MAGNA IDEA
Драги наши, по повод 25 годишнината од првиот наслов на ѓурѓа, во електронската библиотека БЕЛАТА ГУЛАБИЦА ќе Ви ги претставиме најзначајните дела од убавата книжевност, науката, филозофијата и публицистиката и тоа на оригиналниот јазик на кои се пишувани (македонски, руски, грчки, албански, турски, англиски, француски, германски, италијански и шпански јазик). Тоа, без исклучок, се безвремени дела кои на импресивен начин ги насликале сите лица на човекот и цивилизацијата таква каква што тој ја создал и во која ние имаме привилегија да живееме. Книгите што ќе Ви ги понудиме овде се најзначајните дела на великани чии визии го промениле светот. Големи мислители кои ја шокирале и ја менувале цивилизацијата и придонеле да станеме тоа што сме. На тој пат читателот ќе се сретне со автори кои поучуваат, провоцираат, интригираат и отвораат полемики. Нашите читатели ќе имаат можност да се запознаат со оригиналните дела на писателите кои својот уметнички опус ѝ го посветиле на љубовта и ги напишале најубавите страници портретирајќи ги сите нејзини лица. Нежна и опасна, реална и волшебна, љубовта е и болест и лек. Таа останува сеприсутна магија која нѐ прави она што сме – луѓе! Благодарение на најуспешниот и најпосетуваниот македонски сајт, Порталот www.idividi.com.mk ,се надеваме, тие книги ќе стигнат до најмногу заинтересираните читатели, пред сè, до младите кои својата љубопитност ѝ ја посветиле на уметноста и науката, како и на оние кои ги изучуваат странските јазици. Уживајте со најдобрата книга на екран! Срдечно! ѓурѓа
ПСЕВДО-КАЛИСТЕН ЖИВОТОТ И ПОДВИЗИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Издавачка куќа ѓурѓа – Скопје Улица „Ленинова“ 74а 1/1 Телефон/факс: ++389 2 3228076
[email protected] www.mojakniga.com.mk www.prodavnicanatajni.blog.mk Facebook: ЃУРЃА ИЗДАВАЧКА КУЌА Основач: Никола КОСТЕСКИ, 1987 Библиотека: MAGNA IDEA
ЖИВОТОТ И ПОДВИЗИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПСЕВДО-КАЛИСТЕН e-издание Наслов на оригиналите: Кalistenus Istoriografu Vios Alexandru tu Makedonos ke praksis
Превод: Виолета КОСТЕСКА-ПЕТРЕСКА Директор и главен уредник: Ѓурѓица КОСТЕСКА-АНДОНОВА Одговорен уредник и лектор: Виолета ТАНЧЕВА-ЗЛАТЕВА Уредник и коректор: Марина БОГДАНОВСКА Ликовно и техничко уредување: Студио за ликовен и графички дизајн ѓурѓа Уредник: Предраг АНДОНОВ Ликовен уредник: Љупчо ЈАКИМОСКИ-КУМ Систем-инженер и администратор: Климент ПЕТРЕСКИ Јазична и стилска подготовка: Студио ѓурѓа, Права и преводи
Печатено во Македонија ISBN 978-608-201-202-5
ПСЕВДО-КАЛИСТЕН
ЖИВОТОТ И ПОДВИЗИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
ѓурѓа MMXII
Псевдо-Калистен ЖИВОТОТ И ПОДВИЗИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Книга прва 1. Почнуваме да ги кажуваме делата на Александар, убавината негова и доблестите на неговото тело и на неговата душа, како и лудата среќа и храброста што го следеа во подвизите. Најнапред, го споменуваме родот негов и на каков татко, всушност, беше син. Се лаже народецот неук кога вели дека тој е син на кралот Филип. Тоа не е точно. Тој не беше негов син туку, како што велат мудреците египетски, беше син Нектанебов, и тоа во времето кога овој веќе беше соборен од кралскиот престол.1 Тој Нектанеб беше упатен во маѓесничките вештини, па токму благодарение на тие волшебни моќи имаше покорено многу народи и потоа мирно си живееше. Кога и да се случеше да тргне на него некаква воена сила, тој ниту логори креваше ниту оружје за војна подготвуваше, ниту пак бојни коли собираше, а војниците и старешините нивни не ги заморуваше со разновидни воени вежби, туку само ќе земеше еден леѓен и ќе ги подготвуваше своите магии во него. Ќе туреше во леѓенот изворска вода, па ќе фатеше да прави мали бротчиња и уште помали војничиња од восок, и ги ставаше во леѓенот. Ќе се наметнеше со пророчка одежда, а во раката ќе земеше стап абоносов. Потоа почнуваше да ги повикува боговите, најпрвин оние на кои магијата им беше главен занает, а потоа и разни други громовници и зли подземни духови. Во тој час, маѓепсани од зборот, восочните човечиња
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
ќе оживееја. А тој ќе почнеше да ги потопува бротчињата во леѓенот, а како што тие тонеа, така потонуваа и оние бродови на ширното море, бродовите на неговите непријатели тргнати против него. Тој човек беше навистина ненадминат во вештините на магијата. И така, неговото кралство долго време си почиваше во мир и благосостојба. 2. А по многу време, некои лица кои од Римјаните беа наречени експлоратори, а ние ги викаме шпиони – се појавија кај Нектанеб најавувајќи му бојни виори и неброена воена сила насочена кон Египет. Тогаш истапи војсководецот Нектанебов и вака му проговори: „Нека ти се сто години, кралу! Дојде време да ги тргнеш настрана сите мирнодопски работи и удопства, та да се подготвиш за вистинска борба. Оти голема варварска сила над главите ни стежнала. Не иде против нас некое племе обично, туку народи на кои бројот не им се знае. Тука се Индијците2, Нокимеите, Оксидорците, Иберјаните, Каухоните, Лелапите, Боспорите, Бастарните, Азаните, Халибите и уште којзнае колку знајни и незнајни племиња од Истокот, војска ужасна и небројна е пред портите на Египет. Затоа, остави сè друго и води сметка за својата безбедност!“ Овој уште се немаше доискажано, а Нектанеб гласно се изнасмеа и му рече: „Убаво го кажа сето тоа. Се гледа дека си достоен на титулата што ти е дадена и на должноста твоја заштитничка. Но, сепак, она што сега го проговори беше кукавичко и недостојно за еден војник! Оти силата не е во мнозинството, туку во духот. Тоа е силата што ја води
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
војната. Еден лав совладува многу елени, а еден волк многу стада овци. Затоа, сега, врати си се меѓу војниците и остани си на бојната готовност. А јас, со само еден збор, безбројното варварско мноштво во морето ќе го потопам“. Така рече Нектанеб и го отпушти војсководецот. 3. Кралот тогаш стана и влезе во својот двор, па кога се осами, го стори истото како и секогаш и го втренчи погледот во леѓенот. Ги виде таму египетските богови на јарболите на бродовите непријателски, а ги виде и војските варварски, а пред нивните челници, повторно боговите египетски. Нектанеб, човек вешт за секаква магија и одамна во сојуз со своите богови, разбра тогаш дека на египетското кралство му се ближи крајот. Па си го собра тогаш своето злато, ја истрижа косата и ја избричи брадата, се преоблече во други алишта3, па си се качи на една галија во Пелусиското Пристаниште4 и така – побегна. Галијата негова стаса до Пела, до Македонија, па тој си остана на тоа место како жрец и гатач египетски и почна на луѓето тамошни да им ја одгатнува судбината според ѕвездите. Египќаните, пак, фатија да се распрашуваат кај своите богови – што ли се случило со египетскиот крал. Оти варварите веќе го беа опустошиле Египет. Конечно, еден од нивните таканаречени5 богови, оној чие живеалиште е Серапеон6, вака им прорече: „Вашиот побегнат крал ќе се врати повторно во Египет, но не како старец, ами како младич7, и ќе ги покори нашите непријатели Персијците“.
11
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Тие фатија да расправаат за значењето на овие зборови, но не можејќи да го одгатнат пророштвото, го врежаа на подножјето на статуата Нектанебова. 4. Значи, Нектанеб стаса во Македонија и неговото име се расчу низ кралството. Тој толку прецизно ја пророкуваше судбината што дури и кралицата Олимпија, кога разбра за тоа, дојде една ноќ кај него, додека мажот ѝ Филип странствуваше во војна. Откако дозна што сакаше да дознае, таа си замина. Но по неколку дена, испрати глас по него и му заповеда тој да дојде кај неа. На Нектанеб, кога ја виде толку убава, му пламна желбата по неа. Па ѝ ја подаде раката и вака ѝ проговори: „Здрава да си и жива, кралице македонска!“ „И ти, пророку најголем, да си жив и здрав! – му возврати таа. – Повели, седни крај мене. Ти си египетски учител, кај тебе ја најдоа вистината сите што ти се обратија, па еве, сега, и јас ти се доверувам. Со каква магија се служиш за да можеш вистината да ја видиш и да ја обзнаниш?“ „Почитувана кралице, многубројни се и различни начелата на магијата. Има, значи, гатачи кои гатаат врз основа на денот и часот на раѓањето, други толкуваат предзнаци, трети соништа, потоа има онакви кои зборуваат од стомакот, па такви кои гатаат од животинска плешка, а потем, тука се и составувачите на хороскопи, како и таканаречените магови кои го читаат претскажувањето како книга отворена пред нив“. Го кажа тоа и ја пресече Олимпија со својот поглед. А таа се зачуди: „Зошто така сиот се вкочани гледајќи ме, пророку?“
12
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
„Така е, госпоѓо, имаш право! Се присетив на едно пророштво што боговите мои ми го кажаа, а кое се однесуваше на тоа дека ќе треба на кралица судбината да ѝ ја прорекувам, а во овој час, тоа се обистинува! Туку, остави го сега тоа и кажи ми што можам да сторам за тебе“. Па ја стави раката во својата наметка и оттаму извади една плочка што не може лесно да се опише со зборови, сета од злато и од слонова коска, со седум ѕвезди и Зодијак на неа.8 Таму беа и сонцето кристално и месечината дијамантска со планетите: Јупитер од аерит, Марс од хематит, Сатурн од офит, Венера од сафир, Меркур од смарагд, а Зодијакот беше од бел мермер. Се воодушеви Олимпија од скапоцената плочка, па откако им заповеда на другите да се тргнат понастрана, му рече: „Пророку, кажи ми ја судбината – и мојата и на Филипа, мажот мој. Што велат ѕвездите?“ Таа се интересираше за тоа затоа што се ширеа гласови дека Филип, кога ќе се врати од војувањата, ќе ја истера и ќе земе друга жена. А Нектанеб ѝ рече: „Кажи ми ги денот и часот на раѓањето, твојот и на Филип“. Погодувајте сега што стори Нектанеб! Крај ѕвездите на Олимпија ги стави своите, па кога ги виде заедно, тој нејзе вака ѝ кажа: „Гласот кој стасал до тебе не е лажен. Но јас, како вражалец египетски, можам да ти помогнам за Филип да не те истера“. „Кажувај како!“ „Еве како. Треба да се соединиш со богот кој живее на земјата, та од него да зачнеш и да родиш син, кој ќе
13
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
го одгледаш за токму тој да се одмазди за сите неправди што Филип ти ги има нанесено“. „А за кој бог станува збор?“ „За Амон либиски9“. „А каков е на лик тој бог?“ „Средовечен, со златна коса и брада, со рогови среде челото, кои се исто така златести. Ти за него треба кралски да се средиш. Оти уште вечерва насон ќе го видиш како се соединува со тебе“. „Ако навистина го сонам тоа, ќе ти се поклонам доземи како на бог, а не како на обичен жрец“. 5. Нектанеб замина откај кралицата, па се упати кон едно пусто место за да набере тревки за кои знаеше дека се погодни за сновиденија. Ги исцеди, а од восокот направи женски лик на кој напиша: Олимпија. Па го засили огнот на свеќите и над нив го истури сокот од тревките, а потем почна да ги повикува злите духови. На Олимпија, во тој час, почна да ѝ се привидува. Таа ова го виде – како богот Амон ја зема во ноќта, а кога стана откај неа, тој божем вака ѝ рече: „Во утробата своја, жено, машко чедо носиш, а тој твој одмаздник ќе биде“. 6. Олимпија се сепна од сновидението, па не можејќи да му се изначуди, веднаш го повика Нектанеб и му рече: „Го сонив сонот и го видов богот што ми го прорече – Амон. Туку, те молам, пророку, направи некако да се сретнам пак со него. Но да ми кажеш кога ќе биде тоа, за подготвена да излезам пред неговите очи“.
14
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Нектанеб на тоа ѝ рече: „Како прво, тоа што си го видела, госпоѓо, е само сновидение. А кога тој, лично, навистина ќе застане пред тебе, ќе ти биде потребна помош. Затоа, ако му е тоа по волја на твоето господство, дозволи ми тука некаде да преспијам и јас ќе го смилостивам за тебе“. „Еве, повели во моите лични одаи. А ако зачнам од богов, богато ќе те наградам и кралски ќе ти се заблагодарам, та ќе те гледам како татко на детето“. „Колку да знаеш, госпоѓо моја, знакот дека богот само што не дошол кај тебе ќе биде следниов: кога утревечер ќе видиш една змија во собата твоја како ползи кон тебе, заповедај сите да си отидат. Пламенот во ламбиве што ти ги давам, никако да не го гаснеш. Еве, сега ти ги давам за да ги запалиш во божја чест. Па легни си во постелата кралска и биди подготвена. Затскриј си го лицето и крадешкум фрлај само по некој поглед на богот, истиот оној што насон го виде како ти доаѓа“. Го кажа тоа Нектанеб и излезе. А утредента Олимпија му даде една соба веднаш до својата одаја. 7. Потоа Нектанеб направи за себе една наметка од руно од овен, мека како душа, како и позлатени рогови за на челото. А и жезол абоносов зеде и облече бела кошула, па се опаша со една чиста престилка, која беше сета во змиски шари. Така суреден, влезе во одајата во која, спрострена на креветот, лежеше Олимпија, со лицето затскриено зад еден превез. Таа само го ѕирна онака, под око, додека овој влегуваше. Но воопшто не беше исплашена,
15
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
оти го очекуваше, и тоа токму онаков каков што го беше видела насон. Ламбите гореа. Олимпија си го покри лицето. А Нектанеб го остави жезолот, легна на креветот, па откако ја зеде, вака ѝ проговори: „Успокој се, жено, оти под срцето машко чедо ти носиш, одмаздник твој во времето што иде и крал на сите, господар над господарите“. Потоа Нектанеб стана, си го зеде жезолот и излезе од одајата, а потем на сигурно место ги скри работите што му беа од голема помош во измамата. Во раната мугра Олимпија стана и веднаш отрча во собата каде што беше Нектанеб и го разбуди. Тој стана и ја поздрави: „Здраво-живо, кралице! Со каква вест ме будиш во овој ран час?“ „Како да не го знаеш и самиот тоа, пророку, та ме прашуваш! Туку, ќе дојде ли богот пак кај мене? Убаво ми беше со него!“ „Почуј ме сега, кралска жено: јас сум пророк на тој бог. И секогаш кога по волја ќе ти биде, тој ќе дојде кај тебе, а ти мене дај ми ја собава, за во неа да престојувам и да го одоброволувам твојот бог“. А Олимпија возврати: „Собава ти е на располагање!“ – му рече таа, па заповеда да му се предадат клучевите од собата. Тој, пак, земајќи ги скриените работи, се преоблекуваше во нив и одеше кај Олимпија секогаш кога таа ќе го посакаше тоа. А таа, за сето тоа време, си мислеше дека со неа општи лично богот Амон. Стомакот нејзин, од ден на ден, стануваше сè поголем, па еден ден таа го праша Нектанеб:
16
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
„Што ќе биде кога ќе се врати Филип и кога ќе ме види трудна?“ „Не грижи се ти за тоа, господарке. И за таа работа богот Амон ќе ти помогне. Ќе му се јави тој на Филип насон и ќе му каже што е работата, па Филип нема да може ништо да ти префрли“. Така Нектанеб ја прелага Олимпија со своите маѓепснички моќи. *** 8. Нектанеб со магија подготвува морски сокол, па овој полетува за да му го однесе сонот на Филип. Кралот, насоне, го гледа пристариот бог, со сиви коси и рогови на челото, како доаѓа кај Олимпија, како ја зема и како, потем, на пазувата ѝ пришива еден папирус кој го запечатува со прстенот на Филип, а на кој на камен се врежани: сонце, глава од лав и едно малечко копје. Филип го повикува вавилонскиот толкувач на соништа, а тој му го толкува сонот на следниов начин: дека детето е од семе египетско и од висок род; дека богот е либискиот Амон; дека кога детето ќе порасне, ќе се бори како лав, ќе стаса сè до далечните краишта каде што сонцето изгрева и со копјето свое ќе освои многу градови. Филип го ислушува толкувањето и воопшто не му се радува на кажаното. *** 9. Филип се врати дома од полето бојно и ја најде жена си сета растреперена и растревожена. Па вака ѝ рече: „Зошто, жено, си се расплакала сета поради стореното? Та не е твој гревот, како што мене насон ми се
17
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
кажа, и ти не си за ништо виновна. Оти ние, кралевите, против секого можеме, само против боговите – не. А ти – не во човек обичен се имаш вљубено, ами токму во еден од нив!“ Така кажа Филип и ја осоколи Олимпија.10 А таа го благослови пророкот кој веќе ѝ го беше кажал веќе она што Филип насон го видел. 10. Но не поминаа ни неколку дена, а Филип на Олимпија следново ѝ го рече: „Ти мене, жено, ме прелага! Не од бог некаков си зачнала, ами од друг некој. Тешко нему в раце кога ќе ми падне!“ Стаса тоа до ушите на Нектанеб, па кога голема гозба на дворот се даваше и сите враќањето на кралот го чествуваа, а единствено тој, Филип, смрачен во ликот и незадоволен беше оти бремена беше жена му Олимпија, пред очите на сите Нектанеб во змија се престори, уште поголема од порано, па се промолкна среде одајата во која се славеше, застана и прос’ска толку страшно што дворот од темел се стресе. Присутните, преплашени, потскокнаа од своите места. Меѓутоа, Олимпија го позна кој е, па му ја подаде десната рака. Змијата се искачи по неа и си ја стави главата во нејзината дланка, па почна да се вие и во скутот нејзин легна, па го испружи јазикот исечен надве и ја бакна, обзнанувајќи ја пред сите љубовта своја. А Филип, со негодување и ококорен, сето тоа го набљудуваше. Одненадеж, змијата потоа се претвори во орел и одлета – којзнае каде. Кога се поврати од виденото, Филип вака рече:
18
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
„Сега видов, жено, доказ за тоа колку те цени богот штом на помош ти доаѓа кога во опасност ќе се најдеш! Само што не умеам да распознаам кој е тој бог, оти во обликот на Амон тој се покажа, но и во облик на Аполон и на Асклепиј“. А Олимпија, на тоа, вака му одговори: „Како што ми се кажа тогаш кога беше со мене, тој е Амон – богот на цела Либија“. Потоа Филип се сметаше себеси за среќен што породот на неговата жена ќе се вика божји син. ***
