно опредлено лице. За постоење на ова казниво дело, кај сторителот треба да постои свест, дека лицето што го пријавува , не е сторител на кривично дело, а сепак го пријавива како такво(директна умисла). Пропишаната казна е затвор од три месеци до три години. Во ст. 2, е пропишано казнување, за подметнување на треги или предмети од кривично дело, или било кој друг начин , да се предизвика поведување на кривична постапка , за кривично дело за кое гонењето се превзема по службена должност, а при тоа сторителот да знае дека тоа лице не го сторило ваквото казниво дело. Под пимот на подметнување на траги , вообичаено е подразбира пренесување на трагите од стореното дело, од вистинското место каде се случил кривичноправниот настан , на место каде што истите се пренесени, кое би упатувло на сомненија, дека сторител на делото е , лажно пријавеното лице. Подметнување на предмети на кривично дело, би значело активности на сторителот на ова дело, во насока на ставање на предмети од кривично дело, во близина (двор, куќа, или други проссториии), на лицето кое лажно се пријавува , како сторител на вакво дело. Во ст. 3, е пропишано, самопријавувањето за кривично дело, за кое гонењето се превзема по службена должност. Мотивите за ова , би можеле да бидат различни.Тоа може да биде најпрво од емотивни причини( да се преземе кривична одговорност од дете, сопруга, брат, сестра)или од користољубие( за примање на опеделена награда за ова од вистинскиот сторител).
88
Пропишаната казна за овој облик на казниво дело е парична или затвор до три месеци. Во ст. 4, е пропишано казнување за лисето кое ке пријави само дека е сторено кривично дело, за кое гонењето се превзема по службена должност, а знае дека вакво дело воопшто не е сторено.(пријави кражба во неговата куќа од непознат сторител, пријави дека е нападнат од непознато лице и тешко телесно повредено, а тој самиот паднал по скалите итн). Од Практиката 1.Поднесено е обвинение против Б.Н. за кривично дело Лажно пријавување кривично дело од чл.366 ст. 1 од КЗ, затоа што : На 14. ...., во СВР С.на записник за примена кривична пријава бр..... , кој своерачно го потпишал , пред службеното лице-полицаец ВВ, пријавил дека лицето КК, на ден ...., со намера за себе да прибави противправна имотна корист од неговата куќа на ул ,,, во С, му одзело едно ќесе во кое имало 190. 000 денари, со што да сторило кривично кривично дело Кражба од чл 235 ст 1од КЗ, кое се гони по службена должност, иако знаело дека истото го нема сторено ова кривично дело. 2..Поднесено е обвинение против ВВ, за кривично дело Лажно пријавување на кривично дело од чл 366 ст.4 од КЗ, затоа што : На 29...., на записник за примена кривична пријава во Полициската станица,во П, пријавил и своерачно потпишал, пред полицаецот ВВ, дека на 29..., во неговата куќа во с. Р, од непознато лице од една од собите од регалот му се одземени 4000 евра, со што да е сторено кривично дело Кражба, од чл 235 ст. 1 од КЗ, за кое гонењето се превзема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено. Давање лажен исказ чл 367од КЗ Од посебно значање за правилното и законито вршење на правосудната функција е донесените одлуки да бидат засновани на правилно и целосно утврдена фактичка сосотојба.Во ситемот на доказите денес посебно место заземат персоналните докази. Основно обележлжје на предметното кривично дело е лажноста на исказот.За ова постојата две теории : објективна и субјективна, Според објективната теориа, еден исказ се смета дека е лажен, кога тој е во спротивност со објективната реалност.Додека пак, истиот субјективно е лажен, , кога е во спротивност со претствата, убедувањето на оној кој што го дава исказот. Сторител на делотоод ст 1 , е сведок, вештак, преведувач или толкувач , кој пред суд или во управана прекршочна или дисциплинска постапка ќе даде лажен исказ. Давањето на исказот како дејствие на сторување се состои во исказ во посебна форма.Овој општ поим опфаќа исказ на сведок,наод и мислење на вешто лице,превод на преведувач или толкување на некоја изјава на толкувач. Исказот треба да се однесува на факти што се од значање за одлуката, за она што е предмет на докажување.Нема да постои делото ако се изнесуват невистинити податоци што воопшто не се предмет на утврдување во постапката.(дава лажни лични податоци).