11. По ден-два, додека седи во кралските градини, кај Филип долетува една птица, му се провлекува под облеката, па му застанува на градите и снесува едно јајце; но јајцето паѓа и се крши. Од него се измолкнува една мала змија. Таа почнува да кружи околу лушпата, се обидува повторно да влезе, ја пика главата внатре, но не успева во тоа и умира. Гатачот вака го толкува предзнакот: Филип ќе има син кој ќе го помине сиот свет и сите луѓе ќе ги покори под својата власт, но при враќањето во татковината ќе умре млад. Зашто змијата е кралско животно, а јајцето е симбол на светот. *** 12. При крајот на бременоста, Олимпија легна на столот за раѓање, обземена од породилни болки. Нектанеб ги одмеруваше небесните патеки и ја советуваше да не брза со породувањето. Со помош на своите магии, тој небесните тела ги разместуваше од нивните места, а со помош на вештината гатачка виде каква судбина тој час носи, па на Олимпија ѝ рече:
19
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
„Жено, совладај се и надвладеј го она што природата сега ти го наложува. Оти, ако сега родиш, ти ќе донесеш на свет затвореник, или пак роб, или некакво чудовиште“. А кога повторно ќе почнеа болките породилни и кога болката неиздржлива ќе станеше, Нектанеб вака ѝ зборуваше: „Издржи уште само малку, жено! Ако сега родиш, детето евнух без напредок ќе ти биде“. Така Нектанеб ја смируваше и ја поучуваше Олимпија со своите раце да ги попречува природните патишта. А и тој самиот, со помош на својата магија, го одложуваше часот на раѓањето. А кога повторно погледот го крена кон патиштата возвишени на телата небесни, тој ги виде сите нив како низ пладнето минуваат, а притоа и сјај од небото виде од сонцето што беше во својот зенит, па ѝ рече на Олимпија: „Можеш сега крикот породилен да го пуштиш!“ Тогаш и тој самиот раѓањето го поттикна и следново го изрече: „Сега, кралице, господарот на светот го раѓаш!“ Олимпија крикна со страшен и гласен вик, посилен и од гласот на младо говедо, па донесе на свет детенце машко, родено под среќна ѕвезда. А кога излезе детето на свет, почна на сите страни да грми и да блескаат молњи, па се стресе сета вселена. 13. Кога утредента взори Филип го виде новороденчето на Олимпија, ова беа неговите зборови: „Немав намера ова дете да го растам овде. Зашто не е мој пород. Но откако видов дека потеклото му е од
20
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
божествен корен, а раѓањето негово беше проследено со небесни предзнаци, решив ова дете да се одгледа во спомен на мојот починат син од првата жена11. А нека го носи името Александар“. Откако Филип го кажа тоа, детето ја доби сета грижа што му прилега на кралски син. А низ цела Македонија, Пела и Тракија се славеше и луѓето се китеа со венци. ***
Овде се раскажува уште и за ликот и за детството на Александар. Се вели дека воопшто не личел на кралот Филип, но не личел ни на мајка си Олимпија, а ни на Нектанеб. Имал, велат, става човечка, но грива лавовска, очите му биле различни: десното црно, а левото сиво, а забите му биле остри како кај змиите. Движењата му биле нагли како кај лавот. Како дете учел граматика, музика, геометрија, реторика, астрономија – сè кај различни учители, додека филозофијата ја изучувал кај Аристотел Стагирецот. Кога Александар ќе си играл војна со другарчињата, секогаш победувала страната на која бил тој или на која одненадеж ќе преминел12. А за време на Александровото детство се случило и следново. *** Еден ден, коњушарите на Филип му донесоа еден крупен ждребец од неговите штали. Па го изведоа пред него и му рекоа: „Господине и кралу наш, во шталите твои го најдовме коњов кој по убавина го надминува и Пегаз. Затоа токму тебе и ти го носиме, господару!“
21
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Кога му ја виде ставата стројна и убавината негова, Филип се воодушеви. Голем број коњушари одвај успеваа да го зауздаат и да го задржат коњот. Уште и вака дофрлаа: „Господине и кралу, овој живи луѓе јаде!“13 На тоа, Филип им рече: „Навистина, тој е жив доказ дека вистинита била старата и мудра хеленска изрека дека заедно со доброто расте и лошото. Но кога веќе сте го донеле, ќе го земам“. Потоа им заповеда на своите слуги да исковаат железен кафез и во него, таков див и разјарен, да го стават ждребецот. „Оние кои не ѝ се покоруваат на нашата кралска власт и кои вина носат поради тоа што или не го испочитувале нашиот закон или, пак, со разбојништво и кражби се занимаваат, фрлете му ги нему!“ – додал кралот Филип. И сторено беше токму така како што тој заповеда. 14. Александар убаво растеше и беше многу напреден, а кога наполни дванаесет години, тој почна со татка си да оди меѓу војниците на вежби. Ќе го грабнеше оружјето, па ќе јуришаше заедно со нив и вешто во седлото скокнуваше. А сето тоа се случуваше под будното око на Филип. Еден ден, тој вака му рече: „Александре, сине, ја сакам твојата храброст и смелоста твоја, но цртите твои очиве ми ги бодат – оти ич на мене не личиш!“ А на Олимпија сето тоа тешко ѝ паѓаше. Затоа, таа го повика Нектанеб и му рече: „Дознај што мисли Филип со мене да прави!“
22
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Нектанеб ја направи својата плочка ѕвездочитна и фати да гледа во неа и да бара знаци за тоа каква судбина ѝ се подготвува. Александар, кој седеше тука, крај нив, му се обрати тогаш на Нектанеб со следниве зборови: „Нели се, оче, исти овие овде, што ти ѕвезди ги нарекуваш, со оние што горе на небото се појавуваат?“ „Секако дека се исти, синко“. „А можам ли и јас да научам да ги распознавам?“ „Секако дека можеш, дете мое, само стрпи се довечер“. Вечерта го зеде Нектанеб Александра и го одведе на едно осамено место надвор од градот. Па го крена погледот кон небото и почна тајните на ѕвездите да му ги растајнува. Александар, пак, држејќи го за рака, го донесе точно на работ од една стрмна бездна и нагло му ја отпушти раката. Нектанеб се струполи надолу14, таму силно ја удри главата и болно се провикна: „Кутриот јас... Александре, сине, та што ти стана за ова да ми го направиш?!“ „Самиот си виновен за ова, ѕвездочатецу!“ „Зошто така, дете?“ „Оти во земните работи не се разбираш, а небесните сакаш да ги толкуваш!“ „Ех, дете, дете, што ме снајде... Но тоа е тоа, ниту еден смртник не може од пишаното да си побегне“. „Не те разбрав сосема...“ „Ете, така, како што ти велам, јас судбата своја однапред ја знам: дека токму од раката на моето родено дете ќе загинам и така ќе го завршам својот живот. Од пишаното не побегнав, од твојата рака, еве, страдам“.
23
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
„Значи, јас сум твој син?!“ Тогаш Нектанеб својата приказна му ја раскажа: за кралствувањето во Египет, за бегството оттаму и за доаѓањето во Пела, па за стапнувањето негово пред Олимпија и читањето на судбината нејзина, а потем и за влегувањето кај неа како богот Амон и за нивното соединување во љубов. Кажа сè и потоа ја испушти душата. А Александар, кога сето тоа го чу и кога се увери дека си го погуби својот татко, потона во тага. Потоа се исплаши Нектанеб да не стане плен на ѕверовите, оти ноќта темна беше, а местото осамено и пусто, па реши да не го остави во провалијата. Одненадеж, во него пламна љубов кон родителот. Па се стегна тогаш тој, го крена татка си на рамената свои јуначки и го однесе кај мајка си Олимпија. Воскликна Олимпија кога пред очи таа глетка ѝ се појави: „Што е тоа, бре, чедо?“ „Еве, јас, како Енеј нов, својот Анхис го носам!“15 Па ѝ раскажа сè што разбра од Нектанеб. А таа се вчудовиде и почна да си префрла за прељубата што ја сторила под дејство на неговите зли моќи. Сепак, се сожали, па го погреба Нектанеб достојно, како татко на Александар. Крена гробница и таму го положи неговото тело. И навистина чудесно знае провидението некогаш да биде: Египќанецот Нектанеб погребан да е во Македонија, по хеленски обичаи, а Александар Македонецот погребан да е по египетски. 15. А кога Филип од војна се врати, тој во Делфи појде за да го праша пророчиштето кој по него крал ќе
24
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
биде. Питијата Делфиска од водата од изворот Касталски вкуси и, со помош на силите подземни, вакво пророштво изрече: „Филипе, со сета вселена ќе владее и со копјето свое сите ќе ги потчини оној кој коњот Букефал ќе го вјавне и со него низ Пела ќе прокаска“. А коњот Букефал се викаше, односно Воловска глава, оти белег имаше тој под гривата своја во облик на глава воловска. Го чу Филип пророштвото и почна да чека некој нов Херкул да се појави. *** 16. При Аристотела, освен Александар, имаше и други ученици, меѓу кои имаше и кралски синови. Па ги запраша Аристотел, сите со ред, како ќе му се оддолжат кога ќе почнат да владеат. Тие на филозофот му ветуваа сè и сешто. Кога дојде ред на Александар, овој вака проговори: та не знаеш, човеку, ни утре што ќе биде, а тоа ме прашуваш – кога ќе дојде за тоа време, тогаш наградата твоја ќе ја добиеш. Аристотел го пофали неговиот одговор и рече дека Александар ќе стане господар на светот, и тоа најголемиот од сите. *** 17. Александар наполни петнаесет години. Еден ден случајно мина крај местото каде Букефал беше затворен и оттаму чу како се разлева страотен пискот и рев. Тој се заврти кон слугите и ги запраша: „Каков е тој рев што наоколу се шири?“ Одговорот од Птоломеј војсководецот дојде:
25
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
„Тоа е коњот Букефал, господару. Твојот татко го затвори овде, оти коњ-човекојадец е“. А коњот, гласот Александров кога го слушна, ревна повторно, но без пискот и гнев, ами милно и тивко, небаре некој бог го припитомил во истиот час. Александар пријде кон кафезот, а коњот веднаш се исправи, ги крена предните нозе и ги притисна кон него, па фати да го лиже, како да сакаше да покаже дека токму тој е господарот негов.16 Александар виде што коњ беше тоа, раскошен и моќен, но насекаде околу него ги виде и расфрланите остатоци од несреќниците кои овде имаа загинато со страшна смрт. Потем ги оттурна со лактите чуварите, го отвори кафезот, па грабнувајќи го коњот за врат, се качи на него, онака, без узди, и го јавна, та прокаска со него низ Пела17. Некој од коњушарите отрча до Филип, кој беше надвор од градот, и му кажа што се случи. Филип веднаш се сети на пророштвото и во истиот миг го јавна својот коњ и поита кон Александар, па го прегрна и го поздрави со следниве зборови: „Здрав да си и жив, Александар – кралу вселенски!“ Од тој миг, Филип со радост во срцето гледаше голема надеж во својот син и светла иднина за него. *** 18–46. Александар патува со пријателот Хефастион за да се натпреварува на Олимпијадата. Таму тој победува, но дури откако ќе го турне од колата и, на тој начин, ќе го убие својот главен соперник, акарнанскиот крал Николај18. За тоа време, Филип решава да ја истера Олимпија и, во истиот час кога Александар се враќа во македон-
26
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
ската престолнина со венец на олимписки победник, тој се венчава со нова жена, Клеопатра. Александар се појавува на кралската гозба. Тука најпрвин се спречкува со татка си и со гостите, а потоа и го убива братот на невестата, Лисиј. Потоа ја протерува Клеопатра и ги помирува Филип и Олимпија. Потоа Александар заминува во војна. Соочен со даночниците на персискиот владетел, тој одбива да му плати данок на Дариј. При враќањето во Македонија, Александар начекува немири во престолнината Пела. Некојси Паусаниј, инаку мошне имотен, се беше побунил против Филип. Го начекал и му задал рана во театарот, а сè со цел да му ја грабне убавата Олимпија. Александар успева да го совлада Паусаниј, но Филип умира од добиената рана. Александар го презема македонскиот престол, но не без немири, кои во почетокот се шират низ целата држава. Потоа Александар тргнува кон север, на својот илирски поход. Поради лажната вест дека загинува во походот, во Грција на бунт се креваат Тебанците (на тоа се наговорени од Демостен) и ја убиваат македонската посада сместена во нивниот град. За казна, Александар ја разурнува цела Теба, поштедувајќи ја само родната куќа на поетот Пиндар. Потоа Александар се подготвува за походот во Азија. Најпрвин ги победува сатрапите на Дариј кај Граник, а потоа постепено ги освојува краиштата во Мала Азија кои дотогаш биле под власта на Персија. Потоа се префрла со својата војска во Јужна Италија и на Сицилија. А потоа и во Африка, кај Картагина. Сите градови и држави – која повеќе која помалку, по своја волја – му се покоруваат. Тогаш минува низ земјата Либис-
27
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
ка. Се упатува во храмот на либискиот Амон и таму го врежува натписот: „На мојот татко...“ Во Египет основа град со име Александрија. Потоа заминува во Мемфис. Таму го здогледува оној кип на Нектанеб во чие подножје Египќаните ги беа врежале зборовите: „Пребегнатиот ви крал ќе се врати во Египет, но не како старец, ами како младич, и ќе ги покори нашите непријатели Персијците“. Александар потоа ја поведува својата војска кон Сирија. Наспроти долгиот и горчлив отпор од страна на овој град, сепак, Александар успева да го освои Тир. За казна, и овој град го срамнува со земјата. Сега почнува да води преписка со Дариј и со неговите сатрапи. Тој повторно и сè поодлучно одбива да ја признае персиската надмоќ. Почнува да се наѕира голем судир меѓу Александар и Дариј. Персискиот логор се наоѓа кај Ис, во Киликија. Доаѓа до битка. Борбената среќа не е на страната на Персијците. Дариј се вдава во бегство, а Александар, гонејќи го, ги заробува неговата мајка, неговата жена и ќерките, како и неговиот прекрасен кралски шатор. Дариј, сепак, успева да побегне. Александар со семејството на Дариј постапува со многу обѕири. Дариј се подготвува да собере нова армија. Александар повторно војува во Тракија, а потоа и против Тебанците, на копното на Грција.
28
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Книга втора 1–12. Почетокот на книгава (во ракописот според кој е направен преводов, тој не е целосен) зборува за понатамошното престојување и војување на Александар на копното на Грција. По долги препирки и расправии во собранието, попушта и Атина и му се покорува на Македонецот. Спарта, иако понастојчива и поборбена, бидува столчена во битката која се води и на копно и на море. Потоа Александар мудро ја префрла војската во Мала Азија и си го расчистува патот низ Киликија, за да ги покори и тамошните варвари. Дариј свикува совет. Предлага Персијците да му ги препуштат на Александар грчките краишта. Неговите војсководци и старешини не се согласуваат со тоа. Тогаш Дариј заповеда да се собере војска од сите персиски покраини. На патувањето низ Киликија, Александар влегува да се искапе во некоја студена река и се разболува. Неговиот лекар, Филип, му подготвува лековита напивка. Притоа Парменион, еден од македонските војсководци, преку писмо го набедува лекарот дека, наговорен од страна на Дариј, сака да го отруе Александар. Но Александар првин го испива лекот, а дури потоа му го покажува писмото на Филип. Александар оздравува. Токму од лекарот дознава дека, всушност, Парменион е тој кој ковел заговор со труење, па го сменил војсководецот. Александар стасува до земјата на Медијците. Тогаш ја освојува Голема Ерменија. По долги и напорни мар-
29
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
шеви низ безводни и пусти предели, конечно стигнува до Еуфрат. На таа река тој гради мост на железни темели. Војската се двоуми дали да тргне да преминува по него. Прв преминува Александар, со својата лична гарда. Кога по нив преминува и преплашената војска, Александар издава наредба мостот да биде урнат, за да нема враќање назад. Дариј е влогорен на устието на реката Тигар. Се судруваат македонската и персиската војска. Еден Персиец, преоблечен како Македонец, се вовлекува во македонските редови и од зад грб му го разбива шлемот на Александар. Александар го ослободува како примерен и смел воин. Преписка меѓу Дариј, кој пишува остро, и Александар. Дариј се подготвува за борба. Му пишува и на индискиот крал Пор да му дојде на помош. Пор возвраќа дека е подготвен и дека на драга волја ќе го стори тоа. Мајката на Дариј, инаку заточеничка на Александар, успева некако да го достави своето писмо до синот. Таа во него му оддава признание на Александар: дека таа и другите заробени членови од семејството на Дариј се добро и дека со нив кралски се постапува. Мајката го советува Дариј да се нагоди со Александар по мирен пат. Озловолен и со горчина во душата, Дариј сепак продолжува со подготовките за напад. *** 13. И така, со голема сила, Александар стаса до земјата персиска. Високите градски ѕидини уште оддалеку им паднаа на Македонците в очи.
30
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Тогаш на досетливиот Александар ова му падна на ум: ги собра овците што пасеа таму, им врза на грбовите пресечени гранки, а потоа ги пушти полека да одат зад неговата војска. Влечкајќи се поземи, гранките креваа огромна прашина. Облак од прав се беше дигнал до самото небо, па Персијците, од бедемите градски гледајќи го сето тоа, помислија дека им се приближува неброена војска и се исплашија. А кога се спушти вечерта, тој заповеда на роговите на овците да се закачат свеќи и факли, па да се запалат и да се остават да горат. Крајот беше рамничарски, па на оние што го видоа тоа им се чинеше како рамницата сета во еден пламен да гори. И Персијците се преплашија. Стасаа на пет милји од градот Персида и Александар побара во својата војска некој за да го испрати кај Дариј, за да му однесе вест за времето кога да почне борбата. Ноќта, на Александар му се сони како Амон во лик на Хермес му се прикажува – со палка гласничка, со качулка, со стап во раката и перјаница македонска на главата. Тој на Александар следново му го проговори: „Сине Александре, часот нужен стаса и еве ме, кај тебе, на помош јас ти идам. Ако гласник испратиш кај Дариј, очекувај предавство од него. Затоа ти сам свој гласник биди си19 и тргај веднаш, а облечи се вака како што сум јас облечен“. „Премногу е опасно јас, кралот, гласник да си бидам свој!“ „Ништо зло нема да ти се случи додека бог за заштитник имаш“.
31
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Го послуша Александар пророштвото, та сиот радосен, стана и им раскажа сè на своите блиски. Тие, пак, го советуваа да не го прави тоа. 14. Тој не ги послуша, па зеде со себе еден од своите воини по име Евмел и три коњи и веднаш тргна и стигна до реката Странга20. Таа река знаеше да смрзне и да стане како поплочена со мраз, цврст како камен, за преку неа слободно да можат да минат коли и стока. А по само неколку дена, нагло можеше да се случи да се одмрзне, па со сета силина да потече и со себе да повлече сè и секого кој би ја преминувал во тој кобен час. Александар ја начека реката замрзната. Па си ја облече облеката што насон на Амон ја виде и го јавна коњот, та тргна да преминува преку реката. Евмел фати да го преколнува за и тој да појде со него, во случај да му затреба некаква помош. Но Александар вака му рече: „Ти остани овде со двата коња. А мене ќе ми помогне оној кој насон ми заповеда вака да се облечам и сам да тргнам на пат“. Реката беше широка отприлика десет стапки. Александар слезе, загази во водата, ја премина реката и го продолжи патот. Така, стаса тој до пред портите персиски. Кога го видоа во неговата облека, чуварите на портите помислија дека е некој бог. Па го запреа и фатија да го прашуваат кој е и од каде доаѓа. Александар само им рече: „Водете ме кај кралот Дариј – нему ќе му кажам кој сум!“
32
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
А Дариј, во тој миг, беше надвор од градот, на една чистинка каде што правеше патишта и фалангите свои ги поставуваше во бојни редови, во очекување на жесток напад од страна на Македонците. Александар, со својот необичен изглед, околу себе привлече и насобра сè живо. Самиот Дариј скоро доземи му се поклони, сметајќи го за некој бог кој тукушто од Олимп слегол, па се преоблекол во туѓинска облека! Што се однесува до Дариј, тој на главата носеше круна со дијамант украсена и имаше одежда свилена, проткаена сета со злато, по вавилонски, на плеќите носеше кралска порфира, а на нозете златни сандали, до колена накитени со камења скапоцени. Во обете раце по еден жезол држеше. Околу него – војска недобројна. Па го запраша Дариј Александра кој е, впрочем, тој, зашто таква облека како неговата немаше никогаш во животот видено. Александар му рече: „Јас сум гласник на кралот Александар“. „А зошто доаѓаш кај нас?“ „За да ти јавам дека Александар пристигна и да те прашам кога ќе тргнеш во битка. Следново треба да го знаеш, кралу Дариј – дека кралот кој одолговлекува и кој во битка со колебање влегува, јасно на противникот негов на знаење му става дека војувањето не му лежи баш на срце. Затоа не одолговлекувај, туку кажувај кога тргаш во бој!“ Дариј тогаш во ликот се вжари и гневно му проговори: „Јас со Александар ли треба да војувам или, пак, со тебе?! Се однесуваш толку дрско небаре си Александар лично, а ми одговараш смело како рамен да си ми! Јас
33
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
сега на ручек одам, а и ти со мене идеш. Та и Александар на гласниците мои ручек им даде“. Го рече тоа, па го зеде и го поведе во својот двор. Александар како добар знак го протолкува тоа што владетелот персиски го води за рака. А кога во дворот стапнаа, Александар без двоумење си седна до Дариј, како негов почесен гостин. 15. Персијците зачудени го гледаа Александар поради неговиот низок раст21. А не знаеја дека токму тоа мало човече носи судбина и слава што до небото ќе се вивнат. Како што чашите сè побрзо се празнеа така Александар на следново се досети: како што ќе поземеше некоја чаша, така во пазувите си ја ставаше. Персијците кои го забележаа тоа, веднаш му кажаа на Дариј. Стана тогаш Дариј и вака му рече: „Добро, човеку, зошто така правиш? Оти ги ставаш во пазува, а на ручек си овде?“ Александар, на тоа, итро му одврати: „Кралу најмоќен, кога Александар ручек дава за војсководците свои и за неговата лична гарда, тој така со пехари ги дарува. Па помислив дека и ти си од сој господски, та дека и ти така правиш“. Персијците не можеа да се изначудат на тие негови зборови. Оти секоја измислена приказна, ако може да ѝ се верува, може силно да повлијае на слушателите. Настана молк, а еден, Парагаг име што носеше и великодостојник персиски што беше, го одмери Александра од глава до петици. Тој, всушност, го познаваше Александар на лик. Го запамети добро кога првпат дојде во Пела македонска, данок да собира за Дариј, а
34
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Александар го истера без око да му трепне. Сега во него погледот го втренчи и вака во себе си помисли: „Ова е лично синот Филипов, со глава и брада, па ако сака и стопати нека го менува својот лик! А многумина и во мрак можеш да ги познаеш само по гласот нивен“. И откако добро промисли и сигурен стана дека тоа беше Александар, тој кон Дариј се потсви и на уво му шепна: „Дариј, кралу најмоќен и владетелу, овој овде за пратеник Александров што ни се прикажува – тој е лично Александар, кралот на Македонците, син на кралот Филип, јунак секогаш подготвен за докажување“. Но Дариј и гостите негови беа премногу напиени. А Александар, насетувајќи што Парагаг на Дариј му рече, разбра дека го познаа кој е, па, преправајќи се дека, божем, по надвор му се оди, брзо од столот стана и, сосе златните чаши в пазуви, се извлече кришум и побрзо коњот свој го јавна, за да ѝ избега на надвиснатата опасност. На капијата налета на Персиец со два факла во рацете. Тој му ги грабна факлите, го уби и поита надвор од градот персиски. Кога Дариј разбра за тоа, веднаш пушти потера од вооружени Персијци. А тој коњот си го беше спотнал осветлувајќи му го патот, оти беше фатила длабока ноќ и густа темнина се беше распослала по небото. Многумина го гонеа, но никој не го фати. Некои по патот внимателно го следеа, но многумина во мракот по бездните останаа. А Александар, како ѕвезда најсјајна што сама на небото се појавува, сè подалеку на Персијците им бегаше и сè на крив пат ги наведуваше.
35
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Дариј, испружен во лежалката своја, бдееше загрижен. А и предзнак лош пред очите виде: сликата на кралот Ксеркс одненадеж се откачи од ѕидот и падна. А Дариј многу ја сакаше таа слика, оти мајсторски беше направена. Александар, пак, успевајќи да им побегне на гонителите, цела ноќ јаваше и, предзори, стаса до реката Стренга. Само што ја премина – коњот негов веќе беше стасал до другата страна, до брегот, и веќе беше стапнат со предните нозе на земјата – реката, од сончевите зраци огреана, се растопи и потече бујно. Водата го зафати коњот и го повлече со себе, но тој успеа да го отфрли Александар и да го остави на суво. Персијците кои го гонеа стасаа до реката кога тој веќе беше од другата страна, па не можејќи да ја преминат, се вратија назад. Никој не можеше растопената река да ја помине. Се вратија кај Дариј и му кажаа што среќа Александар имал. Вознемирен и збунет од тој чуден предзнак, му се смрачки кралскиот лик на Дариј. А Александар тргна пешки покрај реката, па го најде Евмел со двата коња на местото каде што и го остави, и му раскажа сè што му се случи. ***
16–19. Александар се враќа кај четите и почнува да ја постројува војската за претстојната битка со Дариј. Одржува и говор за да ги охрабри војниците, па се упатува кон реката Странга. А Дариј е веќе таму. Побрзал со цел да го изненади Александар. Реката повторно е подмрзната, па Дариј успеал, сосе своите чети, да ја премине. Дариј командува заста-
36
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
нат на својата голема бојна кола, а Александар ги предводи Македонците качен на својот коњ Букефал. Се огласуваат трубите за напад – и од персиска и од македонска страна. Започнува страшна битка. Мртви и ранети на сите страни. Дури и воздухот „на смола и на крв вкус имаше“. Конечно, прв попушта Дариј и наредува повлекување. Бегајќи, со бојната кола ги гази своите сопствени луѓе. И повторно ја минува замрзнатата Странга. А кога по него тргнува и неговата армија, во хаос и безредие, мразот под нив пука и реката однесува безброј животи. Дариј успева некако да стигне до својот двор. Таму паѓа наземи и така, напуштен и сам, почнува да очајува, да офка и да лелека. Потем се сепнува и составува едно писмо, кое почнува со зборовите: „Дариј го поздравува Александар, својот господар...“ Тој му нуди на Александар големо богатство и делови од Персиското Царство, во замена за неговото семејството. На овие и слични понуди Александар не возвраќа со писмо, туку само ги враќа назад гласниците на Дариј – со зборовите дека тој дошол да земе сè, оти сè нему му припаѓа. Александар тука ја минува зимата. Ги разгледува освоените персиски краишта. Дариј повторно се подготвува за војна против Александар. Му пишува писмо на индискиот крал Пор да ги донесе своите војски до Каспискиот Залив. По победата над Македонецот, Пор од Дариј ќе добие: половина од пленот, „харемот“ на Александар и коњот негов, Букефал. Александар дознава за писмото и веднаш ја поведува македонската војска во Медија. Таму дознава дека Дариј е во Батанија, кај Каспискиот Залив.22
37
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
*** 20. Ариобарзан и Бес, сатрапите на Дариј, дознаа некако дека Александар доаѓа. И претурајќи низ главите црни и зли мисли, решија да го убијат Дариј. А вака си велеа меѓу себе: „Ако го убиеме Дариј, ќе земеме големи пари од Александар за тоа, оти непријателот од врат ќе му го тргнеме“. Го смислија злосторството и се вдадоа кон Дариј со вперени мечеви. Кога ги виде Дариј како со мечевите в раце итаат кон него, тој вака им се обрати: „О господари мои, робови што до вчера ми бевте, што ви сторив што вака дивјачки сакате да ме убиете и да си натоварите грев на душата? Не ќе го сторите, белки, она што дури ни Македонците не би го сториле! Оставете ме на мира на црнава земја испружен судбата да си ја оплакувам! Оти ако Александар, кралот македонски, сега од некоја страна наиде, тој кралски крвта кралска ќе ја одмазди“. А тие двајцата, глуви за неговите молби, сепак навалија да го убијат. Дариј со голи раце животот си го бранеше: со левата го грабна Бес и коленото во стомакот му го зари, а со десната го здржа Ариобарзан, не допуштајќи му мечот премногу да му го приближи. Така, ударите нивни лесни повреди му задаваа, но многу на број. Не успевајќи никако да го совладаат, безбожниците огорчено со него се бореа. Тој, впрочем, беше силен и издржлив човек. Македонците наидоа на реката Странга додека таа повторно беше замрзната и преминаа преку неа. И
38
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Александар влезе во дворовите на Дариј. А безбожниците, кога разбраа дека Александар е веќе стасан, се вдадоа да бегаат и го оставија Дариј, ни жив ни мртов. Кога му пристапи на Дариј, Александар го најде облеан во крв од раните.23 Па залелека над него и над неговата судбина, го пожали како што доликува, пролевајќи горки солзи, а потоа и со наметката своја му ја покри снагата. Уште и рацете свои ги постави на градите на Дариј и овие жалосни зборови ги кажа: „Стани, кралу Дариј, да владееш со твојата земја и да управуваш со она што ти припаѓа! Земи си ја круната назад и продолжи да владееш со народот персиски! Задржи ја моќта своја и владеењето! Во вишното провидение ти се колнам дека ова од срце го кажувам и без задна мисла! Кои се тие што рака на тебе кренаа? Кажи ми сега, па со одмаздата моја над нив веднаш маките да ти ги олеснам!“ На тие зборови изречени од Александар, Дариј залелека, па ги испружи рацете и го прегрна Александар, го повлече кон себе и следново му го рече: „Александре, кралу, немој никогаш да дозволиш славата и власта да ти удрат в глава. Кога и да се случи подвиг да изведеш некој рамен на божји што е, та со рацете свои да посакаш и небото да го допреш, сети се тогаш на иднината што претстои. Оти среќата не бира по тоа дали некој е крал или кај кого е силата и моќта, ами без насока и смисла посебна се врти таа ту кај еден ту кај друг. И самиот знаеш кој бев јас – а сега, еве, гледаш каде сум. Кога ќе умрам, сакам ти, Александре, со свои раце да ме закопаш. А вие, Македонците и Персијците, заедно сакам да ме испратите. Од еден род, отсега па натаму, нека биде името Дариево и
39
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
името Александрово. Родителката моја, во аманет ти оставам, како своја сопствена родителка да ја почитуваш, а жената моја како сестра ти ја оставам да ја гледаш и да се грижиш за неа. Ќерката моја, пак, Роксана, за жена ти ја давам за со неа пород да создадеш кој за навек ќе остави спомен твој, а тие деца посакувам радост да ви бидат и гордост, како што ни се нам нашите деца, та заедно староста дочекувајќи ја, споменот вие да го сочувате; ти на татка си Филип, а Роксана на Дариј“. Го рече тоа Дариј, па се обеси на вратот Александров и ја испушти душата. 21. Гласен беше пискотот на Александар; тој со болка во душата го исплака Дариј, па заповеда да биде погребан по законот персиски. Наредбата беше Персијците да чекорат на чело во поворката, па по нив Македонците, а сите под нивното оружје сјајно. А самиот тој го метна рамото под одарот на Дариј и го носеше заедно со неговите сатрапи. Голем плач и лелек насекаде се ширеше, и не само поради мртвиот Дариј, ами и заради честитото однесување на Александар. Потоа, откако го испратија Дариј според персискиот обичај, Александар го распушти народот за да си оди по своите домови. ***
22–31. Откако им обзнанува на покорените Персијци дека и понатаму ќе можат да си живеат според своите обичаи, и тоа во мир и благосостојба, и откако заповеда Бес и Ариобарзан да бидат распнати на гро-
40
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
бот на Дариј, Александар го поставува Лит, братот на Дариј, за господар над освоените земји, а ќерката на Дариј, Роксана, ја зема за жена. Од Пела, од мајка си Олимпија, набавува одежда и накит македонски за кралицата, па подготвува дотогаш невидена свадба во кралските дворци на Дариј. Следува опсежното Александрово писмо упатено до „многу саканата мајка и почитуваниот учител Аристотел“. ( Писмово, во ракописот според кој е направен овој превод, е многу пократко отколку во некои други верзии; всушност, овде недостасуваат пасусите од 24 до 31.) Во писмото, Александар најпрвин соопштува за битката со Дариј и за начинот на кој Дариј умира, а потоа како тој самиот, Александар, ја освојува и ја покорува Персија сè до нејзините северни и источни граници. Александар известува уште и за неговите понатамошни навлегувања во непознати краишта, сè до границите на светот. *** 32. „На тоа место тогаш зедов водичи и сакав да навлезам уште подлабоко во пустината, да тргнам во правец на Големата кола.24 Но тие ме советуваа да не одам понатаму, поради многуте ѕверови што живеат во тие краишта. А јас, сепак, на пат се стегнав, не обрнувајќи многу внимание на нивните зборови. Така, стасавме до еден теснец, а патот кој почнуваше оттаму беше многу стрмен и незгоден: цели осум дена го одевме. И ѕверови најразлични видовме, ѕверови што ги немавме видено дотогаш.
41
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Кога го минавме теснецот, на уште почудно и помрачно место стигнавме. Таму наидовме на една пространа шума, сета од еден вид дрво по име анафанда25. Неговиот плод е многу чуден и необичен: личи на јаболко, а голем е колку диња. Во шумата имаше и едни луѓе, наречени Фити – што ќе рече Стеблорасни – кои навистина имаа џиновски раст: во висина досегаа и до дваесет и четири лакти, а само во вратовите беа по лакот и пол! Нозете, исто така, им беа огромни! Подлактиците нивни и рацете – чиниш пили се! Кога нè забележаа, веднаш тргнаа во напад на мојата војска. А јас, пак, нив кога ги видов, се ужаснав. Заповедав барем еден од нив да се фати жив и да ми се доведе. Така, тргнавме на нив со бојни восклици и со трештење на трубите, а тие тогаш се вдадоа во бегство. Убивме триесет и двајца од нив, а тие стотина наши војници. Потоа таму кренавме логор, а храна ни беа плодовите од чудното дрво. 33. Напуштајќи го тој крај и продолжувајќи по патот, стасавме до една жолто-зеленикава земја, во која набасавме на диви луѓе слични на гигантите, набиени и црвеникави во косите, како да им беа лавовски гриви. Покрај нив, таму живеат и други луѓе кои се нарекуваа Охлити – племе во кое сите беа без коса на главата, високи околу четири лакти, не повеќе, а во снагата танки, чиниш копја се, а не луѓе. Само што нè видоа, јурнаа кон нас во напад. Телата им беа опашани со лавовски кожи. Беа многу силни и се впуштија во битка без оружје. Наваливме на нив, но и тие навалија на нас и со голи раце испотепаа многу-
42
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
мина од моите војници. Од страв да не нè поразат, заповедав да се подметне пожар во шумата. А кога го видоа огнот, тие силни луѓе веднаш се разбегаа. Но зад себе оставија убиени сто и осумдесет наши војници. Следниот ден решив да отидам до нивните пештери. А таму, пред нивните отвори, најдовме врзани ѕверки – како лавови беа, но по три очи имаа под челата. И болви видовме, големи колку жаби26, како скокаат ваму-таму. Па го продолживме патот и стасавме до едно место од кое бликаше еден извор пребогат со бистра вода. Тогаш наредив војската тука логор да крене, па останавме на тоа место цели два месеца. Кога оттаму се кренавме, продолживме кон земјата во која народот се викаше Овцојадци27. Таму наидовме на еден човек кој сиот беше обраснат во косиште, огромно човечиште од кое навистина се исплашивме. Им заповедав на моите луѓе да го фатат. А и кога го фатија, тој и понатаму само подоко нè зјапаше. Јас тогаш реков да му се донесе една гола жена, а тој ја грабна и ќе ја изедеше цела! Војниците скокнаа за да му ја истргнат од рацете, а тој им грмна нешто на неговиот јазик. Тоа го чуле неговите сонародници и почнаа да излегуваат откај мочуриштето, ги имаше околу десетина илјади, и кон нас се упатија. А нашата војска броеше четириесетина илјади. Јас тогаш издадов наредба да се запали густежот кај мочуриштето, а тие, кога го видоа пламнатиот оган, избегаа. Се вдадовме во потера по нив и фативме тројца. Но тие ја одбиваа нашата храна. Издржаа осум дена без јадење, а потоа умреа од глад. Инаку, тие не беа разумни како луѓе, туку лаеја како пци.