89
Содржината на исказот е секогаш определено фактичко тврдење , определени факти или непостоење на факти , а не изнесување на сопствено мислење. Исказот треба да е даден во постапка, пред суд, во управна , прекршочна или дисциплинска постапка . Делото е конструирано као формален деликт,тоа постои и кога ваквиот исказ немал влијание врз донесената одлука. Исказот треба да е лажен , да е во спротивност со објективната стварност, кога се состои во тврдење дека не постои некој факт, кој всушност постои. Во текот на постапката, особено на нејзиниот почеток, вообичаено не е позната објективната вистина., впрочем постапката се води за да се утврди истата.Поради ова,исказот на некое лице од процесен аспект ќе се смета за лажен дури откако со помош на некој друг или повеќе други неспорни докази ,ќе се утврди постоењето или непостоењето на фактите. Ова дело нема да постои кога сведокот е ослободен од должноста на одговарање на определени прашања. Од субјективен аспект, сторителот треба да е свесен дека неговиот исказ е лажен .Во објективна смисла сторителот треба да е свесен дека она што го изнел е во спротивност со вистинската состојба на нештата. Пропишаната казна е парична или затвор до три месеци. Во ст, 2 , посебно е пропишано казнување на странките во постапката,кога при изведување на доказ , на сослушување на странките( во граѓанската и управната постапка) ќе дадат лаже исказ и врз него е заснована одлуката донесена во таа постапка.Инаку по правило странките не одговарат за тврдењето во тужбата или жалбата.Овде е инкриминирано само користењето на исказот на странката како доказ во постапката и за разлика од основниот облик на делот, врз овој исказ да е заснована одлуката во таа постапка. Посебно , со казана од три месеци до пет години се казнува давањето на лажен исказ во кривичната постапка, Посебно како квалифициран облик се казнува и ако поради лажниот исказ во кривичната постапка настапиле особено тешки последици за обвинетиот.. Пропишан е посебен основ за ослободување од казна, доколку сторителот доброволно го отповикал својот исказ пред да се донесе правосилна одлука. Од практиката Поднесено е обвинение против П.М, за кривично дело Давање на лажен исказ од чл.367 ст 2 од КЗ, , затоа што : На ..., како странка во управна постапка, пред МВР С, дал лажен исказ , така што иако знаел дека неговата македонска возачка дозвола со рег. Бр ...., ја приложил пред надлежен орган во РБугарија за да истата му биде заменета со возачка дозвола од оваа држава, дал лажен исказ дека домашната дозвола му е изгубена, па врз основа на оваа негова изјава , СВР С, му издала дупликат возачка дозвола со истиот регистарски број на наводно изгубената домашна возачка дозвола. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ПРАВНИОТ СООБРАЌАЈ Правниот сообраќај како објект на заштита кај оваа група на кривични дела е синоним за циркулација на исправаите.
90
Под поимот на исправа во казнено-правна смисла ( чл 122 т. 11 ), се подразбират сите предмети што се подобни или определени да служат како доказ на некој факт што има вредност за правните односи.Јавна исправа е исправа издадена од надлежен орган , организација или лице кое врши работи од јавен интерес врз основа на закон или друг пропис заснован на закон. Исправите имат големо значање во општествено –економските односи.Нивна основна функција е користење како доказ за правно релевантни факти.Со нив се потврдува определана статусна сосотојба ,од која зависи користењето на определени права, постоењето на право , правен однос итн. Исправите , можат да ја имат оваа значајна улога за правните , економските и сите други свери каде се користат за утврдување на правно релевантни факти, само ако се веродостојни –вистинити Од овие причини, казнено-правната заштита на сигурноста на правниот сообраќај , својата основна содржина ја има во заштита на веродостојноста на исправите, која може да биде повредена со правење и употреба на лажни исправи или правење и употреба на вистински исправи со невистинита содржина.
Фалсификување исправа чл 378 од КЗ Сигурноста на правниот сообраќај може да биде загрозена со појава на лажни или преправени исправи, како и со нивна употреба . Во оваа смисла,се прави разлика помеѓу материјален и интелектуален фалсификат. Метеријалниот фалсификат е отсуство на автентичноста на исправата, односно правење лажна исправа, која не потекнува од лицето кое на неа е означено како издавач. Интелектуалниот фалсификат , значи дека исправата е автентична но во истата невистините е нејзината содржина .( Издавање на невистинито лекарско или ветеринарсно уверени. Истите се издадени од лекар или ветеринар, но содржат невистинити податоци, во нивната содржина, лицето или стоката реално се болни, а во лекарското се тврди дека се здрави). Во ставот еден се содржани следните алтернативни дејствија на сторување: правење лажна исправа,преправање вистинска исправа и употреба на лажната односно преправената исправа. Првиот облик на дејствие е правење лажна исправа со намера да се употреби како вистините. Лажна е онаа исправа што содржи изјава на некое лице коешто воопшто не постои или изјава што му се препишува на лице кое што не ја дало.Во оваа смисла , лажна исправа е онаа исправа на која потписот на издавачот е лажен , без оглед на нејзината содржина.( потврда издадено од лице кое воопшто ја нема издадено) Второто дејстие на преправање на вистинитата исправа ,постои кога со намера да се употреби како вистинита, се врши фалсификување на текстот на изјавата,со бришење, поправање, менување , додавање нови знаци цифри итн., но истата потекнува од лицето кое на истата е означено , како издавач. ( потврдата ја издало лицето кое што е означено како издавач, но не на тој паричен износ) Третиот облик на дејстие е употребата како вистинска ,на лажна или преправена исправа , што ја направил односно преправаил некој друг.Истата мора да е
91