43
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
36. Оттаму, продолжувајќи го патот, дојдовме до една река. Заповедав да се одмориме и војниците да го положат своето оружје и малку да закрепат. Во таа река имаше едни дрвја што почнуваа да растат на изгрејсонце, и сè така до шестиот дневен час, до пладне, а од седмиот час натаму почнуваа да се намалуваат, сè додека, за некое време, не исчезнуваа сосема. Покрај тоа, ова дрво испушташе една смола што беше како персиските миризливи масла, со сладникав и пријатен мирис. Заповедав да се зарежат стеблата и да се собере нивната смола со сунѓери. Но оние кои се фатија за таа работа одненадеж сетија удари од камшик на плеќите, од некоја невидлива рака. И додека тие ги трпеа ударите, ние јасно можевме да го чуеме камшикот како го пара воздухот и можевме јасно да ги видиме раните што им се отвораа на рамената – но оној кој замавнува никако да го видиме. И тогаш чувме еден глас кој дојде од никаде, кој забрани тоа дрво да се зарежува и да се собираат неговите солзи. ’А доколку не го послушате тоа – рече гласот – војскава ќе ја изгуби дарбата за говор‘. Се уплашив и веднаш заповедав дрвото да не се сече и ништо од него да не се собира. Во истата река имаше и некакви црни камења. А кој ќе ги допреше, стануваше ист како нив по боја. Освен тоа, во реката се врволкаа и многу змиишта и разни видови риби, кои не можеа да се зготват на оган, ами само во студена вода. Впрочем, еден од моите војници фатил една риба, па ја измил и ја ставил во еден сад, а подоцна ја нашол зготвена!
44
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
На брегот живееја и едни птици, навидум сосема обични. Но ако посакаш да допреш некоја од нив, во истиот час од неа избиваше оган. 37. Следниот ден почнавме да го губиме правецот. Водичите вака ми зборуваа: ’Не знаеме каде одиме, господине и кралу! Да се вратиме назад, за да не зајдеме во некои краишта полоши и од овие!‘ Но јас не сакам враќање назад. А на патот наидувавме на секакви створови земски, шестоноги, триоки и петоки дури, и долги по десет лакти и згора, а од најразлични видови. Едни, кога ќе нè видеа, бегаа, но имаше и такви кои, богами, се пуштаа кон нас. Така, стасавме до едни песоци. Таму видовме ѕверови како диви магариња, долги до дваесетина лакти. Имаа по шест очи, ама гледаа само со две од нив. Но беа питоми животинки, не борбени. И нив, а и многу други животни, војниците мои убија со лакови и стрели. Потоа патот нè одведе во други краишта: таму живееја луѓе безглави. Но, без оглед на тоа, тие како и сите други луѓе си зборуваа, само на свој јазик. Во косишта беа обраснати и со кожи си ги криеја телата, а се хранеа со риба. Ја ловеа во морето што се наоѓаше близу и ни носеа од нив, додека други нè нудеа со едни печурки што растеа на морскиот брег, а до дваесет и пет оки тежеше една! Таму видовме и фоки огромни како поземи се влечат. Пријателите наши фатија тогаш да нè разубедуваат и да нè наговараат да го прекинеме нашиот поход и да се вратиме назад.
45
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Но јас не сакав ни да слушнам – решен бев крајот на светот да го видам. 38. Оттаму, минавме низ една пустина и кон едно друго море се упативме. Само земја под нас и небо над нас. А ни сонцето не го гледавме, само воздухот црн – цели десет дена. И, конечно, стасавме на еден морски брег, па ги поставивме шаторите, кренавме логор и многу денови тука се одморавме. Среде морето имаше еден остров. Јас добив силна желба одблизу да го видам и да го истражам, па заповедав веднаш чамци да се направат. Се качивме тогаш, илјадамина може, во чамците, и отпловивме кон островот, кој не беше многу оддалечен од брегот. А таму – што да чуеме! Гласови човечки по хеленски како глаголат:
О сину Филипов ти, а семко египетска, име носиш ти пророчко што јасно говори за подвигот твој што красно ќе заврши. Алекс-андар те викаат28 од утроба мајчинска. Алекс-: стражар и чувар што значи, -андар: луѓе што гони и кралеви што ништи. Ако, пак, ал- го земеш и -ександар му го додадеш, меѓу покојните ќе зачекориш брзо оти словото ќе се исполни „лабда“ што второ е во името твое! Тие зборови ги чувме, но не видовме говорник да ги кажува. Некои од војниците се прелагаа тогаш и од чамците свои скокнаа и почнаа околу островот да пли-
46
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
ваат и да разгледуваат наоколу. Тогаш од длабочините се појавија ракови морски и ми ги издавија војниците.29 Ние се уплашивме, па побрзавме кон брегот. Кога слеговме на брегот и продолживме вдолж морето, начекавме еден од раковите, излезен на суво. Голем колку граден штитник, а предните нозе, клештите негови, секоја по еден преграб фаќаше! Со копјата свои одвај го совладавме. Оти железото од оклопот негов се одбиваше, а тој со своите краци ни ги кршеше копјата. Кога, конечно, го убивме и го отворивме, во неговата внатрешност најдовме седум скапоцени бисери, невидени порано од човечко око! Разбрав јас, тогаш, дека тие бисери ги има само во длабочините на непрепловното море. Затоа, смислив еден голем железен кафез да се направи и во него да се смести еден голем и цврст стаклен сад, со ѕидови дебели лакот и половина. На дното негово заповедав да се направи отвор, колку една рака човечка да може да се провре. Оти сакав да слезам до дното на морето и да го истражам. За таа цел, ова ми дојде на ум – капакот на дното од тој сад, од внатрешната страна, да го држам затворен, а штом ќе се најдам веќе долу, да го подотворам малку, та брзо раката да ја провлечам и од песокот морски да извлечам од она што се наоѓа на морското дно, а веднаш потоа раката да ја повлечам и отворот да го затворам. Заповедав уште и синџир да се сплете, долг триста и осум лакти, а строго забранив да бидам повлечен пред синџирот да го затресам, оти јас, реков, кога ќе стасам до дното, тогаш синџирот ќе го стресам, а вие
47
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
тогаш кревајте. И кога сè така направивме, влегов јас во садот стаклен за да го направам невозможното. Штом влегов, го затворија влезот со оловен капак. Па ме спуштија до сто и дваесет лакти длабочина, но тогаш помина едно рибиште и со опашката го зафати синџирот, па повлечен бев горе, на површината, оти виделе како синџирот се затресува. И вторпат ме спуштија, и повторно истото се случи. А третиот пат до триста и осум лакти се спуштив и неброени видови риби видов околу мене како пловат. Одненадеж, од никаде налета едно огромно рибиште и со челуста своја ме грабна сосе кафез и ме фрли дури една милја потаму, на брегот. А и оние што беа горе на чамците, посадата што ме спушташе во морето, која броеше триста и шеесет души: чудовиштето и нив ги одвлечка – сосе четирите чамци! Кога стаса до брегот, рибиштето го здроби кафезот со забите и го исфрли на суво. Јас бев полумртов и вкочанет од страв. Па паднав наземи и му се поклонив на провидението што ми го сочува животот од чудовиштето. И самиот себеси тогаш си реков: ’Доста, Александре, со потфативе неможни, да не си го оставиш животот во длабочините морски!‘ И веднаш заповедав логорот да се собере и понатаму да се продолжи. 39. Патувајќи, така, два дена, дојдовме до едно место каде што не грееше сонце. Значи, тука се наоѓа таканаречената Земја на блажените. Добив желба да ги видам и да ги истражам тие предели, па решив да ги земам само робовите свои и да се
48
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
упатам кон таму. Но пријателот мој Калистен ме посоветува да земам четириесетина пријатели и уште стотина робови, а исто така и илјада и двесте војници, сите од добар род. Така, ја оставив зад себе својата пешадија, како и старците и жените што патуваат со нас, па одбрав сè млади војничиња и тргнав со нив. А и заповед оставив стар човек со нас да не тргнува.30 Но некое љубопитно старче, со два сина расни и стројни, се нашло тука и вака им рекло на своите синови: ’Послушајте го сега татка си, о деца, па земете ме со вас и ќе видите – корисен ќе ви бидам, а не товар! Верувајте ми на зборот, ќе дојде време кога и кралот Александар од старец добро ќе треба да види, па кога ќе ме забележи крај вас, со големи почести ќе ве одликува‘. ’Но, татко, страшна е заповедта кралска! Ако неа ја прекршиме, ќе бидеме исклучени од походот, а и главите може од рамена да ни летнат!‘ ’Само вие избричете ме и потсуредете ме малку... па меѓу војниците ќе се измешам, а во часот пресуден од мноштвото ќе излезам!‘ И така, тие го послушале и направиле сè така како што тој им рекол. По три дена пат, стасавме на едно место преплавено од сињак. Не можејќи понатаму – тоа беше вистинско беспаќе – ги поставивме тука своите шатори. Утредента, со илјадамина вооружени од моите луѓе, влеговме во сињаците за да видам јас дали сум стасал до крајот на светот. Најнапред влево се вдадовме, оти оттаму беше малку посветло, а патот до едни спилишта нè однесе и до
49
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
некакви бездни, па сè до пладне чекоревме крај нив. А пладнето дека заминато веќе беше не видов по сонцето, оти го немаше него таму, туку по изминатиот пат. Се подуплашивме тогаш и назад фативме да се враќаме – оти патот непрооден стана. Успеавме, некако, оттаму да се извлечеме и надесно да фатиме. Таму беше сè рамно, низина без никаде ритче, а сета мрачна и тмурна. Јанѕа почна тогаш да ме јаде, оти сета младеж што беше со мене почна да ме наговара да отстапам оттаму. Страв им беше коњите да не ни загинат по мрачните патишта, та да не можеме назад да се вратиме. А јас ова им го реков: ’Ех, момци мои млади, бестрашни воини со ред, гледате ли дека без совет мудар и расудување зрело ни јунаштво ни водство бидува? Ах, да имаше бар една коса побелена меѓу русиве ни глави, совет ќе ни дадеше за тоа како низ крајов темен да минеме. Туку, има ли меѓу вас јунак до логорот да појде и да доведе овде некој старец? Десет оки злато давам!‘ Но јунак не се најде, оти долг беше патот, а светлина – ни за лек. Тогаш двајцата синови на старчето истапија пред мене и ми рекоа: ’Ако нè ислушаш внимателно, господару и кралу наш, нешто имаме да ти кажеме‘. ’Кажете, тогаш, што ви лежи на срцето! Во провидението се колнам вишно дека ништо лошо нема да ви сторам‘. Ми кажаа тогаш за татко им, за тоа како го повеле со себе, та го доведоа пред мене. Јас го избакнав кога го видов и побарав совет од него. А старчето вака ми рече:
50
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
’Кралу Александар, треба ова да го знаеш – само со коњи можете вие таму да влезете и повторно да излезете на денска светлина! Затоа, ти сега кобилите ождребени што се одбери ги од мноштвото и токму нив јавнете ги, а ждребињата нивни оставете ги овде. А тие, пак, заради ждребчињата свои, пак назад ќе ве вратат‘.31 Јас тогаш низ мноштвото разбарав и најдов околу стотина ождребени кобили. Па ги оседлавме нив и уште стотина расни коњи, како и товарни коњи неколку за храната и за другите работи да ги носат, па како што нè посоветува старчено, така внатре влеговме, оставајќи ги таму ждребињата. Старчето, пак, претходно на синовите свои им рекло по пат да си приберат во торбите сè што ќе најдат наземи. Сè на сè, значи, триста и шеесет души се собравме. Пред нас, по заповед моја, сто и шеесет пешаци врвеа. Така минавме петнаесетина милји, пред да стасаме до едно место од кое извираше бистра вода, сјајна како молња. А и воопшто, таму имаше и многу други води. И воздухот беше посвеж и не толку мрачен. Веќе бев огладнет и посакав да каснам нешто, па го повикав готвачот, што се викаше Андрија, и му реков: ’Зготви ни малку риба, да поткаснеме‘. Тој зеде од посолената риба и отиде до бистриот извор да ја измие. Рибата, пак, веќе подготвена за готвење, како се допрела до водата, така оживеала и му се промолкнала низ рацете.32 Тој се уплашил кога го видел тоа, но за таа работа мене не ми кажа ништо, туку само од водата се изнапил и наполнил со неа еден
51
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
сребрен сад. А сиот крај пребогат со вода беше и сите ние од други извори пиевме. Ех, што не набасав јас на изворот бесмртен, животороден, како што имаше среќа готвачот мој! 40. Откако убаво се најадовме, тргнавме и поминавме многу пат пред нешто како мугра да видиме пред себе. Но тоа беше мугра без сонце, а ниту ѕвезди ниту месечина пред нас имаше. Јас, пак, тогаш здогледав две птици во лет, кои имаа човечки лик и кои по хеленски ми закрештија озгора: ’Зошто, Александре, стапнуваш со ногата своја на место кое само за стапалото Божјо е наменето?! Назад, одбиј оттука, смртнику! Оти на Островот на блажените ти нема да стапнеш!33 Врати се на земјата, оти си роден како човек и твоето место е таму!‘ Се уплашив и ја послушав заповедта на птиците. А тие уште и ова ми го рекоа, повторно на хеленски: ’Истокот тебе те повикува за кралството на Пор да му го преземеш и на волјата твоја да го потчиниш!‘ Така рече гласот и одлетаа птиците чудесни. А јас тогаш принесов жртва, па до водичите наши држејќи се – кобилите кои сега напред ги пуштивме да врват – во правец на соѕвездието Кола тргнавме, па гласовите на ждребињата за некое време ги чувме и за дваесет и два дена излеговме оттаму. Многу од војниците го напуштија тоа место со разни работи во своите торби. А најмногу, ми се чини, синовите на старчено кое така ги поучи. 41. А кога излеговме на дневната светлина, се покажа дека тоа било чисто злато и огромни, бесценети
52
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
бисери. Кога го видовме тоа, оние кои имаа од насобраните работи се покајаа што не собрале повеќе, а оние кои ништо немаа – што ништо не зеле оттаму. А сите му бевме благодарни на старчето за неговиот совет. Кога се вративме назад, дури тогаш готвачот ни кажа за она што му се случило на изворот. Јас тогаш страшно се разлутив, а него уште пострашно го казнив. А потоа вака си реков себеси: ’Што фајде има, Александре, да очајуваш по работа што е веќе завршена?‘ А јас не знаев тогаш дека тој не само што пиел од таа вода, туку и сочувал настрана од неа, зашто тој ми кажа само за солената риба што му оживеала во рацете кога сакал да ја измие. Потоа готвачот отишол кај Кала, една од моите ќерки, која ми ја роди Уна, една од моите наложници, и да ти ја заведе со ветување дека ќе ѝ даде да се напие од водата од бесмртниот извор. Потоа и го исполнил своето ветување. Кога го дознав тоа, признавам, јас им позавидев на нивната бесмртност. Па ја повикав ќерка ми и вака ѝ реков: ’Збирај си ги работите и да те нема одовде! Оти ти не си веќе човечко суштество, туку бесмртна самовила. Името Кала ти е, Убавица што значи, но отсега Убавица горска ќе бидеш, оти по шумите ќе престојуваш. Уште и самовила водарка ќе те викаат, оти бесмртноста твоја и животот вечен од водата ги доби‘. Реков така и строго ѝ заповедав меѓу луѓе повеќе да не ја видат моите очи, туку само по горите. А таа, со плач и лелек пискотен, ми се изгуби од пред погледот
53
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
и отиде меѓу демоните, по напуштени и испустени места. На готвачот, пак, заповедав да му врзат околу вратот воденички камен и да го фрлат во морето. А кога во морето беше фрлен, тој во истиот час се претвори во демон и во морето се насели, а тоа место по него и денденес Андрија се вика. Ете, толку за готвачот и за мојата ќерка. По сè што се случи, јас разбрав дека крајот на светот е тука некаде, близу. Па заповедав на тоа место величествен споменик да се крене и следново таму да се вреже: ’Вие, кои кон Земјата на блажените сте се упатиле, десната страна држете ја, животот ако ви е мил‘. А потоа повторно се замислив и се запрашав – дали навистина тоа е крајот на светот, дали токму тука небото и земјата се спојуваат? И решив да испитам што е вистината, па издадов заповед да се фатат две од оние тамошни птици. Тоа, велам, беа навистина огромни птици, бели по боја, силни во снагата, но мошне питоми; не бегаа од нас кога ќе им пријдевме. Некои од војниците и на вратовите ќе им се качеа, а тие мирно во височините ќе ги понесеа. Со мрши се хранеа, па и по нас идеа, по пцовисаните коњи. Па фатив две такви птици и заповедав три дена храна да не им се дава. А штом третиот ден веќе почна да истекува, наредив јарем од дрво да се направи и да им се стави на вратовите. Наредив да се направи и кошница од воловска кожа, па влегов во неа. Зедов две долги копја, по седум лакти едно, а на врвовите нивни закачив коњски дроб.
54
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Птиците веднаш полетаа, полакомувајќи се по дробот, а и јас заедно со нив се вивнав во вишното небо. Сиот се тресев од мразовитата промаја што ја правеа со нивните крилја. И тогаш, од нигде-никаде, едно суштество со крилја, а со лика човечка, тука се најде и вака ми проговори: ’Ој, ти, Александре! Ни земските работи не ги разбираш, а кон небесава вишни си се устремил! Брзо кон земјата поитај, да не те раскинат птичиштава страшни, та во утробите нивни да завршиш!‘ А уште и ова ми го кажа: ’Погледај ја долу земјана, Александре!‘ Јас со страв во коските го спуштив погледот и долу здогледав една огромна склопчена змија, а среде кругот одвај распознав едно гумно.34 И ми кажа повторно гласот, за последен пат: ’Копјата свои устреми ги сега кон она гумно, оти тоа е целата земја! Змијата пред очи што ти е, тоа е морето што ја заокружува земјата‘. Го управив летот и, благодарејќи ѝ на вишната промисла, на земјата слетав, на седум дена од мојот логор. Кога слегов од птиците, целиот бев вкочанет и полумртов. За среќа, тука најдов еден сатрап, свој поданик, па зедов триста коњаници од него и така се вратив во логорот. И оттогаш, од недостижното раце кренав. Останете ми со здравје!“
55
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Диктис КРИТЈАНИНОТ
Книга трета 1–4. Александар ги продолжува своите походи и своите патувања. Заминува во краевите во кои владее индискиот крал Пор. Напорните маршеви низ пусти и опасни предели прават да расте незадоволството кај македонските офицери. Меѓу војниците вака се зборувало: за македонската војска доволно било да го совладаат Дариј, поради данокот кој тој го барал од Хелените и од Македонците. Александар дознава за ваквите бунтовнички разговори. Разгневен, со еден негов говор успева да ги успокои и да ги одоброволи офицерите. Пор, пак, праќа гласник со писмо во кое бара од Александар да се повлече. Овој му одвраќа дека е подготвен за борба. Бидејќи првпат пред него има војска во која, освен војници, има и слонови и разни други животни, Александар се преоблекува во војник и така успева да се вовлече во градот во кој се наоѓа Пор. Заробен како македонски војник (божем дојден на пазар за нешто да купи), а непрепознат оти е крал, Александар дури и ќе поразговара со Пор. За тоа време, пред сè, ги проучува со поглед слоновите и остатокот од индиската војска. Тогаш се досетува на следнава итрина: кога се враќа меѓу своите, им заповеда да ги вжарат сите запленети штитови, како и сите други метални предмети, и да направат една голема метална ограда, па да ја постават пред нивните први борбени редови. Индијците тргнуваат во напад, но Поровите слонови и ѕверови си ги горат сурлите и рилките од преградата и веднаш се повлекуваат. Борбата, со променлива
56
Диктис КРИТЈАНИНОТ
среќа, трае цели дваесет дена. И коњот Букефал паѓа тука од исцрпеност под Александра и умира. Некои од Македонците почнуваат да му се предаваат на Пор. Тогаш Александар му понудува на Пор тие да ја решат битката со двобој. Александар, во двобојот, иако значително помал по раст од стројниот Пор, успева да го совлада и да го убие индискиот крал. Настанува метеж и се заканува опасност дека индиската војска ќе ја продолжи борбата. Александар успева некако да ги смири индиските трупи. Им ветува на Индијците дека ќе живеат слободно и според своите обичаи, а на кралот Пор му приредува свечен погреб. Потоа Александар го зема од дворецот богатството на Пор и тргнува во посета на индиските брамани, таканаречени гимнософисти. *** 5. Кога дознаа дека доаѓа кралот Александар, браманите35, со едно писмо, ги пратија кај него своите најдобри филозофи. Александар го прими писмото, го отвори, а во него вака пишуваше: „Ние, гимнософисти што нè викаат, му се обраќаме на човекот Александар. Ако си дојден за да војуваш, нема да видиш фајде од тоа, оти нема што да ни земеш. А ако, пак, посакаш од нас да го земеш она што го поседуваме, тоа можеш да го сториш само со молитва, а не со војна, и тоа не молитва кон нас, ами кон вишното провидение. Ако сакаш, пак, да дознаеш кои сме ние, ние сме сиромашни луѓе, склони кон мудрување, а не сме сами од себе такви, ами од промислата вишна сме
57
Диктис КРИТЈАНИНОТ
такви создадени. Тебе ти е пишано да војуваш, а нам да мудруваме“. Кога ги прочита тие зборови, кралот Александар мирно отиде кај нив. Таму виде високи шуми и илјадалетни стебла со секакви плодови, и една река што целата таа земја ја обиколуваше, а водата во неа беше проѕирна и бела како млеко. Виде и неброени палми натежнати со род, и илјадници лозници полни со гроздови, срцето да ти заигра кога ќе го спуштиш на нив својот поглед. И, конечно, ги виде и нив како голи наоколу слободно се движат и виде дека живеат во колипки и пештери. А надвор од тој круг, потаму од нивното пребивалиште, ги виде нивните жени и деца како ги пасат овците. 6. Александар тогаш фати да ги распрашува: „Немате гробишта?“ Тие вака му одговорија: „Парчево земја на кое живееме е и наш гроб. Кога легнуваме за да се одмориме, легнуваме на земјата, како во гробница. Оти земјата нè раѓа, земјата нè храни, а кога ќе умреме, под неа го сонуваме својот вечен сон“. „А кои се повеќе на број, живите или мртвите?“ „Мртвите, секако, се побројни, но бидејќи нив веќе ги нема, не можеш ни да ги изброиш. Значи, оние кои ги гледаш се побројни од оние невидливите“. „Што е посилно, смртта или животот?“ „Животот, оти кога излегува, сонцето силно блеска, а кога заоѓа, бедно изгледа и ослабнато“. „Што е поголемо, копното или морето?“
58
Диктис КРИТЈАНИНОТ
„Копното, оти морето со него е затворено“. „Кое, од сите живи суштества, е злосторник најголем?“ „Човекот“. „Како човекот?!“ „Па, процени по себеси. Ти, еве, и самиот што си ѕвер, види што ѕверки други со себе водиш за други ѕверки да ништиш“. Тој не се налути на тоа, туку продолжи со своите прашања: „Што е кралството?“ „Тоа е слепа сила на лакомоста, луда смелост на која случајот на помош ѝ доаѓа, товар златен“. „Што настанало најпрвин, ноќта или денот?“ „Ноќта, оти живите суштества најпрвин во темнината на утробата пребиваат, а потоа, низ раѓањето, во зората влагуваат и денот светол тогаш ги огрева“. „Која страна е подобра, дали десната или левата?“ „Десната, оти и самото сонце надесно се крева, а потоа кон левата страна од небото се спушта. А и жената најпрвин оддесно дои“. Потоа Александар вака ги праша: „Вие имате ли владетел?“ „Да, имаме старешина“. „Сакам да го поздравам“. И тие му го покажаа Дандам, седнат наземи, врз распрострено лисје, а пред него имаше дињи и различни други овошја. Кога го виде, Александар го поздрави. А овој Александар само со едно „Здраво!“ го отпоздрави, без да стане и да го пречека како крал. Тогаш Александар го праша дали тие поседуваат некакво богатство.
59
Диктис КРИТЈАНИНОТ
„Нашето богатство е земјата, дрвјево плодоносно, светлината сончева, месечината златна, ѕвездите и водата. Глад кога ќе почувствуваме, до разлистените дрвја прошетуваме и ги јадеме плодовите кои сами од себе растат и зреат. Оти сите дрвја раѓаат кога е млада месечината. И голема река имаме, која се вика Еуфрат, па кога ќе ожеднеме, таму одиме, па пиеме и уживаме. Секој има своја жена, а кога ќе се појави младата месечина, секој заминува за да биде со неа, и сè така дури не изроди две дечиња: едното наместо татка си да остане, а другото наместо мајката“. Кога го чу тоа, Александар вака им се обрати: „Сè што ќе побарате од мене сега, ќе ви биде дадено“. Тогаш сите, во еден глас, се провикнаа: „Дај ни бесмртност!“ „Е, само тоа не можам да го направам, оти и јас сум смртен“. „Па штом си смртен, зошто толку војуваш? Ќе собереш сè и каде потоа ќе го носиш тоа? Зар нема и ти, кога ќе ти дојде редот, сето на другите да им го препуштиш?“ Александар им возврати: „Тоа го има одредено вишната промисла, за ние да бидеме робови и слуги на нејзините заповеди. Оти морето не се пени ако не задува ветрот, а лисјето не шушка ако не го помрдне здивот негов! И со човекот е така: во војна не заминува освен ако не го праќа промислата вишна. Та и јас сакам од војувањето да се одморам, ама не ме пушта оној кој владее со мојата мисла. А кога сите во сè би се согласувале, колку залуден и здодевен би бил светов! Ни по морето би се пловело,
60
Диктис КРИТЈАНИНОТ
ни земјата би се обработувала, ниту пак свадби би се правеле и деца би се раѓале. Колкумина само, против мене кревајќи се, сè што имале изгубиле неповратно! А други, пак, на туѓа сметка ги живеат блажено своите животи. Оти сите сè разграбуваат и пак кај други тоа завршува, и никому ништо не му останува“. Го рече тоа Александар, па изнесе пред Дандам злато, леб, вино и масло и му рече: „Ова е за тебе, премудар старецу, за спомен од нас!“ Дандам се насмеа и рече: „Тоа кај нас за ништо не служи, но за да не нè сметаш за горди и самобендисани, ќе го земеме маслото од тебе“. Па зеде еден куп дрва, запали оган и, пред Александар, маслото в оган го истури. ***
7–16. Деловите означени со овие броеви не се содржани во ракописот од кој е направен овој превод. (Инаку, нумерирањето на изданиево е направено според она што е во поцелосните верзии од романов.) Тие се јавуваат во една од верзиите на романот која е сочувана во еден многу стар ракопис, кој датира од XI век. Всушност, и таму се работи за вметнат текст, и тоа од друг антички спис. Преземени се од списот „За народите на Индија и за браманите“, чие авторство му се припишува на црковниот великодостојник и грчки христијански автор Паладиј. Од седумнаесеттиот дел, кој следува во текстот, продолжува раскажувањето за чудата кои Александар ги посведочува низ своето понатамошно патување.
61
Диктис КРИТЈАНИНОТ
*** 17. Дојдоа, така, кај Александар36 некои од луѓето многузнајни и вака му рекоа: „Имаме нешто необично да ти покажеме, кралу, нешто што, секако, ќе те заинтересира. Она што сега ќе ти го покажеме е дрво што зборува со глас човечки“. Па го поведоа Александар во светилиштето на Сонцето и на Месечината. Таму, долу, имаше една стара ограда, со две дрва многу слични на кипарис, а околу нив имаше многу други дрвја, како оние што во Египет се викаат миробаланон, со ист таков плод, со „мирисен желад“, што се вели. Значи, тие дрвја што беа во средината умееја да зборуваат: едното машко, со машки глас, а другото женско – со женски глас. Машкото дрво се викаше сонце, а женското, пак, месечина, што на јазикот тамошен се изговара „мутхеаматус“37. На нивните крошни лежеа обесени кожи од секакви животни, и тоа на машкото дрво кожите беа од мажјаци, а на женското дрво само од женки. Во близина немаше никаков железен предмет, а ниту пак од бронза или од калај, ниту, пак, некакво орудие од глина. Кога запраша Александар од што ѕверови се кожите што ги покриваат дрвјата, му рекоа дека се од лавови и од пантери. Александар продолжи да ги распрашува за дрвјата и тие вака му рекоа: „Рано наутро, на изгрејсонце, излегува глас од дрвото, а истото и напладне се случува, кога сонцето ќе се искачи среде небото, и третпат пред зајдисонце. А истото се случува и со месечината“.
62
Диктис КРИТЈАНИНОТ
Кон Александар потоа пријдоа некои луѓе што личеа на свештеници и вака му се обратија: „Со чисто тело и чиста душа влези внатре, доземи поклони се и пророштво ќе ти се каже тебе“. А уште и ова му го рекоа: „Кралу Александар, знај дека е забрането да се влегува во храмот со железо“. Тогаш тој заповеда мечевите да се остават надвор, пред оградата. Со него влегоа многу негови луѓе и тој им заповеда убаво, од сите страни, да го надгледуваат местото. И неколку Индијци повика тој, од оние што на патот негов го следеа, за да му преведуваат. И вака им се заколна ним, дека „ако сонцето зајде, а јас глас пророчки не чујам, живи ќе ве запалам!“ И навистина, штом сонцето зајде, од дрвото глас, по индиски, проговори. Индијците, пак, присутни што беа, преплашени, не сакаа да го протолкуваат тоа што го чуја. Се подзамисли тука Александар и, еден по еден, почна настрана да ги трга. А тие, на уво, следново му го рекоа: „Кралу Александар, за кусо време, твоите сопствени луѓе ќе сакаат да те убијат“. Сите што беа таму се вчудовидоа, а Александар посака уште еднаш да го испроба пророчиштето. Кога чу што му претстои, тој повторно влезе внатре и помоли, пред смртта, мајка си Олимпија за последен пат да ја прегрне. Меѓутоа, кога се појави месечината, второто дрво, на чист хеленски, вака му проговори: „Кралу Александар, од сопствените луѓе ти ќе пострадаш и во Вавилон ќе заврши твојот животот, а мајка ти Олимпија нема да ја гушнеш пред да ги затвориш очите“.
63
Диктис КРИТЈАНИНОТ
Александар се воодушеви и посака со скапоцени венци дрвото да го накити, но свештениците му рекоа: „Не е дозволено тоа да се прави, но ако веќе толку сакаш, прави како што ти е волја! Оти за кралот ниту еден закон не е свет!“ Се нажали на тоа Александар, па стана уште предзори и, заедно со свештениците, со пријателите свои и со индиските толкувачи, повторно влезе во светилиштето. Таму се помоли и, заедно со еден свештеник, му пријде на дрвото и ја положи својата рака на него, па го запраша дали навистина при крај се годините од неговиот живот, оти токму тоа сакаше да го дознае. А штом сонцето се роди и со првиот зрак го допре врвот на дрвото, глас јасен од него се слушна: „Се исполнија годините од животот твој и не ќе можеш кај мајка ти Олимпија повторно да отидеш за да ја видиш, туку треба да умреш во Вавилон. А не многу потоа, мајка ти и жена ти твоја многу ќе страдаат, а и тие од луѓето сопствени ќе пострадаат. Но не прашувај веќе за тоа – доста е, оти ни збор повеќе од мене не ќе чуеш!“ Александар сега многу се разжалости, па веднаш штом излезе оттаму, ја крена војската и ја напушти земјата индиска, а по извесно време, се врати назад во Персија. 18. Александар потоа го гонеше нешто да ги посети дворовите на Семирамида38, оти тие беа надалеку прочуени. Инаку, со целата таа земја владееше една жена во средни години, надарена со блескава убавина. Александар ѝ испрати писмо со следнава содржина:
64
Диктис КРИТЈАНИНОТ
„Кралот Александар ги поздравува кралицата Кандака Беројска39 и сите нејзини велможи! На патот мој низ Египет, од свештениците тамошни слушнав за вашите палати и за кралските гробници, оти разбрав и дека со Египет вие сте владееле во времињата минати. Токму затоа и ви се обраќам. Вие размислете, па потоа пишете ми што ќе ви биде по волја. Останете ми со здравје!“ Кандака вака му одговори: „Кралицата Кандака од Бероја и сите велможи поздрав на кралот Александар му праќаат! Не презирај ја ти бојата на нашата кожа. Оти душата побела ни е од твоите најбели луѓе. Имаме на број осумдесет коњички полкови, за борба подготвени сме во секое време: ако некој се дрзне да нè нападне, богами, лошо ќе си помине. Гласниците што ти ги испраќам, еве, со сто златни плочи кај тебе ги праќам – секоја е составена од едно парче, а уште и: петстотини млади Етиопјани, двесте мајмуни, смарагдна дијадема од илјада оки злато, десет бисерни ѓердани и осумдесет на број ковчежиња изработени од слонова коска. А уште и голем број разновидни животни ти праќам кои кај нас ги има: пет слонови, десет припитомени пантери, триесетина кафези полни со кучиња-човекојадци и триесет бикови за борба. Триста слонови коски, триста пантерски кожи, палки од абонос – три илјади. Побрзо испрати твои луѓе да ги земат работиве и пиши ни како стана ти господар на целата вселена. Да си жив и здрав!“ 19. Кога Александар го прими писмото од кралицата Кандака и го прочита, тој го испрати Клеомон Египќанецот за да го преземе сето тоа.
65
Диктис КРИТЈАНИНОТ
А Кандака, слушајќи и дознавајќи за Александар сè што беше познато и што можеше да го дознае, односно како толку краишта тој покорил, повика еден Хелен, кој беше сликар и живееше на нејзиниот двор, па му заповеда да отиде кај Александар и кришум да го наслика во природна големина. И тој го стори тоа што му беше кажано. Потоа Кандака ја зеде сликата и ја стави на скришно место. Неколку дена подоцна се случи синот на Кандака, Кандаул40, да биде нападнат, заедно со неколкумина негови коњаници, од страна на главатарот на Бебриците41. Бегајќи, Кандаул стаса токму до шаторот на Александар. Го фатија стражарите и го изведоа пред Птолемај Сотер, кој по ранг беше веднаш по Александар. Зашто Александар тогаш спиеше. И Птолемај го праша: „Кој си ти и овие со тебе?“ „Јас син сум на кралицата Кандака“. „Зошто доаѓаш ваму?“ „Со жена ми и една мала чета војници бев тргнал накај Амозонките, за да учествуваме во нивните обредни свечености, како и секоја година. Но главатарот на племето Бебрици, кога ја здогледа жена ми, со голема воена сила се упати кон нас, па ми ја грабна неа и ми погуби многу војници. И еве, се враќам сега за да соберам голема војска и да ја збришам земјата на Бебриците“. Кога го чу тоа Птолемај, влезе кај Александар, па веднаш го разбуди и му раскажа сè што слушна од синот Кандакин. Се сепна Александар и срипа, па ја извади круната од главата и му ја стави на Птолемај, а
66
Диктис КРИТЈАНИНОТ
и наметката своја преку рамото му ја префрли и му рече: „Седни сега на престолов, како Александар да си, и вака на секретарот речи му: ’Веднаш повикај ми го Антигон, заповедникот на мојата лична гарда!‘ Па кога јас ќе се појавам, ти истово што ми го кажа – пак кажи ми го, па вака прашај ме: ’Како да го решиме проблемот на овој човек што стои пред нас? Совет од тебе барам‘“. И така, Птолемај седна на престолот, со кралските знаци на себе, а војниците се прашуваа што ли смислил овојпат Александар. А кога синот Кандакин го виде во кралското руво, се загрижи за својот живот, оти помисли дека лично големиот Александар е пред него. Тогаш Птолемај вака заповеда: „Антигон повикајте го, заповедникот на мојата лична гарда! Веднаш!“ Кога Александар се појави, Птолемај вака му се обрати: „Антигоне, овој човек овде е син на кралицата Кандака. Главатарот на Бебриците жената му ја грабнал. Што ми советуваш ти да сториме?“ „Ти советувам, кралу Александар, војската да ја вооружиш и во војна против Бебриците да тргнеш, за жената на овој човек да ја ослободиме и да му ја вратиме, како знак на почит кон неговата мајка“. Кандаул, синот Кандакин, се израдува на тие зборови, а Птолемај вака тогаш рече: „Штом на тој ум си, Антигоне, така нека биде. Ти заповедник на кралската војска си. Заповедај за поход таа да се подготви“.