употребена за докажување на правно релевантен факт, а лицето кое ја упоребило мора да знае дека истата е лажна односно преправена. За ова кривично дело се казнува и обидот. Пропишаната казна е парична или затвор до три години. За ова кривично дело е казнив и обидот. Во ст 3, како квалифициран облик на основното дело се казнува ако делото е сторено во поглед на јавна исправа, тестамент, меница, чек, јаван или службена кника или друга книга што мора да се води врз основа на закон. Од практиката 1.Поднесено е обвинение , против В.С., за кривично дело Фалсификување исправа од чл. 378 ст. 1 од КЗ, затоа што : На 24....2004 год, како дистрибитер на пијалоци во фирмата ББ со седиште во Ф, со намера да ги употреби какао вистинити, соствавил 27 исправииспратници, и тоа бр................, во кој внел невистинити податоци, дека извршил достава на вкупно 68 гајби со сок ......, иако знаел дека ваква достава на сок на наведените правни и физички лица , не извршил. 2.Поднесено е обвинение , против С.J за кривично дело Фалсификување исправа од чл.378 ст. 3 в.в. со ст. 1, затоа што : Во 2008 на ..... год при сообраќална контрола од страна на овластени службени лица на СВР –Струмица, употреби како вистинита јавна исправа – регистарска табличка , на начи што на ПМВ марка Лада , со сообраѓајната дозвола бр....., издадена од СВР .., и регистарски таблички СР-761-БЦ, кој важела до 24. 03.2002 год, монтирал регистарски таблички со ознака СР-475 АЛ, кој припаѓале на ПМВ, Застава 1300, сопственост на ЛК; , КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД Во поширока смисла поимот на јавен ред се поистоветува со поредокот, општествен и правен , а во потесна смисла со општата сигурност на граѓаните , чувстото на мир и сигурност на поединечните и заедничките добра. Меѓутоа, кривичните дела во оваа глава ,не треба да се набљудуват како хомогена група во смисла на единствен објект на заштита. Тие претставуваат еден конгломерат од повеќе подгрупи концентрирани околу поблиски заеднички објекти на заштита. Кај делата против јавниот ред и мир , издоени посебно ,објектот на заштита вообичаено се дефинира како состојба на непречено функционирање на правниот поредок и постоење на правна сигурност и лична безбедност на граѓаните. Овие дела се мошне блиски на делата на загрозување на сигурноста, со таа разлика што , овде сигурноста и јавниот ред се заштитувата на една поширока основа.Исто така како посебан компактна група се делата во врска со религијата , што за објект на заштита ги имат востановените односи помеѓу државата и црквата.(Спречување на верски обред чл 399, Сквернавење на гроб, чл 400 , Сквернанење на умрен чл 401 ). Овие дела како целина го потенцират фактот дека тие претставуватаат атак на мирот и сигурноста,непречното живеење. Од овие причини многу дела од оваа глава се поврзани со други кривични дела . Во оваа глава на кривични дела со измените на КЗ, од 2008 година , воведени се нови инкриминации.После чл 394 , кривичното дело Злосторничко здружение востановена е нова инкриминација чл 394-а Теротистичка организација.Потоа
92
се додадени два нови члена 394-б Тероризам и чл 394 –в Финансирање на тероризам . Посе чл 396 ,кривично дело Недозволено изработување , држење и тргување со оружје или распрснувачки материи се додава нов член 396-а, кој се однесува на казнување за изработување на фалсификување на ознаки за огнено оружје,делови и компоненти на огнено оружје и муниција. Спречување на службено лице во вршење на службено дејствие ,чл 382 од КЗ Во извршувањето на своите службени должности службените лица , превземата одредни дејствија, чија содржина е во извршување на одлуки на разни државани органи,заштита на интересите на поединецот,чување на јавниот ред и мир, фаќање на сторители на кривични дела итн. Основното кривично дело се состои во употреба на сила или сериозна закана врз службено лице додека истото врши службено дејствие или ќе го присили на вршење на службено дејствие. Употребата на сила значи активно дејство на тој што ја врши принудата. Сторителот на делото насилно го одалечува службеното лице од определено место, го спречува да влезе во одреден објект или просторија, му го одзема оружјето итн.Делото се сторува со чинење. Заканта исто така е еден од облиците на дејствија , но не секоја , само онаа која е сериозна и со која се става во изглед на службеното лице за употреба на сила. Поврзаноста на употребата на сила и сериозната закана е во врска со службеното дејстие, Ова дело може да се стори од моментот на започнување на вршењето на службеното дејствие , се додека истото се врши., значи истовремено со службеното дејствие. Службеното дејствие трба да е превземано во рамките на службените овластувања.на службеното лице.(така нема да постои ова дело , ако службеното лице се спречува во вршење на дејствија кој се надвор од неговата службена должност). Последица на делото е спречување на службеното лице во вршењето службено дејствие, што значи целосно или делумно оневозможување на службеното лице во извршувањетона службено дејствие. Делото е умислено, сторителот треба да е свесен дека се спротивставува на извршување на службено дејствие.или присилува службено лице на вршење на службено дејствие. Пропишанаказна е паричан или затвор до три години. Потежок облик ,со казна од три месеци до три години , е ако сторителот при извршувањето на делото го навредил или малтретирал службеното лице или му задал телесни повреди или ме се заканува со употреба на оружје. Посебен облик, со пропишана казна затвор од шест месеци до пет години е ако делото , е извршено спрема службено лице или лице кое му помага на истото при вршење на работи на јавната безбедност или заштита на уставниот поредок на РМ,на дејствија на спречување или откривање кривично дело,фаќање на сторител на кривично дело,чување на јавниот ред и мир или чување на лице лишено од слобода Посебен привелигиран облик на делото ,за кое е пропишана можноста за ослободување од казна , е доколку сторителот на овие дела бил предизвикан од службеното лице или лицето кое му помага со грубо или незаконито постапување.