67
Диктис КРИТЈАНИНОТ
20. И сторено беше така како што Птолемај, како лично Александар да е, му заповеда на Антигон да стори. Божемниот Антигон, заедно со Птолемај, за еден нецел ден до седиштето на главатарот стасаа. Па Антигон на Птолемај вака му проговори: „Кралу Александар, да не дозволиме забележани од Бебриците да бидеме на дневнава светлина, да не дојде тоа некако до нивниот главатар, та тој да ја погуби жената на Кандаула. Да сочекаме ноќта да падне и тогаш во градот да влеземе и да им ги запалиме куќите, та народот, кога ќе види што го снашло, самиот да ни ја предаде в раце жената на Кандаул. Оти оваа битка не се води за кралство, туку за ослободување на една жена“. Кога тоа божемниот Антигон го изрече, Кандаул пред нозете негови се фрли и вака тој се провикна: „О Антигоне, ти ум величествен имаш! Како не беше токму ти Александар, а не само негов заповедник!“ А кога се спушти ноќта, тие влегоа во градот, додека позаспани сите беа, и подметнаа пожар во предградието. Тогаш сите срипаа од своите легла и почнаа да расправаат за причината на пожарот. Александар тогаш заповеда следново да биде обзнането: „Кралот Кандаул е тука, со војска небројна пред вашите портите и ви заповеда веднаш жената да му ја вратите, оти градот до темел ќе ви го изгори!“ Притеснети, поитаа сите кон палатата на главатарот и насила внатре влегоа. Жената Кандаулова ја најдоа во постелата на главатарот: веднаш ја извлекоа оттаму и на Кандаул в раце му ја предадоа, а тиранот го погубија во истиот миг.
68
Диктис КРИТЈАНИНОТ
Кандаул фати на божемниот Антигон да му се заблагодарува за советот и за досетливоста, па го прегрна и вака му рече: „Со мене дојди сега и од ништо не плаши се! Кај мајка ми, Кандака, ќе те одведам и ќе те опсипам со достојни дарови!“ Се израдува Александар на тие негови зборови. „Дозвола за таа работа од кралот Александар барај – му рече – оти и јас многу сакам да ја видам таа земја“. А Александар веќе му имаше наложено на Птолемај со Кандаул да појде, како негов пратеник. Па Птолемај му рече тогаш на Кандаул: „Сакам, најпрвин, со едно писмо да ја поздравам твојата мајка. Затоа, земи го сега Антигон, гласникот мој, но жив и здрав врати ми го назад, како што јас тебе и жена ти ве враќам кај твојата мајка“. А Кандаул, на тоа, вака му одговори: „Го преземам, кралу, овој човек, како самиот Александар да е тој, и ќе ти го вратам заедно со кралските дарови“. 21. И така, тргна Кандаул поведувајќи го со себе Александар и многу негова војска, како и голем број коли и дарови неброени. По пат, Александар не можеше да им се изначуди на горите во земјата што раѓа кристал, а нивните врвови ги пресекуваа дури небесните облаци, потоа на дрвјата што имаа долги стебла, а лисјето дури на врвот им растеше, а пак нивниот плод не беше како оној што вирее кај Хелените, ами секој, сам за себе, претставуваше посебно чудо. Јаболкниците имаа златни плодови, како цитроните хеленски, само што беа многу поголеми од нив; лозниците
69
Диктис КРИТЈАНИНОТ
тежеа од огромни гроздови; а оревите нивни беа големи колку дињи. Мајмуните беа големи колку мечки, а и други животни имаше многу, со секакви бои и во најразлични облици. Наидоа на едно место каде што патот преоѓаше во скалила во самите карпи, кои водеа удолу. „Ова место, Антигоне, се нарекува куќа на боговите“ – рече тогаш Кандаул. По долгиот пат, конечно, и до кралскиот двор стаса карванот. Ги пречекаа Кандауловата мајка и неговиот брат. Па кога со раширени раце кон него се вдадоа, Кандаул вака им рече: „Не прегрнувајте ме веднаш мене, туку најпрвин мојот и на жена ми моја спасителот и добротворот, големиот Антигон поздравете го, гласникот на кралот Александар!“ „А од што те спаси тој?“ – го прашаа тие. Тогаш Кандаул им раскажа за тоа како главатарот на Бебриците ја грабна жена му и како Александар му помогна да си ја врати назад. Па го изгушкаа тие и приредија гозба во негова чест. 22. Следниот ден Кандака се појави со сјајна круна на главата. Таа беше жена со величествен став, слична на божица, па на Александар многу му заличи на Олимпија и го потсети на неа. Потоа тој почна да ја разгледува нејзината огромна палата, која сета блескаше, со златни сводови и со ѕидови од мермер. Душеците беа поставени на позлатени кревети, а над нив имаше срмени прекривки и чаршафи ткаени од свила; а и рамките нивни беа исплетени од златни ремчиња. Столовите, пак, беа изработени од
70
Диктис КРИТЈАНИНОТ
слонова коска. Џиновските столбови беа обоени во илјада абоносови нијанси. Бронзени статуи – не им се гледа крајот и не им се знае бројот! Во порфир беа изработени многубојни коли, а ждрепците беа насликани така чиниш сега од сликата ќе скокнат и ќе поитаат кон тебе! Слоновите, во порфир исто така, под нозете ги газеа своите непријатели и ги префрлуваа со сурлите преку глава. Таму Александар виде цели храмови, сосе столбовите, изделкани од еден единствен камен. Гледаше и не можеше да се изначуди на чудата што му беа пред очите. Потоа седна да руча со браќата на Кандаул. А Кандаул ја повика мајка си и побара од неа да го дарува Александровиот гласник, по заслуга, за досетливоста негова премудра, па потоа да го испрати назад кај Александар. Другиот ден, Кандака го позеде Александра за неговата десница и го поведе да го прошета низ кралските одаи. Сите тие беа проѕирни, направени од некој чуден камен, така што сонцето како внатре, во одаите, да сјаеше, толку силно и јасно беше. Во нив имаше столови и кревети направени од дрво неуништливо. Имаше е една куќа чии темели не се наоѓаа во земјата, ами таа стоеше некако на огромни, кружни трупци: по потреба, дваесетина слонови можеа да ја пренесат од едно на друго место. Всушност, кога кралот се упатуваше во поход на некој град, токму во таа куќа тогаш се сместуваше. Гледајќи го сето тоа, Александар, вака ѝ проговори на Кандака: „Сето ова чудесно би било и достојно за почит кога кај Хелените би се нашло, но не и овде, кај тебе, во
71
Диктис КРИТЈАНИНОТ
оваа земја во која се издигаат толку прекрасни и пребогати шуми и планини“. Кандака се подналути на тие негови зборови, но му рече: „Вистината, Александре, ја кажуваш ти!“ Кога го чу своето името, тој брзо кон неа се сврти и рече: „Јас, госпоѓо, Антигон се викам! Јас сум само гласник на Александар!“ „Да, да, можеш ти и Антигон да се викаш, но не ќе можеш мене да ме прелажеш: ти си кралот Александар лично. Сега ќе ти покажам од каде го знам тоа!“ Па го фати за рака, го одведе до една од собите, ја изнесе оттаму неговата слика и го запраша: „Го препознаваш ли својот лик овде?“ Александар се препозна на сликата и се збуни, па сиот се стресе. А Кандака тогаш му рече: „Де, Александре, што трепериш толку? Зар ништителот персиски, на славниот убиец на Индијците, ти кој Медијците и Партите ги фрли на колена и сиот Исток го стави под своите нозе, зар без битка и војна во Кандакините раце сега завршуваш? Ова за ум нека ти служи, Александре: кој и да се занесе многу, некој друг ќе се најде кој ќе го надмудри! Оти, еве, сега итрината на Кандака ја надмина твојата“. Зовре Александар и зачкрипи со забите, а Кандака продолжи: „Чкрипиш со забите, а? Што ти вреди сега тоа? Ти, таков крал, сега си во рацете на една жена“. Александар го преплави желба да ја погуби со својот меч, а потоа и својот живот да си го одземе. Но Кандака тогаш го пресече:
72
Диктис КРИТЈАНИНОТ
„Тоа што си го наумил храбро е и достојно за еден крал! Но не жести се толку и не жалости се, сине Александре, оти како што синот мој и жена му негова од Бебриците ти ги спаси, така и јас тебе од варварите ќе те ослободам, со тоа што и понатаму ќе те ословувам како Антигон. Кога би дознале дека Александар си ти, заради Пор, индискиот крал, веднаш би ти го заболе ножот, бидејќи жената на мојот најмлад син е ќерка Порова. Затоа, јас ќе продолжам да те викам Антигон. Не грижи се, тајната твоја е сигурна со мене“. 23. Потоа Кандака излезе заедно со него и вака пробеседи: „Сине Кандауле, и ти ќерко Харписо, да не наидовте во вистинскиот час на војската на Александар, ниту јас би ве дочекала ниту ти жената ќе си ја најдеше. Да му се оддолжиме на овој човек на Александар, тогаш и подароците за него да му ги дадеме“. Тогаш нејзиниот најмлад син вака се огласи: „Вистина, Александар ги спаси брат ми и жената негова, но мојата жена е многу гневна на него што ѝ го погуби таткото нејзин Пор, па таа има едно барање – штом Антигон, човекот негов, ни е веќе в раце, веднаш да го погубиме“. Кандака вака му одврати нему: „Каква полза од тоа, сине? Ако го убиеш сега овој човек, зар така Александар ќе го победиш?“ Тогаш и Кандаул на брата си му рече: „Овој човек ме спаси и мене и жена ми и јас жив и здрав кај Александар мислам да го вратам! Впрочем, оти да не го решиме тоа овде и сега – на мегдан?“ Братот негов вака на тоа му одговори:
73
Диктис КРИТЈАНИНОТ
„Јас, брате, не го имав тоа на ум. Но ако за двобој ти си подготвен, јас, богами, уште поподготвен сум од тебе!“ Така рекоа и двајцата, еден кон друг, под оружје, тргнаа. Кандака, смртно преплашена да не ѝ се испоубијат синовите, го поттргна Александар настрана и му рече: „Ти, кој си толку вешт, толку смел и досетлив, толку ли не можеш на ништо да се сетиш за моите синови меѓу себе да не се бијат?“ „Сега јас нив ќе ги смирам...“ – ѝ дофрли едноставно Александар. Па меѓу двајцата се постави и им проговори: „Почујте ме, Тоа, и ти, Кандаул! Ако вие мене овде ме убиете сега, Александар за тоа ич главата не ќе го заболи! Оти името Антигон ми е мене, а ниту еден гласник не е толку вреден за него кралеви да се бијат. Можете и веднаш да ме убиете, но Александар има илјадници гласници, а не само еден единствен! Туку, ако ви е по волја токму преку мене непријателот ваш Александар да го заробите, ветете ми, тогаш, некој мал имот на вашата земја, за меѓу вас да останам извесно време и да наредам Александар да дојде кај вас – за божем вие лично да му ги предадете даровите што се подготвени за него. Па кога вашиот непријател ќе падне во таа замка, вие ќе си ја добиете вашата одмазда и ќе ѝ се насладувате на својата победа над него“. Браќата го прифатија кажаното и во истиот миг се смирија. Кандака се воодушеви на мудроста Александрова и му рече: „Е, Антигоне, како не ми беше син ти, за народите светски со тебе јас да ги покорам! Оти јасно е како ден
74
Диктис КРИТЈАНИНОТ
дека ти не си ги освоил земјите и градовите големи војни водејќи, туку со твојата мудра глава“. И тогаш му дадоа почесна стража на Александар, поради што тој многу се израдува. А Кандака и понатаму цврсто ја чуваше неговата тајна. По десетина дена Александар се крена на пат, а Кандака тогаш кралски го даруваше. Му даде бесценета круна со дијаманти, грамаден бисерен оклоп и пурпурна наметка обрабена со злато, сјајна како соѕвездие. И го испрати со свечена придружба и заедно со неговите војници. 24. По неколку дена пат, тој стаса до местото каде што Кандаул му рече дека живеат боговите.42 Тој слезе таму со неколкумина војници и забележа некакви сенки и огнови што гореа. Александар се ужасна од таа глетка, но остана да види што ќе биде потаму. Виде некои луѓе исполегнати поземи, а од нив бликаше некаква светлина, додека очите како ламби им гореа. Еден од нив тогаш го поздрави: „Здраво-живо, Александре! Знаеш ли ти јас кој сум? Ме викаат Сесонхосис, јас сум владетел на целиот свет.43 Но ја немав твојата среќа за името да ми стане бесмртно како твоето, откако во Египет Александрија пресветла ти ја изгради“. Тогаш Александар го запраша: „Колку години ќе поживеам?“ „Подобро е кога човек не знае колку ќе живее. Оти штом тоа го дознае – како да е веќе умрен. А кој не знаејќи за тоа си го живее својот живот, за тоа не се грижи многу оти знае дека и така и така еден ден ќе умре. А градот што го крена ти низ светот цел ќе се прочуе и
75
Диктис КРИТЈАНИНОТ
многу кралеви ќе тргнат на него за да го срамнат со земјата. Во тој град ќе пребива твоето смртно тело, но ти ќе бидеш бесмртен, оти самиот град е твоја гробница неуништлива“. Кога го чу тоа, Александар излезе надвор. ***
25–30. Откај браманите-гимнософисти, Александар се упатува кон Амазонките. Во преписката со кралицата на Амазонките содржан е, најпрвин, приказот на земјата и начинот на живот на овие жени-воини, а потоа и нивната согласност да му платат данок на Александар и да испратат еден свој одред да биде во составот на неговата војска. Во писмото кое Александар ѝ го праќа на мајка си Олимпија е опишано неговото патување од Индија назад, во Персија. Тука повторно се споменуваат, иако прилично спорадично и само како набројување, чудни и необични краеви и места. На пример, местото каде што не можат да се видат „ниту земјата ниту небото“, потоа се опишани најразлични народи, како што се пцоглавите, потоа луѓето без глави, а со очи во устите што им се наоѓаат на градите, или оние што имаат по шест раце и воловски лица, па пештерниците-троглодити, каишарите-химантоподи, луѓето со лавовски лица, а и други невидени и чудесни животни. Потоа Александар, во истото писмо, го опишува далечниот остров каде што се наоѓа Градот на Сонцето, а кој е сиот опсипан со злато и смарагди. Потоа пишува и како стасал до пристаништето Лисо, крај една горостасна шума, а таму имало куќи полни со злато и сребро и оградени со сафирни бедеми. Приодот кон
76
Диктис КРИТЈАНИНОТ
таму броел сто и осум скали, а водел кон еден храм во кој, и однатре и однадвор, изрезбани и во камен изделкани имало многу баханатки и сатири, потоа менади што свират на кавали, а и „старецот Марон со својата мазга“. Среде храмот бил поставен златен кревет, а на перниците лежел испружен човек, сиот обвиткан во лесна памучна ткаенина. Поради тоа, Александар не можел да му го види лицето; видел само дека се работи за крупен и силен човек. Во средината на храмот Александар забележал и еден голем златен синџир. Просторијата не била осветлена со обична светлина, ами светлината доаѓала од некаков бесценет камен. На таванот имало златен кафез, а во него некоја птица, слична на гулаб. Таа птица го ословила Александар со глас човечки и го предупредила да се врати дома и да ги остави „патиштата небесни“. Александар сакал да го земе кафезот, сосе птицата во него, како и скапоцениот камен, но од тоа сквернавење успеале некако да го одвратат неговите пријатели. Предупреден од громови што се појавиле среде бел ден и од завесата од чад што одненадеж се кренала откај брегот, Александар го напуштил ова необично и чудесно место. Потоа, на патот до Вавилон тој наидува на многу напуштени дворови и палати, полни со скапоцени уметнички предмети. Од Вавилон тој ѝ пишува ново писмо на Олимпија, во која ја известува дека, според предзнаците и пророштвата што ги чул, деновите му се одбројани.
77
Диктис КРИТЈАНИНОТ
Зашто се случило некоја жена да роди чудовишно дете. Новороденчето, од половината нагоре, имало облик на човек, но тој труп бил без живот во него. А од бутините надолу, детето со живи глави од ѕверови било опсипано, и тоа од лавови и диви кучиња. Жената го довела тоа дете кај Александар, во неговиот двор во Вавилон. Кралот повикал неколку гаталци. Повеќето од нив тоа го протолкувале како поволен знак: дека Александар ќе покори многу светски народи или, пак, дека веќе ги покорил и ги ставил под своите нозе. Но кога некој врвен гаталец го видел овој предзнак, залелекал и заплакал, па вака сето тоа го протолкувал: горниот дел од телото го претставувал Александар, и нему пишано му е наскоро да умре. А ѕверовите околу нозете на детето, тоа се блиските луѓе на Александар, сите против него свртени и подготвени да го растргнат. И така Александар, како човек кој свесно ја дочекува својата смрт, почнува да си ги средува работите. *** 31. Во Македонија, пак, Антипатер се беше кренал против Олимпија, мајката на Александар, и со неа правеше што ќе посакаше. Мајката повеќепати му пишуваше на Александар, жалејќи му се на однесувањето на Антипатер. Сепак, таа беше мајка Александрова и сето тоа тешко ѝ паѓаше, како, на пример, кога еднаш Антипатер не ѝ дозволи да отпатува за Епир. Кога тој ги прими писмата од мајка си Олимпија и дозна од нив за маките и за срамот мајчин, Александар испрати нов намесник во Македонија, за да го замени Антипатер; неговото име беше Картер.
78
Диктис КРИТЈАНИНОТ
Дознавајќи за намерата на Александар и за доаѓањето на Картер со големата војска на Александар против него, во Македонија и Тесалија, Антипатер се уплаши и реши да го убие Александар, од страв да не биде фрлен в зандана, а најмногу поради неговото однесување кон Олимпија. Освен тоа, разбра и дека Александар, поради своите успеси, се возгордеал многу и мошне се разжестил. Мисли секакви му се вртеа низ главата, па најпосле се сети да подготви една отровна напивка44 која, пак, не можеше во обичен сад да се смести – бронзен, глинен или стаклен – оти секој од нив се топеше од нејзиниот состав. Затоа, тој отровот го стави во едно оловно тегличе, а него го тутна во друга тегла, железна, и му ја даде на сопствениот син, за во Вавилон тој да го однесе, право кај Јул, винарот на Александар. А претходно му ги кажа својствата на отровот и му објасни колку е тој смртоносен, па ако случајно падне во рацете непријателски, самиот да го испие отровот и така да го заврши својот живот. А веднаш штом стапна во Вавилон, синот на Антипатер го побара Јул винарот, за да се договорат со него околу ставањето на отровот. Јул, пак, на Александар му се беше налутил оти овој, неколку дена порано, а поради некоја негова грешка, го удрил со стап по главата и го повредил. Затоа, значи, од голема лутина кон Александар, Јул се беше одлучил на ваков чекор, да стане соучесник во злосторството. А со себе тој повлече и некојси Медиј, кому исто така му била нанесена божем некаква неправда. И фатија тие заговор да коваат за тоа како на Александар да му го подметнат отровот.