93
Од Практиката Поднесено е обвинение за кривично дело Спречување службено лице во вршење на службено дејствие од чл.382 ст2 в.в. со ст 1 од КЗ, затоа што : На 17......, обвинетиот управувајки патничко возило на ул .... во Р..., ги спречил службените лица во вршење на службено дејствие, со сериозна закана врз животото и телото и навреда, на начин што кога од страна на овластените службени лица В.К. и В.Г.-полицајци во МВР .., со давање на знак со светлечка “стоп “палка , сакале да го запрат возилото заради контрола, тој не застанал со возилото и продолжил да се движи. Поради ова овластените службени лица со службеното возило тргнале по него и го престигнале на ул, ......Кога го запреле му побарале докумени за возилото , а тој почнал да ги навредува со зборовите, “што барате бе пич.... ви мајчина, ќе ми се фатите за к..., две коли ми зедовте , оваа нема да ви ја дадам,” а кога сакал да поберне и бил спречен во тоа од полицаецот Б.К., зел еден камен и фрлил према нив, но не ги погодил. Насилство, чл 386 од КЗ Со оваа инкриминација во голем дел е покриено силеџиското однесување.Тоа е една доминантна црта на личноста,изразена во агресивно секојдневно однесување . Дејстието на сторување е определено низ неколку алтернативни облици на грубо навредување, малтретирање, загрозување на сигурноста или вршење на грубо насилство. Грубото навредување е секој облик на напад врз честа и угледот ,кое предизвикува чувство на негодување кај граѓаните. Поимот на малтеретирање веќе е објаснет, кај кривичните дела против слободите и правата ( како предизвикува физичка и психичка болка - нелагодно чувство , кое не прераснува во телесна повреда). Вршењето на насилство се состои во примената на физичка или психичка сила што жртвата го чуствува како терор. Последица на делото е предизвикување на чуство на несигурност, загрозување или страв во јавноста.Делото се врши по правило на јавно место , но не е исклучено истото да е извршено и во стан , Ова последица е исполнета , со предизвикување на ваква несигурост не само кај присутните луѓе, туку воопшто во јавноста , по дознавањето за начинот на кој е сторено ова дело Делото е умислено, сторителот е свесен дека некој грубо навредува , малтретира итн, и со тоа предизвикува чуство на загрозеност и страв во јавноста. Пропишаната казна е затвор од три месеци до три години Потежок облик на делото, кој се казнува со казна од шест месеци до пет год. е доколку истото е извршено од две или повеќе лица или насилството е извршено над повеќе лица или сторителот телесно повредил друг. ( со патнички возила, носејќи со себе безбол палки три лица ,влегуват во дворот на оштетениот , кршат се пред себе-саксии , столови , ограда, и го претепуват лицето во присуство на членовите на неговото семејство). Од практиката Поднесено е обвинение против А.М., за кривично дело Нсилство од чл .386 ст.2 в.в. со ст. 1 од КЗ, затоа што : На 2.01....., во 01 часот, во куќата сопственост на В,Б; на ул ... во Б., каде што малолетните лица-деца, ја прославувале Новата година и по тој повод фрлале
94
петарди, извршил грубо насилство на повеќе граѓани и тоа децата, А.Т, М.Д., М.Г.,и И.Ј.., на тој начин што го зел неговиот пиштол марка ..., калибара ..., со фабрички број ..., влегол во куќата и замавнал да го удри детете А., а потоа му го вперил пиштолот на стомакот од детето, , потоа пиштолот го вперил во градите на детето М, , потоа истиот го вперил и во пределот на левата рака на детететоМ.Г,а со кундакот од пиштолот го удрил по десната рака малолетниот И.Ј, при што им ги упатил зборовите “ајде сега да се пукаме” ,со што во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Злосторничко здружување чл 394 од КЗ Оваа инкриминација , преставува посебна инкриминација, поради тоа што се казнува самото подготвиелно дејствие .Ова поради посебната опасност од самото здружување, со цел да се вршат кривични дела.Истото има самостојна природа во однос на извршувањето на делата кој биле опфатени со планот на здружението.Организаторот и членовите на здружението одговарат за ова кривично дело и кога ќе дојде до извршување на некое од планираните дела. Извршувањето на некое од делата што е опфатено со планот на здружението не ја исклучува, за разлика од Договорот за извршување казниво дело(чл.393 од КЗ),одговорноста и за , не постои привиден, туку вистински стек меѓу создавањето злосторничко здружение и извршените дела.Организаторот и припадниците на здружението одговарат за ова дело и покрај нивната одговорност за извршените дела, опфатени со планот на здружението, во кои самите учествувале како извршители или соучесници. Се казнува создавањето на група или банда што има за цел вршење на кривични дела за кој може да се изрече казна затвор од три години и потешка. Под поимот на создавање група или банда ,се подразбира , обезбедување на организациони или материјални претпоставки за реализирање на планот, набавување на средства за дејствување на групата , обука на членовите на групата или бандата итн.Поимот група, опфаќа повеќе од тројца.Бандата пак е поцврста организациона група, со постоење на внатарешни правила за меѓусебните односи, што има за цел вршење на повеќе неопределени дела. Цел на здружението е вршење на казниви дела за кој може да се изрече казна затвор од три години и потешека.Планот се исцрпува со определувањето на видот на кривичните дела кој треба да се сторат, а бројот на делата може да биде определен или неопределен. Делото е довршено со самото создавање на групата.Нужно е организирањето и пристапување на членови кон групата и тоа најмалку уште два , освен организаторот. Во ст 2 од ова кривично дело, се казнува припадникот на групата односно бандата, кој пристапил кон истата со намера да се реализира нејзиниот план. Организаторот се казнува со казна затвор од една до пет години,а припадникот од три месецидо три години. Како посебен квалифициран облик на ова дело се казнува,создавање на група или банда, како и припадникот на истата , која има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од најмалку осум години.
95
Во ст 5 , пропишан е посебен основ, за ослободување од казна за припадникот на групата или бандата , кој ќе ја открие групата или бандата , пред да стори некое дело во нејзиниот состав. Од практиката Основното обвинителство за гонење на сторителите на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата, има поднесено обвинение , против Д.С, Г.Г, Д.Г и МФ, за кривино дело Злосторничко здружување од чл 394 ст 1,од КЗ, а за обвинетите Б,Д и К.Г.за кривично дело Злострничко здружување од чл.394 ст. 2 од КЗ, затоа што : Во текот на 2010 год, во Скопје, Првообвинетиот како организатор на дејствијата опишани под т.2, а заедно со второобвинетиот како организатори на дејствијата опишани во т. 3, заедно со трето и четвртообвинетиот, кој го прифатиле злосторничкиот план, создале група чиј припадници биле четврто и пето обвинетите,со цел вршење на продолжени кривични дела :Изнуда од чл 258 ст. 2 од КЗ, Грабнување од чл.141 ст. 2 в.в. со ст. 1 и Злоупотреба на службенат положба од чл. 353 ст. 2 в.в со ст. 1, како помагачи , за кој може да се изрече казна затвор или потешка , со намера да прибавата противправна имотна корист, за групата, на начин што 1.Првообвинетиот со оштетениот С.Т, а второобвинетиот со сопругот на оштетената Е, М.С. стапиле во должничко доверителски однос , а потоа континуирано им вршеле присилба, со употреба на сила и закана преку непосредни средби и по телефон, а потоа и со употреба на огнено оружје и испукување кон домовите во кој живееле оштетените, и со запаливи средстав предизвикувале пожари во истите, а четвртообвинетиот како припадник на групата, ја искористило својата службена положба, како полициски службеник, на начин што спротивно на начелата на чување на службена тајна , доставувал до групата доверливи информации, за активностите и превземените службени дејствија заради откривање и фаќање на групата од страна на надлежните полициски органи, а заради одбегнување на нивната кривична одговорност, со што потешко ги повредил правта на оштетените, 2.Трето и четврто обвинетиот, превзеле дејствија на подметнување на пожар со поливање со бензин и други запалливи средства на оштетените, со што е причинета материјална штетета за двете оштеттени семејста, а потоа со опасно орудие го нападнале оштетениот С.Т.нанесувајки му телесни повреди, во кој дејствија биле раководени од второобвинетиот Г.Г 3.Второобвинетиот Г.Г.извршил грабнување на оштетената Е.С и нејзиното малолетно дете –син, , со намера да го присилат нејзиниот сопруг, односно татако М.С, да исплати сума на пари што наводно ги должи на групата, при што петообвинетата, со умисла превзела дејствија на помагање во грабнувањето со ставање на средства-нејзиниот стан, за криење на грабнатите лица. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЧОВЕЧНОСТА И МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО Во оваа глава на кривични дела, опфатени се крвичните дела, кој опфаќат поведенија со кој се загрозуват или напаѓат универзални човечки слободи и права и вредости од заеднички интерес за целото човештво,Затоа ,овие кривични дела се нарекуват меѓународни кривични дела.