79
Диктис КРИТЈАНИНОТ
Еден ден, Александар си се одмораше по една голема гозба, кога Медиј дојде кај него со молба тој утре нему да му биде гостин. Со упорни навалувања, тој успеа да го убеди Александар, па така, тој отиде утредента на ручек во домот на Медиј. Уште неколкумина беа поканети на тој ручек: Пердика, Птолемај, Олкиј, Лизимах, Евмен и Касандар, кои не знаеја ништо за отровниот заговор, додека сите други што беа присутни беа соучесници во тоа противзаконско и гнасно труење. Заедно со винарот Јул, тие се заколнаа дека кралот Александар ќе го убијат, оти и тие алчни беа за неговото богатство и за имотот. А кога Александар им се придружи на трпезата, Јул првин му принесе неотруена чаша. Како што минуваше времето, така чашите се празнеа и гостите ожеднуваа. Тогаш другата чаша, отровната, Јул му ја принесе на Александар. Ја прифати Александар, во тој час кобен, и одеднаш ја испи. Во истиот миг тој крикна со пискот страшен, небаре стрела примил во својот дроб. По неколку моменти, совладувајќи ја својата болка, тој тргна кон дома, велејќи им на присутните да не ја прекинуваат гозбата поради него. 32. А тие, пак, крајно исплашени, веднаш истрчаа надвор по него, во исчекување што ќе биде. Александар, премален сиот, на жена си само вака тивко ѝ проговори: „Роксана, те молам, помогни ми малку...“ Па со нејзина помош стаса некако до дворот и падна во својот кревет.
80
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Другиот ден тој заповеда по Пердика, Птолемај и Лизимах и нареди никој друг да не се пушта кај него, додека не ја состави својата последна волја. И веднаш настана викање и трчање меѓу Македонците. Сите потрчаа кон дворот, а подготвени беа да ја испоубијат и сета стража, доколку таа одбие да им го покаже кралот. Кога Александар праша каков е тој метеж пред неговиот двор, му пријде Пердика и му објасни што бараат Македонците. Александар тогаш заповеда неговиот кревет да биде поставен така што сета војска да може покрај него да помине и да го види, а да излезе од другата врата. Пердика веднаш ја изврши неговата заповед, та Македонците, еден по еден, почнаа да минуваат покрај својот крал, за да го видат неговиот лик. И немаше меѓу нив таков што не заплака горко кога великиот крал Александар полумртов во постелата го виде. Тогаш еден човек, пристоен и скромен, кој беше обичен војник, пристапувајќи кон постелата, вака изусти: „Во час добар, Александре, кралу наш, таткото твој Филип на власт дојде, а во добар час и ти, кралу, завладеа! Но сега ти пред нас заминуваш, а со себе не нè земаш, како секогаш, и нас, кои подготвени бевме и сè уште сме да умреме за тебе, кој ја направи Македонија слободна земја!“ Заплака, тогаш, Александар и десницата своја на човеков му ја пружи, за да го утеши. 33. Потоа заповеда да дојде кралскиот записничар и вака за жената си, Роксана, тој одреди:
ПСЕВДО–КАЛИСТЕН
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
„Ако Роксана, жената моја, роди машко дете – тоа со Македонија нека владее. А ако се роди женско, кого сакаат за крал нека изберат“. И додека Александар тоа, а и други работи, кажуваше, низ воздухот почна некаква чудна магла да се спушта и една голема ѕвезда на небото се виде како кон морето се спушта, а со ѕвездата и еден орел. А кипот вавилонски голем, Зевс што го викаат, од темелите свои тогаш се заниша. Ѕвездата сјајна тогаш повторно се вивна во небото, заедно со орелот. И кога во небесните височини исчезна нејзината трага, Александар отпатува во вечниот сон.
ФУСНОТИ 1 Легендата за тоа дека вистинскиот татко на Александар бил последниот самостоен владетел на Египет, Нектанеб II, се вклопува во јуначката легенда на многу народи, според која, со низа соодветни мотиви, се предаваат животите на големите национални јунаци. Во случајот на Александар, и животната реалност била во согласност со еден од основните мотиви на таа шема: вистинскиот јунак е храбар млад човек кој рано умира. (Тоа се раскажувало за Ахил, за Зигфрид, за Роланд и за други легендарни јунаци на други народи.) Самиот Александар давал повод за споредба со главниот јунак на хомеровиот еп, Ахил. Кога македонскиот крал стасал во близина на малоазискиот град Илиј (Троја), тој принел жртва на Ахиловиот гроб и учествувал – според древниот обичај – гол во трката што ја приредил во чест на Ахил. Во фолклорната шема на раскажување на животот на јунакот раѓањето е многу често поврзано со еден од овие два сродни мотива: или невината и неомажена мајка ја посетува некое божество или мајката, веќе омажена, влегува во вонбрачни односи со таткото на јунакот. (Така е во легендите за Данаја и Персеј, за Алкмена и Херакле.) Приказната за Нектанеб, кој спие со Олимпија преправен како богот Амон, очигледно е спој на овие два мотива. Ова претопување на мотивите е заснована врз египетското верување дека Амон е татко на секој нов фараон, бидејќи бил отелотворен и во претходниот владетел. Во создавањето на оваа легенда сигурно големо учество имала и политичката пропаганда, водена со цел на Александар да му се обезбеди владетелска легитимност во очите на египетските поданици. Меѓутоа, античката историографија воопшто не го споменува татковството на Нектанеб, дури ни критички (оваа и сите други забелешки во книгава се од преведувачот). 2 Нектанеб II бил навистина нападнат и лишен од власта од страна на Персијците, кои тргнале од три правци: од копното и со истоварување на две крајбрежни точки. Нектанеб побегнал во Нубија, во 341 год. пр. н.е. Тука му се губи историската трага. Инаку, овде пописот на египетските непријатели е даден сосема произволно. Покрај Индијците, во него се набројани претежно племиња кои ги населувале краиштата околу Црно или Касписко Море.
83
3
Нектанеб се преоблекол како египетски свештеник.
4 Ова пристаниште се наоѓало на најисточната утока на Нил во Средоземно Море, утврдена кон Мала Азија. Оттука Персијците, историските непријатели на Нектанеб, навистина тргнале во поход по копно. 5
Зборот „таканаречени“ богови е христијански редакторски дода-
ток. 6
Култот на Сарапис зел замав во Египет дури во хеленистичко време, за време на владеењето на наследниците на Александар. (Птоломеј I за тој култ веројатно научил во Вавилон.) Воведувањето на култот на Сарапис како државна религиозна институција во птоломејски Египет било санкционирано и со една легенда. Според неа, Сарапис му се јавил на Птоломеј насон. Богот барал статуата да му биде преместена од понтска Синопа во египетска Александрија. (Оваа легенда е забележана од Тацит, во Историја, IV.) 7 Ова пророштво го навестува доаѓањето на Александар, а се заснова врз египетското верување дека фараоните претставуваат реинкарнација на божеството (Амон). 8
Во постарата верзија на овој текст описот на плочката со небесните знаци за „ставање“ на хороскопот е даден многу поподробно. Врската меѓу одреден скапоцен камен и одделни планети била позната на Истокот од најстаро време. Се работи за плочка со планетите и знаците на Зодијакот, на која може да се „(по)стави“ хороскоп. Овој грчки збор, всушност, значи: (ѕвезда) која гледа на часот на раѓањето. Тоа било назив за онаа ѕвезда која се јавува на источниот хоризонт во часот на раѓањето на детето. Таа требало да се стави на плочката во потребната положба според другите небесни тела (знаци), за да може да се „прочита“ судбината. 9
Амон е грчки облик на името на богот наречен Амана (подоцна и Амун). Бил врховно божество почитувано во египетската престолнина Теба. (Неговото име го обележува како „невидлив“. Замислен е како невидлив повев на ветрот.) Почитуван е како врховно божество во Египет во Новото Царство, и тоа како владетел на боговите (поради што Грците го идентификувале со Зевс). Како Амон Ра, тој стапил и на местото бог на Сонцето. За разбирање на текстот за Нектанеб и Олимпија важно е да се знае дека Амон од теолошки аспект се разложувал на три лика: змија, крал на боговите и „бик на својата Мајка“. Во улога на крал на боговите, Амон е претставен во човечки облик, со две долги перја на глава-
84
та. Во египетското народно верување е почитуван како овен (или гуска). Треба да се забележи дека култот на Зевс-Амон дошол во грчките области уште пред времето на Александар. Од ова е јасно зошто Амон има рогови на челото при средбата со Олимпија, а ѝ доаѓа во вид на змија. Едно од најпознатите светилишта и пророчишта на богот Амон се наоѓало во античка Либија, во оазата Сива, кое било многу почитувано кај Грците и кај другите антички народи. И Александар Велики го посетил ова пророчиште на „либискиот Амон“. Тука тој бил поздравен како „син на богот“. Се разбира, тоа било во согласност со египетскиот начин на титулирање на владетелите. 10 Мотивот на подготвеноста на сопругот да го прифати и да го одгледа јунакот кого неговата жена вонбрачно го зачнала со некое божество е мошне чест во фолклорната шема на јуначките приказни. Се разбира, во текстот на Александровиот животопис на ова му е додадено, психолошки убедливо, колебањето во расположението на Филип кон Александар. Но непријателството на кралот кон детето исчезнува најпрво поради појавата на змијата (Амон!), потоа со претскажувањето на гатачот и, најпосле, со предзнаците што го следат раѓањето на Александар. 11
Историчарите не ни кажуваат ништо за овој божемен постар син на Филип. 12 И ова е познат мотив од шемата на јуначките приказни. Јунакот покажува исклучителна сила, храброст или некоја друга необична особина уште во своето рано детство (Херакле дави две змии во својата лулка). Тогаш тој ги открива своите предводнички (односно борбени и владетелски) способности во игрите со врсниците. 13 На коњот Букефал („воловска глава“), кој навистина бил Александровиот личен коњ, му се дадени бајковидни црти, од приказната за коњите-човекојдци на тракискиот крал Диомед. (Осмата задача што морал да ја изврши најголемиот грчки јунак, Херакле, била да ги доведе овие коњи во Арг.) 14 Епизодата во која Александар го убива својот вистински татко мотивски зависи од приказните за природонаучниците, математичарите и филозофите-астрономи кои, загледани во небесните тајни, не гледаат што им се случува пред носот. И за филозофот Талет, еден од седумтемина мудреци, е раскажана истата анегдота (Талет паднал во бунар). 15
Според грчката легенда, тројанскиот јунак Енеј го изнел својот татко Анхис на грб од запалената Троја. Опишана во античката пое-
85
зија и често ликовно прикажувана, оваа сцена се јавувала во антиката и во вид на карикатура. 16
Во романескното раскажувачко предание спаѓа и оваа приказна, за тоа дека Букефал уште на првата средба со Александар го препознал својот вистински и единствен господар и му дозволил веднаш да го јавне. Во историографијата тоа е опишано на друг начин и е протолкувано сосема рационално: Александар забележал дека дивиот Букефал се плаши од својата сенка, па го свртил со лицето кон сонцето за коњот да не може да ја гледа; дури тогаш без проблем го јавнал (види: Артур Вајгал, Александар Македонски, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2007, 73–74 стр.). 17 Пела бил главен град на Македонија (веројатно од крајот на V век пр. н.е.). Во неа пораснал Филип II и се родил Александар Македонски. 18
Се верува дека ова име е фиктивно.
19 Овој дел за Александар кој оди кај Дариј како гласник е заснован врз мотивот за кралот кој се преоблекува и настапува како сопствен гласник, многу чест во повестите и во романескното раскажувачко предание. Можно е овој дел да е и самостоен додаток на „авторот“ на повеста за Александар. (Александар оди преоблечен во сопствен гласник и кај етиопската кралица Кандака.) 20 Според подоцнежните извори, оваа река се наоѓа во Месопотамија. Сè што се раскажува за замрзнувањето и за топењето на реката како да доаѓа од народните (локални) преданија. Според некои истражувачи, целата оваа епизода е невешта творба на „авторот“ на повеста за Александар. 21
И историчарите соопштуваат дека Александар бил низок по раст. Овде оваа негова црта е истакната хиперболички. 22 Во описот на битката меѓу Дариј и Александар оваа повест користи елементи од историските прикази на битката кај Арбела. Текстот на повеста за Александар тоа им го должи на хеленистичката историографија и на возвишениот поетизиран израз. 23 Историски факт е дека сатрапите се побуниле и дека, повлекувајќи се набрзина, го убиле Дариј. Александровата војска го нашла само неговиот труп. Некои хеленистички историографи, желни за патетични епизоди, измислиле дека еден војник на Александар го нашол Дариј сè уште жив и дека тој ја пренел до Александар последната по-
86
рака на персискиот цар. Имало дури и историчари (за кои има сведоштво кај Диодор) кои ја опишувале сцената на средбата меѓу Александар и Дариј, кој бил на умирање. Во повеста за Александар таа сцена е внесена од таквите „историски“ извори. 24 Историската подлога на извештаите за чудните појави, што ги содржи ова писмо на Александар, ја сочинуваат поединости од извештајот за неговото враќање од Индија, низ Гедросиската Пустина (претежно областа Балокистан, денешен југозападен Пакистан), како и податоците што ги собрала експедицијата задолжена да ги опише крајбрежните области околу Инд и Тигрис (која била предводена од Неарх, адмирал на Александар). Всушност, во „извештајот“ на Александар се преплетуваат разни податоци за „чудата на Индија“. Извештајот даден во облик на писма бил умножуван и како посебен спис. Во верзијата на повеста од која е направен овој превод тоа писмо на Александар не е дадено во целост. Писмото за чудата во Индија е внесено во повеста напоредно со други „писма за чуда“: оние за патот на Александар до крајот на светот, до Земјата на блажените, на дното на морето и во небото. Се чини дека писмата се составени од различни автори. Веројатно подоцна се дополнително вклопувани во оваа повест.
25 Слична билка е спомената и кај античкиот географ Страбон, под името аканта.
26 Во извештаите за чудните појави што ги давале историчарите, етнографите и авторите на измислените приказни, ваквите претерувања се речиси вообичаени. Заедно со извештаите за фантастичните билки, животни и народи, таквите хиперболични описи се исмеани во Вистински истории на Лукијан, постари еден-два века од оваа повест за Александар. Но меѓу списите кои Лукијан пародиски ги исмевал, имало и дела настанати под влијание на Александровото освојување на Истокот, кои подоцна имале удел во создавањето на повеста за Александар.
27 Во оригиналот стои Mēlophagoí. Бидејќи во грчкиот јазик постојат два разногласни збора mēlon, од кои едниот значи „овца“ (или коза), а другиот „јаболко“, Хелмут Тил, издавач на критичкото издание со кое се служевме при преводот, овој збор го превел како „Јаболкојадци“. Меѓутоа, сосема очигледно е дека таквото „вегетаријанско“ име не им одговара на овие диви луѓе кои не зборуваат туку лаат, а освен тоа се и човекојадци. Инаку, сложенката mēlophagos, во значење „кој јаде овци“, се јавува во старогрчкиот речник токму во времето на составувањето на повеста за Александар.
87
28 Пророштвото е засновано врз толкувањето на елементите во сложеното име на Александар. Прво, тоа етимолошки се врзува за грчкиот глагол aleksō, што значи „одбива, штити“, и за именката anēr (ген. andros), што значи „човек“, а потоа е разложено така што буквата labda (l), која има нумеричка вредност „триесет“, доаѓа пред eksanōros, на кој му се припишува значење „надвор од луѓето = не е повеќе човек = мртов“. Второво нумеролошко значење ја навестува смртта на Александар на триесет години.
И Лукијан, во Вистински истории, раскажува за средби со морски и со други животни со необична големина или со чуден облик. Тој ги исмејува извештаите на патописците и на етнографите, врз кои се засновани и „Писмата на Александар за чудата“. Во врска со таквите приказни, кај Лукијан следува и раскажувањето за патот до Островот на блажените и до крајот на светот – исто како и во повеста за Александар. 29
30 Приказната за синовите кои го земаат со себе мудриот татко, старец, е ублажена варијанта на мошне распространетата народна приказна за обичајот на убивање на старците. 31 Постапката со кобилите што го наоѓаат патот за назад, до своите ждребиња, има пандан во една слична приказна забележана кај историчарот Херодот. 32 Во овие оддели се преплетуваат приказната за поштедениот старец и за водата на животот. Во првиот дел на втората приказна, исто така, е истакнато дека Александар се стреми кон бесмртност. Тој извикува: „Ех, што не набасав јас на изворот бесмртен, животороден, како што имаше среќа готвачот мој!“ Малку подолу, доаѓа и крајот на приказната. Веројатно се работи за подоцнежно проширување на легендата за животворната вода. Готвачот се напива од таа вода и ѝ дава на Александровата ќерка. Разлутениот Александар ги проколнува и двајцата. Овде неговата клетва има моќ каква што во народните преданија имаат клетвите на божествата, демоните и светците: неговата ќерка се претворила во самовила, а готвачот Андрија во морски демон. Притоа, не е испуштено и своевидното претопување на претставите. Ќерката на Александар се вика Кала (Убавица) и се претвора во самовила. Александар вели дека, во таа улога, таа ќе се вика „Убавица горска“ (Kalētōn oreōn). Според тој исказ, таа е претворена во горска самовила. Но, покрај тоа – веројатно како додаток – доаѓа и исказот на Александар дека ќерка му во иднина ќе се вика и „самовила водарка“. Во оригиналот стои: Neraida. Иако е во врска со античкиот назив Nērēides (за морски самовили кои му се ќерки на морскиот старец Нереј), ова име покажува поантички црти.