96
Заедничка карактеристика на сите овие дела е тоа што сите тие претставуват повреда на правилата на меѓународното право и тоа во прв ред на меѓународното воено и хуманитарно право.Како последицана на нехуманото постапување во текот на светските војни и вооружените судири,се јавуват тенденции најпрво во рамките на пооделни држави , а после и на меѓународен план , да се забранат и санкционират нехуманите постапувања спрема учесниците во судирот,како и со цивилното население.Така меѓу најзначајните конвенции од областа на военото хуманитарно право( пред Втората светска војна) се Женевските конвенции за подобрување на судбината на ранетите на копно(1864) , Петровградската конвенција за забрана за употреба на одредени видови на проектили за време на воја ( 1868) и др. После Втората светска воја , донесени се низа на конвенции и меѓународни акти, со кој се предвидува обврска за санкционирање на тешките повреди на меѓународното хуманитарно право.Така , позначајни се Женевские конвенции за хуманизација на војаната , односно заштита на жртвите од војана, со двата дополнителни Протоколи ( 1948), Конвенцијата за незастареност на воените злосторства и злосторствата , против човештвото (1968), Конвенција за спречување и казнување на геноцит( 1948) итн По Втората светска воја, во правец на развојот на меѓународното казнено право, со усвојувањето на Лондонската спогодба , беше формиран Статутот на Меѓународниот воен суд , надлежен да им суди на на големите воени злосторници чија дејност не можеше да се локализира во границите на едена држава.Со Нирнбершката пресуда од 1946 год, беше напишан епилогот на една од најморничавите страници на човековата историја . Оваа пресуда ги утврди и некој од основните начела на меѓународното казнено право.Организаторите , водачите и соучесниците во злосторничките здруженија ,одговарат за сите дела што се извршени од било кој член на здружението, во реализација на планот во чие составување и реализирање тие учествувале.Организации, групи, странки или влади чии раководители се прогласени за воени злосторници исто така се сметат за злосторнички , со што сите претставници на истите можат да бидат изведени пред суд.Наредбата на претпоставениот не го ослободува од одговорност извршитело, а евентуално може да биде земена како олснителна околност. итн. По многуте злосторстава што го следеа распадот на поранешната СФРЈ,дојде до реформирање на правците на развојот на меѓународното казнено право со основањето на Хашкиот суд за воени злосторства за поранешна Југолславија.Се работи за прв формиран суд од страна на меѓународната заедница со привремен карактер.Од посебно значање е надлежностана овој суд, по принципот на конкурентна надлежност со националните судови, по однос на меѓународните злосторства. По подолги подготовки, од страна на ООН во 1998 во Рим е усвоен Римскиот Статут на постојаниот Меѓународен кривичен суд.Тој е основан како постојан казнен суд со седиште во Хаг,надлежен да им суди на сторителите на најтешки меѓународни злосторства ,содржани во овој Статут.Судот има меѓународен – правен субјектвивитет и ги врши своите надлежности на територијата на сите држави членки на ООН. Објект на заштита кај делата од оваа глава се определени човечки и општо цивилизациски вредности, што се национални но истовремено и меѓународни.Во преден план се ставени човечките вредности, како што е правото на живот , почитување на човековото достоинство итн
97
Сите дела , се класифицират во неколку групи : дела против мирот,дела на меѓународен тероризам,дела против човечноста, воени злосторства и дела на повреда на други признати човекови права. Делата против мирот се насочени против основните на прогресивниот развиток на светот,а несомнено тоа е мирот.Во светот не постои истоветна дефиниција , што се подразбира под поимот агресивна војна . Во нашто казнено право постои кривично дело Поттикнување на агресиван војна во чл 415. Меѓународниот тероризам се уште до крај не е изведен како поим.Под истиот се подразбират главно акти на поединечен ,индивидуален тероризам со странаски елемент, како и терористички акти од страна на една држава врз друга. Делата против човечноста се определуват како напади врз основите на постоењето на прогресивниот развиток на народите и во нив влегуваат : агресија,воени злосторства( против воените закони и обичаи )и дела против физичкото опстојување на народите ( геноцид ). Во делата против меѓународното право,влегуваат делата предвидени во меѓународни конвенции како повреди на определени човекови вредности, кренати на ранг на меѓународно признати вредност.