88
Самата фонетизација на името е одредена со паретимолошко врзување за средногрчкиот (и новогрчкиот) назив за вода: nero. Значи, би можело да се каже дека принцезата Кала била претворена, всушност, во морска самовила, токму како и нејзиниот сакан, готвачот Андрија. Сепак, во текстот на повеста што е преведен овде се постигнува своевидно помирување на првиот и на вториот исказ. Имено, името Нераида произволно се разложува и паретимолошки се толкува така што врската со водата има сосема тесно значење кое е разбирливо од контекстот: „Уште и самовилка водарка (Ner-aida) ќе те викаат, оти бесмртноста твоја и животот вечен (aid-ion) од водата ги доби (ek tou ner-ou)“. Така, не е оправдан остриот суд на некои коментатори, според кои е неспоива содржината на двете реченици кои доаѓаат една по друга, во кои природата на преобразувањето на Кала се толкува со имињата „Убавица горска“ (Kalētōn oreōn) и „самовила водарка“ (Neraida). Спојувањето на две, во основа, неспоиви претстави, за горската вила и водарката, е спроведено мошне смислено во оваа верзија на повеста за Александар. Се разбира, се работи за здружување на постарите и на поновите варијанти на преданието. (Слично на готвачот Андрија, божемниот херој на епонимот Јадранско Море, и рибарот Глаук од старогрчката легенда видел како рибата оживеала при допирот со тревката на животот, по што и тој јадел од неа, а потоа скокнал во морето, каде што оттогаш натаму престојува како морски демон.) 33 Преданието за обидот на Александар да влезе во Земјата на блажените се чини дека зборува за намерата на освојувачот на светот да достигне бесмртност. Тоа е мошне стара приказна од кругот на легендите што се создавале околу ликот на Александар Велики. Доказ за ова наоѓаме во фрагментите сочувани од популарно-филозофските предавање на грчкиот филозоф Телет (III век пр. н.е.). Телет велел дека човечките желби се незаситни и безгранични: кога човек ќе постигне сè, сака да стане крал, а кога ќе стане крал, сака – како Александар – да стане бесмртен. Ваквата градација на исказот покажува дека Телет не мислел само на метафорична „бесмртност“, односно на бесмртната слава. Основана е претпоставката дека Телет ја знаел приказната за обидот на Александар да влезе во Земјата на блажените. Всушност, во оваа епизода од повеста за Александар е вградена и приказната за животворната вода, од која Александар не се напил; од неа се напиле неговата ќерка и нејзиниот љубовник, кралскиот готвач, па станале бесмртни, како демони. И следните епизоди, слегувањето на дното на морето и полетувањето во небото, се илустрација на безмерните амбиции на Александар. И во двете се јавуваат изрази кои го потврдуваат тоа со изреки.
89
И самиот Александар си вели дека би требало да се откаже од невозможните потфати. Такво предупредување му упатуваат и некои чудни птици со човечки лица. А „писмото“ на Александар завршува со зборовите „од недостижното раце кренав“. 34 Птицата со човечки лик го предупредува Александар, кој се вивнал на небото, да се врати назад. Истовремено, таа му кажува да се сврти и да погледне кон земјата, која лежи далеку долу, опкружена со митскиот Океан (гумно–змија). Мотивот на средбата со претставникот на небесните духови и мотивот на човековото набљудување на светот од највисоката точка до која се вивнал (Месечината, ѕвездите, Кумовата слама, највисоките сфери на материјалниот космос) се постојан елемент во античките и во поантичките описи на визионерското или посмртното искачување на небото. Без оглед на митската змија (која е и симбол на вечното кружење на Океанот) или на сликовитоста (гумното може да биде и метафора, но и слика од прашањата-гатанки), овде се јавува старата грчка претстава за земјата како тркалезна плоча опкружена со огромна „океанска“ река. Значи, онаа претстава која била доминантна во јонската космографија од VI век пр. н.е. За мотивот лет кон небото врз крилјата на орел или со помош на оваа (кралска) птица има паралели во старата ориентална книжевност. Во вавилонскиот еп на тој начин, качен врз крилјата на птицата, кон небото се устремува Етана. Истиот мотив го наоѓаме и во Книгата за Езоп, каде што баснописецот, како пратеник на вавилонскиот владетел, ја решава задачата што му ја поставил египетскиот фараон Нектанеб, да изгради дворци ни на небото ни на земјата. 35 Извештајот за престојот на Александар кај браманите (индиските „гимнософисти“) бил дел од еден стар епистоларен роман за Александар. Очигледно е дека тој извештај бил многу читан. За него знаеме и од голем број други преписи, од кои некои го донесуваат и засебно, како самостоен спис. Во тие поисцрпни текстови се раскажува како Александар на десетмина индиски мудреци им поставува прашања на кои не може да се даде одговор или на кои може да се дадат повеќе одговори. Со тоа Александар сакал да ја оправда смртната казна што ја наменил за сите брамани, затоа што го советувале кралот Пор да им се спротивстави на Македонците. На сите прашања требало да одговорат редум сите десетмина; смртната казна била наменета за оној кој ќе одговорел најслабо. А за тоа кој одговорил најслабо требало да просуди десеттиот браман, оној над кого сè уште не била изречена смртна казна. Ако одговорел добро, бил единствениот што ќе останел жив. Притоа, за постарите текстови што го содржат извештајот за разговорот на Александар со браманите карактеристично е што сите десет прашања секогаш се дадени по ист редослед. Но во повеста за
90
Александар од Псевдо-Калистен некои прашања се испуштени (4, 6, 7 и 9), а други се лошо формулирани. Испуштен е и целиот почеток на старата приказна, каде што Александар ја донесува одлуката да се натпреварува со браманите поставувајќи им тешки прашања. И самиот крај на целата приказна е преиначен кај Псевдо-Калистен. Во постарите, изворни верзии, десеттиот браман им го спасува животот на другите со мошне мудар одговор. Тој вели: „Секој од нас одговори полошо од својот претходник“. Со ова тврдење: ако Александар реши да го погуби, тогаш би признал дека одговорот е точен, а ако одговорот е точен, тогаш не смее да го погуби – бидејќи кралскиот збор не се погазува. Овој текст е исклучително интересен како одраз на натпреварите во знаење кои, во разни култури, се јавуваат како натпревар во мудро решавање на загатки, двосмислени прашања итн. Зборот бил во опасна игра во која победениот го губи животот. Овој мотив на одгатнување на загатки или натпреварување во прашања и одговори се јавува во многу народни преданија. На пример, го среќаваме и кај Филострат, во неговиот Животопис на Аполониј од Тијана. Важно е дека во преданијата поврзани со Александар и во оние поврзани со Аполониј од Тијана се гледа надмоќта на индиските мудреци. Веројатно не е претерана претпоставката на стручњаците кои мислат дека овие „разговори со браманите“ настанале под влијание на индиската (и староориенталната) книжевност. На прашањето кој го пренел тој „разговор“ во Грција одговорот можеби би гласел: филозофите циници, кои имале мошне критички став кон Александар Македонски. Разговорот ги спротивставува владетелската моќ и старата (религиска) мудрост и предноста ѝ ја дава на мудроста. Разговорот со гимнософистите ни го пренесува и Плутарх, во Животот на Александар (Глава 64). Широката изворна верзија на разговорот е внесена и во Талмудот. 36 Овој дел е, всушност, фрагмент од писмото за чудата на Индија, кое е сочувано и во самостоен облик, во латински превод. Текстот на изворното грчко писмо е скратен при внесувањето во повеста за Александар. Латинскиот превод е проширен во однос на грчкиот и е сочуван под насловот Epistola Alexandri Macedonis ad Aristotelom magistrum suum de itinere suo et de situ Indiae. Проширувањата во латинскиот текст веројатно потекнуваат од преведувачот, па така, тој може да се смета за автор на латинската редакција. Една повнимателна анализа на текстот од 17. дел од Книга трета на оваа повест за Александар, дозволува и претпоставка дека се работи за спојување на две „писма“ – едното кое зборува за чудата во Индија, а другото кое изобилува со најразлични доживувања на Александар. Додека во старата редакција на повеста овој дел од текстот сè уште има изворен облик на писмо, во поновата редакција е даден во раскажувачки облик.
91
37 Се изнесува претпоставка дека овој назив, во малку изменет облик, ги содржи иранските имиња за сонцето и месечината, Mithras и Mâo.
38
За легендарната вавилонска кралица Семирамида раскажува уште историчарот Херодот. Во таа легенда има многу бајковити црти. Семирамида е сметана за ќерка на сириската божица Деркето. Поради нејзината прочуена убавина која, според раскажувањето, била придружена и со голема мудрост, кралот Нин ја грабнал Семирамида од нејзиниот прв маж. По смртта на Нин, таа владеела со вавилонската и медиската држава. Водела војни дури и во Индија. На крајот, според легендата, таа се откажала од престолот, била вознесена меѓу боговите, а меѓу народот била славена и почитувана во ликот на гулабицата. Историската личност околу која се плетеле овие легенди била вавилонската кнегиња по име Самурамат, жена на еден асирски владетел од IV век пр. н.е. „Висечките градини“ на Семирамида, исто така, се претстава од легендата. Но во јужниот дел на вавилонскиот утврден град се пронајдени потпорни ѕидови кои можеле да придонесат за создавање на таа легенда. 39 Географијата во овој дел од раскажувањето е мошне неодредена. Всушност, повеста за Александар, составена од компилатор, овде ги меша ликовите и приказните со различно потекло и од различни краишта. Сепак, вината не лежи само во авторот на оваа повест, составена во Египет, во времето на Римското Царство. Имено, и старите грчки и римски историчари погрешно мислеле дека Кандака (кандаке) е име. Кралица со такво име се споменува во извештаите за разни војни и периоди. Всушност, кандаке е титула на оние нубиски кралици на Мероитското Царство кои владееле во името на своите синови. Во постарата верзија на повеста за Александар стои правилно „Меројска“ од Мероја (Meroē). Помладата верзија „Кандакината“ престолнина ја нарекува Бероја (Beroē). Според извештаите на некои историчари, така се викал некој херој според кој бил наречен македонскиот град Бероја (Beroia). Треба да се додаде дека за „авторот“ на повеста за Александар Индија и Египет, односно Етиопија, се соседни области. Во неодредената географија на античките романескни повести мешањето на Индија и Етиопија воопшто не е ретко.
40
Името на овој „кандакин“ (види го претходното објаснување) син е познато од старите преданија за малоазиска Лидија. Според легендата, Кандаул бил последниот владетел на династијата Хераклиди, кој бил симнат од престолот од Гиг (приказната за
92
„прстенот на Гиг“ ја раскажал уште Херодот). Впрочем, како и во случајот со „името“ Кандака, името Кандаул е веројатно само стар сакрален назив. 41 Овој народ е познат само од легендата за Аргонаутите. Сигурно многу рано исчезнал. Според аргонаутската легенда, Бебриците ја населувале Битинија (во Мала Азија, спроти Тракија). Врз основа на лидиското потекло на Кандауловото „име“ (види го претходното објаснување) и битиниската локација на Бебриците, може да се претпостави дека целата епизода за Александар, Кандака и Кандаул се темели врз некакво предание од малоазискиот простор. 42 Ова можеби се однесува на пештерските гробници на египетските фараони, во областа на Горен Нил. 43 Смислата на пророштвото е иста како и во она што Александар го добива во Сарапејон. Во старата верзија на оваа повест Сесонхосис го води Александар пред богот Сарапис, кој лично му ја кажува иднината. Инаку, Сесонхосис е грцизирано име на египетскиот фараон Сесострис I (од 12. династија). Како и асирскиот владетел Нин, Сесонхосис влегол во староегипетската легенда, а неговиот легендарен лик го привлекувал вниманието и на составувачите на антички повести и романи. Но Сесонхосис не бил воведен само во кругот легенди за Александар (според некои истражувачи, уште околу 200 година пр. н.е.). На еден грчки папирус од II/IV век, т.е. во времето на составувањето на Животот на Александар Македонски на Псевдо-Калистен, сочувани се одломки од една романескна повест за Сесонхосис. Со изразена псевдоисторичност, овој „роман“ му припаѓа на раниот развоен степен на грчките романескни дела. Тоа значи дека „романот“ за Сесонхосис е на исто рамниште со „романот“ за Нин и Семирамида (кој настанал околу 100 година пр. н.е.). И во грчката историографија се споменува дека Сесонхосис на своите освојувачки походи во Индија стигнал подалеку од Александар. (Се чини дека за тоа пишувал Хекатај.) Затоа, воопшто не е чудно што кај Псевдо-Калистен Сесонхосис се јавува како претходник на Александар. Впрочем, на Сесонхосис му се припишува и создавањето на култот на Сарапис. Според тоа, Александар само го обновил овој култ.
44 Во легендата за Александар, приказната во која се раскажува дека овој голем освојувач бил отруен се јавила веднаш по неговата нагла и неочекувана смрт. Историчарите ја отфрлале таа приказна, но сепак, површно ја споменувале, како можно објаснување за тој ненадеен настан.
93
Завршниот дел од животописот на Александар од Псевдо-Калистен ја пренесува приказната за труењето од еден романескен спис за последните денови на Александар, за неговиот тестамен и за неговата смрт (иако историчарите не споменуваат тестаментарни одредби за поделбата на Александровото царство). Низ целиот тој спис провејувала политичка тенденција условена од борбите на дијадосите околу власта. На удар бил Антипатар со неговите синови. Овој генерал останал управник во Македонија, а по смртта на освојувачот станал најмоќен човек во европскиот дел на Александровата империја.
94
Фридрих Ниче Така зборуваше Заратустра Така зборуваше Заратустра е една од најчитаните книги во светската литература, која побудила безброј коментари и студии. Таа е врв на творечкиот опус на радикалниот германски филозоф Ниче (1844–1900), неповторлива комбинација од поезија и мета- физика, ремек-дело на човечк- ата имагинацијата. Стариот шаман слегува од планините, меѓу луѓето, за да научи нешто од нив, но и да им го подари своето знаење. Тој е во потрага по човек рамен на себе, во потрага по натчовек! Како самосвесна алузија на Библијата, Заратустра кажува вистини за суштината, за универзумот, за животот, за човекот и натчовекот, за љубовта... ВТОРО КОЛО *** Со едицијата MAGNA IDEA, ѓурѓа на читателите им ги претставува најзначајните дела на великани чии визии го промениле светот. Големи мислители, мисионери кои ја шокирале и ја менувале цивилизацијата и помогнале да станеме тоа што сме. Автори кои поучуваат, провоцираат, интригираат и отвораат полемики. Дела кои со своите вонвременски вредности го трасираат патот кон спознанието. Во ВТОРОТО КОЛО од едицијата ќе бидат публикувани следниве дела: 11. Tао те чинг, Лао ЦЕ 12. Утопија, Томас МОР 13. За пријателството, Мишел МОНТЕЊ 14. Општествен договор, Жан Жак РУСО 15. Гетисбуршкото обраќање, Абрахам ЛИНКОЛН 16. За потеклото на видовите (избор), Чарлс ДАРВИН 17. Комунистички манифест, МАРКС и ЕНГЕЛС 18. Така зборуваше Заратустра, Фридрих НИЧЕ 19. Златна гранка, Џејмс Џорџ ФРЕЈЗЕР 20. Статусна потрошувачка, Торстен ВЕБЛЕН
Сун ЦУ УМЕТНОСТА НА ВОЈУВАЊЕТО Уметноста на војувањето на кинескиот филозоф, воен стратег и генерал Сун ЦУ (544–496 пр. н.е.) е најпознатото воено дело во историјата на човештвото. Цели два милениума тоа влијаело врз источната воена мисла, а од ХХ век целосно ги изменило западните ставови за војувањето и за дипломатските и меѓучовечките односи. Тоа не содржи ниту една застарена максима или нејасно упатство. Внимателно прочитајте го и сите современи книги кои зборуваат за управување со државата нема да ви изгледаат достојни за внимание! *** Со едицијата MAGNA IDEA, ѓурѓа на читателите им ги претставува најзначајните дела на великани чии визии го промениле светот. Големи мислители, мисионери кои ја шокирале и ја менувале цивилизацијата и помогнале да станеме тоа што сме. Автори кои поучуваат, провоцираат, интригираат и отвораат полемики. Дела кои со своите вонвременски вредности го трасираат патот кон спознанието. Во ПРВОТО КОЛО од едицијата ќе бидат публикувани следниве дела: 1. УМЕТНОСТА НА ВОЈУВАЊЕТО, Сун ЦУ 2. КАТЕГОРИИ, АРИСТОТЕЛ 3. ОЛИНТИКИ И ФИЛИПИКИ, ДЕМОСТЕН 4. МЕДИТАЦИИ, Марк АВРЕЛИЈ 5. ВЛАДЕТЕЛОТ, Николо МАКИЈАВЕЛИ 6. ГРАДОТ НА СОНЦЕТО, Томазо КАМПАНЕЛА 7. ПРИНЦИПИ НА ФИЛОЗОФИЈАТА, Рене ДЕКАРТ 8. СПЕЦИЈАЛНА ТЕОРИЈА, АЈНШТАЈН 9. ОПШТА ТЕОРИЈА, АЈНШТАЈН 10. ЦРВЕНАТА КНИШКА, Мао ЅЕДУНГ
98
Животописот на Александар произлегол од историографијата, но и од усните легенди, кои се појавиле уште за време на животот на овој голем освојувач. Романот Животот и подвизите на Александар Македонски, кој ви го нудиме за вашата ебиблиотека, таков каков што ни е познат денес, настанал многу подоцна, во Александрија, во третиот век. Овој роман е поставен на фантастична основа, со интересно испреплетени легендарни приказни за Александар Македонски, како и историски податоци за него. Она што уште во почетокот ја прави оваа приказна поразлична од другите е самото потекло на Александар: „Се лаже народецот неук кога вели дека тој е син на кралот Филип. Тоа не е точно. Тој не беше негов син туку, како што велат мудреците египетски, беше син Нектанебов, и тоа во времето кога овој веќе беше соборен од кралскиот престол“. Без намера да биде сензационална, оваа книга од Псевдо-Калистен за големиот, можеби и најголемиот војсководец на сите времиња, Александар Македонски, ни дава обилни податоци за неговиот живот и за неговите подвизи. Како и сите историски книги од тоа време, пишувана е студиозно, со голем број историографски податоци, со информации за потеклото и за семејството на Александар. Во неа е прикажан како честит, праведен и сочувствителен, но крајно лукав човек. Токму тука и лежи нејзината вредност, особено за нас. Читајќи ја, можеме да ја збогатуваме својата слика за Александар Македонски, како и да ја стекнеме потребната доза објективност во неговото проценување како историска личност.