Така , овде се делата употреба на недозволени средства во борба ( чл 407),уништување на културни споменици ( чл 414 ),Противправно одземање предмати од убиени и ранети на боиштето ( чл 410 ) итн. Поголем број на овие инкриминации се од бланкетна природа. Како вакви прописи се јавуват меѓународните конвенции, па законските дејствија на кривичните дела мора да се сообразуват со оваа многу динамична материја. Како друга особена карактеристика на овие кривични дела, поточно за кривичните дела –геноцид и воени злосторства,извршителскиот круг е определен на оној што непосредно ги врши актите содржани во законскиот опис на дејствието , така и оној што го наредува нивното извршување. Во чл 112 од КЗ е пропишана незастареност за казнено гонење и на извршувањето на казната за делата геноцит и воени злосторства. Со измените на КЗ , кој стапија на прва снага во почетокот на 2008 год, во оваа глава на крвични дела, пропишани се определени новини.Така изменет е чл 418 , кој е законско битиена кривичното дело Трговија со луѓе,и воведена е нова инкриминациај Трговија со малолетнолице во чл 418 –г. Геноцид чл 403 од КЗ Суровоста, свирепоста и безобзирноста што фашизмот ги покажа во истребубвањето на одредени социјални групи и припадници на определени народи,даде силе поттик да дојде на конструирањена делото геноцид и до негово признавање како злосторство на меѓународното право Ова е дело на целосно или делимно уништувањена национална, етичка , расна или верска група. Терминот доага од зборовите genos –раса , род, плема, и occidere- убива.Во суштина ова дело значи убиство односно уништување на цела човечка група. Објектна заштитае правотоа опстанок , на физичка егзистенција и услови за постоење и развитик на национална,етничка , расна или верска група. Ова дело го опфаќа физичкиот, биолошкиот геноцид, како и културен геноцидприсилно преселување на деца во други групи. Делото се состои во точно определени дејствија (убивање или тешки повреди на телото или тешко нарушување на физичкото или душевното здравје, присилно
98
раселување, или ставање на групата во такви животни услови што доведуват до потполно или делумно нејзино истребување, примена на мерки со кој се спречува раѓање или присилно преселување на деца во друга група)што се преземат со намера потполно (наполно) или делумно да се уништи некоја национална,етничка, расна или верска група. Значи, покрај умислата кај сторителот е потребна и посебна намера.( за целосно или делумно уништување на национална , атничка , расна или верска група). Извршител на делото , е како оној што непосредно врши дејствија на сторување опредлени во законското битие, така и оној кој наредува, што го организира, планира, раководи тоа. За овие дела е пропишана казна затвор најмалку десет години или доживотен затвор. Воени злосторства чл 404-405 и406 од КЗ Меѓународната основа на овие инкриминации се во четирите Женевски конвенции за хуманизацијана војната од 1949 год.Со ове конвенции ,како тешки дела се предвидени повеќе облицина напад врз определени заштитени категории на лица,цивилно население,ранети и болни, воени заробеници и санитетски персонал. Сите дела се карактеризират со сложени битија и комплексни описи на дејствија на сторување( напад на цивилно население,на населби и лица несподобни за борба, убивање на ранети и болни, убиства,мачења, биолошки ,медицински или други научни експерименти,земање органи заради трансплантација,повреда на телесниот имтегритет,да се присилуват на служба во вооруженит сили на непријателот, да се лишат од правото на правично и непристрасно судење итн ) Извршител е оној кој наредува , така и оној што самиот непосредно ги извршува делата..Делата се вршат со кршење на правилатана меѓународното право, кој ги обврзуват активните учеснициво војна или вооружени судири.Како активни учесници се појавуват лицата што се во служба на една од завојуваните страни. Воените злосторства се во три инкриминации : Воени злосторства против цивилното население, Воени злосторства против ранети и болни и Воени злосторста против воени заробеници. Во поширока смисла како воени злосторста се сметат и кривичните дела : Употреба на недозволени средства за борба ,Противправно убивањеи ранување непријателитн. Трговија со луѓе чл 418 -а Меѓународна основа за ова инкриминација претставува Конвенцијатана ООН против транаснационалниот организиран криминал и нејзиниот доплнителен Протокол за превенција , сузбивање и казнување на трговијата со лица, особено жени и деца. Ова инкриминација со измените на КЗ од 2008 година има измни и дополнување. Дејствијата на сторување се алтернативно определени, како со употреба на сила и сериозна закана доведување во заблуда или со друга присилба, грабнување измама или со злоупотерба на состојбата на немоќ или физичка или ментална неспособност, или со давање на пари заради добивање на согласност се првезува , пренесува, купува , продава засолнува прифаќа лице заради
99
експлотација по пат на проституција или други форми на сексуална експлотација, порнографија, слугување , ропство, присилни бракови, присилно присвојување или недопуштено пресадување делови од човечкото дело. Пропишаната казна е затвор од најмалку четири години. Како посебен облик на делото се казнува одземањето или уништувањето на лични документи на лицето ( пасош , лична карта),како и друѓи туѓи идентификациони исправи, заради вршење на делото од ст.1.Честопати во практиката, по правило овие лица , кој се жртви на ваквите кривични дела користат туѓи идентификациони документи, од кој причини и ваквото дејствие е пропишано како посебен облик на сторување на овој облик на кривичното дело. Во ставот 3, пропишано е казнување на лицата” корисници “, на сексуални услуги од лицата , кој се жртви на делото од ставот 1.Така што , освен умисениот облик-за кој знаел, се казнува и небрежноста –бил должен да знае, дека овие лица се жртва на трговија со луѓе. Како посебен квалифициран облик , на ситед ела сторени од ставовите 1, 2 и 3, се казнува службено лице, ако овие дела ги стори во вршењето на службата. Пропишаната казна за овој облик на делото е затвор од најмалку осум години. За ова кривично дело е пропишано казнување и за правното лице. Во посебен став 5, е пропишано дека, согласноста на жртвата на трговија со луѓе, заради експлотација на сите пропишани облици во ставот еден од овој член, е ирелевантно, за постоење на законските обележја на ова дело. Во ст. 6, е проопишано казнување за ова кривично дело и на правни лица. Во ст. 7, се пропишува задолжително одземање на недвижностите искористени за извршување на ова кривично дело, како и искористените превозни средства . Со најновите измени на КЗ( 2008), воведеное посебно кривично дело Трговија со малолетно лице чл 418-г , каде сите предходни казниви дејствија се , како дејствија на сторување, кога жртва на трговијата со луѓе е малолетно лице.За оваа инкриминација, пропишани се и построги казни. Од Практиката Основното обвинителство за гонење на сторителите на кривични дела од областа на организираниот криминалитет и корупција, поднело обвинение , против К.Б.Ц, за кривично дело Трговија со луѓе од чл. 418-а ст. 1 од КЗ, затоа што : На 3.03. 2011 во О, обвинетата која е државјанка на РБугарија, , ја примила во својот стан во кој живее на ул .... во О, РМакедонија,Оштетената Х. М од Б......, Р Бугарија, заради експлоатација по пат на проституција на начин што, лицето ВВ; кој е роднина на обвинетата во договор со обвинетата, ја довело во заблуда оштетената дека заедно од Г... ќе одата на гости во О.... , во посета на обвинетата, која ја примила оштетената во нејзиниот стан и спротивно на нејзината волја ја наведувала да дава сексуални услуги , за што обвинетата од корисниците на сексуалните услуги наплаќала по 4000 дена, па на ваков начин ноќта на 3 и 4. 03 2011 , оштетната заедно со уште три други девојки со странско државјанство, биле претставени пред НН, машки лица, кој дошле на повик на обвинетата заради користење на сексуални услуги, а оштетената Х, не сакала , па обвинетата и рекла да оди во спалната подавајќи и презерватив, каде оштетената имала сексуални услуги со едно од НН лицата.Потоа во станот дошле уште две НН машки лица, заради сексуални услуги, а оштетената Х. се противела, па обвинетата ја врбувала да замине со нив во еден апартман во градот, каде имала сексуални односи со овие лица.Откакао оштетената се вратила, обвинетата и кажала дека има и
100
друг , клиент со кого требало да отиде во хотелот КК;во О., каде оштеетната и со ова лице имала сексуален однос.Потоа на 4. 03. 2011, оштетената , ја молела обвинетата да ја пушти ,а таа се противела на тоа и се заканувала, дека ако побегне ќе и го уништи целото семејство во Р Бугарија, а потоа и физички ја нападнала удирајќи ја со дрваена палка по целото тело, нанесувајки и повеќе телесни повреди изразени како крвни подливи на десната надлактица и главата,како и потрес на мозокот .Во попладневните часови, кога оштетената отишла во градот, заедно со обвинетата и свидеталката П, , оштетената насилно се отргнала од обвинетата и потрчала кон едно такси возило, со кое отишла во полиција и го пријавила случајот.
Користена литература : В. Камбовски, Казнено право –посебен дел,Просветно дело, Скопје 2003 Казнено –правната реформа пред предизвиците на 21-от век, Скопје, 2002, Коментара на кривичниот законик на РМакаедонија, Матица, Скопје, 2011, Љ.Лазаревиќ,Кривично право-посебен дел,Савремена администрација, Белград , 1983 Ф.Бачиќ,Кривично право-посебен дел, скопје , 1973, М.Бабиќ и И.Марковиќ, Кривично право-посебен дел,Бања Лука,2007, Ј.Таховиќ,Кривично право-посебен дел, Белград, Г.Кајзер, Криминологија, Александрија Скопје, „1995, Т. Витларов, Репресија и превенција на корупцијата, Скопје 2006,
101
102
View more...
Comments